ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w14 1/6 стр. 16
  • Одговор на библиски прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одговор на библиски прашања
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Сличен материјал
  • Бог ветува дека нашата планета ќе опстане
    Разбудете се! 2023
  • Вечен дар од Творецот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Жива планета
    Дали животот е Божје дело?
  • Во овој број на Разбудете се!
    Разбудете се! 2023
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
w14 1/6 стр. 16

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали нашата планета постои со некаква цел?

Еден млад човек размислува за разнобојните творби во природата

Земјата била создадена како прекрасен дом за луѓето

Нашата планета е идеална за живот. Изобилува со вода, која е неопходна за да се одржува животот на неа. Наклонот на Земјината оска, нејзината ротација и нејзината орбита се толку прецизно ускладени што спречуваат океаните да замрзнат или да испарат. А атмосферата и магнетното поле ја штитат Земјата од смртоносните зрачења. Меѓусебната зависност на растителниот и животинскиот свет претставува вистинско чудо. Врз основа на сето тоа, многу луѓе заклучиле дека нашата планета е создадена со одредена цел. (Прочитај Исаија 45:18.)

Но, можеби се прашуваш: ‚Ако Земјата е создадена со убава цел, зошто има толку страдања и неправди?‘ (Прочитај 5. Мојсеева 32:4, 5.)

Дали ќе се исполни целта заради која постои нашата планета?

Земјата била создадена за да биде убав дом во кој луѓето ќе живеат среќно, ќе се почитуваат и ќе го сакаат својот Творец. Според тоа, човечкиот живот има повозвишена цел од животот на растенијата и животните. Можеме да сфатиме кој е нашиот Творец, да се восхитуваме на неговата љубов и правда и да ги покажуваме тие особини. (Прочитај Проповедник 12:13; Михеј 6:8.)

Нашиот Творец може да направи сѐ што ќе науми. Затоа можеме да бидеме сигурни дека тој ќе ги отстрани страдањата и неправдите и ќе ја претвори нашата планета во совршен дом. (Прочитај Псалм 37:11, 29; Исаија 55:11.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавје 3 од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци

Достапна е и на www.jw.org/mk

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели