ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/12 стр. 30-31
  • Биле наречени „синови на громот“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биле наречени „синови на громот“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Дали секогаш сакаш да бидеш прв?
    Учи од Големиот Учител
  • Што може да научиме од помладиот брат на Исус?
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Тие пишувале за Исус
    Поучете ги своите деца
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/12 стр. 30-31

Поучете ги своите деца

Биле наречени „синови на громот“

ЗА ВРЕМЕ на бура, можеби ќе слушнеш силен гром. Дали некогаш тоа те исплашило?—a Замисли, двајца од своите ученици Исус ги нарекол „синови на громот“. Да видиме зошто.

Тие двајца ученици биле браќа и се викале Јаков и Јован. Нивниот татко се викал Зеведеј, а мајка им се викала Салома. Изгледа дека таа ѝ била сестра на Марија, мајка му на Исус. Тоа значи дека Исус, Јаков и Јован биле братучеди и веројатно многу се дружеле додека растеле.

Зеведеј бил рибар, а исто и неговите синови, Јаков и Јован. Тие двајца биле меѓу првите што Исус ги избрал да му бидат ученици. Кога ги повикал, веднаш престанале со рибарењето и тргнале по него. Подоцна, Исус избрал 12 од своите ученици за да бидат негови апостоли. Меѓу нив биле и Јаков и Јован.

Неколку месеци пред да биде убиен, Исус и неговите апостоли минувале низ планинскиот предел на Самарија. Почнувало да се стемнува и сите биле многу уморни. Но, Самарјаните рекле дека не сакаат Исус и апостолите да преноќат во нивниот град. Знаеш ли зошто?— Да видиме.

Исус и апостолите биле Евреи, а повеќето Евреи биле лоши кон Самарјаните. Се разбира, Исус не бил таков. Тој бил добар со нив, како што требало да бидат и Јаков и Јован. Но, тие двајца се налутиле затоа што Самарјаните не им укажале гостопримство и го прашале Исус: „Сакаш ли да кажеме да слезе оган од небото и да ги уништи?“ Дали знаеш што им одговорил Исус?— Им рекол дека тоа што го велат е погрешно и лошо! Јаков и Јован требало да научат што значи да се биде милостив.

Друг голем проблем што го имале Јаков и Јован е тоа што сакале да бидат први, да бидат најважни. Кратко пред да умре Исус, ја пратиле мајка им кај него за да му рече: „Кажи овие двајца мои синови да седнат до тебе во твоето царство, едниот од твојата десна страна, а другиот од левата“. Кога другите десет апостоли слушнале што направиле Јаков и Јован, се налутиле. Дали и ти би се налутил?—

Веројатно да. Не е убаво кога другите сакаат да бидат први и се прават важни. Подоцна, Јаков и Јован сфатиле дека постапиле погрешно и нељубезно, и се смениле. Тие станале многу добри и љубезни. Што учиме од сето ова?—

Од оваа ситуација со Исус учиме дека и ние треба да постапуваме убаво со другите. Исус бил добар со луѓето, без разлика дали биле мажи, жени или деца. Дали ќе запамтиш каков бил Исус и ќе се трудиш и ти да бидеш како него?—

Прочитај во Библијата:

Марко 3:17

Матеј 27:55, 56; Марко 15:40, 41

Матеј 4:18-22

Јован 4:4-15, 21-26; Лука 9:51-55

Матеј 20:20-24; Марко 10:35-37, 41

[Фуснота]

a Ако читаш со деца долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели