ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr20 Октомври стр. 1
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, октомври 2020

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, октомври 2020
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
  • Поднаслови
  • 26 ОКТОМВРИ — 1 НОЕМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
mwbr20 Октомври стр. 1

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

26 ОКТОМВРИ — 1 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 37-38

„Жртвениците на светиот шатор и нивната улога во обожавањето на Јехова“

it-1-E 82, пас. 3

Жртвеник

Кадилен жртвеник. Кадилниот жртвеник (кој исто така бил наречен „жртвеникот од злато“ [2Мо 39:38]) бил направен од дрвото акација, а горната површина и страните биле обложени со злато. Околу горниот раб имало венец од злато. Овој жртвеник бил долг и широк 44,5 сантиметри, а висок 89 сантиметри. Од четирите горни агли излегувал по еден „рог“. Под венецот, на двете страни од жртвеникот имало по два златни прстена низ кои се провлекувале лостовите за носење кои биле направени од дрвото акација и обложени со злато (2Мо 30:1-5; 37:25-28). Двапати во денот, наутро и навечер, на жртвеникот се палел темјан (2Мо 30:7-9, 34-38). Бидејќи во други стихови се спомнува дека се користела кадилница при палењето темјан, веројатно се користела кадилница и при палењето темјан на овој жртвеник (3Мо 16:12, 13; Ев 9:4; От 8:5; спореди со 2Ле 26:16, 19). Кадилниот жртвеник се наоѓал во светиот шатор пред завесата што ја одделувала Светињата од Светињата над светињите. Затоа, за него се вели дека бил „пред ковчегот на сведоштвото“ (2Мо 30:1, 6; 40:5, 26, 27).

Најди духовни бисери

it-1-E 36

Акација

Дрвото акација има широко разгранета крошна и на неговите гранки растат долги трње. Кога на едно место има повеќе дрвја акација, обично нивните гранки се испреплетуваат меѓу себе и формираат густи крошни. Без сомнение, ова е причина зошто, кога во Библијата се спомнува дрвото акација, на изворниот јазик речиси секогаш се користи зборот шитим, кој е во множина. Ова дрво може да порасне од 6 до 8 метри и обично наликува на грмушка. Тоа има меки листови кои личат на пердуви и жолти цветови кои убаво мирисаат и од кои како плод се формираат долгнавести заоблени мешунки. Акацијата е многу тврдо дрво, има рапава црна кора и е отпорно на напади од инсекти. Поради овие карактеристики и поради тоа што лесно можело да се најде во пустината, дрвото акација било особено погодно за изработка на светиот шатор и на неговиот прибор. Од него биле направени ковчегот на сојузот (2Мо 25:10; 37:1), масата за леб (2Мо 25:23; 37:10), жртвениците (2Мо 27:1; 37:25; 38:1), лостовите со кои се носеле овие предмети (2Мо 25:13, 28; 27:6; 30:5; 37:4, 15, 28; 38:6), столбовите за завесите (2Мо 26:32, 37; 36:36), ѕидните рамки (2Мо 26:15; 36:20), како и нивните напречници (2Мо 26:26; 36:31).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели