ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • kp стр. 22-23
  • „Не обрнаа внимание“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Не обрнаа внимание“
  • Бдејте!
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како реагираш на предупредувањата што доаѓаат лично од Бог?
  • Жената на Лот
    Поуки од Библијата
  • Жената на Лот се свртела назад
    Мојата книга со библиски приказни
  • „Бдејте“ — дојде часот на суд!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Кога ќе се открие Синот човечки
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Бдејте!
kp стр. 22-23

„Не обрнаа внимание“

ЛЕСНОТО отфрлање на предупредувањата може да доведе до катастрофа.

Во 1974 година, градот Дарвин, во Австралија, беше во екот на подготовките за празниците кога сирените предупредија дека се приближува еден циклон. Но, во Дарвин скоро 30 години не пустошел некој циклон. Зошто би се случило тоа сега? Повеќето жители не ја сметаа опасноста за вистински сериозна сѐ додека дивиот ветар не почна да ги корне покривите и да ги руши ѕидовите на куќите во кои луѓето се тискаа. До следното утро, градот се претвори во запустена урнатина.

Во ноември 1985 година, во Колумбија изби вулкан. Растопениот снег и мраз создадоа река од кал која затрупа повеќе од 20.000 жители во градот Армеро. Зарем не било дадено никакво предупредување? Планината потреперуваше со месеци. Меѓутоа, навикнати да живеат покрај вулкан, повеќето луѓе во Армеро беа рамнодушни. Властите добија предупредување дека наскоро ќе дојде до катастрофа, но тие не сторија скоро ништо за да ја предупредат јавноста. На радио беа давани соопштенија во обид да се разувери населението. Беше користен црквениот разгласен систем за да им се препорача на луѓето да останат смирени. Таа вечер, имаше две огромни експлозии. Дали би го напуштил она што го имаш и би побегнал? Малку луѓе направија каков и да е напор да го сторат тоа пред да биде предоцна.

Геолозите честопати со прилично голема точност предвидуваат каде ќе има земјотрес. Но, тие ретко можат точно да предвидат кога ќе се случи. Во 1999 година, земјотресите по светот одзедоа околу 20.000 животи. Многумина од оние што умреа мислеле дека тоа ним никогаш нема да им се случи.

Како реагираш на предупредувањата што доаѓаат лично од Бог?

Библијата долго однапред живописно ги опишала настаните што ќе бидат обележје на последните денови. Во врска со тоа, таа нѐ поттикнува да размислиме за „деновите на Ное“. „Во тие денови пред потопот“, луѓето биле зафатени со вообичаените активности во животот, иако без сомнение биле загрижени поради распространетоста на насилството. Но, на предупредувањето што го дал Бог преку својот слуга Ное ‚не му обрнале внимание додека не дошол потопот и ги однел сите‘ (Матеј 24:37—39). Дали ти би му обрнал внимание на тоа предупредување? Дали го правиш тоа сега?

Што би сторил да си живеел во Содом, близу Мртвото Море, во деновите на Лот, внукот на Авраам? Околината била како рај. Градот бил напреден. Луѓето биле безгрижни. Во деновите на Лот, тие ‚јаделе, пиеле, купувале, продавале, саделе, граделе‘. Општеството во кое живееле, исто така, било крајно неморално. Дали би го зел при срце предупредувањето што го дал Лот кога зборувал отворено против погрешните практики? Дали би слушал кога тој би ти рекол дека Бог решил да го уништи градот Содом или би мислел дека се шегува, како што мислеле идните зетови на Лот? Би било ли можно да тргнеш да бегаш, па да се повратиш, како жена му на Лот? Иако другите не го сфатиле сериозно тоа предупредување, на денот кога Лот излегол од Содом, ‚од небото паднал дожд од оган и сулфур и ги уништил сите‘ (Лука 17:28, 29).

Повеќето луѓе од нашево време не обрнуваат внимание. Но, овие примери се зачувани во Божјата реч како предупредување за нас, да нѐ охрабрат ДА БДЕЕМЕ!

[Рамка/слика на страница 22]

Имало ли навистина глобален потоп?

Многу критичари велат дека немало. Но Библијата вели дека имало.

Исус Христос лично зборувал за него, бил жив кога се случил и го гледал од небото.

[Рамка/слика на страница 23]

Дали Содом и Гомора биле навистина уништени?

Археологијата сведочи за овој настан.

Световната историја го споменува.

Исус Христос го потврдил настанот, и на она што се случило се осврнуваат 14 одделни книги во Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели