ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/12 стр. 28
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Маркетинг плус коцка — добитна комбинација
  • Најдобро време за пред судија?
  • Што вели Библијата за коцкањето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Коцкање
    Разбудете се! 2015
  • Дали оние што играат се во опасност?
    Разбудете се! 2003
Разбудете се! 2012
g 3/12 стр. 28

Поглед во светот

„Бројот на бракови во Англија и Велс е најнизок откако [во 1862 год.] почна да се води евиденција“ (ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА, БРИТАНИЈА).

Повеќе од половина од шефовите во малите приватни компании во САД „очекуваат дека вработените ќе украдат нешто вредно [од компанијата] во текот на наредната година“ (НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „РОЈТЕРС“, САД).

За помалку од година по воведувањето „цензура“ на интернет, кинеските власти веќе „блокираа над 60.000 порнографски страници“, изјави Државната служба за борба против порнографијата и нелегалните публикации (CHINA DAILY, КИНА).

„Моментално, повеќе од 215 милиони луѓе — или три отсто од светското население — не живеат во својата родна земја“ (МЕЃУНАРОДЕН ФОНД ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ПРИ ОН, ИТАЛИЈА).

„Во Индија, секој ден 19 студенти се самоубиваат, а шест од нив тоа го прават од страв да не паднат на испит“ (INDIA TODAY INTERNATIONAL, ИНДИЈА).

Маркетинг плус коцка — добитна комбинација

Во Германија, еден зависник од коцка во просек губи десетпати повеќе пари од човек што не е зависник. Затоа, зависниците се „најважната алка во овој бизнис“, пишува дневниот весник Süddeutsche Zeitung. За да ја зголеми заработката, коцкарскиот бизнис смислува игри и апарати кои ќе создадат зависност кај играчите, а тоа автоматски значи и поголем профит. Колку побрзи се апаратите толку побрзо играчите губат самоконтрола и стануваат зависници. Овие маркетиншки трикови очигледно имаат ефект — се вели дека 56 отсто од заработката од апаратите доаѓа од зависниците. Заработката во казината изнесува 38 отсто, а од онлајн игрите 60 отсто.

Најдобро време за пред судија?

Може ли небитни фактори да влијаат врз одлуката на еден судија? Едно истражување покажа дека може. Истражувачкиот тим анализираше над 1.000 пресуди за условно пуштање на слобода донесени од искусни судии во Израел. Резултатите покажаа дека, во периодот помеѓу две паузи на еден судија, поволните пресуди постепено опаѓаат од 65 отсто до речиси нула, а по следната пауза за ручек или ужина нагло скокаат на 65 отсто. Истражувачите заклучиле дека пресудите не се темелат секогаш на факти и закони, туку „врз нив може да влијаат небитни фактори, што не би требало да биде случај“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели