ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 67
  • Јосафат му верува на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јосафат му верува на Јехова
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Јехова му дал победа на Јосафат
    Поуки од Библијата
  • Дали ќе го земеш при срце она што е напишано?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Гледај на другите како што гледа Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Служи му на Јехова со цело срце!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 67
Пејачите кои одат пред војската на Јосафат

ПРИКАЗНА 67

Јосафат му верува на Јехова

ЗНАЕШ ЛИ кои се овие луѓе и што прават? Тие тргнале да се борат, а луѓето што одат пред нив пеат. Но, можеби се прашуваш: ‚Зошто пејачите немаат мечеви и копја за да се борат?‘ Да видиме.

Јосафат бил цар на двоплеменското царство Израел. Живеел во исто време со царот Ахав и Језавела од северното 10-племенско царство. Но, Јосафат бил добар цар, како што бил и неговиот татко Аса. Затоа, народот на јужното двоплеменско царство многу години живеел добро.

Но, се случило нешто што го исплашило народот. Гласници го известиле Јосафат: ‚Голема војска од Моавци, Амонци и жители од планината Сеир доаѓаат за да те нападнат‘. Многу Израелци се собрале во Ерусалим да бараат помош од Јехова. Тие отишле во храмот, и таму Јосафат се помолил: ‚О Јехова, Боже наш, не знаеме што да правиме. Беспомошни сме против оваа голема војска. Од тебе бараме помош‘.

Јехова го услишил, па му заповедал на еден од своите слуги да му каже на народот: ‚Борбата не е ваша, туку Божја. Вие не ќе морате да се борите. Само гледајте и видете како Јехова ќе ве спаси‘.

Затоа, следното утро Јосафат му рекол на народот: ‚Верувајте му на Јехова!‘ Потоа ги поставил пејачите пред своите војници, па додека марширале, му пееле фалби на Јехова. Дали знаеш што се случило кога се приближиле до местото на борбата? Јехова предизвикал непријателските војници да се борат меѓу себе. А кога Израелците пристигнале, сите непријателски војници биле мртви!

Зарем не било мудро тоа што Јосафат му верувал на Јехова? И ние ќе бидеме мудри ако Му веруваме.

1. Царевите 22:41-53; 2. Летописи 20:1-30.

Прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели