ПЕСНА 126
Бдејте, сите бидете јаки!
Печатено издание
1. Бдејте истрајно до крајот,
секој цврст во верата.
Само напред машки, храбро,
наша е победата!
Исус предводи, го слушаме,
смело напред продолжуваме.
(РЕФРЕН)
Бдејте, сите бидете јаки!
До крај да издржиме!
2. Бдејте, спремни сѐ до крајот
Исус да го следиме.
Преку својот роб, тој денес
дава упатства за сѐ.
Тука се и старешините
што се грижат за нас од срце.
(РЕФРЕН)
Бдејте, сите бидете јаки!
До крај да издржиме!
3. Бдејте, сложни сѐ до крајот,
веста да ја шириме.
Ни се противат, но сепак
ние не запираме.
Цела Земја нека дознае:
денот на Јехова близу е!
(РЕФРЕН)
Бдејте, сите бидете јаки!
До крај да издржиме!
(Види и Мат. 24:13; Евр. 13:7, 17; 1. Пет. 5:8.)