ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr20 Септември стр. 1-3
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, септември 2020

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, септември 2020
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
  • Поднаслови
  • 14-20 СЕПТЕМВРИ
  • 21-27 СЕПТЕМВРИ
  • 28 СЕПТЕМВРИ — 4 ОКТОМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
mwbr20 Септември стр. 1-3

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

14-20 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 25-26

Најди духовни бисери

it-1-E 432, пас. 1

На поклопецот врз ковчегот на сојузот биле поставени два херувима направени од ковано злато. Тие биле наведнати и свртени еден кон друг. Нивната положба укажувала на тоа дека го обожаваат Јехова. Тие имале по две крилја кои биле раширени нагоре и го засенувале поклопецот како да го чуваат и штитат (2Мо 25:10-21; 37:7-9).

it-2-E 936

На масата која се наоѓала во Светињата се ставале 12 лебови и секоја сабота се заменувале со нови (2Мо 35:13; 39:36; 1Ца 7:48; 2Ле 13:11; Не 10:32, 33). Тие лебови постојано се принесувале пред Јехова како жртва (2Мо 25:30). Во Библијата овие лебови уште се нарекуваат „наредени лебови“ (2Ле 2:4), „лебовите ставени пред Бог“ (Мр 2:26) и „изложените лебови“ (Ев 9:2).

21-27 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 27-28

„Што може да научиме од облеката на свештениците?“

it-1-E 849, пас. 3

На предната страна од турбанот, кој го носел првосвештеникот во Израел, била прицврстена златна плочка на која биле врежани зборовите „Јехова е свет“ (2Мо 28:36-38; 39:30). Првосвештеникот бил Божји застапник и му помагал на народот да му служи на Бог на исправен начин. Бидејќи имал голема одговорност, првосвештеникот морал да остане духовно чист. Натписот на златната плочка служел и како потсетник за сите Израелци дека треба да останат чисти во духовен поглед.

Најди духовни бисери

it-1-E 1130, пас. 2

Првородените јунци, машки јагниња и јариња биле свети за Јехова и не можеле да се откупуваат. Тие требало да бидат жртвувани, а дел од нив им се давал на свештениците (4Мо 18:17-19). Биле свети и првините, десеттините, сите жртви и сите дарови кои Израелците ги давале за службата во светилиштето (2Мо 28:38). Сите овие работи биле свети за Јехова и не смееле да се користат за ништо друго. Еден таков пример е законот во врска со десеттината. Ако некој човек одвоел десеттина од својот род, на пример од пченица, и потоа тој или некој од неговото семејство ненамерно зел од тој дел за да зготви нешто, тогаш тој човек бил виновен бидејќи го прекршил Божјиот закон поврзан со светите работи. Во таков случај, Законот барал тој да врати повеќе од она што било земено, како и да принесе жртва (3Мо 5:14-16).

28 СЕПТЕМВРИ — 4 ОКТОМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 29-30

„Прилог за Јехова“

it-2-E 764-765

Јехова заповедал да се направи попис на Израелците додека биле улогорени во пустината Синај. Тоа бил првиот попис и бил направен во вториот месец од втората година од нивното излегување од Египет. Од секое племе бил избран по еден поглавар за да му помага на Мојсеј и да го надгледува попишувањето на своето племе. Биле попишани сите мажи кои имале најмалку 20 години и можеле да служат во војската (2Мо 30:11-16; 4Мо 1:1-16, 18, 19). Вкупно биле попишани 603.550 мажи, и во тој број не спаѓале Левитите кои немало да добијат наследство. Тие не требало да плаќаат данок за службата во шаторот и од нив не се барало да служат во војската (4Мо 1:44-47; 2:32, 33; 18:20, 24).

it-1-E 502

Некои прилози биле пропишани со Законот. Кога Мојсеј ги попишал Израелците, сите мажи што имале најмалку 20 години требало да дадат прилог како „откупнина за својата душа“ и „за службата во шаторот на средбата“. Прилогот бил „половина сикел [веројатно околу 1 долар], според светиот сикел“ (2Мо 30:11-16). Според еврејскиот историчар Јосиф Флавиј, овој данок оттогаш се плаќал секоја година (2Ле 24:6-10; Мт 17:24).

Најди духовни бисери

it-1-E 1029, пас. 4

Кога биле поставени во свештеничка служба, Арон и неговите синови ги положиле рацете врз главата на јунецот и на двата овна кои требало да бидат жртвувани. Со тоа покажале дека овие животни ќе бидат жртвувани за нив за да можат да служат како свештеници на Јехова Бог (2Мо 29:10, 15, 19; 3Мо 8:14, 18, 22).

it-1-E 114, пас. 1

Во Законот што му го дал на Мојсеј, Јехова кажал како требало да се прави маслото за помазание. Тоа била една посебна мешавина направена од: смирна, мирислив цимет, мирислива трска, касија и маслиново масло (2Мо 30:22-25). Ако некој направел вакво масло и го користел во секојдневието или на некој друг несоодветен начин, требало да биде погубен (2Мо 30:31-33). Значи, било многу важно маслото за помазание да се користи на исправен начин, бидејќи кога некој бил помазан со ова масло, тоа значело дека Јехова го избрал за да извршува некоја сериозна задача.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели