ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • dg дел 4 стр. 9-10
  • Бог ни ги открива своите намери

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог ни ги открива своите намери
  • Дали Бог се грижи за нас?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каде се наоѓаат одговорите?
  • Дар од Бог
  • Дали Библијата навистина потекнува од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Единствен извор на возвишена мудрост
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Зошто да ја читаме Библијата?
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Вистински учења што му се угодни на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Дали Бог се грижи за нас?
dg дел 4 стр. 9-10

Четврти дел

Бог ни ги открива своите намери

1, 2. Од каде знаеме дека Бог им дава одговор на луѓето што искрено прашуваат?

БОГ, кој е полн со љубов, им ги открива своите намери на луѓето што се искрени и го бараат. Тој им дава одговор на прашањата што тие ги поставуваат како, на пример: Зошто тој дозволува луѓето да страдаат?

2 Библијата изјавува: „Ако го бараш [Бог], ќе ти дозволи да го најдеш“. „Има Бог на небото, кој ги открива тајните.“ „Севишниот Господар Јехова не прави ништо ако не им ги открие своите тајни на своите слуги, пророците“ (1. Летописи 28:9; Даниел 2:28; Амос 3:7).

Каде се наоѓаат одговорите?

3. Каде може да дознаеме зошто Бог дозволува луѓето да страдаат?

3 Одговорите на прашањата како што се: ‚Зошто Бог дозволува луѓето да страдаат?‘ и ‚Што ќе стори во врска со тоа?‘, се наоѓаат во извештајот кој под вдахновение е запишан за наша корист. Тој извештај е неговата Реч, Светото Писмо. „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно за поучување, за укорување, за поправање, за воспитување во праведноста, за да биде Божјиот човек вистински способен и потполно опремен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17).

4, 5. Што ја прави Библијата посебна книга?

4 Библијата навистина е посебна книга. Таа содржи најточен запис на човечката историја, кој започнува уште со создавањето на човекот. Но таа е и современа книга, затоа што нејзините пророштва разработуваат настани кои се однесуваат на нашево време и на нашата блиска иднина.

5 Ниту една друга книга не е толку позната по својата историска точност како Библијата. На пример, постојат само неколку преписи од стари класични писатели. Но постојат многу преписи на Библијата, некои делумни, а некои целосни: околу 6.000 од Хебрејските списи (39-те книги од „Стариот завет“) и околу 13.000 од Христијанските грчки списи (27-те книги од „Новиот завет“).

6. Зошто можеме да бидеме сигурни дека Библијата денес во основа е истата како кога Бог ја вдахновил?

6 Семоќниот Бог, кој ја вдахновил Библијата, се погрижил текстот во тие преписи да остане беспрекорно чист. Така, денешните Библии во суштина се исти како и оригиналните вдахновени списи. Нешто што ни помага да сфатиме што значи тоа е фактот дека некои преписи на Христијанските грчки списи се направени само стотина години откако биле првобитно напишани. Денес постојат и некои преписи од антички световни писатели, но тие најчесто се направени дури по неколку века откако биле првобитно запишани, и не порано.

Дар од Бог

7. Колку е распространета Библијата?

7 Библијата е најраспространетата книга во историјата. Отпечатени се преку четири милијарди примероци. Ниедна друга книга ни оддалеку не се доближила до оваа бројка. Исто така, целата Библија или некои делови од неа се преведени на околу 2.350 јазици. Освен тоа, пресметано е дека Библијата им е достапна на 90 отсто од жителите на Земјата.

8-10. Наброј неколку причини поради кои вреди да ја испитаме Библијата.

8 Библијата тврди дека е книга од Бог. Освен тоа, за нејзината автентичност има докази и во неа самата, но има и многу докази од други извори. Една таква книга сигурно заслужува добро да ја испитаме.a Таа објаснува која е смислата на животот и какво значење имаат светските настани, а зборува и за она што ќе се случи во иднина. Ниту една друга книга не дава такви објаснувања.

9 Библијата е токму тоа: порака од Бог до човечкото семејство. Под водство на неговата активна сила, односно дух, околу 40 мажи учествувале во нејзиното запишување. На тој начин, Бог ни се обраќа преку својата Реч, Светото писмо. Апостол Павле напишал: „Божјата реч, која ја примивте откако ја чувте од нас, не ја прифативте како реч човечка, туку како реч Божја, каква што таа навистина е“ (1. Солуњаните 2:13).

10 Абрахам Линколн, 16-тиот претседател на Соединетите Американски Држави, ја нарекол Библијата „најдобриот подарок што Бог некогаш му го дал на човекот... Без неа не би можеле да разликуваме добро од лошо“. Тогаш, што ни кажува овој извонреден подарок за тоа: кој бил причината за човечките страдања, зошто Бог го дозволил тоа и што ќе стори за да ги отстрани?

[Фуснота]

a За подетални информации за автентичноста на Библијата, види ја книгата Библијата — Реч Божја или човечка?, издадена во 1989 год. од Јеховините сведоци.

[Слика на страница 10]

Библијата е вдахновена порака од Бог до човечкото семејство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели