ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/7 стр. 3
  • Свет зависен од пушење

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Свет зависен од пушење
  • Разбудете се! 2000
  • Сличен материјал
  • Цигари — дали ги одбивате?
    Разбудете се! 1997
  • Зошто да се прекине со пушењето?
    Разбудете се! 2000
  • Што мисли Бог за пушењето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • „И Вие можете да прекинете — ние прекинавме!“
    Разбудете се! 1999
Разбудете се! 2000
g00 8/7 стр. 3

Свет зависен од пушење

БИЛ беше љубезен, паметен и силен човек. Го сакаше своето семејство. Но, на многу рана возраст почна да пуши. Подоцна ја замрази таа навика. Дури и додека повлекуваше од цигарата, искрено ги предупредуваше своите синови да не пушат, кажувајќи им колку е глупаво тоа. Имаше ситуации кога ќе згмечеше кутија цигари во своите силни раце и ќе ја фрлеше на другиот крај на собата, заколнувајќи се дека ја испушил последната цигара. Меѓутоа, наскоро се враќаше на пушењето — на почетокот скришно, а потоа отворено.

Бил умре од рак пред 15 години, откако трпеше ужасни болки неколку месеци. Да не беше пушач, веројатно ќе беше жив и денес. Неговата сопруга сѐ уште ќе имаше сопруг; неговите синови сѐ уште ќе имаа татко.

Смртта на Бил, иако е трагична за неговото семејство, не е единствена. Според Светската здравствена организација (СЗО), од болести поврзани со тутунот умираат околу четири милиони луѓе годишно, односно по едно лице секои осум секунди. Ширум светот, употребата на тутун е најголемата причина за болести што можат да се спречат. Ако продолжат сегашните трендови, за 20 години пушењето ќе биде причина број еден за смрт и инвалидност во светот, која ќе убива повеќе луѓе отколку СИДА-та, туберкулозата, смртноста кај трудниците, сообраќајните несреќи со моторни возила, самоубиствата и убиствата заедно.

Цигарите убиваат. Сепак, насекаде ќе ги сретнете оние кои ги пушат. Ширум светот, најмалку 1,1 милијарда луѓе се пушачи, изјавува СЗО. Тоа е отприлика една третина од возрасните во светот.

Аналитичарите проценуваат дека, иако тутунските компании сега плаќаат стотици милиони долари заради тужбите што се поднесени против нив, таа сума е мала во споредба со профитот од милијарди долари. Се проценува дека само во Соединетите Држави секој ден излегуваат 1,5 милијарди цигари од производните ленти во фабриките за тутун. Ширум светот, тутунските компании и владините монополи продаваат повеќе од пет билиони цигари годишно!

Зошто толку многу луѓе упорно се држат за една навика која е смртоносна? Ако сте пушач, како можете да прекинете? Овие прашања ќе бидат одговорени во наредните статии.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели