ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 168
  • Што вели Библијата за заедничкиот живот пред брак?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што вели Библијата за заедничкиот живот пред брак?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Зошто на Бог му е важно една двојка да биде законски венчана?
  • Дали е во ред двајца да живеат заедно пред брак за да видат дали си одговараат?
  • Како можат брачните двојки да си го зацврстат бракот?
  • Дали треба да живееме заедно пред да се венчаме?
    Совети за семејствата
  • Дали е во ред еден пар да живее заедно пред брак?
    Разбудете се! 2009
  • Подготовка за успешен брак
    Тајната на семејната среќа
  • Како да имаш среќен брак
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 168
Една жена му го дава клучот од нејзината куќа на еден маж.

Што вели Библијата за заедничкиот живот пред брак?

Што вели Библијата:

Библијата вели дека Бог сака луѓето да се чуваат од блуд, односно сексуален неморал (1. Солуњаните 4:3). Според Библијата, во сексуален неморал спаѓаат: прељуба, хомосексуалност и сексуални односи помеѓу маж и жена кои не се во брак.

  • Зошто на Бог му е важно една двојка да биде законски венчана?

  • Дали е во ред двајца да живеат заедно пред брак за да видат дали си одговараат?

  • Како можат брачните двојки да си го зацврстат бракот?

Зошто на Бог му е важно една двојка да биде законски венчана?

  • Брачната заедница ја основал Бог. Тој го склопил првиот брак откако ги создал првите маж и жена (1. Мојсеева 2:22-24). Божјата намера не била еден маж и една жена да живеат заедно, а да не се во брак.

  • Бог знае што е најдобро за луѓето. Тој имал намера бракот да биде трајна врска помеѓу еден маж и една жена, и тоа да им биде од корист и да ги штити сите членови на семејството. Исто како што упатствата од производителот ни помагаат да склопиме парче мебел, така и упатствата што ни ги дава Бог ни помагаат да си ги зајакнеме семејните врски. Божјите мерила секогаш им користат на оние што се држат за нив (Исаија 48:17, 18).

    Еден маж ги чита упатствата од производителот за тоа како да склопи парче мебел.

    Упатствата од производителот ни помагаат да склопиме парче мебел. Упатствата што ни ги дава Бог ни помагаат да си го зајакнеме семејството

  • Сексуалните односи надвор од бракот носат сериозни последици. На пример, некои од последиците може да бидат: несакана бременост, сексуално преносливи болести и емоционална болка.

  • Бог ги создал луѓето со способност да се размножуваат. Во очите на Бог животот е свет, и способноста да имаме деца е скапоцен дар од него. Бог сака да покажеме ценење за овој дар така што ќе ја почитуваме брачната заедница која тој ја осмислил (Евреите 13:4).

Дали е во ред двајца да живеат заедно пред брак за да видат дали си одговараат?

За еден пар да има успешен брак, не е потребен „пробен период“, односно да живеат заедно некое време без да имаат обврска да останат заедно. Напротив, нивната врска се зајакнува кога и двајцата се цврсто решени да бидат верни еден на друг и кога заедно се трудат да ги решаваат проблемите.a Бракот ја зајакнува врската меѓу две лица (Матеј 19:6).

Како можат брачните двојки да си го зацврстат бракот?

Не постои совршен брак. Но една брачна двојка може да си го зајакне бракот ако ги применува библиските совети. Еве некои од нив:

  • Ставај ги потребите на брачниот другар пред своите (1. Коринќаните 7:3-5; Филипјаните 2:3, 4).

  • Покажувајте љубов и почит еден кон друг (Ефешаните 5:25, 33).

  • Внимавај што и како зборуваш (Изреки 12:18).

  • Биди стрплив и брзо простувај (Колошаните 3:13, 14).

a Види ја статијата „Среќно семејство — приврзаност и верност“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели