ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/13 стр. 3
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Свет
  • Антарктик
  • Ирска
  • Субсахарска Африка и Југоисточна Азија
  • Ел Салвадор
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2014
  • Колку добро ја познаваш Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Статии „Младите прашуваат“ во Разбудете се!
    Младите прашуваат
Разбудете се! 2013
g 6/13 стр. 3

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Свет

[Слика на страница 3]

Светската здравствена организација утврди дека со вдишување на издувните гасови од дизел моторите „се зголемува ризикот од рак на белите дробови“, а можен е и зголемен ризик од рак на мочниот меур.

Антарктик

[Слика на страница 3]

Фосилизираните спори и полен пронајдени во седиментните наслаги на морското дно покажуваат дека на Антарктикот некогаш имало палми и шуми слични на денешните тропски прашуми. За време на „епохата еоцен“ зимите биле благи и „без слана“, а температурите на половите не се разликувале многу од оние на екваторот.

Ирска

Според еден извештај на Здружението на католички свештеници од Ирска од 2012 год., 87 отсто од католиците во таа земја што учествуваа во анкетата сметаат дека на свештениците треба да им се дозволи да стапуваат во брак, а 77 отсто мислат дека жените би требало да имаат право да бидат свештеници.

Субсахарска Африка и Југоисточна Азија

[Слика на страница 3]

Анализите на лековите против маларија покажаа дека во некои области честопати се користат лекови со слаб квалитет или фалсификат-лекови, поради што лекувањето е несоодветно или неуспешно. Во Југоисточна Азија, беше утврдено дека 36 отсто од испитаните лекови се фалсификат, а во Субсахарска Африка тоа беше случај со 20 отсто од лековите.

Ел Салвадор

Во април 2012 год., властите објавија дека во Ел Салвадор за прв пат во последните три години имаше ден без ниедно убиство. Во оваа земја, во која беснее насилство помеѓу нарко бандите, во 2011 год. стапката на убиства изнесуваше 69 на 100.000 жители, што е една од најголемите во светот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели