Случајно или создадено?
Крилото на вилиното коњче
● Некои вилини коњчиња можат бесшумно да летаат речиси на иста висина по 30 секунди. Која е нивната тајна? Тие имаат аеродинамични крилја какви што авионската индустрија досега не успеала да произведе!
Размисли: Супертенкото крило на вилиното коњче има набори кои не дозволуваат тоа да се витка. Научниците откриле дека благодарение на овие набори се зголемува потисната сила при летањето. „Воздухот струи меѓу наборите, при што се создаваат места со низок коефициент на воздушен отпор. На таков начин, воздушниот млаз полесно струи под и над крилото“, стои во списанието New Scientist.
Проучувајќи го крилото на вилиното коњче, инженерот за вселенски летала Абел Варгас и неговите колеги заклучиле дека „копирањето на природата може да биде од голема помош при конструирањето на минијатурни летала“. Ваквите летала со големина на дланка, на кои е прикачена камера или друга опрема, може да најдат најразлична примена — од собирање податоци за места погодени од катастрофа до следење на нивото на загаденост.
Што мислиш? Дали супертенкото, набрано крило на вилиното коњче настанало случајно или е дело на мудар Творец?
[Слика на страница 25]
Ова минијатурно летало во форма на вилино коњче тежи 120 милиграми, широко е 6 сантиметри и има многу тенки крила од силикон кои се движат на струја
[Извор на слика]
© Philippe Psaila/Photo Researchers, Inc.