ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/8 стр. 20-24
  • Нашето богато духовно наследство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нашето богато духовно наследство
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Раните години на татко ми
  • За Источна Африка
  • Христијанско одгледување полно со љубов
  • Верен до крајот
  • Родителите нѐ научија да го сакаме Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Извонредно христијанско наследство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Следејќи ги стапките на моите родители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Што ако некој од моите родители е болен?
    Младите прашуваат
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/8 стр. 20-24

Нашето богато духовно наследство

РАСКАЖАЛ ФИЛИП Ф. СМИТ

„Запален е еден факел кој ќе гори во најмрачната Африка“ Колку бевме радосни кога ги прочитавме горниве зборови на 75. страница од 1992 Yearbook of Jehovah’s Witnesses! (Годишник на Јеховините сведоци за 1992). Овие зборови ги напишал нашиот дедо Френк В. Смит, во 1931, во едно писмо до брат Џозеф Ф. Ратерфорд, тогашниот претседател на Друштвото Стражарска кула. Дедо ми пишал за да извести за проповедничката обиколка што ја направил заедно со својот брат.

ГОДИШНИКОТ ЗА 1992 објаснил: „Греј Смит и неговиот постар брат Френк, двајца храбри пионерски слуги од Кептаун (Јужна Африка), тргнале на пат кон Британска источна Африка за да ги испитаат можностите за ширење на добрата вест. Тие тргнале со автомобил, модел Де Сото, што го адаптирале во караван (кола за живеење), го натовариле на брод, заедно со уште 40 картонски кутии полни со книги, и отпловиле за Момбаса, пристаништето на Кенија“.

Во писмото до брат Ратерфорд, дедо ми го опишал патувањето од Момбаса до Најроби, главниот град на Кенија: „Тргнавме на пат со автомобил во најужасниот кошмар што некогаш сум го доживеал. Ни беа потребни цели четири дена за да поминеме 580 километри . . . Километар по километар, излегував со лопата за да ги израмнам браздите, да ги потполнам дупките и да сечам мамутска трева и дрвја како премин низ мочуриштето за да можат тркалата да фатат“.

По пристигнувањето во Најроби, Френк и Греј работеле 21 ден едноподруго за да ја дистрибуираат библиската литература што ја носеле. „Судејќи по извештаите кои ги слушнавме“, напишал дедо ми, „делото на сведочење од темел го раздрма религиозниот Најроби.“ Потоа, дедо ми имал голема желба да се врати дома кај својот двогодишен син Донован и сопругата Филис, која очекувала второ дете — нашиот татко Френк. Дедо ми се качил на првиот брод од Момбаса, но умрел од маларија пред да стигне дома.

Кога сестра ми, брат ми и јас размислувавме за тој извештај од Годишникот, мислите ни се свртеа кон нашиот драг татко. Во 1991, само неколку месеци пред да го добиеме Годишникот за 1992, тој умре од компликации при операција на срцето. Иако никогаш не го сретнал татка си, тој ја имаше истата длабока љубов која татко му ја имал кон Јехова. Колку би бил среќен дедо кога би знаел дека 28 години подоцна, во 1959, син му ќе ги следи неговите чекори, како христијански слуга во Источна Африка!

Раните години на татко ми

Нашиот татко е роден на 20 јули 1931, во Кептаун, два месеца по смртта на неговиот татко, по кој го добил и името. Уште од најраното детство покажувал љубов кон Јехова. Кога имал само девет години, стоел на главната железничка станица во Кептаун, сведочејќи со плакати, додека неговите школски другари го исмејувале. На 11-годишна возраст го симболизирал своето предание на Јехова со крштевање. Понекогаш му била доделувана една цела улица за служба, да ја работи сам. Кога наполнил 18 години, во едно предградие на Кептаун ја водел Студијата на Стражарска кула со една група постари христијански сестри.

Во 1954, Друштвото Стражарска кула објавило дека следната година треба да се одржат меѓународни конгреси во Европа. Тате имал огромна желба да оди, но немал доволно пари за пат од Кептаун дотаму. Затоа, склучил тримесечен договор да работи како хемичар во рудниците за бакар во Северна Родезија (денес Замбија). Просториите каде што се вршела анализа на минералната руда биле сместени во африканската шума.

Тате знаел дека во Северна Родезија има голем број африкански Сведоци, па така, кога пристигнал таму, тој ги побарал и нашол каде ги одржуваат своите состаноци. Иако не го знаел локалниот јазик, тој се дружел со нив и редовно ги посетувал состаноците на собранието на Јеховините сведоци, кои се одржувале во рудникот. Европејците во рудниците биле со расни предрасуди, а своите предрасуди често ги покажувале со тоа што вербално ги навредувале африканците. Меѓутоа, татко ми секогаш бил љубезен.

На крајот од трите месеци, еден африкански работник кој не бил Сведок, дошол кај татко ми и го прашал: „Дали знаете како ве викаме?“ Човекот се насмевнал и рекол: „Буана, т.е. [г-н] Стражарска кула“.

Во 1955, татко ми бил во можност да присуствува на конгресите „Триумфално Царство“, во Европа. Таму се запознал со Мери Захариу, која следната година станала негова сопруга. По венчавката се населиле во Парма (Охајо, САД).

За Источна Африка

За време на обласниот конгрес во САД, на конгресните делегати им бил упатен повик да служат таму каде што потребата од слуги е поголема. Нашите родители решиле да одат за Источна Африка. Го сториле токму она што го предлагало Друштвото Стражарска кула. Заштедиле доволно пари за да купат повратни карти, во случај татко ми да не успеел да добие работа, бидејќи само оние со дозвола за работа можеле да се населат во тоа подрачје.

Откако добиле пасоши, виза и вакцина, во јули 1959, татко ми и мајка ми отпловиле со трговски брод, од Њујорк за Момбаса, преку Кептаун. Патувањето траело четири недели. На пристаништето во Момбаса биле срдечно дочекани од христијанските браќа кои пред нив дошле за да служат таму каде што потребата била поголема. Кога стигнале во Најроби, татко ми веќе го чекало едно писмо. Тоа било одговорот на неговата молба да работи како хемичар во Геолошкиот завод за испитување, во Ентебе (Уганда). Татко ми и мајка ми се качиле на воз за Кампала (Уганда), каде што татко ми бил повикан на разговор и примен на работа. Во тоа време имало само уште еден Сведок во областа Ентебе-Кампала, по име Џорџ Каду.

Колонијалната власт платила за татко ми да го учи локалниот јазик, луганда. Бил радосен бидејќи и без тоа планирал да го учи тој јазик за да биде поделотворен во службата. Подоцна, тој дури помогнал и да се преведе брошурата “This Good News of the Kingdom” („Оваа добра вест за Царството“), на јазикот луганда.

Татко ми бил бестрашен во сведочењето на другите. Им зборувал на сите Европејци во својот оддел и редовно учествувал во проповедањето на Уганѓаните. Му сведочел дури и на Африканскиот врховен обвинител на Уганда. Човекот не само што ја сослушал пораката на Царството туку и ги поканил татко ми и мајка ми на вечера.

Мојата сестра Анти е родена во 1960, а јас во 1965. Нашето семејство многу се зближи со браќата и сестрите од малото, но напредно собрание, во главниот град Кампала. Како единствени бели Сведоци во соседниот Ентебе, доживеавме некои интересни искуства. Еднаш, еден пријател на татко ми непланирано се задржал во Ентебе и сакал да се види со татко ми, но не успеал во тоа сѐ додека не прашал: „Дали го познавате парот Европејци кои се Јеховини сведоци?“ Лицето веднаш го одвезло право до куќата на моите родители.

Покрај таквите, имавме и непријатни искуства, вклучувајќи го и тоа што издржавме две вооружени побуни. Едно време владините трупи пукаа во секој припадник од една одредена етничка група — Баганда. По цел ден и цела ноќ имаше непрекинато пукање. Бидејќи од 18.00 до 6.00 часот наутро имаше полициски час, состаноците се одржуваа во текот на попладневните часови, во домот на моите родители во Ентебе.

Подоцна, кога беше укинат полицискиот час, татко ми нѐ одвезе во Кампала за да присуствуваме на студија на Стражарска кула. Еден војник впери пушка во нас, го сопре нашиот автомобил и инсистираше да му кажеме каде одиме. Тогаш бев само бебе, а Анти имаше пет годинки. Кога татко ми смирено објасни, покажувајќи му ги на војникот нашите Библии и литературата, тој нѐ пушти да одиме.

Во 1967, после скоро осум години поминати во Уганда, нашите родители решија да се вратат во САД, поради здравствени проблеми и семејни одговорности. Станавме дел од собранието Кенфилд (Охајо), каде што татко ми служеше како старешина. Таму, моите родители ги засакаа браќата исто толку многу колку што го сакаа и малото собрание во Кампала.

Христијанско одгледување полно со љубов

Во 1971 се роди мојот помлад брат Дејвид. Додека расневме, бевме воспитувани во една домашна атмосфера која беше исполнета со љубов и топлина. Ова несомнено произлегуваше од меѓусебниот однос, полн со љубов, што го имаа моите родители.

Кога бевме мали, пред спиење татко ми секогаш ни читаше по една библиска приказна, се молеше и потоа, без да знае мајка ми, ќе ни дадеше по едно чоколадно бонбонче, замотано во светликава златна хартија. Секогаш ја проучувавме Стражарска кула заедно како семејство, без разлика каде се наоѓавме. Така на пример, додека бевме на семејни излети, еднаш ја проучувавме на една планинска падина, а во друга прилика додека го гледавме океанот. Татко ми често напомнуваше дека тоа беа едни од неговите најубави спомени. Тој рече дека му е жал за оние кои се лишени од големата радост што може да ја донесе семејната студија.

Кога требаше да се покаже љубов кон Јехова, татко ми поучуваше со пример. Секогаш кога ќе дојдеше нов примерок на Стражарска кула или на Разбудете се! или, пак, кога ќе добиевме некоја друга публикација од Друштвото Стражарска кула, тато лакомо ќе ја „проголташе“. Од него научивме дека библиската вистина не треба да се зема здраво за готово, туку дека треба да се цени како скапоцено богатство. Едно од нашите најдрагоцени богатства е татковата Библија со објаснувања. Практично секоја страница е прекриена со забелешки, собрани од неговите проучувања. Денес, кога читаме од неговите забелешки на маргините, како сѐ уште да го слушаме како нѐ поучува и нѐ советува.

Верен до крајот

На 16 мај 1991, додека беше во служба на проповедање, тате доживеа срцев удар. Неколку недели подоцна имаше операција на срцето која изгледаше дека ќе биде успешна. Меѓутоа, во текот на ноќта по операцијата, добивме телефонски повик од болницата. Тате крвавеше, а докторите беа многу загрижени. Во текот на таа ноќ, двапати беше вратен во операционата сала за да се обидат да го сопрат крварењето, но безуспешно. Крвта на тате не се згрутчуваше.

Следниот ден, додека состојбата нагло му се влошуваше, докторите разговараа прво насамо со мајка ми, а потоа и со мојот помлад брат за да ги убедат да се согласат на трансфузија на крв. Сепак, татко ми претходно им рекол на докторите дека под никакви услови нема да прими трансфузија. Им ги објаснил своите библиски причини за одбивање на крв, но рекол дека прифаќа бескрвни алтернативни методи (3. Мојсеева 17:13, 14; Дела 15:28, 29).

Некакво притаено непријателство од страна на неколкумина членови на медицинскиот персонал, создаде една многу напната атмосфера во ОИН (Одделот за интензивна нега). Ова, заедно со состојбата на татко ми, која се влошуваше, на моменти изгледаше повеќе отколку што можевме да носиме. Го преколнувавме Јехова за помош и се обидувавме да ги примениме практичните совети што ги добивме. Така, кога одевме на ОИН, секогаш бевме добро дотерани и се однесувавме со респект кон медицинскиот персонал. Покажавме активен интерес за состојбата на татко ми, со тоа што поставувавме смисловни прашања и му се заблагодарувавме на секој член на персоналот кој беше вклучен во грижата за тате.

Нашите напори не останаа незабележани од медицинскиот персонал. За неколку дена, напнатата атмосфера се промени во атмосфера на љубезност. Медицинските сестри кои се грижеа за тате, продолжуваа да се интересираат за неговиот напредок иако повеќе не беа задолжени да се грижат за него. Еден доктор кој беше многу груб кон нас, омекна до тој степен што дури ја праша мајка ми како се снаоѓа. Нашето собрание и роднините исто така нѐ поддржаа со многу љубов. Тие испраќаа храна и многу утешни картички, и се молеа за нас.

За жал, тате воопшто не се освести. Умре десет дена по неговата прва операција. Длабоко жалиме по него. На моменти нѐ преплавуваат чувства на загуба. За среќа, нашиот Бог ни ветува дека ‚секојдневно ќе го носи товарот за нас‘, а ние се научивме да се ослонуваме на него како никогаш досега (Псалм 68:19, НС).

Сите сме решени да продолжиме верно да му служиме на Јехова и така да ја имаме радоста да го видиме тате во новиот свет (Марко 5:41, 42; Јован 5:28; Дела 24:15).

[Слика на страница 21]

Франк Смит со својата мајка Филис, во Кептаун

[Слика на страница 22]

Татко ми и мајка ми, на нивната венчавка

[Слика на страница 23]

За првото крштевање во Ентебе, браќата го изнајмија базенот на еден африкански поглавар

[Слика на страница 23]

Поздрав на вообичаен начин

[Слика на страница 24]

Татко ми и мајка ми, кратко пред смртта на татко ми

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели