ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/9 стр. 31
  • О, барем малку свеж воздух!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • О, барем малку свеж воздух!
  • Разбудете се! 1996
  • Сличен материјал
  • Воздухот
    Разбудете се! 2023
  • Како ќе биде спасена нашата атмосфера
    Разбудете се! 1995
  • Кога нашата атмосфера е оштетена
    Разбудете се! 1995
  • Сонцето и чистиот воздух — дали се природни „антибиотици“?
    Разбудете се! 2015
Разбудете се! 1996
g96 8/9 стр. 31

О, барем малку свеж воздух!

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО БРИТАНИЈА

ДАЛИ вдишувате свеж воздух кога дишете? Денешната загаденост на воздухот е „поголем непријател од пушењето“, тврди еден лекар кој е цитиран во The Times од Лондон. Во Англија и во Велс, загадениот воздух секоја година убива пресметана бројка од 10.000 луѓе. Ситуацијата е сериозна насекаде по светот, посебно во големите градови.

Многумина ја обвинуваат автомобилската индустрија за загадувањето на атмосферата. За да се намалат опасните испуштања гасови, новите возила во многу земји сега доаѓаат опремени со каталитични адаптори, кои ја намалуваат загаденоста. Јаглеводородите во издувните гасови се намалиле на 12 проценти од нивоата во 1970 година, со слични редукции на азотните оксиди и јаглениот моноксид. Бебињата во колички се посебно ранливи затоа што се возат на ниво на кое автомобилите ги исфрлаат гасовите. Но загадувањето на воздухот им се заканува и на корисниците на автомобилите. Според известувањата, загадувањето е три пати поголемо внатре во автомобилите отколку надвор. Натамошни опасности доаѓаат од вдишување на бензиски испарувања од горивото додека го полните резервоарот за гориво на Вашиот автомобил.

Најраширениот облик на загадување на воздухот по целиот свет сега е „висечката материја од честици“, вели еден извештај на Обединетите нации за еколошки податоци за 1993/1994 година. Изгледа дека ситни парчиња саѓи, односно материја од честици, ја имаат способноста да продрат длабоко во белите дробови и таму да таложат штетни хемикалии.

Истрошувањето на озонскиот слој високо над Земјината топка привлекува многу коментари на печатот. Меѓутоа, на нивото на Земјината површина сончевата светлина влијае врз азотните оксиди и врз други испарливи елементи од загадениот воздух за да создаде високи нивоа на озон. Овие нивоа двојно се зголемиле во Британија во текот на овој век. Овие гасови ја уништуваат бојата и другите градежни материјали, предизвикуваат болести кај дрвјата, кај растенијата и земјоделските култури и изгледа дека предизвикуваат проблеми со дишењето кај некои луѓе. Иако поголемиот дел од загаденоста на озонот се одвива во градовите, изненадува тоа што руралните подрачја се тие кои ги претрпуваат најлошите последици. Во урбаните подрачја, азотните оксиди го исчистуваат вишокот на озон, но таму каде што овие оксиди се ретки, озонот има слобода да нанесува штета.

Освен тоа, загаденоста на воздухот е „до 70 пати поголема внатре во домовите отколку надвор“, известува The Times. Таму испарувањето на освежувачите за воздух, нафталинските топчиња, па дури и на облеката која е хемиски чистена, го загадува воздухот. Чадот од цигарите, исто така, придонесува за здравствениот ризик внатре.

Тогаш, што можете да сторите за да го заштитите Вашето семејство? The Times од Лондон ги понудило следниве предлози.

• Намалете го користењето на Вашиот автомобил. Ако е можно, делете го превозот со другите. Возете рамномерно. Ако се заглавите во сообраќаен застој или од некоја друга причина застанете повеќе од неколку минути, изгаснете го моторот. Ако е можно, во жешките денови паркирајте го Вашиот автомобил во сенка за да го намалите загадувањето создадено од испарување на горивото.

• Изберете да вежбате рано наутро кога надвор нивото на озонот е обично низок.

• Забранете да се пуши во домот.

• Држете ги прозорците од спалните соби навечер малку подотворени за да се намали влажноста и за да излезат надвор алерганите.

Без сомнение, Вие се согласувате: О, барем малку свеж воздух!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели