ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 89
  • Дали сите религии водат до Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сите религии водат до Бог?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата
  • Како многуте религии го прикажуваат Бог во лошо светло?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Дали има само еден вистински Бог?
    Разбудете се! 2006
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Да се врши чистата религија заради преживување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 89
Симболи кои ги претставуваат различните светски религии

Дали сите религии водат до Бог?

Што вели Библијата

Не. Сите религии не водат до Бог. Во Библијата читаме за многу религии кои Бог не ги одобрува. Нив главно може да ги поделиме на две категории.

Категорија 1: Обожавање на лажни богови

Во врска со лажните богови, Библијата вели дека тие се „ништожни“ и дека од нив „нема никаква корист“ (Еремија 10:3-5; 16:19, 20) На израелскиот народ од старо време, Јеховаa Бог му заповедал: „Немој да имаш други богови освен мене“ (2. Мојсеева 20:3, 23; 23:24). Кога Израелците обожавале други богови, Јехова многу се гневел на нив (4. Мојсеева 25:3; 3. Мојсеева 20:2; Судиите 2:13, 14).

Бог сѐ уште го има истото гледиште кон обожавањето на таканаречените „богови“ (1. Коринќаните 8:5, 6; Галатите 4:8). На луѓето што сакаат да му служат нему тој им заповедал да се одвојат од оние што обожаваат лажни богови. Бог рекол: „Излезете од нивната средина и одвојте се“ (2. Коринќаните 6:14-17). Ако сите религии водат до Бог, тогаш зошто тој би дал една ваква заповед?

Категорија 2: Обожавање на вистинскиот Бог на начин што тој не го одобрува

Во начинот на кој го обожавале Бог, Израелците понекогаш вметнувале верувања и обичаи кои биле својствени за народите што обожавале други богови. Сепак, Јехова не го прифатил тој обид да се измеша вистинската религија со лажната (2. Мојсеева 32:8; 5. Мојсеева 12:2-4). Исус ги осудил верските водачи од негово време поради начинот на кој го обожавале Бог. Тие оставале впечаток дека се побожни но, всушност, биле лицемерни бидејќи го занемарувале „она што е поважно во законот: правдата, милосрдноста и верноста“ (Матеј 23:23).

На сличен начин денес, само онаа религија која се темели на вистината ги води луѓето до Бог. Таа вистина се наоѓа во Библијата (Јован 4:24; 17:17; 2. Тимотеј 3:16, 17). Сите религии чиишто учења не се во склад со Библијата, всушност, ги оддалечуваат луѓето од Бог. Многу учења за коишто луѓето мислат дека се темелат на Библијата, меѓу кои се учењата за тројство, за бесмртност на душата и за вечно мачење, влечат корени од обожавањето на лажни богови. Религиите што шират такви учења немаат никаква вредност бидејќи ги занемаруваат Божјите барања и се држат за верски традиции (Марко 7:7, 8).

Бог го мрази лицемерството во религиите (Тит 1:16). За да им помогне на луѓето да се зближат со Бог, една религија не треба да се состои само од верски обреди и традиции туку треба да влијае врз секојдневниот живот на верниците. На пример, Библијата вели: „Ако некој мисли дека го почитува Бог на исправен начин, а не го зауздува својот јазик, туку го мами своето срце, неговото почитување е залудно. Почитувањето [односно религијата] кое е чисто и неизвалкано пред нашиот Бог и Татко е ова: да се грижиш за сираците и за вдовиците во нивната неволја и да се чуваш од валканоста на овој свет“ (Јаков 1:26, 27).

a Јехова е името на вистинскиот Бог кое го дознаваме од Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели