ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/9 стр. 15
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Раниот семеен живот на Исус
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Дали некогаш сте се прашале?
    Разбудете се! 1996
  • Исус научил да биде послушен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Биле наречени „синови на громот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/9 стр. 15

Дали сте знаеле?

Дали Исус бил во роднинска врска со некој од 12-те апостоли?

▪ Библијата не дава конкретен одговор на ова прашање. Меѓутоа, врз основа на индиректните докази и според преданијата, изгледа дека некои од 12-те апостоли му биле роднини на Исус.

Писателите на евангелијата ги запишале имињата на жените кои биле присутни кога Исус умирал на маченичкиот столб. Во Јован 19:25 се спомнати четири од нив: „Мајка му [Марија] и сестрата на мајка му, потоа Марија, жената на Клопа, и Марија Магдалена“. Кога ќе се спореди овој стих со описот на истиот настан што го даваат Матеј и Марко, може да се заклучи дека сестра на Исусовата мајка била Салома. А изгледа дека Салома им била мајка на Зеведеевите синови (Матеј 27:55, 56; Марко 15:40). Ако е така, нејзините синови, кои на други места се спомнати како Јаков и Јован, му биле први братучеди на Исус. Тој ги повикал овие двајца браќа, кои биле рибари, да бидат негови ученици (Матеј 4:21, 22).

Според преданијата, Клопа, или Алфеј, мажот на една од жените што се спомнати во Јован 19:25, му бил брат на Јосиф, очувот на Исус. Ако ова предание е точно, тогаш и апостол Јаков, синот на Алфеј, му бил братучед на Исус (Матеј 10:3).

Во каква роднинска врска биле Исус и Јован Крстител?

▪ Некои веруваат дека тие биле втори братучеди. Ова верување го темелат на еден погрешен превод на Лука 1:36. На пример, во King James Version во овој стих пишува дека мајката на Јован, Елисавета, и мајката на Исус, Марија, биле братучетки.

Но, зборот што се користи во овој стих на изворниот грчки јазик не е толку прецизен. Тој само покажува дека овие две жени биле во некаква роднинска врска, но не мора да значи дека биле баш братучетки. Како што пишува во еден библиски речник, „тој збор има широко значење и од него не можеме да ја утврдиме точната роднинска врска“ (The Interpreter’s Dictionary of the Bible). Тогаш, од каде дошла идејата дека Исус и Јован биле братучеди? Една католичка енциклопедија го дава следниов одговор: „Сите наши информации во врска со ... родителите на Марија... доаѓаат од апокрифната литература“ (The Catholic Encyclopedia).

Ова покажува дека Исус и Јован биле барем далечни роднини, иако не мора да значи дека биле баш втори братучеди.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели