ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 64
  • Треба ли да си го проширам кругот на пријатели?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да си го проширам кругот на пријатели?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Лошите страни на затворениот круг пријатели
  • Што можеш да направиш
  • Добри пријатели — лоши пријатели
    Разбудете се! 2005
  • Мудро бирај ги своите пријатели
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како да најдам добри пријатели?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Треба ли да најдам подобри пријатели?
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 64
Тинејџерки прават селфи

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Треба ли да си го проширам кругот на пријатели?

„Најубаво ми е кога сум со моето друштво. Стварно ми е тешко да се дружам и со други“ (Ален).

„Имам тесен круг на пријатели, и баш ми е убаво. Не сум личност што лесно склопува нови пријателства“ (Сара).

Дали можеби и ти си како Ален и Сара? Дали имаш тесен, затворен круг на пријатели и не ти е лесно да стекнуваш нови?

Ако да, тогаш оваа статија е за тебе!

  • Лошите страни на затворениот круг пријатели

  • Што можеш да направиш

  • Што велат други млади

Лошите страни на затворениот круг пријатели

Нема ништо лошо во тоа да имаш потесен круг на пријатели. Тоа може да ти даде чувство дека припаѓаш некаде и дека си прифатен онаков каков што си — со сите свои маани.

„Убаво е да знаеш дека другите те сакаат и дека си дел од друштво. Кога си млад, сакаш да бидеш прифатен“ (Карен, 19).

Дали си знаел? Меѓу многуте пријатели на Исус биле и 12-те апостоли. Но, тој бил најблизок со тројца од нив — Петар, Јаков и Јован (Марко 9:2; Лука 8:51).

Сепак, ако се дружиш само со одредена група, можеш да наидеш на некои проблеми. На пример:

  • Би можел да ја пропуштиш шансата да стекнеш нови, добри пријатели.

    „Ако се дружиш само со оние што се слични на тебе, ќе пропуштиш да искусиш нови работи и да запознаеш и други интересни луѓе“ (Еван, 21).

  • Би можел да изгледаш арогантно.

    „Кога имаш ’твое‘ друштво, другите може да помислат дека не ти треба никој друг“ (Сара, 17).

  • Би можел да бидеш соучесник во малтретирање.

    „Можеби ти лично не малтретираш никого, ама ако твоите пријатели го прават тоа, тогаш не само што ќе ти изгледа ОК туку може да ти биде и забавно“ (Џејмс, 17).

  • Би можел да си направиш проблеми — особено ако по секоја цена сакаш да припаѓаш на одредено друштво.

    „Доволно е само еден од друштвото да има луди идеи, и сите да почнат да прават нешто што не треба“ (Мартина, 17).

Што можеш да направиш

  • Размисли кои се твоите вредности.

    Прашај се: „По кои вредности се трудам да живеам? Дали пријателите ми олеснуваат или ми отежнуваат да се држам до тие вредности? Дали би го задржал друштвото по секоја цена?“

    Библиско начело: „Лошото друштво ги расипува добрите навики“ (1. Коринќаните 15:33).

    „Кога некои од твоето друштво имаат поинакви вредности, лесно може да почнеш да правиш работи што инаку никогаш не би ги направил“ (Елена, 14).

  • Размисли што ти е најважно.

    Прашај се: „Дали сум толку приврзан за пријателите што сум спремен да си ги погазам мерилата само за да останам во нивното друштво? Како ќе постапам ако некој од другарите направи нешто лошо?“

    Библиско начело: „Ги укорувам и ги опоменувам сите што ги сакам“ (Откровение 3:19).

    „Ако некој од твоето друштво направи некоја глупост а тебе ти е најважна лојалноста кон пријателите, би можел да се чувствуваш како предавник ако откриеш што направил“ (Мелани, 22).

  • Прошири го кругот на пријатели.

    Прашај се: „Зошто е добро да се спријателам и со други?“

    Библиско начело: „Не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:4).

    „Децата што не им се интересни на другите можеби имаат проблеми дома. Ама ако се потрудиш да ги запознаеш, ќе видиш дека и тие се интересни на свој начин“ (Брајан, 19).

Заклучок: Нема ништо погрешно во тоа да имаш свое друштво. Но, тоа не значи дека не треба да се дружиш со никој друг. Всушност, тоа може многу да ти користи. Библијата вели: „Давајте, и ќе ви се даде“ (Лука 6:38).

Што велат други млади

Маријам

„На училиште влегов во едно друштво, ама по кратко време забележав дека некои од девојките малтретираа други. Затоа престанав да се дружам со нив. Иако еден период скоро и да немав со кого да се дружам, ми беше драго што се држев за моите вредности“ (Маријам).

Алекс

„На школо се обидував да влезам во едно друштво само за да бидам попопуларен. Ама сфатив дека поради лошо друштво може да почнеш да гледаш негативно на другите, па дури и да станеш нешто што не си“ (Алекс).

Бетани

„Во основно долго време пробував да станам дел од едно друштво, но тие не сакаа да се дружат со мене. Кога видов колку нема смисла тоа што го правам, почнав повеќе да ги ценам пријателите што веќе ги имав“ (Бетани).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели