ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/13 стр. 6-9
  • Вистината за Ноќта на вештерките

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вистината за Ноќта на вештерките
  • Разбудете се! 2013
  • Сличен материјал
  • Кое е потеклото на Ноќта на вештерките?
    Одговор на библиски прашања
  • „Не сакаме да ја славиме Ноќта на вештерките!“
    Разбудете се! 2005
  • Зошто не славам Ноќ на вештерките
    Разбудете се! 2006
  • Предлози
    Нашата служба за Царството 2013
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 9/13 стр. 6-9
[Слика на страница 6]

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Вистината за Ноќта на вештерките

Дали и во твоето место се слави празникот Ноќ на вештерките? Овој празник е многу популарен во САД и во Канада и се слави секоја година на 31 октомври. Но, обичаите поврзани со него можат да се сретнат и во многу други делови од светот. Во некои места се слават празници кои, иако имаат различни имиња, вклучуваат одредени елементи кои потсетуваат на Ноќта на вештерките: контакт со духовниот свет, односно со духовите на мртвите, со самовили, со вештерки, па дури и со ѓаволи и демони. (Види ја рамката „Празници слични на Ноќта на вештерките“.)

[Слика]

МОЖЕБИ не веруваш дека постојат натприродни суштества. За тебе, славењето на Ноќта на вештерките или слични празници можеби е само прилика за забава и можност да ги поттикнеш твоите деца да ја развијат својата фантазија. Но, многумина сметаат дека ваквите празници не се безопасни, и тоа од следниве причини:

  1. Според една енциклопедија (Encyclopedia of American Folklore), „главна карактеристика на празникот Ноќ на вештерките е контактирањето со натприродни сили, од кои повеќето ги плашат или им се закануваат на луѓето“. (Види ја рамката „Ноќта на вештерките низ вековите“.) Слично на тоа, многу празници, како што е и Ноќта на вештерките, влечат корени од паганството и се длабоко поврзани со обожавање на предците. Дури и денес, на овие празници луѓето во целиот свет се обидуваат да воспостават контакт со, како што тие веруваат, духовите на мртвите.

  2. Иако Ноќта на вештерките главно се смета за американски празник, секоја година станува популарен во сѐ повеќе земји. Но, многумина од оние што почнуваат да го слават овој празник не се свесни дека неговите симболи, украси и обичаи имаат паганско потекло и дека повеќето се поврзани со натприродни суштества и окултизам. (Види ја рамката „Од каде влече корени?“)

  3. Илјадници припадници на Виканската религија кои ги изведуваат древните келтски ритуали сѐ уште го користат древното име на овој празник, Сауин (Samhain), и таа вечер ја сметаат за најсвета вечер во годината. Во весникот USA Today стоеше следнава изјава од една жена која се изјаснува како вештерка: „Христијаните ‚без да знаат го слават нашиот празник... Баш ни е мило‘“.

  4. Празниците како што е празникот Ноќ на вештерките не се во склад со библиските учења. Библијата го дава следново предупредување: „Кај тебе нека не се најде... некој што гата, ни некој што се занимава со магија, ни некој што пророкува според предзнаци, ни маѓепсник, ни некој што фрла уроци, ни некој што повикува духови... ни некој што ги прашува мртвите“ (5. Мојсеева 18:10, 11; види и 3. Мојсеева 19:31; Галатите 5:19-21).

[Слика на страница 9]

Семејствата можат убаво да си поминат и без да слават пагански празници

Со оглед на ова, добро е да бидеш запознаен со потеклото на Ноќта на вештерките и на други слични празници. Со тоа што ќе ја дознаеш вистината за ваквите празници можеби и ти, како и многу други, ќе одлучиш да не ги славиш.

„Христијаните ‚без да знаат го слават нашиот празник... Баш ни е мило‘“ (Изјава во весникот USA Today од една жена која се изјаснува како вештерка)

ПРАЗНИЦИ СЛИЧНИ НА НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ

Ноќта на вештерките главно се смета за американски празник, но сега е популарен и во други делови од светот. Освен тоа, има празници кои се слични на Ноќта на вештерките затоа што со нив им се оддава чест на духовни суштества. Еве неколку популарни празници низ светот кои се слични на Ноќта на вештерките:

  • Северна Америка - Ден на мртвите

  • Јужна Америка - Кавсасканчис

  • Европа - Ден на мртвите, Духовден и варијанти на Ноќта на вештерките

  • Африка - Танцот на маскираните Егунгуни

  • Азија - Празникот Обон

ОД КАДЕ ВЛЕЧЕ КОРЕНИ?

Потеклото на некои обичаи и симболи на празникот Ноќ на вештерките

ВАМПИРИ, ВРКОЛАЦИ, ВЕШТЕРКИ И ЗОМБИЈА: Овие суштества уште од многу одамна се поврзуваат со светот на злите духовни сили.

СЛАТКИ: Древните Келти се обидувале да ги смират злите духови со слатки. Подоцна, црквата ги поттикнала оние што го славеле празникот да одат по куќите на Денот на сите светци и да бараат храна во замена за молитва за мртвите. Со текот на времето, овој обичај малку се изменил. Денес, на Ноќта на вештерките обично се вели: „Дај ми бонбонче или ќе ти направам трик“.

КОСТИМИ: Келтите носеле застрашувачки маски за злите духови да помислат дека и тие се духови и да ги остават на мира. Црквата постепено ги споила паганските обичаи со празниците Духовден и Денот на сите светци. Подоцна, оние што ги славеле овие празници почнале да одат по куќите облечени во костими на светци, ангели и ѓаволи.

ТИКВИ: За да ги избркаат злите духови, Келтите ставале свеќа во издлабена репа. Некои сметале дека свеќата во репата ја претставува душата заробена во чистилиште. Подоцна, повеќе почнале да се користат издлабени тикви.

НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ НИЗ ВЕКОВИТЕ

V ВЕК ПР.Н.Е.

Келтите го слават празникот Сауин на крајот на октомври, затоа што сметаат дека тогаш духовите и демоните шетаат по Земјата повеќе од кога и да е.

I ВЕК ОД Н.Е.

[Слика]

Римјаните ги покоруваат Келтите и ги прифаќаат спиритистичките ритуали кои се правеле на Сауин.

VII ВЕК ОД Н.Е.

Наводно папата Бонифациј IV го воведува Денот на сите светци како годишен празник во чест на мачениците.

XI ВЕК ОД Н.Е.

Втори ноември е избран како ден кога се слави Духовден, во сеќавање на мртвите.

XVIII ВЕК ОД Н.Е.

Англискиот назив за празникот Ноќта на вештерките (Halloween) за првпат се појавува во печатена форма.

XIX ВЕК ОД Н.Е.

[Слика]

Илјадници луѓе кои емигрираат од Ирска во САД ги носат со себе обичаите кои се прават на Ноќта на вештерките. Со текот на времето, нивните обичаи се мешаат со слични обичаи на доселениците од Британија, Германија, Африка и од други делови на светот.

XX ВЕК ОД Н.Е.

Ноќта на вештерките станува популарен празник во САД.

XXI ВЕК ОД Н.Е.

[Слика]

Ноќта на вештерките во целиот свет носи заработка вредна милијарди долари.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели