ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/06 стр. 6-9
  • Каде оди овој свет?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде оди овој свет?
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Карта“ што ќе нѐ води
  • Кобен почеток
  • Каде точно сме сега?
  • Патот пред нас
  • Ќе биде уништен последниот непријател — смртта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Исус спасува — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Зошто умираме?
    Што ни се случува кога ќе умреме?
  • Можеме да учиме од првиот човечки пар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 1/06 стр. 6-9

Каде оди овој свет?

ШТО ќе ни донесат следните 10, 20 или 30 години? Во оваа ера на тероризам, човек се плаши дури и од самата помисла за иднината. Технологијата цвета. Со процесот на глобализација многу земји станаа зависни една од друга. Ќе се обединат ли светските водачи за да ни донесат посветла иднина? Некои велат ‚да‘, надевајќи се дека до 2015 година водачите ќе го запрат ширењето на сиромаштијата и гладот, ќе најдат лек за СИДА-та и ќе го намалат за половина бројот на оние што немаат чиста вода за пиење и санитарни услови (Видете ја рамката „Оптимизмот наспроти реалноста“).

Меѓутоа, честопати се покажало дека замислите што човекот ги има за иднината се нереални. На пример, пред многу децении, еден стручњак изјавил дека во 1984 година, земјоделците ќе го ораат морското дно со подводни трактори; друг рекол дека во 1995 година автомобилите ќе бидат опремени со компјутерска опрема која ќе ги спречи сударите; а трет, пак, предвидел дека во 2000 година околу 50.000 луѓе ќе живеат и ќе работат во вселената. Сигурно, оние што ги изнеле овие предвидувања, сега посакуваат да си молчеле. Еден новинар напишал: „Времето е она што, повеќе од сѐ друго, прави и најпаметните луѓе во светот да изгледаат како тотални будали“.

„Карта“ што ќе нѐ води

Луѓето имаат безброј претпоставки за иднината, но понекогаш нивните замисли се повеќе идеалистички отколку реалистични. Каде можеме да побараме веродостојни информации за она што нѐ чека?

Да разгледаме еден пример. Замислете си дека патувате со автобус низ една странска земја. Ништо не Ви е познато и полека станувате загрижени. ‚Каде точно сум јас?‘, се прашувате. ‚Дали овој автобус навистина оди по правиот пат? Уште колку има до целта?“ Ако имате една точна карта и ако гледате надвор од прозорецот и внимателно ги забележувате знаците, ќе можете да си одговорите на Вашите прашања.

Денес, во слична ситуација се мнозина кои се загрижени кога размислуваат за иднината. ‚Каде одиме?‘, се прашуваат. ‚Дали навистина сме тргнале по патот што води до светски мир? Ако да, кога ќе стигнеме до таа цел?‘ Библијата е како карта што може да ни помогне да одговориме на овие прашања. Ако внимателно ја читаме — и ако внимателно забележуваме што се случува надвор од нашиот „прозорец“, т.е. во светот — ќе дознаеме многу во врска со тоа каде сме и каде одиме. Но, најпрво треба да разбереме како почнале нашите проблеми.

Кобен почеток

Библијата ни кажува дека, кога Бог ги создал првиот маж и првата жена, тие биле совршени и тој ги сместил во една рајска околина. Адам и Ева биле создадени да живеат вечно, а не само 70 или 80 години. Бог им рекол: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја“. Намерата на Бог била Адам и Ева, и нивните потомци, да го прошират Рајот по целата земја (Битие 1:28; 2:8, 15, 22).

Но, Адам и Ева се побуниле против Бог, и затоа го изгубиле својот рајски дом. Освен тоа, тие полека но сигурно почнале да пропаѓаат — и физички и ментално. Со секој нов ден Адам и Ева биле за чекор поблизу до гробот. Зошто? Затоа што направиле грев со тоа што се свртеле против својот Творец, а „платата што ја дава гревот е смрт“ (Римјаните 6:23).

Со текот на времето, Адам и Ева умреле, но пред тоа им се родиле многу синови и ќерки. Дали овие деца можеле да ја остварат првобитната намера на Бог? Не, затоа што ја наследиле несовршеноста на своите родители. Всушност, од поколение на поколение, сите потомци на Адам наследиле грев и смрт. И ние сме наследиле грев и смрт. „Преку еден човек“, вели Библијата, „гревот влезе во светот и преку гревот смртта, така и смртта се прошири на сите луѓе, бидејќи сите згрешија“ (Римјаните 3:23; 5:12).

Каде точно сме сега?

Побуната на Адам и Ева го означила почетокот на едно долго и мачно патешествие за човештвото кое продолжува до ден-денес. Како што вели еден од писателите на Библијата, човештвото е „подложено на ништожност“ (Римјаните 8:20). Ова многу добро ја опишува борбата на човештвото. Меѓу потомците на Адам имало и има мажи и жени кои станале врвни научници, големи умови на полето на медицината и иноватори на полето на технологијата. Сепак, никој од нив не бил способен да донесе светски мир и совршено здравје, работи кои Бог има намера да ни ги даде.

Побуната на Адам и Ева влијае врз сите нас. На пример, кој од нас не почувствувал болка кога му била нанесена неправда, или страв од криминал, мака што ја трпи од некоја хронична болест или безгранична тага кога ќе умре некој близок? Се чини како секој спокоен миг веднаш да е нарушен од некоја несреќа. Дури и во убавите моменти, нашиот живот е токму онаков како што го опишал патријархот Јов: „Човекот . . . е кусовечен и полн со неволји“ (Јов 14:1).

Кога ќе размислиме како било и во каква жална состојба сме сега, иднината може да ни изгледа прилично мрачна. Но, Библијата нѐ уверува дека Бог нема да дозволи ваквите услови да траат вечно. Неговата првобитна намера за луѓето ќе се оствари (Исаија 55:10, 11). Зошто можеме да бидеме сигурни дека тоа ќе се случи наскоро?

Библијата ни кажува дека сега минуваме низ еден критичен период наречен ‚последни денови‘ (2. Тимотеј 3:1). Овој израз не значи дека ќе ѝ биде ставен крај на земјата и на сиот живот на неа. Напротив, тој го означува „завршетокот на системот на работи“, а со тоа и крајот на условите што ни нанесуваат болка и тага (Матеј 24:3). Библијата опишува какви настани ќе се случуваат во последните денови и какви особини ќе преовладуваат кај луѓето. Разгледајте некои од нив во рамката на 8. страница, а потоа погледнете низ „прозорецот“ во светот околу нас. Нашата карта, Библијата, ни помага да одредиме каде точно сме сега — многу близу до завршетокот на овој поредок. Но, што следи потоа?

Патот пред нас

Веднаш по побуната на Адам и Ева, Бог почнал да ја разоткрива својата намера да воспостави едно Царство „кое никогаш нема да пропадне“ (Даниел 2:44). Тоа Царство, за кое мнозина се поучени да се молат во молитвата што е позната како Оченаш, ќе донесе безброј благослови за човештвото (Матеј 6:9, 10).

Божјето Царство не е само некаква нејасна замисла, нешто во твоето срце. Тоа е вистинска небесна влада која ќе има силно влијание на земјата. Размислете само што ветува Бог дека ќе направи за луѓето со своето Царство. Библијата вели дека Бог прво ‚ќе ги уништи оние кои ја уништуваат земјата‘ (Откровение 11:18). Што ќе направи за оние што покажуваат дека му се послушни? Во неговата пишана Реч се вели дека тој „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка“ (Откровение 21:4). Кој човек може да направи вакво нешто? Само Бог може да нѐ врати во состојбата што ја замислил за луѓето уште во почетокот.

Како можете Вие да имате корист од благословите што ќе ги донесе Божјето Царство? Во Јован 17:3 стои: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“. Јеховините сведоци низ целиот свет спроведуваат една образовна програма со која им помагаат на луѓето да го направат токму тоа. Тие ја извршуваат својата служба во околу 230 земји, а нивната литература се печати на преку 400 јазици. Ако сакате да дознаете повеќе, стапете во контакт со Јеховините сведоци во Вашата околина или пишете на соодветната адреса на 5. страница.

[Истакната мисла на страница 6]

„Дојдете сега, вие кои велите: ‚Денес или утре ќе отпатуваме во тој град и таму ќе поминеме една година, и ќе тргуваме и ќе оствариме добивка‘, а не знаете каков ќе ви биде животот утре“ (Јаков 4:13, 14).

[Истакната мисла на страница 6]

Во Библијата е опишана нашата историја од првите маж и жена па наваму. На тој начин, таа ни кажува од каде доаѓаме. Исто така, ни кажува и каде одиме. Но, за да разбереме што ни кажува Библијата, мораме внимателно да ја проучуваме, како што се проучува една карта.

[Истакната мисла на страница 7]

„Грев“ може да се однесува на неисправна постапка или на склоност кон зло. Ние се раѓаме грешни, а тоа влијае врз нашите постапки. „На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил“ (Проповедник 7:20)

[Истакната мисла на страница 8]

Ако фотокопирате еден лист хартија на кој има темна дамка, дамката ќе ја има на сите копии. Како потомци, т.е. „копии“ на Адам, ја имаме дамката на гревот. Тоа е истата дамка што ја имал и Адам, „оригиналот“.

[Истакната мисла на страница 8]

Библијата вели: „Човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори“ (Еремија 10:23). Ова објаснува зошто не им успеваат напорите на луѓето да донесат светски мир. Човекот не е создаден „да ги управува своите чекори“ независно од Бог.

[Истакната мисла на страница 9]

Во Библијата, псалмистот му рекол на Бог: „Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека“ (Псалм 119:105). Библијата ни свети како светилка и ни помага да правиме мудри чекори кога треба да донесеме некоја одлука. Како ‚светлина на нашата патека‘, таа ја осветлува патеката пред нас за да можеме да видиме што му носи иднината на човештвото.

[Рамка на страница 7]

ОПТИМИЗМОТ НАСПРОТИ РЕАЛНОСТА

Во септември 2000 година, земјите членки на Обединетите нации едногласно си поставија повеќе цели што треба да ги остварат до 2015 година. Еве некои од нив:

◼ Да се намали за половина бројот на луѓе што живеат со помалку од еден долар дневно и бројот на оние што трпат глад.

◼ Да се погрижат сите деца да го завршат основното образование.

◼ Да се искорени нееднаквоста меѓу половите на сите нивоа на образование.

◼ Да се намали за две третини смртноста кај децата под пет години.

◼ Да се намали за 75 проценти смртноста кај трудниците.

◼ Да се спречи и да се намали ширењето на ХИВ/СИДА, како и раширеноста на други поголеми болести како што е маларијата.

◼ Да се намали за 50 проценти бројот на луѓе што немаат чиста вода за пиење.

Можат ли да се постигнат овие цели? Откако во 2004 година направија повторна проценка на работите, една група здравствени работници од целиот свет дојдоа до заклучок дека оптимизмот мора да биде ублажен со сознанието дека достигнувањата на кои се надевале се далеку од она што навистина се случува. Во предговорот на книгата State of the World 2005 се вели: „Сиромаштијата и понатаму го забавува напредокот во многу подрачја. Болестите како што е ХИВ/СИДА се во пораст, со што во многу земји здравствената состојба е како темпирана бомба. Во последните пет години, околу 20 милиони деца умреа од болести што се пренесуваат преку вода, а кои инаку можат да се излечат, а стотици милиони луѓе и понатаму живеат во бедни и мизерни услови кои се поврзани со недостигот на чиста вода за пиење и соодветни санитарни услови“.

[Рамка/слики на страници 8 и 9]

НЕКОИ ОБЕЛЕЖЈА НА „ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ“

Војни како никогаш порано (Матеј 24:7; Откровение 6:4).

Глад (Матеј 24:7; Откровение 6:5, 6, 8).

Болести (Лука 21:11; Откровение 6:8).

Пораст на беззаконието (Матеј 24:12).

Уништување на земјата (Откровение 11:18).

Големи земјотреси (Лука 21:11).

Критични времиња со кои тешко се излегува на крај (2. Тимотеј 3:1).

Претерана љубов кон пари (2. Тимотеј 3:2).

Непослушност кон родителите (2. Тимотеј 3:2).

Недостиг на природна наклоност (2. Тимотеј 3:3).

Поголема љубов кон задоволства отколку кон Бог (2. Тимотеј 3:4).

Недостиг на самосовладување (2. Тимотеј 3:3).

Луѓето нема да имаат љубов кон добротата (2. Тимотеј 3:3).

Нема да се обрнува внимание на претстојната опасност (Матеј 24:39).

Потсмевачите ги отфрлаат доказите за последните денови (2. Петрово 3:3, 4).

Божјето Царство се проповеда по целата земја (Матеј 24:14).

[Извори на слики]

© G.M.B. Akash/Panos Pictures

© Paul Lowe/Panos Pictures

[Слика на страница 9]

Јеховините сведоци се познати по тоа што ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели