ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g23 Бр. 1 стр. 12-14
  • Воздухот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Воздухот
  • Разбудете се! 2023
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каква опасност му се заканува на воздухот
  • Планета која е создадена за да опстане
  • Што се прави за да се реши проблемот
  • Причини за оптимизам — што вели Библијата
  • О, барем малку свеж воздух!
    Разбудете се! 1996
  • Сонцето и чистиот воздух — дали се природни „антибиотици“?
    Разбудете се! 2015
Разбудете се! 2023
g23 Бр. 1 стр. 12-14
Еден брачен пар чекори по една падина прекриена со снег и гледа езеро опкружено со планини со шума под јасно сино небо.

ИМА ЛИ СПАС ЗА НАШАТА ПЛАНЕТА?

ВОЗДУХОТ

ВОЗДУХОТ ни е неопходен, но не само за дишење. Тој ја штити нашата планета од поголемиот дел од штетното зрачење на Сонцето. Без воздухот, температурата во целиот свет би се спуштила под нулата.

Каква опасност му се заканува на воздухот

Загадувањето на воздухот претставува сериозна закана за животот на Земјата. Само еден отсто од светското население дише воздух кој ги исполнува стандардите за безбедност на Светската здравствена организација.

Загадениот воздух може да предизвика респираторни заболувања, рак на белите дробови и кардиоваскуларни болести. Како последица на загадениот воздух, секоја година предвреме умираат околу седум милиони луѓе.

Планета која е создадена за да опстане

Нашата планета е создадена со способност постојано да обезбедува доволно количество чист воздух за секое живо суштество на неа. Овие природни процеси најдобро функционираат кога нема преголемо загадување од страна на луѓето. Да разгледаме неколку примери.

  • Познато е дека шумите имаат способност да апсорбираат јаглерод диоксид од воздухот. Но помалку познат е фактот дека крајбрежните мочуришта во кои растат мангрови дрвја прават многу повеќе. Тие имаат важна улога затоа што можат од воздухот да отстранат до пет пати повеќе јаглерод диоксид отколку што можат тропските шуми.

  • Неодамнешни истражувања покажуваат дека некои големи алги, како што е келпот, не само што го апсорбираат јаглеродниот диоксид од атмосферата туку и го закопуваат. Долгите лиски на келпот, кои наликуваат на листови, имаат меурчиња полни со воздух што им овозможуваат да пловат на долги растојанија. Далеку од брегот, меурчињата пукаат, и алгите кои се полни со јаглерод диоксид потонуваат на морското дно. И таму, веројатно, остануваат закопани со векови.

  • За време на карантинот поради КОВИД-19, се покажа дека нашата атмосфера има способност да се исчисти од штетните нивоа на загадување. Во 2020 год., кога фабриките во светот и моторните возила речиси целосно престанаа да го загадуваат воздухот, неговиот квалитет за многу кратко време се подобри. Според „Светскиот извештај за квалитетот на воздухот за 2020“, повеќе од 80 отсто од земјите кои биле вклучени во него известиле дека воздухот станал почист кратко откако бил воведен карантинот.

    ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ?

    Квалитетот на воздухот може да се подобри

    Графикон за квалитетот на воздухот на кој се прикажани нивоата на фини честички (ПМ 2,5) во Њу Делхи (Индија). Нивото падна од 128,1 mcg/m3, кое се смета за нездраво за сите, во јануари 2020 на нешто малку под 35,5 mcg/m3, кое се смета за умерено, во август 2020.

    За време на карантинот поради КОВИД-19, во Њу Делхи (Индија), загадувањето на воздухот предизвикано од фабриките и автомобилите значително се намалило. Нивоата на фините честички (ПМ 2,5) брзо опаднале. Овие ситни честички (0,0025 mm или помали) можат да предизвикаат респираторни заболувања или други сериозни болести. Ова подобрување било само привремено, но покажало дека атмосферата има способност за многу кратко време да се исчисти од штетните нивоа на загадување.

    Крај на 2019, Њу Делхи (Индија) е во густа магла поради високото ниво на загаденост на воздухот.

    © Amit kg/Shutterstock

    Крај на 2019

    Подоцна за време на карантинот поради КОВИД-19, во Њу Делхи (Индија) видливоста е јасна како резултат на намалувањето на загаденоста на воздухот.

    © Volobotti/Shutterstock

    За време на карантинот поради КОВИД-19

Што се прави за да се реши проблемот

Еден маж го остава својот велосипед кога се враќа од работа.

Со тоа што ќе одиме на работа или на училиште со велосипед, може да придонесеме да се намали загадувањето на воздухот

Владите продолжуваат да им вршат притисок на фабриките да го намалат загадувањето на воздухот. Исто така, научниците откриваат нови начини со кои може да се ублажат последиците од загадувањето. На пример, во еден процес се користат микроби за загадувачите да се претворат во неотровни материи. Освен тоа, експертите ги советуваат луѓето да пешачат или да возат велосипед наместо да возат моторни возила, како и да најдат начини да штедат енергија во своите домови.

Една жена готви додека седи на подот од својот скромен дом. Нејзиниот уред за готвење е мал, со отвор од кој делумно излегува пламенот и мала количина чад.

Некои влади обезбедуваат за граѓаните современи уреди за готвење за да се намали загадувањето на воздухот, но многу луѓе сѐ уште немаат пристап до нив

Но, тоа не е доволно. Ова го покажува еден извештај за 2022 год. составен од меѓународни организации, вклучувајќи ги и Светската здравствена организација и Светската банка.

Во извештајот пишува дека во 2020 год., околу една третина од светското население за готвење главно користело горива и уреди кои го загадуваат воздухот. На многу места, само мал број луѓе може да си дозволат да купат современи шпорети или имаат пристап до алтернативни горива.

Причини за оптимизам — што вели Библијата

„Вака вели вистинскиот Бог, Јехова, Творецот на небесата... оној што ги распростре земјата и нејзиниот род, оној што му дава здив на народот кој е на неа“ (Исаија 42:5).

Бог го создал воздухот што го дишеме и природните циклуси кои го прочистуваат, и тој има неограничена моќ и огромна љубов кон луѓето. Според ова, зарем не е логично да заклучиме дека тој ќе направи нешто во врска со загадувањето на воздухот? Види ја статијата „Бог ветува дека нашата планета ќе опстане“.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Планетата Земја гледана од вселената.

Како настанала атмосферата? Гледај го видеоклипот Како настанала вселената? на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели