ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/2 стр. 28-31
  • „Јеховиното лице ќе зрачи од радост“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јеховиното лице ќе зрачи од радост“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Тоа богатство го имаме во земјени садови“
  • „Ако се изморуваш кога трчаш со пешаци, како ќе се тркаш со коњи?“
  • Други истакнати мисли од програмата
  • Искуства и интервјуа
  • „Ова е ваш ден“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Мисионери испратени „до крајот на земјата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Мотивирани да служат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Тие се ставаат на располагање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/2 стр. 28-31

131. клас на Гилеад

„Јеховиното лице ќе зрачи од радост“

НА 10 септември 2011 год., дипломираше 131. клас на мисионерската школа Гилеад. По тој повод се собраа голем број роднини и пријатели на дипломците. На почетокот, и говорниците и студентите беа многу возбудени. Но, на крајот од програмата, сите 9.063 присутни беа опуштени и насмеани бидејќи уживаа во говорите, приказите и интервјуата.

Стивен Лет, член на Водечкото тело на Јеховините сведоци и претседавач на програмата, го одржа воведниот говор. Тој разработи некои библиски стихови во кои Јехова Бог е опишан како да има тело и се задржа на оние делови во кои се вели дека Јехова ги користи своите очи, уши и раце.

Најнапред ги разгледа зборовите од 2. Летописи 16:9, каде што пишува дека „Јехова ја пребарува со своите очи целата земја за да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце“. Тој ги охрабри студентите да му останат оддадени на Јехова со цело срце. Им рече дека можат да се угледаат на Бог така што ќе го бараат доброто во луѓето. Потоа, брат Лет зборуваше за 1. Петрово 3:12, каде што пишува дека Јеховините очи се свртени кон сесрдните молитви на праведниците. Ги поттикна дипломците редовно да му се молат на Јехова и никогаш да не заборават дека тој сака да ги слуша нивните молитви.

Говорникот го објасни и стихот од Исаија 41:13, каде што е запишано следново ветување што го дал Јехова: „Јас, Јехова, твојот Бог, те држам за десницата и ти велам: ‚Не плаши се! Јас ќе ти помогнам‘“. Со топлина во гласот, брат Лет рече: „Обрнете внимание на овој трогателен гест на Јехова. Тој ја подава својата рака за да ја фати нашата“. Потоа им рече на студентите секогаш да му дозволуваат на Јехова да им помага и никогаш да не ја одбиваат неговата помош. Исто така, рече дека студентите можат да го следат примерот на Јехова на тој начин што ќе им подаваат рака на оние на кои им треба помош.

И на крајот, брат Лет ги прочита зборовите од Исаија 40:11. Ги поттикна присутните да си ја замислат нежната љубов што ја открива овој библиски стих. „Јехова нѐ зема со своите раце“, рече брат Лет. „Нѐ носи во пазувите“. Како треба да реагираме ние? Тој рече дека студентите треба да бидат кротки и мили како јагниња. Така Јехова ќе сака да ги носи во своите пазуви.

„Тоа богатство го имаме во земјени садови“

На оваа тема зборуваше Дејвид Сплејн, кој е член на Водечкото тело (2. Коринќаните 4:7). За какво богатство станува збор? Дали се работи за знаење или за мудрост? „Не“, одговори тој. „Богатството за кое зборувал апостол Павле е службата со која ја објавуваме вистината“ (2. Коринќаните 4:1, 2, 5). Брат Сплејн ги потсети студентите дека она што го учеа во изминатите пет месеци ги подготви за една посебна задача во службата, која треба многу да ја ценат.

Говорникот објасни дека ‚земјените садови‘ се однесуваат на нашите тела. Тој направи разлика помеѓу сад направен од земја и сад направен од злато. Златните садови не се користат често. Но, земјените садови се наменети за секојдневна употреба. Ако ставиме богатство во златен сад, вниманието може да ни го привлече не само богатството туку и садот во кој е ставено. „Вие сигурно не сакате да го свртите вниманието кон себе“, рече брат Сплејн. „Како мисионери, сакате вниманието на луѓето да го насочите кон Јехова. Вие сте скромни земјени садови.“

Понатаму во споредбата тој рече дека во библиски времиња некои земјени садови биле огноотпорни, а други имале цврста глазура за да не се ронат. Што значи тоа за студентите? Во првите месеци од нивната задача, мисионерите сигурно ќе „оформат“ цврста глазура. Ќе станат помалку чувствителни на критики и нема толку лесно да се навредуваат. „Ќе сфатите дека сте многу поцврсти отколку што мислите“, рече брат Сплејн. Ова богатство, односно честа да ја извршуваат службата на проповедање, Јехова не им го доверил на ангели, туку на земјени садови. „Тоа покажува дека тој има доверба во вас“, рече на крајот говорникот.

„Ако се изморуваш кога трчаш со пешаци, како ќе се тркаш со коњи?“

„Колку долго и колку брзо можеш да трчаш?“, праша Семјуел Херд од Водечкото тело. Зошто им го постави ова прашање на студентите? Тој направи споредба меѓу она низ што поминаа студентите и она што му се случувало на Еремија. Тој верен човек веќе се соочувал со многу тешкотии. Но, го чекале уште потешки времиња. Затоа, Јехова го прашал: „Ако се изморуваш кога трчаш со пешаци, како ќе се тркаш со коњи?“ (Еремија 12:5).

Потоа, Брат Херд објасни што значи тоа за дипломците. Тој рече: „Можеби се чувствувате како да сте се тркале со коњи поради тестовите што ги имавте на школата. Но, се тркавте со пешаци, а не со коњи. На вашите доделби ќе се тркате со коњи, односно ќе се соочите со поголеми тешкотии од оние што можете да си ги замислите сега. Како ќе излезете на крај со нив? Мисионерската школа ве подготви да се тркате со коњи без да се уморите“. Тој ги поттикна студентите да продолжат да ја зајакнуваат својата духовност, редовно да ја проучуваат Библијата и редовно да се молат.

Брат Херд отворено им кажа дека во иднина некои од оние што ќе бидат испратени како мисионери ќе се почувствуваат обесхрабрени или ќе наидат на рамнодушност кај луѓето. Други ќе се соочат со здравствени проблеми или ќе ги измачуваат чувства на безвредност. Но, тој ги увери студентите дека имаат на располагање еден извор на сила што ќе им помогне да ја надминат секоја тешка ситуација без да се уморат. „Сеедно дали се тркате со пешаци или со коњи“, рече говорникот, „имајте доверба дека цврстата рака на Бог може да ви помогне да ја преминете целта. Тогаш ќе бидете успешни мисионери, кои ќе му носат слава и чест на Јехова“.

Други истакнати мисли од програмата

„Да не бидат малку.“ Џон Екран, член на Одборот на подружницата на Соединетите Држави, зборуваше за случката со пророкот Елисеј и една вдовица на која требало да ѝ ги земат синовите и да ги продадат како робови (2. Царевите 4:1-7). Вдовицата имала само едно мало грне за масло. Елисеј ѝ рекол да собере и други грнци од соседите, напомнувајќи ѝ: „Да не бидат малку“. Преку Елисеј, Јехова со чудо ги наполнил со масло грнците што ги собрала вдовицата. Потоа, таа го продала маслото и добила доволно пари за да си ги плати долговите и за да има со што да го прехрани семејството извесно време.

Што можеа да научат идните мисионери од овој извештај? Кога вдовицата собирала уште садови, сигурно не била многу пребирлива. „Веројатно го зела секое грне во кое можело да се стави масло“, рече говорникот, „и колку поголемо било, толку подобро.“ Тогаш брат Екран ги поттикна студентите да ја прифатат секоја задача, било голема било мала. „Не бидете пребирливи“, рече тој. Исто така, ги потсети студентите дека колку благослови добила вдовицата зависело од тоа колку внимание обрнала на упатствата што ѝ ги дал Елисеј. Што сакаше да каже со тоа? Колку благослови ќе добиеме зависи од тоа колку ревност и вера ќе покажеме. „Не штедете се“, им рече говорникот.

„Можеме да го изедеме како леб.“ Вилијам Семјуелсон, надгледник на Одделот за теократски школи, зборуваше на оваа тема земена од 4. Мојсеева 14:9. Го посочи добриот пример што го оставиле Исус Навин и Халев. Зборот „леб“ во овој случај значел дека жителите на Ханаан можеле лесно да бидат освоени и дека тоа би ги зајакнало и би ги охрабрило Израелците. Што можат да научат студентите од ова? „Во службата што ве очекува“, рече говорникот, „на тешкотиите гледајте како на нешто што ќе ве зајакне и ќе ве охрабри.“

„Дали нивниот брод на верата ќе биде цврсто закотвен во претстојните бури?“ Сем Роберсон, кој е еден од инструкторите на школата, зборуваше за предупредувањето што го дал апостол Павле во врска со некои што ‚доживеале бродолом во верата‘ (1. Тимотеј 1:19). Ги поттикна студентите да градат во другите вера што ќе биде цврсто закотвена во Јехова Бог. „Она што го правите во службата“, рече тој, „може да се спореди со она што го прави еден ковач.“ Како? Ковачот ги поврзува алките на синџирот со кој потоа еден брод може да биде добро закотвен. Слично на тоа, мисионерите им помагаат на оние со кои ја проучуваат Библијата да изградат особини што се потребни за да добијат спасение.

Брат Роберсон ги спореди алките на синџирот со осумте особини што се запишани во 2. Петрово 1:5-8. Тој рече дека, ако мисионерите им помагаат на оние со кои ја проучуваат Библијата да видат како Јехова ги покажува овие особини, интересентите најверојатно ќе создадат нераскинлива врска со Јехова. Така ќе ја издржат секоја бура од неволји што може да претставува испит за нивната вера.

Искуства и интервјуа

Мајкл Барнет, друг инструктор на школата, ги замоли дипломците да раскажат и да одглумат некои од искуствата што ги имаа додека проповедаа. На присутните им беше интересно да чујат на кои сѐ начини студентите сведочеа во трговски центар, на аеродром, од врата до врата, па дури и по телефон на лице кое повикало погрешен број.

Мајкл Хансен од Бетелот во Соединетите Држави интервјуираше тројца браќа што со години служеле како мисионери — Стивен Мекдауел во Панама, Марк Њумер во Кенија и Вилијам Јасовски во Парагвај. Она што го кажаа одлично се вклопи во темата на тој дел, „Нека ти биде задоволство да ја вршиш Јеховината волја“ (Псалм 40:8). На пример, Марк Њумер се осврна на убавите работи што тој и неговата жена ги доживеале во мисионерската служба. Една од нив е пријателството што го склопиле со Сведоците од земјата во која служеле. Се радувале и кога гледале како браќата ги следат упатствата, прават големи промени во животот и како Јехова го благословува нивниот труд. Ги увери дипломците дека допрва ќе ги доживеат најголемите радости.

Откако еден од дипломците прочита писмо во кое на многу убав начин беше изразена благодарност од целиот клас, брат Лет ја заврши програмата охрабрувајќи ги да постапуваат мудро. Ако го прават тоа, „Јеховиното лице ќе зрачи од радост“. Овие мисионери сигурно ќе го радуваат Јехова додека верно му служат на своите доделби (Исаија 65:19).

[Табела/карта на страница 31]

ПОДАТОЦИ ЗА КЛАСОТ

10 застапени земји

34,7 просечна возраст

19,0 просек на години во вистината

13,5 просек на години во полновремена служба

[Карта]

(Види во публикацијата)

Студентите беа испратени во земјите што се означени подолу

ЗЕМЈИ ВО КОИ СЕ ИСПРАТЕНИ

БЕНИН

БРАЗИЛ

БУГАРИЈА

БУРУНДИ

КАМЕРУН

КАНАДА

ЦЕНТРАЛНОАФРИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА

ГЕРМАНИЈА

ГАНА

ХОНГ КОНГ

ИНДОНЕЗИЈА

КЕНИЈА

ЛИБЕРИЈА

ЛИТВАНИЈА

МАЛЕЗИЈА

МОЗАМБИК

НЕПАЛ

ПАНАМА

ПАРАГВАЈ

СИЕРА ЛЕОНЕ

СЛОВАЧКА

ЈУЖНОАФРИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА

САД

ВЕНЕЦУЕЛА

[Слика на страница 30]

Дипломците прикажуваат едно искуство од службата на проповедање

[Слика на страница 31]

131. клас што дипломира на Школата Гилеад

Во списокот долу, редовите се наведени однапред наназад, а имињата одлево надесно.

1) Леш К.; Леш Н.; Шакарјан П.; Шакарјан Т.; Баден Р.; Баден К.; Неш Т.; Неш Л.

2) Трамбле Е.; Трамбле К.; Гарви Д.; Гарви Г.; Гонт Р.; Гонт П.; Лау Џ.; Лау Џ.

3) Дејвис Ш.; Дејвис С.; Серџент Џ.; Серџент Џ.; Фонсека Ч.; Фонсека С.; Тенар Е.; Тенар А.

4) Петрајотин А.; Петрајотин Р.; Рејес Н.; Рејес Н.; Ајзимингер Б.; Ајзимингер Ш.; Хакер Џ.; Хакер Ч.

5) Хартман Е.; Хартман Т.; Гулија В.; Гулија К.; Томас Џ.; Томас Е.; Оказаки Н.; Оказаки М.

6) Милз К.; Милз А.; Бенинг Л.; Бенинг Т.; Соубиески С.; Соубиески Т.; Гањо Л.; Гањо Ј.

7) Хансен Б.; Хансен М.; Фејхи Е.; Фејхи М.; Делгор Ј.; Делгор Ј.; Андерсон М.; Андерсон Р.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели