ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/12 стр. 8-9
  • Судниот ден — што навистина носи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Судниот ден — што навистина носи
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Одговор на четири прашања за крајот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Што вели Библијата?
    Разбудете се! 2017
  • Каде оди овој свет?
    Разбудете се! 2007
  • Добрата вест која сакаат да ја чуете
    Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат?
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 9/12 стр. 8-9

Судниот ден — што навистина носи

ОСВЕН што се крајно песимистични, претходните замисли за судниот ден имаат три заеднички работи. Како прво, се темелат на човечки шпекулации, а луѓето слабо успеваат точно да ја предвидат иднината. Како второ, доколку некој воопшто преживее, тоа ќе биде чиста случајност. И трето, преживеаните ќе водат борба за опстанок.

Меѓутоа, она што Библијата ни го кажува за иднината е поразумно. Според неа, голема промена навистина ќе има. Но, гарантира дека ќе преживеат сите што ја вршат Божјата волја. Освен тоа, Библијата не претскажува дека од Земјата ќе остане само прав и пепел или дека ќе стане коцка мраз. Нашата планета ќе биде претворена во рај.

Но, на многу луѓе им е тешко да ги прифатат овие библиски пророштва. За скептиците, библиските учења за голема неволја, Армагедон, илјадагодишно Царство и Рај се чиста фантазија. Теолозите дале многу толкувања и воделе бескрајни дискусии и дебати за овие учења. Но, нивните теории се противречни. Во врска со времето на крајот, писателот Брус Робинсон вели: „На оваа тема се напишани голем број тешко разбирливи теолошки трудови, повеќе отколку за кое и да било друго учење на христијанскиот свет“. Каков е резултатот од тоа? Тотална конфузија.

Меѓутоа, Библијата не е тешка за разбирање. Таа е Божја Реч, а Бог не сака да сме во неизвесност во врска со иднината. Да разгледаме некои често поставувани прашања и како одговара Библијата на нив. Ако сакаш да дознаеш повеќе, нарачај ја книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

Дали ќе бидат уништени Земјата и човечкиот род?

„Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29).

Дали некои луѓе ќе загинат?

„Праведниците ќе живеат на земјата и непорочните ќе останат на неа. А злите ќе бидат истребени од земјата и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа“ (Изреки 2:21, 22).

Има ли случаи во минатото кога Бог презел нешто против безбожниците?

Бог „не поштеди еден древен свет, но го зачува Ное, проповедникот на праведноста, со седуммина други, кога донесе потоп на безбожниот свет. И ги осуди градовите Содом и Гомор и ги претвори во пепел, давајќи им пример на безбожниците за она што треба да дојде“ (2. Петрово 2:5, 6).

Можеме ли да го дознаеме датумот кога ќе биде извршен Божјиот суд?

„За тој ден и час никој не знае, ни ангелите на небото ни Синот, туку само Таткото. Зашто, како што беше во деновите на Ное, таква ќе биде и присутноста на Синот човечки. Зашто, како што во тие денови пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа, сѐ до денот кога Ное влезе во арката, и не обрнуваа внимание додека не дојде потопот и ги однесе сите, таква ќе биде и присутноста на Синот човечки“ (Матеј 24:36-39).

Има ли некакви показатели дека крајот ќе дојде скоро?

„Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, бесчувствителни кон другите, неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди, повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог, и на изглед ќе бидат богобојазливи, но нема да живеат богобојазливо“ (2. Тимотеј 3:1-5).

Каква иднина го чека човештвото на Земјата?

Бог „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:4).

Бог „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи“

Иако Светото писмо не ни кажува сѐ за иднината, сепак нѐ уверува дека човештвото не е осудено на пропаст. Нѐ чека прекрасна иднина, иднина каква што не можеме ни да си замислиме. Биди сигурен во тоа, уверен дека Јехова Бог може да го исполни она што го ветува.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели