ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/12 стр. 5-6
  • 2. Имајте добра комуникација

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 2. Имајте добра комуникација
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Родители и деца, комуницирајте искрено и со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Семејствата со еден родител можат да бидат успешни!
    Тајната на семејната среќа
  • Самохран, но не и сам родител
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 11/12 стр. 5-6

2. Имајте добра комуникација

„Сфатив дека мора да слушам колку и да сум уморна“ (МИРАНДА, ЈАР).

Предизвик

„За мене предизвик не е само да бидам со ќерка ми физички туку и целосно да се внесам во разговорот и покрај уморот и сите други одговорности“, вели Кристина.

Предлози

Создај услови за отворена комуникација. „Се трудам да бидам отворена со децата“, вели Елизабет, која има пет деца, „а тоа и ним им помага отворено да зборуваат со мене. Освен тоа, ги поттикнувам да зборуваат и меѓу себе и никогаш да не си легнат лути едни на други. Што е уште поважно, знаат дека не толерирам ‚игнорирање‘, односно со денови да не зборуваат меѓу себе.“

Не се исклучувај додека децата зборуваат. „Кога син ми беше мал“, вели Лиен, „зборуваше како навиен и често ми се случуваше мислите да ми одлетаат на нешто сосем трето. Но, кога влезе во пубертет, престана да зборува со мене и ми стана јасно колкава грешка направив. Се трудев — всушност, дури и претерував — да го натерам да зборува со мене. Разговарав со еден старешина од собранието во врска со тоа. Тој ме посоветува да не се грижам премногу и да пробам спонтано да почнам разговор со син ми. Го послушав и работите почнаа да се подобруваат.“

Биди стрплив. Има „време за молчење и време за зборување“, пишува во Проповедник 3:7. „Кога на децата не им се зборуваше“, вели Дулси, која има три деца, „им ставав на знаење дека можат слободно да ми се обратат кога ќе бидат спремни за тоа.“ Да, наместо на сила да ги тераш да зборуваат со тебе, помогни им да ти се отворат со тоа што ќе бидеш срдечен и стрплив со нив. На тоа поттикнува и Библијата. „Размислувањата во човековото срце се како длабока вода, а разборитиот човек знае како да ги исцрпи“ (Изреки 20:5).

Биди „брз на слушање, а бавен на зборување“ (Јаков 1:19). Лизан, спомната во претходната статија, вели: „Морав да научам да си го гризнам јазикот кога моите деца ќе ми кажеа за некој проблем. Морав да научам и да не им давам совет веднаш, туку да зборувам смирено на осетливи теми“. Лиса, мајка на две деца, пишува: „Не можам да се пофалам дека отсекогаш сум знаела да сослушам. Понекогаш, проблемите на моите синови ми изгледаа безначајни, но морав да научам да покажувам поголемо разбирање“.

„Вашиот збор секогаш нека биде пријатен“ (Колошаните 4:6). „За да не ја спречам комуникацијата меѓу нас“, вели Лиен, „морав свесно да се трудам да останам колку што е можно посмирена и поприсебна дури и кога беа во прашање сериозни работи.“

Ако свесно не се потрудиш да останеш смирен, може да ти пукне филмот и да почнеш да викаш, што може да биде погубно во многу погледи! (Ефешаните 4:31). На пример, ако му се развикаш на детето може да ја задушиш комуникацијата меѓу вас и да си создадеш уште повеќе проблеми. „Детето е како школка“, вели Хајди која има ќерка тинејџерка. „Ако зборуваш нежно и со љубов, детето ќе се отвори. Ако му викаш и го омаловажуваш, ќе се затвори и крај. За да не го заборавам овој факт, на фрижидерот имам слика со отворена школка.“

Познавај ги добро своите деца. „Моите два сина се доста различни“, вели Јасмин, цитирана претходно. „Едниот е муабетџија, а на другиот треба со клешти да му ги вадиш зборовите. Со помирниот научив дека не е најдобро веднаш да преминам на темата. Наместо тоа, зборувам со него додека правиме нешто заедно, на пример додека играме некоја игра, или додека зборува за нешто што го интересира. Тогаш тактично го прашувам што мисли тој за нешто.“

Но што ако на едно момче му е незгодно да зборува за одредени лични работи со мајка му, како што било случај со синот на Мисао кога бил тинејџер? „Ти не ме разбираш“, ѝ рекол тој. Мисао побарала помош од еден зрел, доверлив пријател од собранието. „Син ми многу ги цени неговите совети и сега е многу посмирен“, вели таа.

Не заборавај дека пред сѐ си родител, а после пријател. „За сѐ ѝ се доверував на ќерка ми“, вели Ивона која има две деца. „Иако знаев дека тоа не е во ред, веќе беше направена штетата и морав да сменам нешто.“ Убаво е да имаш близок однос со твоето дете, но не заборавај дека ти си родителот, ти си тој што има авторитет во семејството. Кога си го задржуваш достоинството и покажуваш зрелост и стабилност, на децата им е полесно да те почитуваат и да се држат за библиската заповед: „Деца, слушајте ги своите родители“ (Ефешаните 6:1, 2).

Сакај си ги децата (Тит 2:4). На децата им треба љубов исто толку колку што им треба храна и вода! Затоа постојано покажувај им љубов — и со збор и со дело! Така, тие не само што ќе се чувствуваат посигурни туку и послободно ќе зборуваат со тебе и поспремно ќе те слушаат.

Можеш ли да му помогнеш на некој самохран родител?

Маки, самохрана мајка со две деца, вели: „Ми се има случено на враќање од работа да бидам мртва уморна и да мислам дека веќе немам сила за ништо, и тогаш пред вратата да најдам нешто за јадење и картичка. Еднаш на картичката пишуваше: ‚Добредојде дома. Сигурно си уморна‘. Ми потекоа солзи и му се заблагодарив на Бог“. Ако познаваш некоја самохрана мајка која напорно работи за да се грижи за своите деца, би можел да ја пофалиш за сѐ што прави и да ѝ понудиш помош.a На пример, понуди ѝ да ѝ ги почуваш децата или да ги однесеш на училиште.

Самохраните родители често се борат со осаменост. Затоа, би можел одвреме-навреме да поканиш семејство со еден родител на ручек или да одите некаде заедно. На семејствата со еден родител им треба „пошироко семејство“, а ти би можел да ја задоволиш таа потреба. Освен тоа, децата на една самохрана мајка можат во твоето семејство да најдат добар пример за тоа како се однесува еден зрел маж.

Запиши ги самохраните родители што ги познаваш и зборувај со семејството што би можеле да направите за да им помогнете.

a Бидејќи почесто самохраните родители се жени, во овие статии претежно користиме женски род.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели