Случајно или создадено?
Превртената мрежница
● Еден дел од човечкото око е мрежницата — обвивка која може да има и до 120 милиони клетки наречени фоторецептори, кои ги примаат светлосните дразби и ги преобразуваат во нервни импулси. Твојот мозок ги толкува овие импулси како слики. Еволуционистите тврдат дека поставеноста на мрежницата во окото на ’рбетниците е доказ дека окото не е дело на Творец.
Размисли: Мрежницата на ’рбетниците е превртена, така што фоторецепторите се наоѓаат во нејзиниот заден дел. За да стигне до нив, светлината мора да помине низ неколку слоја клетки. Според Кенет Милер, биолог и еволуционист, „ваквиот состав на окото ја распрснува светлината, поради што нашиот вид е послаб отколку што би можел да биде“.
За еволуционистите, тоа што мрежницата е превртена е доказ дека е лошо осмислена — всушност, дека воопшто не е осмислена. Еден научник дури рекол дека, „од функционална гледна точка, таа има глупаво испревртена положба“. Меѓутоа, понатамошните истражувања открија дека фоторецепторите на превртената мрежница се идеално сместени веднаш до пигментниот слој — слој од клетки кој обезбедува кислород и хранливи материи неопходни за остар вид. „Да беше пигментниот слој сместен пред мрежницата, тоа ќе се одразеше прилично негативно врз видот“, пишуваат биологот Џери Бергман и офталмологот Џозеф Калкинс.
Превртената мрежница е особено погодна за ’рбетниците со мали очи. Роналд Крегер, професор на Универзитетот во Лунд (Шведска), вели: „За да се добие јасна слика, леќата на окото и фоторецепторите мора да бидат поставени на извесна оддалеченост. Тоа што овој простор [мрежницата] е исполнет со нервни клетки штеди многу место кај ’рбетниците“.
Освен тоа, бидејќи нервните клетки во мрежницата се густо збиени и се наоѓаат близу до фоторецепторите, мозокот може брзо и точно да ги анализира визуелните информации.
Што мислиш? Дали превртената мрежница е лош производ на случајноста или е дело на мудар Творец?
[Графикон на страница 15]
(Види во публикацијата)
Фоторецептори
Светлина
Пигментен слој
Светлина
Мрежница
Очен нерв