ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/09 стр. 6-7
  • Земјините штитови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Земјините штитови
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Жива планета
    Дали животот е Божје дело?
  • Како ќе биде спасена нашата атмосфера
    Разбудете се! 1995
  • Нашата скапоцена атмосфера
    Разбудете се! 1995
  • Кога нашата атмосфера е оштетена
    Разбудете се! 1995
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 2/09 стр. 6-7

Земјините штитови

ВСЕЛЕНАТА е опасно место полно со смртоносна радијација и метеороиди. Сепак, изгледа дека нашата сина планета се движи низ ова „стрелиште“ без никакви последици. Зошто? Поради дејствувањето на два извонредни штита — силното магнетно поле и генијално осмислената атмосфера.

Земјиното магнетно поле извира длабоко од внатрешноста на планетата и дејствува во голем простор надвор од неа, при што формира невидлив штит наречен магнетосфера (десно). Овој штит одбива голем дел од космичката радијација и нѐ брани од штетните влијанија на Сонцето, како што се сончевиот ветар (постојаниот проток на енергетски честици), сончевиот блесок, кој за неколку минути ослободува енергија како неколку милијарди хидрогенски бомби, и короналните исфрлања на материја, при што од површината на Сонцето излетуваат милијарди тони материја. Како резултат на сончевиот блесок и на короналните исфрлања, во горните слоеви од атмосферата над Земјините магнетни полови се создава шарена светлина позната како аврора (десно долу).

Земјината атмосфера исто така има заштитно дејство. Еден од нејзините надворешни слоеви, стратосферата, содржи еден облик на кислород познат како озон, кој апсорбира и до 99 отсто од ултравиолетовото зрачење. Благодарение на оваа озонска обвивка, безброј живи суштества, како на пример, луѓето и планктоните, се заштитени од штетната радијација. Интересно е тоа што количината на озон во стратосферата не е константна, туку се менува во зависност од интензитетот на ултравиолетовото зрачење, така што може да се каже дека озонската обвивка е прилагодлив и ефикасен штит.

Атмосферата нѐ штити и од секојдневниот порој од милиони метеороиди, чија големина се движи од ситни честички до големи карпи. За среќа, повеќето од нив согоруваат во атмосферата, при што оставаат светли траги на небото. Нив ги викаме метеори.

Земјините штитови не ги блокираат топлотните и светлосните зраци од Сонцето, кои се неопходни за живот. Атмосферата ја распределува топлината низ целата Земјина топка, а ноќе служи како ќебе кое не дозволува оваа топлина брзо да се изгуби.

Атмосферата и магнетното поле се вистинско инженерско чудо кое сѐ уште не може целосно да се разбере. Истото може да се каже и за еден друг феномен својствен за нашава планета — изобилството вода во течна агрегатна состојба.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели