ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/09 стр. 8-9
  • Без нив не се може

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Без нив не се може
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Совршен систем за рециклирање!
  • Жива планета
    Дали животот е Божје дело?
  • Творбата — што стои зад неа?
    Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
  • Нашата скапоцена атмосфера
    Разбудете се! 1995
  • Доказ од една уникатна планета
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 2/09 стр. 8-9

Без нив не се може

АКО еден град остане без свеж воздух и без вода, а канализацијата нема каде да истекува, за кратко време би дошло до болести и смрт. А нашата планета функционира како затворен систем — свеж воздух и вода не добиваме од вселената, а ни отпадот не оди на некое друго место. Како е можно биосферата да остане чиста и погодна за живот? Одговорот лежи во четирите природни циклуси: кружниот тек на водата, како и јаглеродниот, кислородниот и азотниот циклус, прикажани и објаснети на овие едноставни дијаграми.

Кружниот тек на водата се состои од три фази: 1. Под дејство на сончевата енергија, водата испарува во атмосферата. 2. При кондензација на оваа пречистена вода, се формираат облаци. 3. Водата од облаците паѓа на земјата како дожд, град, лапавица и снег, со што се враќа онаму од каде што дошла. Колку вода годишно се рециклира на овој начин? Според некои проценки, доволно за сите континенти да се најдат 80 сантиметри под вода.

2

← ◯

↓ 3 ↑

↓ 1 ↑

↓ ↑

→ →

→

Кислородниот и јаглеродниот циклус се состојат од фотосинтеза и дишење.a При фотосинтезата, со помош на сончевата светлина, од јаглерод диоксидот и водата се создаваат јаглехидрати и се испушта кислород. Кога дишат животните и луѓето, се соединуваат јаглехидратите и кислородот, а се ослободува енергија, јаглерод диоксид и вода. Тоа значи дека производите од едниот циклус се суровина за другиот. Притоа нема загадување, а целиот процес функционира ефикасно и бесшумно.

кислород

←

← ←

↓ ↑

↓ ↑

↓ ↑

→ →

→

јаглерод диоксид

Азотниот циклус е неопходен за создавањето на аминокиселини, протеини и други органски молекули. А) Молњите и бактериите го претвораат азотот од атмосферата во соединенија кои растенијата можат да ги искористат. Б) Растенијата, пак, ги претвораат овие соединенија во органски молекули. На тој начин, и тревопасните животни добиваат азот. В) Кога растенијата и животните ќе умрат, една друга група бактерии ги разложува азотните соединенија, со што азотот повторно се враќа во почвата и во атмосферата.

← ← ← ← ← ← ← ← ← ←

↓ ↑

↓ атмосферата на Земјата ↑

↓ се состои од 78% азот ↑

↓ ↑

↓ ↓ органски ↑

↓ А ↓ молекули ↑

↓ бактерии ↓ B ↑ ↓ C ↑

→ азотни соединенија бактерии →

→ → →

Совршен систем за рециклирање!

Размисли за следново: луѓето, со сета своја технологија, секоја година создаваат безброј тони нераспадлив, отровен отпад. Сепак, Земјата успева совршено да ги рециклира сите свои отпадни материи со помош на еден генијален метод на хемиска преработка. „Случајните процеси речиси сигурно не би можеле да ја повторат“ ваквата хармонија во природата, вели М. Е. Кори, кој пишува на теми од областа на религијата и науката.

Библијата со право вели: „Колку се многубројни твоите дела, Јехова! Сите мудро си ги направил, полна е земјата со твоите творби“ (Псалм 104:24). Оваа мудрост му била пренесена на човештвото на еден посебен начин.

[Фуснота]

a Циклусите на различни хемиски елементи понекогаш се комбинираат или се преклопуваат. На пример, кислородот влегува во составот на јаглерод диоксидот, јаглехидратите и водата, што значи дека е вклучен и во јаглеродниот циклус и во кружниот тек на водата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели