ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/15 стр. 6
  • Одговор што заслужува внимание

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одговор што заслужува внимание
  • Разбудете се! 2015
  • Сличен материјал
  • Дали Јеховините сведоци веруваат во креационизам?
    Најчесто поставувани прашања
  • Како настанал животот?
    Разбудете се! 2015
  • Што ни открива Библијата
    Разбудете се! 2021
  • Создавање
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 1/15 стр. 6
Отворена Библија

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КАКО НАСТАНАЛ ЖИВОТОТ?

Одговор што заслужува внимание

ОТКАКО ги разгледале доказите, голем број луѓе заклучиле дека животот е производ на една многу висока интелигенција. Размисли за примерот на Ентони Флу, професор по филозофија кој едно време бил голем поборник на атеизмот. Кога сфатил колку неверојатно сложен е животот и какви физички закони управуваат со вселената, професор Флу си го сменил мислењето. Осврнувајќи се на размислувањето на филозофите од минатото, тој напишал: „Мора да ги следиме доказите, каде и да водат“. Според професор Флу, доказите укажуваат на тоа дека постои Творец.

До сличен заклучок дошол и Џерард, кој беше спомнат во една од претходните статии. И покрај неговото високо образование и кариера како ентомолог, тој рекол: „Не најдов ниту еден доказ дека животот се појавил случајно од нежива материја. Сложеноста на живите организми и големиот ред што владее во нив ме уверија дека мора да постои Творец и Организатор“.

Исто како што за еден уметник може да се дознае нешто преку проучувањето на неговите уметнички дела, така и Џерард дознал нешто за особините на Творецот преку проучувањето на природата. Исто така, тој ја читал Библијата — книга чиј автор е оној што создал сѐ (2. Тимотеј 3:16). Во неа нашол одговор на прашањата за човечкото минато, како и практични решенија за проблемите со кои се соочуваат луѓето денес. Така се уверил дека и Библијата е дело на едно високо интелигентно битие.

Како што сфатил и Џерард, одговорите што ги дава Библијата заслужуваат да им се обрне внимание. Зошто не ги испиташ и ти?

Си знаел ли дека...

БИБЛИЈАТА НЕ Е ПРОТИВ НАУКАТА. Напротив, таа ги поттикнува луѓето да ја истражуваат природата (Исаија 40:26). Иако Библијата не е научна книга, таа содржи научни факти. На пример, Библијата не го застапува креационизмот. Таа не вели дека Земјата била создадена за шест дословни дена од по 24 часа. Зборот „ден“ што се користи во 1. Мојсеева означува период кој трае прилично долго време.a

a Нешто повеќе можеш да прочиташ во брошурата Дали животот е Божје дело?, издадена од Јеховините сведоци. Достапна е и на www.jw.org/mk.

Библијата учи дека...

ЖИВОТ ПРОИЗЛЕГУВА САМО ОД ПРЕТХОДНО ПОСТОЕЧКИ ЖИВОТ. „Во тебе [Боже] е изворот на животот“ (Псалм 36:9).

БОГ ГИ СОЗДАЛ РАСТЕНИЈАТА И ЖИВОТНИТЕ, СЕКОЕ „СПОРЕД СВОЈОТ ВИД“. (1. Мојсеева 1:11, 12, 21, 24, 25). Во Библијата не се дефинирани границите на овие ‚видови‘. Тоа значи дека се можни извесни варијации во рамките на секој вид.

БОГ ГИ СОЗДАЛ ЛУЃЕТО СО СПОСОБНОСТ ДА ГИ ПОКАЖУВААТ ИСТИТЕ МОРАЛНИ ОСОБИНИ ШТО ГИ ИМА И ТОЈ. Во тие особини спаѓаат љубовта, добрината и правдата. Бог рекол: „Да направиме човек според нашиот лик, сличен на нас“ (1. Мојсеева 1:26).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели