ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА
Од каде потекнува Ѓаволот?
Бог не го создал Ѓаволот. Напротив, Бог создал ангел кој подоцна самиот станал Ѓавол, познат и како Сатана. Исус покажал дека едно време Ѓаволот бил чесен и непорочен. Значи, во почетокот Ѓаволот бил праведен Божји духовен син. (Прочитај Јован 8:44.)
Како било можно еден ангел да стане Ѓавол?
Ангелот што станал Ѓавол одлучил да му се спротивстави на Бог и ја навел и првата човечка двојка да постапи како него. Така самиот станал Сатана, што значи „Противник“. (Прочитај 1. Мојсеева 3:1-5; Откровение 12:9.)
Како и останатите Божји созданија обдарени со разум, ангелот што станал Ѓавол имал слобода да избере дали ќе го прави она што е исправно или она што е погрешно. Но, кај него се родила желба да биде обожаван. Таа негова желба за слава била посилна од желбата да му угоди на Бог. (Прочитај Матеј 4:8, 9; Јаков 1:13, 14.)
На кој начин Ѓаволот продолжил да влијае врз луѓето? Треба ли да се плашиш од него? Одговорот на овие прашања можеш да го најдеш во Библијата.