ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g23 Бр. 1 стр. 15
  • Бог ветува дека нашата планета ќе опстане

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог ветува дека нашата планета ќе опстане
  • Разбудете се! 2023
  • Сличен материјал
  • Вечен дар од Творецот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Во овој број на Разбудете се!
    Разбудете се! 2023
  • Дали човекот ќе ја уништи Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Дали Земјата ќе биде уништена?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Разбудете се! 2023
g23 Бр. 1 стр. 15
Езеро опкружено со планини и шума.

Oleh_Slobodeniuk/E+ via Getty Images

Бог ветува дека нашата планета ќе опстане

„Земјата е многу поиздржлива отколку што мислевме.“

Ова бил заклучокот на еден меѓународен тим истражувачи во врска со климатските промени. Ако веруваш во Творец кој се грижи за луѓето, тогаш овој научен заклучок можеби те потсетува на многуте природни процеси кои Бог ги создал за нашата планета самата да се обновува.

Сепак, бидејќи човекот ѝ нанел огромна штета на Земјата, таа самата не може потполно да се обнови. Зошто можеме да бидеме уверени дека Бог ќе преземе нешто во врска со тоа?

Забележи како стиховите кои се наведени во рамката нѐ уверуваат дека Земјата ќе опстане, па дури и дека на неа ќе има идеални услови за живот.

  • Бог ја создал нашата планета. „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мојсеева 1:1).

  • Нашата планета му припаѓа на Бог. „На Јеховаa му припаѓа земјата и сѐ што е на неа“ (Псалм 24:1).

  • Бог ја создал нашата планета за да опстане. „Ја утврди земјата на нејзините темели; нема да се разниша довека, за сета вечност“ (Псалм 104:5).

  • Бог ја создал нашата планета за да постои засекогаш. „Вистинскиот Бог, оној што ја обликува и ја направи земјата... не ја создаде залудно, туку ја обликува за да биде населена“ (Исаија 45:18).

  • Бог ветува дека на нашата планета секогаш ќе живеат луѓе. „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29).

Бог создал на Земјата процеси кои придонесуваат таа самата да се обновува под услов човекот во разумна мера да ги користи природните ресурси. Библијата прорекува дека Јехова Бог, во време што тој го одредил, ќе ѝ стави крај на експлоатацијата поради која нашата планета се уништува (Откровение 11:18).

Библијата ни ветува дека Бог потполно ќе ја обнови нашата планета и дека ќе ја претвори во прекрасен рај во кој ќе ја отвори својата рака и ќе ја задоволи „желбата на сѐ што е живо“ (Псалм 145:16).

a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели