ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g24 Бр. 1 стр. 7-9
  • Што се случи со почитта кон животот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се случи со почитта кон животот?
  • Разбудете се! 2024
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е ВАЖНА ПОЧИТТА КОН ЖИВОТОТ
  • ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ
  • ШТО ПРАВИМЕ НИЕ
  • Вирусот — убиец го напаѓа Заир
    Разбудете се! 1996
  • Заштити се од заразните болести
    Разбудете се! 2016
  • Што треба да знам за пушењето и користењето електронски цигари?
    Младите прашуваат
  • Да се најде сигурност во свет полн со ризици
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Разбудете се! 2024
g24 Бр. 1 стр. 7-9
Еден младич вози автомобил и заедно со своите пријатели пие алкохол.

Што се случи со почитта кон животот?

ЗОШТО Е ВАЖНА ПОЧИТТА КОН ЖИВОТОТ

Навиките и постапките кои покажуваат непочитување кон животот може негативно да се одразат врз здравјето и безбедноста на луѓето.

  • Пушењето цигари не само што предизвикува рак туку и му отежнува на телото да се бори со таа болест. Сѐ на сѐ, околу 90 отсто од смртните случаи предизвикани од рак на белите дробови се последица од пушење или изложеност на чад од цигари.

  • Масовните пукања предизвикуваат емоционални трауми кај многумина секоја година. Во еден извештај од универзитетот Стенфорд, во врска со пукањата во училиштата, пишува: „Истражувањата покажуваат дека дури и оние што не се физички повредени, остануваат со лузни кои можат да влијаат врз нивниот живот уште многу години подоцна“.

  • Луѓето кои возат под дејство на алкохол или дрога ја загрозуваат безбедноста на другите возачи, па дури и на оние што се движат по тротоарите. Кога луѓето не покажуваат никаква почит кон животот, честопати страдаат невини луѓе.

ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ

Чувај си го здравјето. Никогаш не е предоцна да се откажеш од штетните навики како што се пушењето, користењето електронски цигари, прекумерното пиење или земањето дрога. Таквите навики можат да му наштетат на твојот живот и покажуваат непочитување за животот на другите околу тебе, вклучувајќи ги и членовите на семејството.

„Да се исчистиме од секоја валканост на телото“ (2. Коринќаните 7:1).

Внимавај на безбедноста. За да не дојде до несреќен случај, одржувај го твојот дом во добра состојба. Вози внимателно, и возилото секогаш нека ти биде во исправна состојба. Не дозволувај другите да те натераат да правиш работи што можат да водат до сериозна повреда или смрт.

„Ако изградиш нова куќа, направи и ограда на покривот за да не навлечеш вина за крв на својата куќа ако некој падне од неа“ (5. Мојсеева 22:8).a

Биди љубезен кон другите. Да имаме почит кон животот значи да бидеме љубезни кон луѓето од сите раси, националности и општествени слоеви. Зошто ова е важно? Бидејќи предрасудите и омразата се главните причини за голем дел од насилството и војните во светот.

„Нека се отстрани од вас сета злобна горчина и лутина и гнев и викање и навредлив говор заедно со сета злоба. А бидете милостиви еден спрема друг“ (Ефешаните 4:31, 32).

ШТО ПРАВИМЕ НИЕ

Јеховините сведоци ги поттикнуваат другите да водат умерен, здрав начин на живот. Нашата библиска образовна програма им помага на луѓето да ги победат зависностите и штетните навики.

На нашите градежни проекти се држиме за строги стандарди за безбедност. Доброволците кои помагаат да се изградат салите за состаноци и другите објекти што ги користат Јеховините сведоци, се обучени да внимаваат на безбедноста. Се врши редовна проверка на нашите објекти за тие да бидат во согласност со локалните закони за безбедност.

Обезбедуваме хуманитарна помош. Во 2022 година, помогнавме при околу 200 големи катастрофи низ целиот свет и потрошивме речиси 12 милиони долари од донирани средства за да обезбедиме помош за погодените од катастрофите.

Кога вирусот ебола почна да пустоши меѓу населението од Западна Африка (2014) и Демократска Република Конго (2018), ги едуциравме луѓето во врска со тоа како да го спречат ширењето на оваа смртоносна болест. Испративме претставници кои зборуваа пред групи луѓе на тема „Послушноста спасува животи“. Поставивме пунктови за миење раце на влезот од секоја сала за состаноци и нагласивме колку е важно да се мијат рацете и да се преземаат други практични мерки на безбедност.

Во Сиера Леоне, на една радио-станица, Јеховините сведоци беа пофалени за тоа што им помагаат на своите соверници и на другите луѓе да не се заразат со вирусот ебола.

Јеховини сведоци стрпливо чекаат во ред пред еден пункт за миење раце пред да влезат во една сала за состаноци.

Пункт за миење раце пред една сала за состаноци во Либерија при ширењето на вирусот ебола во 2014

a Во старо време, на Блискиот Исток покривите на куќите биле рамни и се користеле за секојдневни активности. Затоа, ова мудро барање било одраз на совесна грижа за безбедноста на членовите на семејството и на другите.

Оскар Серпас.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Оскар Серпас е поранешен член на банда кој во минатото не покажувал почит ни кон својот живот ни кон животот на другите. Дознај како Јеховините сведоци му помогнале да се промени. На jw.org побарај ја статијата „Самиот си копав гроб“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели