ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/09 стр. 4-5
  • Совршена „адреса“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Совршена „адреса“
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Идеална „улица“
  • Совршен сосед
  • Идеален наклон и брзина на ротирање
  • Жива планета
    Дали животот е Божје дело?
  • Како настанал нашиот уникатен сончев систем
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Исклучителната природа на нашето Сонце
    Разбудете се! 2001
  • Нашата прекрасна планета
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 2/09 стр. 4-5

Совршена „адреса“

НАШАТА адреса обично го содржи името на државата, градот и улицата на која живееме. „Државата“ во која е сместена нашата Земја е Млечниот Пат, нејзиниот „град“ е Сончевиот систем, а „улица“ ѝ е нејзината орбита во Сончевиот систем. Благодарение на напредокот во астрономијата и физиката, научниците можеа да увидат дека нашата местоположба во вселената има многу предности.

Како прво, од целиот Млечен Пат, нашиот „град“, т.е. Сончевиот систем, е сместен во единствениот дел во кој има услови за живот. Оваа зона се наоѓа на околу 28.000 светлосни години од центарот на галаксијата. Во неа концентрацијата на хемиски елементи е најидеална за да постои жив свет, за разлика од попериферните делови каде што овие елементи се многу поретки. Да сме поблиску до центарот на галаксијата би биле во премногу опасна „населба“ поради изобилството на потенцијално смртоносна радијација и други фактори. „Имаме најдобра можна местоположба во вселената“, потврдува списанието Scientific American.

Идеална „улица“

Истото може да се каже и за „улицата“, т.е. орбитата на Земјата во нејзиниот „град“, Сончевиот систем. Земјата кружи околу Сонцето на оддалеченост од околу 150 милиони километри — идеално растојание каде што има услови за постоење на жив свет и каде што тој ниту мрзне ниту гори. Освен тоа, патеката на Земјата е речиси кружна, така што цела година сме на приближно иста оддалеченост од Сонцето.

Друга погодност е тоа што самото Сонце е совршен извор на енергија поради неговата стабилност, идеална големина и соодветен степен на зрачење енергија. За него со право се вели дека е „една многу посебна ѕвезда“.

Совршен сосед

Да требаше да ѝ одбереш „прв сосед“ на Земјата, немаше да имаш подобар избор од Месечината. Нејзиниот дијаметар е малку поголем од една четвртина од дијаметарот на Земјата. Нашата месечина е пропорционално многу поголема од другите природни сателити во Сончевиот систем. Меѓутоа, ова не е никаква случајност.

Како прво, Месечината е главната причина за настанување на плимата и осеката, кои се важен фактор во одржувањето на екосистемите на планетата. Освен тоа, таа ја одржува во стабилна положба Земјината оска на вртење. Без својот идеален партнер, Земјата би се клатела како вртимушка! Тоа би довело до катастрофални промени, на пример, во климата, во плимата и осеката и во други фактори.

Идеален наклон и брзина на ротирање

Наклонот на Земјината оска од 23,5 степени овозможува промена на годишните времиња, умерена температура и постоење на климатски појаси. „Се чини дека наклонот на нашата планета ѝ е ‚скроен по мерка‘“, стои во книгата Ретка планета — зошто сложениот живот не е вообичаена појава во вселената (на англиски).

Исто толку „скроена по мерка“ на Земјата е и должината на денот и на ноќта, која произлегува од брзината на нејзиното ротирање. Ако се врти побавно, страната со која е свртена кон Сонцето би станала прежешка, а спротивната страна престудена. Но, и обратно — ако денот во просек трае пократко, можеби само неколку часа, брзото вртење на Земјата околу нејзината оска непрестајно би предизвикувало силни ветрови и други штетни појави.

Секоја карактеристика на нашата планета — нејзината „адреса“, брзината на ротирање, Месечината — дава доказ дека зад сето тоа мора да стои мудар Творец.a Физичарот и еволуционист Пол Дејвис вели: „Дури и научниците кои не веруваат во Бог се одушевени од големината, величественоста, хармонијата, елеганцијата и генијалноста во вселената“.

Дали овие генијални дела настанале случајно или биле намерно создадени? Размисли за ова прашање додека ја читаш следната кратка статија во која се опишани два неверојатни механизми кои го штитат живиот свет на Земјата од опасностите од вселената.

[Фуснота]

a За да постои универзумот како целина, неопходни се четирите фундаментални сили кои дејствуваат врз материјата: гравитацијата, електромагнетизмот, како и силната и слабата нуклеарна сила. Сите тие се прецизно ускладени меѓу себе. (Види го 2. поглавје од книгата Постои ли Творец што се грижи за тебе?, издадена од Јеховините сведоци.)

[Рамка на страница 5]

СЕ ДВИЖИШ ПОБРЗО ОД КУРШУМ!

Додека да ја дочиташ оваа рамка, ќе поминеш неколку илјади километри — и тоа без да сетиш! Еве на кој начин:

Земјата има обем од околу 40.000 километри, и еднаш на секои 24 часа се врти околу својата оска. Тоа значи дека, ако некој стои на Екваторот или во негова близина, би се движел со брзина од околу 1.600 километри на час. (Се разбира, северниот и јужниот пол се вртат во место.)

Исто така, Земјата се движи околу Сонцето со брзина од 30 километри во секунда, а целиот Сончев систем се врти околу центарот на Млечниот Пат со неверојатна брзина од 249 километри во секунда. Чисто за споредба, куршумите обично летаат со брзина од околу 1,5 километар во секунда.

[Извор на слика на страница 4]

Млечен Пат: NASA/JPL/Caltech

[Извор на слика на страница 5]

Земја: Врз основа на NASA/Visible Earth imagery

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели