ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/10 стр. 8
  • Автоматска навигација

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Автоматска навигација
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Веќе постои во природата
    Разбудете се! 2010
  • Пловење според водата, небото и ветрот
    Разбудете се! 2003
  • Како може да ми помогне Библијата?
    Младите прашуваат — 10 практични одговори
  • Науката и твојот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 3/10 стр. 8

Автоматска навигација

МОЖЕБИ знаеш колку е тешко да се снајдеш низ улиците на некој непознат град. Како тогаш морепловците успеваат да го најдат патот среде океан без никакви ориентири? Компасот би им бил речиси бескорисен доколку не знаат каде се во однос на местото до кое сакаат да стигнат. Сѐ до 1730-тите, кога биле откриени секстантот и хронометарот, морнарите не можеле да ја одредат својата точна местоположба и да го испланираат правецот на движење на карта. Претходно, морале со часови да прават пресметки за да утврдат каде се.

Денес, возачите во многу земји го наоѓаат патот со помош на релативно евтини уреди поврзани со системот за глобално позиционирање (ГПС). Сѐ што треба да направиш е да ја внесеш адресата на која сакаш да стигнеш. Потоа на екранот можеш да видиш каде точно се наоѓаш и по кој пат да стигнеш на таа адреса. Како функционира овој систем?

Сателитските уреди за навигација зависат од околу 30 сателити. Секој сателит емитува сигнали за својата положба и за своето време со прецизност од неколку милијардити делови од секундата. Во моментот кога ќе воспостави контакт со неколку сателити, твојот уред точно пресметува колку време е потребно за да стигне сигналот од сателитот до твојот приемник, кој со помош на овие информации може да ја одреди твојата положба. Можеш ли да си замислиш колку сложени математички пресметки прават овие уреди? За неколку секунди, апаратот ја одредува својата оддалеченост од три сателити — секој од нив се наоѓа на растојание од неколку илјади километри и патува во различен правец со брзина од неколку километри во секунда.

Проф. Бредфорд Паркинсон и проф. Иван Гетинг го измислиле ГПС-системот во почетокот на 1960-тите. Овој систем првобитно бил наменет за воени цели, но подоцна станал достапен и за јавноста. До 1996 год. бил веќе целосно функционален. ГПС-приемникот е вистинско технолошко чудо. Но, дали тоа е првиот уред за автоматска навигација?

[Извор на слика на страница 8]

Земјата: Врз основа на фотографија на НАСА

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели