ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 2 стр. 8-9
  • Твоето дете и пубертетот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Твоето дете и пубертетот
  • Разбудете се! 2016
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ
  • ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ
  • Како полесно да го поминам пубертетот?
    Младите прашуваат
  • Што се случува со моето тело?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Комуникација со тинејџери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Тинејџерските години — врата кон зрелост
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 2 стр. 8-9
Татко зборува со својот син

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Твоето дете и пубертетот

Татко и син гледаат во патоказ на кој е означен пубертетот како пат од детството кон зрелите години

ПРЕДИЗВИК

Како вчера да беше кога твоето дете беше малечко бебенце во твоите прегратки. Но, кај него веќе ги забележуваш првите знаци на пубертет. Вистина, сѐ уште е дете, но сега стои на оној дел од патот на животот што води кон зрелост и се вика пубертет.

Како можеш да му помогнеш на твоето дете да ги прифати чудните а понекогаш и тешки промени што водат до полова зрелост?

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Пубертетот си има свое време. Тој може да започне уште на осумгодишна возраст или дури на 15-годишна возраст, па и подоцна. „Пубертетот опфаќа широк ранг на возраст“, пишува во книгата Letting Go With Love and Confidence.

Пубертетот може да предизвика несигурност. На тинејџерите им е многу важно што мислат другите за нив. „Почнав да обрнувам внимание на тоа како изгледам и како се однесувам“, вели Џеред.a „Кога ќе бев во друштво, се плашев да не сум чуден за другите.“ Самодовербата кај тинејџерите може уште повеќе да се намали ако им се појават акни. „Мислев дека лицето ми е уништено“, вели 17-годишната Кели. „Се сеќавам дека плачев и викав дека сум грда.“

Раниот пубертет е посебен предизвик. Тоа особено важи за девојчињата, бидејќи другите може да ги задеваат кога ќе почнат да им растат гради и да им се оформува телото. „Исто така, тие се под поголем ризик да го привлечат вниманието на повозрасните момчиња кои веќе се сексуално активни“, стои во книгата A Parent’s Guide to the Teen Years.

Пубертетот не значи зрелост. „Глупоста е приврзана за срцето на детето“, стои во Изреки 22:15. Пубертетот не го менува тој факт. Некој тинејџер можеби надворешно е како возрасен, но тоа „не е доказ дека може да носи паметни одлуки, да се однесува одговорно или да покажува самоконтрола и други обележја на зрела личност“, пишува во книгата You and Your Adolescent.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Зборувај за пубертетот уште пред да почне. Објасни му на детето што да очекува, особено кога станува збор за менструацијата кај девојчињата и за ноќните излевања кај момчињата. За разлика од другите промени што се случуваат постепено, овие две работи доаѓаат неочекувано и може да го збунат, па дури и да го уплашат детето. За ваквите и други слични работи поврзани со пубертетот зборувај позитивно, како за потребни промени што водат до зрелост. (Библиско начело: Псалм 139:14.)

Објасни детално. „Кога родителите решија да зборуваат со мене на тема пубертет, цело време заобиколуваа“, вели Џон. „Ќе беше подобро да беа малку подиректни.“ И 17-годишната Алана вели нешто слично: „Мајка ми ми помогна да ги разберам физичките промени што ми се случуваа, но ќе беше убаво да ми помогнеше полесно да ги прифатам и од емоционален аспект“. Која е поуката? Колку и да ти е непријатно, зборувај со детето за сѐ што е поврзано со пубертетот. (Библиско начело: Дела 20:20.)

Поставувај прашања и разговарај. Скрши го мразот така што ќе прашаш нешто за другите деца. На пример, ќерка ти можеш да ја прашаш: „Дали некое од девојчињата во твоето одделение веќе има добиено менструација?“ или „Дали машките ги задеваат девојчињата што се поразвиени од другите?“ Син ти можеш да го прашаш: „Дали другите им се смеат на оние деца што се физички помалку развиени?“ Откако тинејџерите ќе почнат да кажуваат за другите, можеби ќе им биде полесно да кажат како се чувствуваат и што доживуваат и самите тие. Во таквите моменти следи го библискиот совет да бидеш „брз на слушање, а бавен на зборување“ (Јаков 1:19).

Помогни му на тинејџерот да стекне мудрост и способност за расудување (Изреки 3:21). Во пубертетот не доаѓа само до физички и емоционални промени. Во тој период, тинејџерот развива способности за логично размислување кои ќе му помогнат да носи добри одлуки како возрасен. Искористи го тоа за да изградиш добри морални вредности кај твојот тинејџер. (Библиско начело: Евреите 5:14.)

Не се откажувај. Многу млади изгледаат како да не сакаат да зборуваат со своите родители за пубертетот, но не се поведувај по тоа. „Тинејџерот што се прави дека таа тема не го интересира, дека му е досадна, одвратна или, пак, се прави дека не слуша, можеби го запамтил секој твој збор“, објаснува книгата You and Your Adolescent.

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Те фалам, полн со страхопочит, зашто сум чудесно создаден“ (Псалм 139:14).

  • „Не пропуштив да ви кажам сѐ што е корисно“ (Дела 20:20).

  • „Зрелите... чија моќ на согледување преку искуство им е извежбана да разликува добро и зло“ (Евреите 5:14).

„Моите родители многу ми помагаа додека бев во пубертет, особено мајка ми. Секогаш одвојуваше доволно време за нешто да ми објасни. Точно знаев што треба да очекувам во пубертетот и што ми се случува, па затоа ништо не ме шокираше. Што е уште поважно, начинот на кој зборуваше со мене ми помагаше да бидам опуштена. Родителите ми помогнаа полесно да ја поминам таа фаза од мојот живот“ (Мари, 16).

„Моите родители беа многу обѕирни. На пример, не инсистираа да им кажам сѐ бидејќи беа свесни дека ми е срам од целата таа ситуација. Многу ми помогна и тоа што не им го прераскажуваа на другите она што сме го зборувале. А за многу работи поврзани со пубертетот зборуваа со мене уште пред да ми се случат“ (Џоан, 18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели