ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/9 стр. 7-10
  • Заштитете се себеси и Вашите сакани

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Заштитете се себеси и Вашите сакани
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ако сакате да се ослободите
  • Што ќе ми помогне да не гледам порнографија?
    Разбудете се! 2007
  • Зошто да не гледам порнографија?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Порнографијата — безопасна или отровна?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Зошто порнографијата е штетна?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/9 стр. 7-10

Заштитете се себеси и Вашите сакани

ИНТЕРНЕТ може да биде корисна алатка. Но, како и повеќето алатки, тој може да се злоупотреби. А киберпорн — порнографијата на Интернет — е пример на таква злоупотреба.

Знаејќи колку силна може да биде сликата, родителите треба да сторат сѐ што можат за да им оневозможат на децата пристап до сите непожелни Интернет сајтови. Брошурата Teen Safety on the Information Highway (Безбедноста на тинејџерите на информацискиот автопат) дава корисни информации на оваа тема. Таа наведува: „Сега има служби кои ги рангираат Веб-сајтовите според содржината и ги филтрираат програмите, како и програми за прелистување кои им овозможуваат на родителите да ги блокираат сајтовите што ги сметаат за несоодветни. Овие програми функционираат на различни начини. Некои ги блокираат сајтовите за кои се знае дека содржат непожелен материјал. Некои им оневозможуваат на корисниците да внесуваат извесни информации како што се нивното име и адреса. Други програми не им допуштаат на децата да се поврзат на „чет“ линија или им ја намалуваат можноста да праќаат или да читаат e-mail. Обично овие програми може да ги внесе родителот за да ги блокира само оние сајтови кои ги смета за непожелни“. (Видете ја и рамката „Заштитете ги децата од порнографија“.)

Меѓутоа, мора да се признае дека родителите се ограничени во филтрирањето на непожелните сајтови што би можеле да ги гледаат нивните деца. Тие не можат да бдеат над децата секоја минута. А детето или младинецот кој не е изложен на порнографија дома, може да има речиси неограничен пристап до неа на некој компјутер на училиште или во домот на некој свој соученик. Затоа, освен тоа што ќе прават сѐ што можат за да го спречат пристапот на децата до порнографија, родителите мора да им помогнат да изградат чувствителна совест која ќе ги поттикнува да ѝ свртат грб на порнографијата без да бидат потсетувани на тоа.

Би било погрешно да се заклучи дека возрасните се во подобра положба да гледаат порнографија отколку децата. Како што видовме во претходната статија, порнографијата не е добра за никого!

Меѓутоа, да претпоставиме дека веќе извесно време гледате порнографија. Сфаќате дека она што го правите не му е угодно на Бог и сакате да прекинете со таа навика. Дали ова е можно? Да, можно е. Секој ден има луѓе кои прекинуваат со некоја лоша навика. Ако навистина сакате да се ослободите од порнографијата, можете да успеете.

Ако сакате да се ослободите

Првиот чекор е да престанете да гледате порнографија — и тоа веднаш! Колку подолго чекате, толку потешко ќе Ви биде да прекинете. Меѓутоа, ова е полесно да се рече отколку да се направи. Библијата реалистично истакнува дека гревот може да претставува привремено уживање (Евреите 11:25). Но, гревот може да води и до смрт (Римјаните 6:23). На почетокот можеби ќе ги наоѓате сите можни изговори за да гледате порнографија само уште еднаш. Не ги слушајте! И не попуштајте му на искушението да продолжите да гледате!

Како што беше спомнато претходно во оваа серија, гледањето порнографија може сериозно да се одрази врз квалитетот на Вашиот живот. Искрено преиспитајте како влијае оваа навика врз Вашиот однос со семејството и со пријателите. Дали сте сопруг и татко? Веројатно Вашата сопруга и децата забележале извесни промени во Вашето однесување. Откако гледате порнографија, можеби сте понерасположен, помрзоволен, потаинствен или поповлечен — а можеби дури не сте ни свесни за тоа. Понекогаш можеби им се развикувате на домашните без никаква причина. Ако гледате порнографски материјал, Вашето однесување веројатно Ве издава. Пријателите и семејството забележале дека нешто не е во ред. Само, тие не знаат што е тоа — барем засега!

Ако постојано Ве влече порнографијата, не обидувајте се да се борите сами. Побарајте помош. Доверете му се на некој искусен пријател. Точно, ќе Ви треба храброст за да признаете дека имате проблем со порнографијата, но зрелиот пријател веројатно ќе Ви се восхитува што сте презеле иницијатива да ѝ ставите крај.

Силната желба да му угодите на Бог сигурно е најголемата причина за да ја победите порнографијата. Кога се држиме за доблесен правец, го радуваме Божјето срце (Пословици 27:11). Кога одиме во погрешен правец, тогаш го тераме да „се натажи во Своето срце“ (Битие 6:6). Ако сте христијанин, несомнено сте заинтересирани за тоа како се чувствува Бог. Треба да Ве интересира и тоа како го користите умот и срцето, кои му се предадени на Бог и кои треба да се чуваат чисти за неговата служба (Езекиел 44:23). Библијата ги поттикнува христијаните да се исчистат од „секоја валканост на телото и духот, усовршувајќи ја светоста во Божји страв“ (2. Коринќаните 7:1). Да, здравиот страв од тоа да не му угодиме на Бог, кој гледа сѐ, може да Ве мотивира да прекинете со порнографијата.

Меѓутоа, да претпоставиме дека, додека се борите да прекинете, случајно отворите некој Веб-сајт на кој се прикажува порнографија. Веднаш затворете го сајтот! Ако е потребно, излезете од програмата за прелистување низ Интернет! Ако сте во искушение да се вратите, обратете му се на Бог во искрена молитва, молејќи го за помош да му одолеете на искушението. Библијата вели: „Во сѐ со молитва и преколнување заедно со благодарење објавете му ги своите молби на Бог“. Ако Ве измачуваат непристојни мисли, молете се сѐ додека не Ви стане полесно. Тогаш „мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашите умствени сили“ (Филипјаните 4:6, 7). Се разбира, ќе треба да ги замените нездравите мисли со такви кои се ‚вистинити, што заслужуваат сериозно внимание, праведни, чесни, вредни за сакање и за кои добро се зборува‘ (Филипјаните 4:8).

Можеби ќе Ви биде од корист да ги запомните и да медитирате за следниве библиски стихови:

„О вие кои го љубите Јехова, мразете го злото“ (Псалми 97:10, NW).

„Го бијам своето тело и го водам како роб, за откако сум им проповедал на другите, на некој начин самиот да не се најдам неодобрен“ (1. Коринќаните 9:27).

„Умртвете ги своите телесни членови што се на земјата во поглед на блуд, нечистота, сексуална страст“ (Колошаните 3:5).

„За секој од вас да знае како да завладее со својот сопствен сад во осветување и чест, а не во лакома сексуална страст“ (1. Солуњаните 4:4, 5).

„Секој кој постојано гледа на жена на таков начин што чувствува страст кон неа, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ (Матеј 5:28).

„Мажите треба да ги љубат своите жени како своите сопствени тела. Кој ја љуби својата жена, се љуби самиот себе“ (Ефешаните 5:28).

Има многу причини зошто да се избегнува порнографијата. Таа може сериозно да се одрази врз квалитетот на животот, може да го искриви Вашето просудување, да го оштети Вашиот однос со другите и, што е најважно, да го уништи Вашиот однос со Бог. Ако не сте стекнале навика да гледате порнографија, не почнувајте. Ако веќе имате таква навика, веднаш престанете! Сеедно дали е прикажана во некоја книга, списание или на Интернет, порнографијата не е за христијаните. Избегнувајте ја по секоја цена!

[Рамка/слика на страница 9]

Заштитете ги децата од порнографија

Следниве предлози можат да Ви помогнат да ги заштитите своите деца од опасностите кои се поврзани со порнографијата на Интернет.

● Не дозволувајте му на Вашето дете да има пристап до Интернет од неговата спална соба. Сите компјутери кои се приклучени на мрежата ставете ги во соба каде што има лесен пристап секој во семејството.

● Имајте увид кои компјутерски програми ги користи Вашето дете.

● Проверете дали Вашето дете отворило свој Веб-сајт без Ваше знаење. За таа цел, обидете се да го побарате неговото име со програмите за прелистување кои го пребаруваат целиот Интернет. Внесете го неговото цело име во наводници за да не се отворат погрешни сајтови.

● Не дозволувајте му на детето да договори средба лице в лице со друг компјутерски корисник што не го познавате. (Видете ја рамката „Не само празен муабет“.)

● Никогаш не одговарајте на пораки или на огласи кои се со сугестивна, безобразна, бунтовна или заканувачка природа.

● Опоменете ги децата да немаат пристап до несоодветен материјал на Интернет. Поучете ги самите да прават цензура кога Вие не сте покрај нив. Запомнете дека компјутерите на училиште или во домот на некој пријател можеби не го блокираат пристапот на децата до порнографија.

[Извор на слика]

Материјалот делумно се темели на брошурата Безбедноста на децата на информацискиот автопат и на една статија од Los Angeles Times од 5 јули 1999.

[Рамка/слика на страница 10]

Не само празен муабет

Кога се користи компјутерска „чет“ линија, мора да се биде крајно претпазлив. „Чет“ линија е посредник кој им овозможува на корисниците на Интернет да комуницираат меѓу себе. Се разбира, многу луѓе комуницираат со блиските пријатели преку e-mail. На овој начин, оние кои живеат далеку од своето семејство, можат да одржуваат редовни контакти со него. Но, не е исто да испратите e-mail на некого што го познавате и да контактирате со некого што не го познавате. Дали би размислувале случајно да свртите некој телефонски број и потоа да се спријателите со оној што ќе одговори на повикот, кој и да е тој? Се разбира дека не! Тогаш, зошто да одржувате врска преку Интернет со некого кого воопшто не го познавате?

Еден проблем во комуникацијата со непознато лице лежи во тоа што можеби не е оној што се претставува дека е. На пример, можеби е педофил кој се надева да искористи некое наивно дете или млада личност.

Пари Афтаб, правник на кој му се специјалност случаи поврзани со Интернет, објаснува колку лесно може да се случи тоа. Тој забележува: „Децата обично се поврзуваат на „чет“ линија. Педофилите го забележуваат тоа, ги следат разговорите и им влегуваат во трага на децата кои се осамени. Едно дете може да испрати ваква порака: ‚Моите родители се разведуваат . . . Ја мразам мајка ми, никогаш не ми ја купува компјутерската игра што ја сакам‘ . . . Педофилот се вклучува и вели: ‚Моите родители се разведуваат . . . Ја мразам мајка ми . . . никогаш не можам да ја добијам играта што ја сакам, сѐ додека не ми ја донесе чичко Тими  . . . Само треба да отидеш во трговскиот центар и да се сретнеш со чичко Тими‘“. А „чичко Тими“ е, всушност, педофилот кој демне.

Затоа, родителите треба да одржуваат срдечен, нежен однос со своите деца. Задржете отворени линии на комуникација бидејќи на тој начин младите нема да чувствуваат потреба да се обраќаат на погрешно место за да добијат емоционална поддршка.

Возрасните кои се чувствуваат осамени или кои имаат несреќен брак не треба да се обраќаат на компјутерски „чет“ линии за да добијат емоционална поддршка. Опасно е да им се обраќаат на непознати лица. Некои возрасни ги оставиле своите сопружници заради некого што го „запознале“ на Интернет.a

[Фуснота]

a За дополнителни информации во врска со компјутерските „чет“ линии, Ве молиме видете ја статијата „Младите прашуваат . . . Како можам да ги избегнам опасностите на Интернет?“ во изданието на Разбудете се! од 8 мај 2000.

[Слика на страница 8]

Молитвата може да помогне да му одолеете на искушението

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели