ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 6 стр. 7
  • Бисусот на дагњата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бисусот на дагњата
  • Разбудете се! 2016
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2016
  • Чудесната дагња ги открива своите тајни
    Разбудете се! 2002
  • Што ми помогна да не го сакам војувањето
    Разбудете се! 2009
  • Содржина
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 6 стр. 7
Дагњи

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Бисусот на дагњата

ДАГЊИТЕ се вид школки кои се прицврстуваат за карпи, дрва и бродски трупови. Меѓутоа, за разлика од некои други морски организми кои цврсто се прилепуваат за површините, дагњите се држат на мрежа од тенки влакна наречени бисус. Иако на овој начин дагњата полесно се храни и мигрира, нејзините влакна оставаат впечаток дека се премногу лабави за да го издржат влијанието на океанските бранови. На кој начин бисусот успева да спречи дагњата да биде однесена од морето?

Размисли: Влакната од кои се состои бисусот се крути од едната страна, а меки и еластични од другата. Истражувачите откриле дека соодносот што го користи дагњата — 80 отсто тврд материјал и 20 отсто мек материјал — овозможува да се создаде најцврста поврзаност со некоја површина. Благодарение на тоа, овие влакна можат да го издржат наизменичното влечење и туркање од морските бранови многу подобро отколку што би издржале рамномерно влечење.

Професорот Гај Џенин рекол дека резултатите од ова истражување се „извонредни“, а потоа додал: „Она што восхитува кај овој организам е мудро изведениот спој на крутиот со мекиот дел“. Научниците сметаат дека структурата на бисусот може да има најразновидна примена — за прицврстување на разни уреди за некоја зграда или подводен пловен објект, за спојување на тетиви со коски, за затворање на хируршки резови итн. Херберт Вејт, професор при Универзитетот во Санта Барбара (Калифорнија, САД), рекол: „Во врска со методите на прицврстување, од природата можеме вечно да учиме“.

Што мислиш? Дали бисусот на дагњата настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели