ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/2 стр. 3-4
  • Подобро здравје — нов правец?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Подобро здравје — нов правец?
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каде се обраќаат многумина
  • Алтернативни терапии — зошто многумина ги користат
    Разбудете се! 2001
  • Содржина
    Разбудете се! 2001
  • Еден поглед на алтернативните терапии
    Разбудете се! 2001
  • Вашиот избор на лекување
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/2 стр. 3-4

Подобро здравје — нов правец?

Само малку работи им се поважни на луѓето од здравјето. Понекогаш изгледа дека има онолку мислења колку што има и лекари. Наместо да застане на нечија страна, Разбудете се! настојува со оваа серија статии да извести за сѐ поголемата примена на лекувања кои обично се нарекуваат алтернативни. Ние не се залагаме за некое од лекувањата за кои ќе дискутираме ниту, пак, за некој друг вид лекување. Многу видови лекувања не се спомнати — некои се доста популарни а други се контроверзни. Сметаме дека добрата информираност во врска со прашањата поврзани со здравјето е корисна за сите; одлуките во врска со ваквите прашања се сосема лични.

СЕКОЈ сака да биде здрав. Но, доброто здравје може да биде недостижно, за што сведочи големиот број луѓе кои се жалат на своето здравје. На некои им се чини дека денес има повеќе болни луѓе од кога и да е порано.

Во борбата против болестите, голем број лекари многу се потпираат на препишувањето лекови кои ги изработуваат и нападно ги рекламираат фармацевтските компании. Значајно е тоа што светскиот пазар на такви лекови нагло се зголеми во последниве децении, од само неколку милијарди долари годишно на стотици милијарди долари секоја година. Со каков резултат?

Лековите препишани од медицинско лице им помогнале на многу луѓе. Од друга страна, пак, здравјето на некои луѓе кои земаат лекови не претрпело никаква промена или, пак, дури и се влошило. Затоа, во поново време некои почнале да користат други методи на лекување.

Каде се обраќаат многумина

Онаму каде што современата, конвенционална медицина била стандардна здравствена нега, сега многумина преминуваат на она што се нарекува алтернативни, односно комплементарни терапии. „,Берлинскиот ѕид‘ кој долго време ги делеше алтернативните терапии од стандардната медицина изгледа дека се руши“, наведе Consumer Reports од мај 2000.

The Journal of the American Medical Association (JAMA) од 11 ноември 1998, забележа: „Алтернативните терапии, кои според нивната функција се дефинирани како интервенции кои не се изучуваат во медицинските школи ниту, пак, се општо достапни во болниците во САД, сѐ повеќе го привлекуваат вниманието на целата нација преку медиумите, медицинските кругови, владините агенции и јавноста“.

Меѓутоа, забележувајќи ги најновите трендови, во 1997, Journal of Managed Care Pharmacy објасни: „Во минатото, лекарите на конвенционалната медицина беа скептични во врска со алтернативната медицинска пракса, но 27 медицински школи во Соединетите Држави [еден понов извештај вели 75] моментално нудат факултативни курсеви за алтернативна медицина, вклучувајќи ги Харвард, Стенфорд, Универзитетот во Аризона и Јејл“.

JAMA забележа што прават многу пациенти во обидот да си го подобрат здравјето. Таму се известува: „Се проценува дека во 1990, секое 5-то лице (19,9%) кое било на лекар заради некоја сериозна болест, користело и некоја алтернативна терапија. Овој процент се зголеми на секое 3-то лице (31,8%) во 1997“. Во статијата беше забележано и следново: „Националните анкети спроведени надвор од Соединетите Држави укажуваат дека алтернативната медицина е популарна во целиот индустријализиран свет“.

Според JAMA, процентот на населението кое применило алтернативно лекување во изминативе 12 месеци изнесувал 15 проценти во Канада, 33 проценти во Финска и 49 проценти во Австралија. „Обемот на побарувачката на алтернативно лекување е значителен“, признава JAMA. Ова е така особено заради фактот што алтернативните терапии многу ретко се вклучени во правото на покривање на трошоците преку социјалното осигурување. Затоа, статијата во JAMA заклучува: „Веројатно во моментов тие се користат помалку отколку што би се користеле во иднина доколку алтернативните терапии повеќе би биле вклучени во правото на социјално осигурување“.

Трендот кон интегрирање на алтернативните со конвенционалните терапии долго време беше општа пракса во многу земји. Д-р Питер Фишер, од Кралската хомеопатска болница во Лондон, забележа дека главните облици на комплементарна медицина станале „речиси конвенционални на многу места. Повеќе нема два вида медицина, класична и комплементарна“, тврди тој. „Има само добра и лоша медицина.“

Значи, многу медицински стручњаци денес ја признаваат вредноста и на класичната медицина и на алтернативните терапии. Наместо да инсистираат пациентот да ја прифати или едната или другата медицина, тие препорачуваат да се искористи сѐ што ќе биде добро за пациентот од сите различни облици на лекарски терапии.

Кои се некои методи на лекување на она што се нарекува алтернативна, односно комплементарна медицина? Од кога и од каде потекнуваат некои од нив? И зошто ги користат толку многу луѓе?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели