ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/10 стр. 25
  • „Останувате позитивна“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Останувате позитивна“
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Млади брачни парови — ставете ја службата за Јехова на прво место
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Зошто вредностите се менуваат
    Разбудете се! 2003
  • Дали Јеховините сведоци одат на лекар?
    Најчесто поставувани прашања
  • Здрави мајки, здрави бебиња
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 11/10 стр. 25

„Останувате позитивна“

● Камила страда од слабокрвност, невролошки проблеми и нарушување на растот. Ова објаснува зошто е висока само 75 сантиметри иако има осум години. Родителите на Камила, кои се Јеховини сведоци, решиле да ја одведат на една медицинска конференција што се одржувала во нивното место во Аргентина. Седнале во вториот ред во салата во која имало вкупно 500 лица.

За време на едно предавање, говорникот, кој инаку е лекар, ја посочил Камила како пример за здраво дете. Без да е свесен за возраста и за здравствената состојба на девојчето, тој прашал: „На која возраст е бебето?“

„Осум години“, рекла мајка ѝ на Камила, која се вика Мариса.

„Како рековте, осум месеци?“ ја прашал лекарот.

„Не, осум години“, одговорила Мариса.

Лекарот се заинтересирал и ги повикал мајката и ќерката на бината за да им постави неколку прашања. Откако Мариса му раскажала какви сѐ испитувања ѝ извршиле лекарите на Камила и какви сѐ терапии испробале, лекарот рекол: „Има мајки што плачат кога нивните деца ќе фатат обичен грип. Но, по седум години лекување, откако направивте за Камила сѐ што можевте, Вие останувате позитивна. Како ви успева?“

Како одговор на ова љубезно прашање, Мариса им раскажала на присутните за она што нејзе ѝ влева надеж — надежта што ја дава Библијата за еден праведен нов свет во кој ќе нема никакви болести, страдања, па дури ни смрт (Исаија 33:24; Откровение 21:3, 4). На крајот, Мариса зборувала за меѓународното братство што го имаат Јеховините сведоци и објаснила дека меѓусебната љубов им помага на Сведоците да се справат со искушенијата и со другите проблеми во животот (Јован 13:35).

По програмата, една жена ѝ пришла на Мариса и ја замолила да ѝ каже нешто повеќе на таа тема. Желна да учи, жената прифатила да ја проучува Библијата. Јеховините сведоци им нудат ваква можност на сите што искрено сакаат да ја разберат Библијата и Божјата прекрасна намера со човештвото.

[Слика на страница 25]

Осумгодишната Камила и мајка ѝ Мариса

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели