ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/12 стр. 4-7
  • Зошто толку гнев?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто толку гнев?
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Примерот на родителите
  • Пренаселени градови
  • Економски проблеми
  • Предрасуди и неправда
  • Забавната индустрија
  • Влијанието на злите духови
  • Не губи контрола
  • Дали секогаш е погрешно да се гневиш?
    Разбудете се! 1994
  • Проблемот со гневот
    Разбудете се! 2012
  • Гневот под контрола!
    Разбудете се! 2012
  • Пази да не те спрепне гневот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 3/12 стр. 4-7

Зошто толку гнев?

ПРИЧИНИТЕ за гневот се сложени. Дури и научниците признаваат дека не знаат многу за гневот. Сепак, психолозите и психијатрите се согласуваат дека некои работи може да бидат како искра што ќе разгори гнев кај секого од нас.

Таква „искра“, или причина за гнев може да биде нешто што нѐ нервира. Обично неправдата или нечесноста се причина некој да пламне. Во нас може да се роди гнев кога се чувствуваме понижени, како на пример кога некој ќе нѐ навреди или ќе покаже непочитување кон нас. Друга причина да се разгневиме може да биде чувството дека ни е загрозен авторитетот или угледот.

Се разбира, исти работи не предизвикуваат гнев кај секого — разликата се должи на возраста, полот, па дури и на културата. Освен тоа, и не реагираат сите исто. На пример, некои луѓе ретко се лутат и лесно преминуваат преку навреда, а други може да бидат испровоцирани од ситници и да бидат лути со денови, седмици, месеци, па и подолго.

Живееме во свет во кој има многу работи што може да нѐ извадат од кожа. Освен тоа, и луѓето се пораздразливи. Зошто? Една причина е себичноста која денес е многу раширена. Библијата вели: „Во последните денови... луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени... своеглави, горди“ (2. Тимотеј 3:1-5). Може да се каже дека повеќето луѓе денес одговараат на овој опис, зарем не?

Кога еден себичен човек нема да го добие она што го сака, обично реагира гневно. Но, има и многу други причини зошто гневот станува сѐ посериозен проблем. Да разгледаме некои од нив.

Примерот на родителите

За време на детството и тинејџерските години, родителите имаат големо влијание врз оформувањето на карактерот на своите деца. Психологот Хари Л. Милс вели: „Уште од најрана возраст, луѓето учат да го искажуваат гневот на ист начин како оние околу нив“.

Ако едно дете расте во лоши услови — во семејство во кое избива караница и за најмала ситница — тоа, всушност, учи дека гневот е начин на кој се справуваш со проблемите во животот. Дете што е во ваква ситуација е како растение што се залева со загадена вода. Растението можеби ќе порасне, но може да биде закржлавено и со трајни последици. Гневот е како загадена вода, и кај децата кои се изложени на него постои поголема веројатност да израснат во агресивни личности.

Пренаселени градови

Во 1800 год., околу 3 отсто од светското население живеело во градовите. Во 2008 год., овој број се зголеми на 50 отсто, а се проценува дека до 2050 год. ќе стигне до 70 отсто. Колку повеќе расте бројот на жители во градовите толку повеќе растат и гневот и нервозите. На пример, Мексико Сити е еден од најголемите и најгусто населени градови во светот. Меѓу главните причини за нервоза е сообраќајниот метеж. Мексико Сити има 18 милиони жители и 6 милиони автомобили, поради што „животот во оваа метропола е веројатно постресен отколку на кое и да било друго место во светот“, како што изјавил еден новинар. „Сообраќајот е хаос, па затоа не треба многу за некој да избувне.“

Во пренаселените градови има и други извори на стрес — загаден воздух, постојана врева, лоши станбени услови, судир на култури, висока стапка на криминал итн. Бидејќи има сѐ повеќе причини за стрес, луѓето се понестрпливи, полесно се нервираат и полесно избувнуваат.

Економски проблеми

Крахот на светската економија е уште една причина за стрес и загриженост. Во 2010 год., Меѓународниот монетарен фонд и Меѓународната организација на трудот при ОН (ИЛО) објавија заеднички извештај во кој стои: „Се проценува дека во светот има повеќе од 210 милиони невработени“. За жал, повеќето од оние што ја изгубија работата останаа без егзистенција.

Но, и вработените не се во многу подобра ситуација. Според ИЛО, стресот на работното место прерасна во „епидемија од светски размери“. „Луѓето живеат во страв да не ја изгубат работата и постојано мислат на најлошото“, вели Лорн Кертис, советник за менаџмент од Онтарио (Канада), и додава дека, како резултат на тоа, „се крајно напнати и спремни да се скараат со шефот или со другите вработени.“

Предрасуди и неправда

Замисли како ќе се чувствуваш ако учествуваш во трка и дознаеш дека само од тебе се бара да трчаш со окови на нозете. Милиони луѓе се чувствуваат така кога ќе се соочат со расни или друг вид предрасуди. Луѓето стануваат гневни кога ќе наидат на пречки поради кои не можат да најдат соодветно вработување, образование, сместување или да ги задоволат другите основни потреби.

И други облици на неправда можат да скршат некого и да му нанесат длабоки емоционални болки. За жал, сите ние некогаш сме го почувствувале камшикот на неправдата. Пред повеќе од три илјади години, мудриот цар Соломон рекол: „Гледај, солзи на угнетуваните, а нема кој да ги утеши“ (Проповедник 4:1). Кога луѓето доживуваат големи неправди, а нема кој да ги утеши, во нив лесно може да се насобере гнев.

Забавната индустрија

Направени се над илјада истражувања за да се види како влијае врз децата насилството на кое се изложени преку телевизијата и другите медиуми. Џејмс П. Стајер, основач на непрофитната организација CSM (Common Sense Media), вели: „Цела генерација деца растат гледајќи сцени што изобилуваат со реалистично прикажано насилство, поради што агресивноста им станува нешто нормално, не им пречи бруталноста и го губат сочувството“.

Точно е дека поголемиот број од младите што редовно гледаат насилство на телевизија нема еден ден да станат сурови криминалци. Меѓутоа, забавната индустрија ја прикажува агресивноста како најнормален начин да се справиш со некој проблем, па затоа сега имаме една нова генерација луѓе што не го ни регистрираат насилството.

Влијанието на злите духови

Библијата открива дека зад поголемиот дел од штетниот гнев што денес преовладува на Земјата стои една невидлива сила. Како дошло до тоа? Во почетокот на човечката историја, едно бунтовно духовно суштество се свртело против Семоќниот Бог. Ова злобно духовно суштество е наречено Сатана, што на хебрејски значи „Противник“ или „Непријател“ (1. Мојсеева 3:1-13). По некое време, Сатана успеал да наведе и други ангели да му се придружат во бунтот.

Тие непослушни ангели, наречени уште и демони или зли духови, можат да дејствуваат само на Земјата (Откровение 12:9, 10, 12). Но, тие дејствуваат со „голем гнев“, знаејќи дека имаат кратко време. Затоа, иако не можеме да ги видиме, го чувствуваме нивното влијание. Како?

Сатана и неговите демони ги знаат нашите грешни склоности и сакаат да нѐ наведат на „непријателства, караници, љубомора, изливи на гнев, судири, поделби... разуздани гозби и други слични работи“ (Галатите 5:19-21).

Не губи контрола

Кога ќе ги земеме предвид сите овие проблеми, притисоци и грижи, сфаќаме зошто луѓето може да се изнервираат додека се трудат да ги вршат своите секојдневни обврски.

Кога сме под притисок, прво нешто што ни доаѓа е да го истуриме гневот и да си олесниме! Во следната статија ќе видиме што ќе ни помогне да си го контролираме гневот.

[Рамка на страница 5]

ЗНАЦИ ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ:

▶ Збеснуваш кога мораш да чекаш ред во продавница

▶ Често се караш со колегите

▶ Понекогаш не спиеш цела ноќ вртејќи си ги низ глава работите што те изнервирале дента

▶ Тешко им простуваш на оние што те навредиле

▶ Често се вадиш од такт

▶ Обично, откако ќе му се истуриш некому, се каеш или имаш грижа на совестa

[Фуснота]

a Информациите се земени од MentalHelp.net.

[Рамка на страница 6]

ГНЕВОТ НИЗ БРОЈКИ

Здружението на психијатри од Лондон (Англија), објави извештај со наслов Точка на вриење — негативен гнев и како да се справиме со него. Во извештајот беа наведени следниве статистички податоци:

84% од испитаниците чувствуваат поголем стрес на работа отколку пред пет години.

65% од канцелариските работници или имале или биле сведоци на напади на бес.

На 45% од вработените редовно им се случува да избувнат на работа.

Отприлика 60% од сите случаи на отсуство од работа се поради стрес.

33% од Британците се скарани со своите соседи и не зборуваат со нив.

64% од анкетираните се согласуваат дека луѓето општо земено се сѐ погневни.

32% велат дека имаат близок пријател или некој од семејството што не може да си го контролира гневот.

[Слика на страница 5]

Како твојата агресивност може да влијае врз твоите деца?

[Слика на страница 6]

Дали забавната индустрија го обликува твојот став кон гневот и агресивноста?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели