ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/8 стр. 6-8
  • Земјата ќе стане Рај!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Земјата ќе стане Рај!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Вистинска влада
  • Ќе бидат ‚уништени оние што ја уништуваат земјата‘
  • Повторно рај
  • Зошто можеме да веруваме
  • Што е Божјето Царство?
    Одговор на библиски прашања
  • Што кажал Исус за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Вистината за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Што е Божјето Царство?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/8 стр. 6-8

Земјата ќе стане Рај!

„Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое. Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10).

ОВАА прочуена молитва, која многумина ја знаат како Оченаш, му дава надеж на човештвото. Каква е таа надеж?

Како што ни открива молитвата Оченаш, Божјето Царство ќе овозможи Божјата волја да се врши на Земјата исто како што денес се врши на небото. А Божја волја е Земјата повторно да стане рај (Откровение 21:1-5). Што е Божјето Царство, и како ќе го обнови рајот на Земјата?

Вистинска влада

Божјето Царство е вистинска влада. За да може да функционира една влада, потребно е да има владетели, закони и поданици. Дали Божјето Царство ги исполнува овие услови? Да видиме каков одговор дава Библијата на следниве три прашања.

Кои се владетелите на Божјето Царство? (Исаија 33:22). Јехова Бог го поставил својот Син, Исус Христос, да биде на чело на тоа Царство (Матеј 28:18). Под водство на Јехова, Исус избрал ограничен број поединци од „секое племе и јазик и народ и народност“ за да „царуваат над земјата“ заедно со него (Откровение 5:9, 10).

Какви закони донело Божјето Царство за своите поданици? Со некои од тие закони, или заповеди, се бара од поданиците да направат нешто. Исус кажал кој е најважниот закон: „,Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум‘. Тоа е најголемата и прва заповед. Втората, слична на неа, е оваа: ‚Сакај го својот ближен како себеси‘“ (Матеј 22:37-39).

Со други закони, од поданиците на Божјето Царство се бара да не прават некои работи. На пример, во Библијата јасно е кажано следново: „Не залажувајте се! Ни блудници, ни идолопоклоници, ни прељубници, ни мажи што се впуштаат во неприродни полови односи, ни мажи што легнуваат со мажи, ни крадци, ни алчни, ни пијаници, ни оние што зборуваат погрдно, ни изнудувачи нема да го наследат Божјето царство“ (1. Коринќаните 6:9, 10).

Кои се поданиците на Божјето Царство? Исус ги споредил поданиците на Божјето Царство со овци. Тој рекол: „Тие ќе го слушаат мојот глас, па сите ќе бидат едно стадо со еден пастир“ (Јован 10:16). За да биде поданик на Божјето Царство, човек не треба само да рече дека го следи Добриот Пастир, Исус, туку треба и да го прави она што го заповеда тој. Исус рекол: „Не секој што ми вели: ‚Господару, Господару‘, ќе влезе во небесното царство, туку оној што ја врши волјата на мојот Татко, кој е на небесата“ (Матеј 7:21).

Според тоа, оние што се поданици на Божјето Царство го употребуваат и го почитуваат Божјето име, Јехова, исто како што правел и Исус (Јован 17:26). Ја слушаат Исусовата заповед да ги поучуваат другите за ‚добрата вест за царството‘ (Матеј 24:14; 28:19, 20). Исто така, меѓу нив владее вистинска љубов (Јован 13:35).

Ќе бидат ‚уништени оние што ја уништуваат земјата‘

Денешната состојба во светот покажува дека Божјето Царство наскоро ќе стапи во акција и ќе предизвика темелни промени на Земјата. Од каде го знаеме тоа? Пред две илјади години, Исус опишал еден комбиниран знак што требало да покаже дека „Божјето царство е близу“ (Лука 21:31). Како што видовме во претходната статија, обележјата на тој знак денес јасно се гледаат во целиот свет.

Што ќе следи потоа? Исус ни го дава одговорот: „Тогаш ќе има голема неволја каква што немало од почетокот на светот до сега, ниту повеќе ќе има“ (Матеј 24:21). Тоа не е катастрофа што ќе ја предизвикаат луѓето. Наместо тоа, Бог ќе дејствува за да ги ‚уништи оние што ја уништуваат земјата‘ (Откровение 11:18). Злобните луѓе, чии себични постапки ја довеле нашата планета на работ на уништување, „ќе бидат истребени од земјата“. Но, оние што се недолжни и што му служат на Бог на исправен начин „ќе останат на неа“ (Изреки 2:21, 22).

Јехова Бог со полно право ќе преземе такви драстични мерки. Зошто? Да го наведеме следниов пример: Замисли си дека издаваш соби под кирија. Некои станари се примерни и обѕирни, си ја плаќаат киријата и добро се грижат за својата соба. Но, други станари се недисциплинирани и себични, не сакаат да плаќаат кирија и ја оштетуваат куќата. И покрај постојаните опомени, упорно го прават тоа. Што би направил ти? Како сопственик, сигурно ќе ги истераш тие лоши станари.

Слично ќе постапи и Јехова Бог. Како Творец на Земјата и на сѐ што е на неа, тој има право да одлучи кому ќе му дозволи да живее на неа (Откровение 4:11). Тој рекол дека има намера да ги отстрани од Земјата злобните луѓе кои не ги интересира неговата волја и ги газат правата на другите луѓе (Псалм 37:9-11).

Повторно рај

Наскоро, со Земјата ќе владее Божјето Царство на чело со Исус Христос. Тој го нарекол овој нов почеток ‚обновување‘ (Матеј 19:28, Стандарден превод). Каков ќе биде животот тогаш? Забележи ги следниве ветувања што се запишани во Библијата.

Псалм 46:9: „Ги прекинува војните до крајот на земјата“.

Исаија 35:1: „Ќе се радуваат пустината и безводниот крај, ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран“.

Исаија 65:21-23: „Моите избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце. Нема да се трудат залудно и нема да раѓаат деца што ќе доживеат несреќа“.

Јован 5:28, 29: „Доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите ќе го чујат [Исусовиот] глас и ќе излезат“.

Откровение 21:4: „[Бог] ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“.

Зошто можеме да веруваме

Дали веруваш во овие ветувања што се запишани во Библијата? Во неа е проречено дека многу луѓе нема да веруваат: „Во последните денови ќе се појават потсмевачи, кои... ќе се водат според своите желби и ќе велат: ‚Каде е таа негова ветена присутност? Откако умреа нашите прататковци, сѐ си стои како што било од почетокот на создавањето‘“ (2. Петрово 3:3, 4). Но, таквите потсмевачи прават голема грешка. Да наведеме само четири причини зошто можеме да веруваме во она што го вели Библијата.

1) Во минатото имало случаи кога Бог ги казнил злобните луѓе на Земјата. Еден пример за тоа е Потопот во времето на Ное (2. Петрово 3:5-7).

2) Божјата реч точно го прорекла она што се случува во светот денес.

3) Не си стои сѐ „како што било од почетокот на создавањето“. Како никогаш досега, нашата планета страда од општествени, морални и еколошки проблеми.

4) ‚Добрата вест за царството‘ денес се проповеда на целата Земја, што покажува дека наскоро „ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

Јеховините сведоци те поттикнуваат да ја проучуваш со нив Божјата реч, Библијата, за да дознаеш нешто повеќе за надежта во вечен живот под владата на Божјето Царство (Јован 17:3). Луѓето навистина ги чека прекрасна иднина. Наскоро ќе го доживееме најубавиот период од историјата! Ќе го дочекаш ли и ти тоа?

[Истакната мисла на страница 7]

Оние што велат дека сѐ ќе остане исто како што си било отсекогаш, прават голема грешка

[Слика на страница 8]

Ќе бидеш ли овде и ти?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели