ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lc стр. 4-10
  • Жива планета

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Жива планета
  • Дали животот е Божје дело?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Совршена „адреса“
  • Земјините штитови
  • Природни циклуси без кои не се може
  • Совршен систем за рециклирање!
  • Земјините штитови
    Разбудете се! 2009
  • Без нив не се може
    Разбудете се! 2009
  • Совршена „адреса“
    Разбудете се! 2009
  • Доказ од една уникатна планета
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
Повеќе
Дали животот е Божје дело?
lc стр. 4-10
Планети кружат околу Сонцето

Жива планета

На Земјата немаше да постои живот да не беа извесни фактори што некои луѓе ги сметаат за чиста случајност. Сѐ до 20 век, голем број од овие фактори беа непознати или за нив се знаеше многу малку. Некои од тие „случајности“ се:

  • Местоположбата на Земјата во галаксијата Млечен Пат и во Сончевиот систем, како и нејзината орбита, наклонот на оската, брзината на ротирање и необичната Месечина

  • Магнетното поле и атмосферата кои служат како двоен штит

  • Природните циклуси кои ги обновуваат и ги прочистуваат воздухот и водите на нашата планета

Додека ги разгледуваш овие фактори, запрашај се: ‚Дали овие карактеристики на Земјата се производ на слепа случајност или, пак, се дело на мудар Творец?‘

Совршена „адреса“

Локација на Земјата и Сончевиот Систем во галаксијата Млечен Пат

Зарем Земјата би можела да има подобра местоположба за да постои живот на неа?

Што пишуваш кога треба да ја наведеш својата адреса? Веројатно ќе ги напишеш името на државата, градот и улицата на која живееш. Да речеме дека Млечниот Пат е „државата“ во која се наоѓа нашата Земја, а Сончевиот систем — т.е. Сонцето и неговите планети — е нејзиниот „град“, додека орбитата по која се движи таа во Сончевиот систем е нејзината „улица“. Благодарение на напредокот во астрономијата и физиката, научниците сега уште повеќе сфаќаат од колку големо значење е нашата местоположба во вселената.

Како прво, нашиот „град“, т.е. Сончевиот систем, е сместен на идеално место во галаксијата Млечен Пат — ни преблизу до центарот ни предалеку од него. Оваа „зона погодна за живот“, како што ја нарекуваат научниците, содржи идеална концентрација на хемиските елементи што се потребни за да постои жив свет. Подалеку од центарот, овие елементи ги има многу помалку. А кога би се наоѓале поблизу до центарот, би биле во премногу опасна „населба“ поради огромното количество потенцијално смртоносни зрачења, како и поради други фактори. „Ние ја имаме најдобрата локација во галаксијата“, се вели во списанието Scientific American.1

Идеална „улица“: Истото може да се каже и за „улицата“, односно орбитата на Земјата во нејзиниот „град“, Сончевиот систем. Земјата кружи околу Сонцето на оддалеченост од околу 150 милиони километри, што е идеално растојание за живиот свет на неа да не се заледи ниту да изгори. Освен тоа, орбитата на Земјата е речиси кружна, така што во текот на целата година таа е на приближно иста оддалеченост од Сонцето.

Сонцето, пак, е совршена „електрана“ — стабилно е, има идеална големина и зрачи идеално количество енергија. За него со право се вели дека е „исклучителна ѕвезда“.2

Совршен „сосед“: Да требаше да ѝ одбереш „прв сосед“ на Земјата, немаше да имаш подобар избор од Месечината. Нејзиниот пречник е нешто поголем од една четвртина од пречникот на Земјата. Во споредба со другите месечини во Сончевиот систем, нашата Месечина е необично голема во однос на својата планета-домаќин. Дали ова е само чиста случајност? Не би се рекло.

Како прво, Месечината е главната причина за појавата на плима и осека, кои играат важна улога во одржувањето на екосистемите на нашава планета. Освен тоа, Месечината ја одржува стабилна Земјината оска. Без ваква Месечина „по мерка“, нашата планета би била како вртимушка што се ниша ваму-таму, а можеби дури и би се настранила! Тоа би довело до катастрофални промени во климата, во плимата и осеката и до други промени.

Наклон на земјината оска и ротирање на Земјата

Идеален наклон и брзина на ротирање: Наклонот на Земјината оска изнесува околу 23,4 степени и овозможува промена на годишните времиња, умерени температури и различни климатски појаси. „Се чини дека наклонот на нашата планета е ‚совршен до милиметар‘“, пишува во книгата Ретка планета — зошто сложениот живот не е вообичаена појава во вселената (Rare Earth—Why Complex Life Is Uncommon in the Universe).3

Освен тоа, и должината на денот и ноќта е ‚совршена до милиметар‘, а се должи на Земјината ротација. Кога брзината на ротирање би била многу помала, деновите би биле подолги и страната која е свртена кон Сонцето би станала прежешка, а спротивната страна би замрзнала. И обратно, кога Земјата би се вртела многу побрзо, деновите би биле пократки и можеби би траеле само неколку часа, а од брзото вртење постојано би имало силни ветрови и други штетни појави.

Земјините штитови

Вселената е опасно место полно со смртоносни зрачења и метеороиди. Сепак, се чини дека нашата сина планета се движи низ ова „стрелиште“ речиси без никакви последици. Зошто? Поради нејзините два извонредни штита — силното магнетно поле и уникатната атмосфера.

Невидливото магнетно поле на Земјата

Невидливото магнетно поле на Земјата

Земјиното магнетно поле: Центарот на Земјата е една ротирачка топка од стопено железо, поради што нашата планета има огромно и многу силно магнетно поле чие дејствување се чувствува на огромен простор во вселената. Овој штит одбива голем дел од космичкото зрачење и нѐ штити од штетните влијанија на Сонцето. Некои од тие влијанија се Сончевиот ветар, кој претставува постојан проток на наелектризирани честички, потоа Сончевиот блесок, кој за неколку минути ослободува енергија колку милијарди хидрогенски бомби, и експлозиите на надворешниот појас, или короната на Сонцето, кои исфрлаат милијарди тони материја во вселената. Има видливи показатели за заштитата што ја добиваме од Земјиното магнетно поле. Како резултат на Сончевите блесоци и на експлозиите на Сончевата корона, доаѓа до една појава наречена аврора, при што во горните слоеви на атмосферата, во близина на Земјините магнетни полови, се создава разнобојна светлина.

Аврора бореалис

Аврора бореалис

Земјината атмосфера: Оваа гасовита обвивка не само што ни го овозможува дишењето туку ни пружа и дополнителна заштита. Еден надворешен слој од атмосферата, наречен стратосфера, содржи облик на кислород познат како озон, кој апсорбира и до 99 отсто од ултравиолетовото (UV) зрачење. Благодарение на озонската обвивка, безброј живи суштества — вклучувајќи ги и луѓето и планктоните, кои произведуваат голем дел од кислородот што го дишеме — се заштитени од штетни зрачења. Количеството на озон во стратосферата не е константно, туку се менува во зависност од јачината на UV зрачењето. Според тоа, озонската обвивка е многу приспособлив и ефикасен штит.

Метеор

Атмосферата нѐ штити од метеороиди

Атмосферата нѐ штити и од секојдневниот порој од милиони парчиња раздробен вселенски материјал, чија големина се движи од ситни честички до големи карпи. Најголемиот дел од нив согоруваат во атмосферата, при што оставаат светли траги на небото. Нив ги викаме метеори. Меѓутоа, Земјините штитови не ги блокираат топлотните и светлосните зраци кои се неопходни за живот. Атмосферата дури и помага да се распредели топлината низ целата Земјина топка, а ноќе служи како ќебе кое не дозволува да дојде до брзо губење на оваа топлина.

Атмосферата и магнетното поле се вистинско чудо кое човекот сѐ уште не може целосно да го разбере. Истото може да се каже и за циклусите кои го одржуваат животот на нашава планета.

Дали е чиста случајност тоа што нашата планета е заштитена со два силни штита?

Природни циклуси без кои не се може

Ако еден град остане без свеж воздух и без вода, а канализацијата нема каде да истекува, за кратко време ќе дојде до болести и смрт. Но, размисли малку за нашата планета. Таа не е како ресторан во кој се внесуваат свежа храна и други продукти, а се изнесува ѓубре. Свежиот воздух и водата од кои зависи нашиот живот не се внесуваат од вселената ниту, пак, отпадот се исфрла некаде. Тогаш, како Земјата останува чиста и погодна за живот? Одговорот лежи во природните циклуси, како што се јаглеродниот, кислородниот и азотниот циклус и кружењето на водата. Тие се прикажани на овие едноставни дијаграми.

Кружниот тек на водата

Кружење на водата: Водата е неопходна за живот. Без неа, никој од нас не би преживеал повеќе од неколку дена. Со кружењето на водата нашата планета се снабдува со свежа, чиста вода. Овој циклус се состои од три фази. 1) Под дејство на сончевата енергија, водата испарува во атмосферата. 2) При кондензација на оваа прочистена вода, се формираат облаци. 3) Водата од облаците паѓа на Земјата како дожд, град, лапавица или снег, со што повторно се враќа онаму од каде што дошла. Колку вода годишно се рециклира на овој начин? Според некои проценки, доволно за целата копнена површина на Земјата да се најде 80 сантиметри под вода.4

Јаглероден и кислороден циклус

Јаглероден и кислороден циклус: За да живееме, треба да дишеме — да вдишуваме кислород и да издишуваме јаглерод диоксид. Но, ова го прават безброј милијарди луѓе и животни. Тогаш, зошто нашата атмосфера никогаш не останува без кислород и не се презаситува со јаглерод диоксид? Одговорот лежи во овие два циклуса. 1) При еден неверојатен процес наречен фотосинтеза, растенијата го апсорбираат јаглерод диоксидот што ние го издишуваме, и со помош на енергијата од сончевата светлина создаваат јаглехидрати и кислород. 2) Кога го вдишуваме кислородот, кругот се затвора. Сиот овој процес на создавање вегетација и кислород се одвива без загадување, ефикасно и бесшумно.

Азотен циклус

Азотен циклус: Животот на Земјата зависи и од создавањето на органски молекули, како што се протеините. А) За нивното создавање неопходен е азот. За среќа, овој гас е застапен со околу 78% во атмосферата. Молњите го претвораат азотот во соединенија кои растенијата можат да ги апсорбираат. Б) Растенијата ги користат овие соединенија при создавањето на органски молекули. На тој начин, азот добиваат и животните што ги јадат тие растенија. В) Кога растенијата и животните ќе умрат, бактериите ги разложуваат азотните соединенија, со што азотот повторно се враќа во почвата и во атмосферата и на тој начин се затвора кругот.

Совршен систем за рециклирање!

И покрај сета своја напредна технологија, луѓето секоја година создаваат безброј тони нераспадлив отровен отпад. Сепак, Земјата успева совршено да ги рециклира сите свои отпадни материи со помош на генијални методи на хемиска преработка.

Што мислиш, од каде ѝ е на Земјата нејзиниот систем за рециклирање? „Ако екосистемите на Земјата навистина се должат на случајна еволуција, не би можеле да достигнат такво совршено ниво на хармонија во природата“, вели М. А. Кори, кој пишува на теми од областа на религијата и науката.5 Се согласуваш ли со неговиот заклучок?

Паун

Како ќе одговориш?

  • Дали сметаш дека карактеристиките на Земјата се дело на мудар Творец? Кој од фактите што се изнесени овде најмногу те увери во тоа?

  • Што би рекол на тврдењето дека Земјата не е ништо посебно, туку само едно од местата во вселената на кое имало услови за еволуција?

Риби во корален гребен

Врие од живот

Никој не знае колку видови живи организми постојат на Земјата. Според проценките, има некаде помеѓу 2 и 100 милиони.6 Каде сѐ постои живот на нашата планета и во колкава мера?

Почва: Во само 100 грама почва пронајдени се 10.000 видови бактерии,7 а да не го спомнуваме вкупниот број на микроби. Некои видови се пронајдени и до 3 километри под земја!8

Воздух: Освен птиците, лилјаците и инсектите што летаат во воздухот, атмосферата е исполнета и со полен и други спори, како и со семиња и, на некои места, илјадници видови микроби. Разновидноста на микробите во воздухот „може да се рамни со разновидноста на микробите во почвата“, пишува во списанието Scientific American.9

Вода: Океаните главно остануваат неистражена област бидејќи на научниците честопати им е потребна скапа технологија за да ги проучуваат. Дури и лесно пристапните и добро истражените корални гребени веројатно кријат уште милиони непознати видови живи организми.

Дали сиот овој разновиден жив свет настанал случајно? Мнозина ќе се согласат со поетот кој напишал: „Колку се многубројни твоите дела, Јехова! Сите мудро си ги направил, полна е земјата со твоите творби“a (Псалм 104:24).

Повеќе фламинга во лет

a Во Библијата пишува дека името на Бог е Јехова (Осија 12:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели