ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w18 Октомври стр. 3-5
  • 1918 — пред сто години

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1918 — пред сто години
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • СВЕТОТ ЗБОРУВА ЗА МИР
  • ПРОТИВНИЦИТЕ СЕ ПОРАЗЕНИ
  • РЕАКЦИЈА НА КНИГАТА ТАЈНАТА Е РАЗОТКРИЕНА
  • ВО ЗАТВОР!
  • ПРОПОВЕДАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА
  • КОНГРЕСИ
  • ШТО ГИ ЧЕКАЛО?
  • Ослободени од стисокот на лажната религија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • 1920 — пред сто години
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • 1919 — пред сто години
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Јехова го собира и опремува својот народ за дело
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
w18 Октомври стр. 3-5
Исечоци од весници во врска со противењето со кое се соочиле Истражувачите на Библијата

1918 — пред сто години

Првата реченица во Стражарска кула од 1 јануари 1918 гласела: „Што ќе ни донесе 1918 год.?“ Првата светска војна сѐ уште беснеела во Европа, но она што се случувало во почетокот на годината навестило добри времиња и за Истражувачите на Библијата и општо земено за светот.

СВЕТОТ ЗБОРУВА ЗА МИР

На 8 јануари 1918 год., во своето обраќање до Конгресот на САД, претседателот Вудро Вилсон навел 14 работи кои сметал дека се неопходни за да се постигне „праведен договор за стабилен мир“. Тој предложил отворени дипломатски односи меѓу државите, намалување на вооружувањето, како и основање на „меѓународно друштво на народите“ од кое ќе имаат корист и големите и малите земји. Овие „Четиринаесет точки“ подоцна станале темел за основањето на Лигата на народите и за постигнувањето на Версајскиот мировен договор кој го означил крајот на Првата светска војна.

ПРОТИВНИЦИТЕ СЕ ПОРАЗЕНИ

Се чинело дека работите ќе тргнат на подобро и за Истражувачите на Библијата, и покрај превирањата кои во претходната година ги имало меѓу нив.a Ова јасно се гледа од она што се случило на годишниот состанок на корпорацијата Watch Tower Bible and Tract Society.

На овој состанок, кој се одржал на 5 јануари 1918 год., некои браќа кои биле на одговорни положби и кои пред тоа биле отпуштени од Бетел, се обиделе да го преземат раководството над организацијата. Ричард Барбер, еден верен патувачки надгледник, го отворил состанокот со молитва. Откако бил изнесен извештај за изминатата година, се одржал годишниот избор на членови на управниот одбор. Брат Барбер ги предложил Џозеф Ратерфорд и шестмина други браќа. Потоа еден адвокат што застанал на страната на противниците предложил седуммина други, меѓу кои и оние што пред тоа биле отпуштени од Бетел. Но, тие биле надгласани. Најголем дел од членовите на корпорацијата изгласале членови на одборот да бидат брат Ратерфорд и другите шестемина верни браќа.

Многумина од браќата што биле присутни рекле дека во таа прилика го чувствувале Божјиот благослов повеќе отколку на кој и да било друг таков состанок одржан дотогаш. Но, нивната радост траела кратко.

РЕАКЦИЈА НА КНИГАТА ТАЈНАТА Е РАЗОТКРИЕНА

Неколку месеци Истражувачите на Библијата им ја давале на луѓето книгата Тајната е разоткриена. Искрените читатели реагирале позитивно на библиските вистини за кои се зборувало во неа.

Едвард Крист, кој служел како патувачки надгледник во Канада, раскажал за еден брачен пар кој ја прочитал оваа книга и ја прифатил вистината за само пет седмици! Тој рекол: „И мажот и жената веќе му го заветуваа својот живот на Јехова и многу добро напредуваат“.

Еден човек сфаќа дека она што го удрило е книгата Тајната е разоткриена, која подоцна ја прочитал

Еден човек кој ја добил книгата веднаш им кажал на своите пријатели за она што го прочитал. Тој бил „погоден“ од нејзината порака. Овој човек раскажал: „Додека пешачев по Третата Авенија, нешто ме удри по рамото. Помислив дека е некоја цигла но, всушност, тоа беше книгата ’Тајната е разоткриена‘. Ја зедов и дома ја прочитав целата... Подоцна дознав дека еден свештеник ја фрлил од прозорецот во излив на бес. Мислам дека со таа постапка успеа да преобрати повеќе луѓе и да им влее поголема надеж отколку со која и да било друга постапка во животот... Благодарение на гневот на тој свештеник, ние сега го славиме Бог“.

Овој свештеник не бил единствениот што реагирал на ваков начин. На 12 февруари 1918 год., властите во Канада ја забраниле книгата Тајната е разоткриена под изговор дека содржи изјави против војната и дека ги поттикнува граѓаните на нелојалност кон државата. Кратко потоа и властите во САД го направиле истото. Полициски службеници извршиле претрес на Бетелот и на канцелариите во Њујорк (Пенсилванија) и во Калифорнија, за да најдат докази против браќата што ја предводеле организацијата. На 14 март 1918 год., Министерството за правда на САД ја забранило книгата Тајната е разоткриена, тврдејќи дека нејзиното издавање и дистрибуирање ги подрива воените напори и дека со тоа се крши Законот за шпионажа, според кој одбивањето на воена служба се сметало за предавство.

ВО ЗАТВОР!

На 7 мај 1918 год., Министерството за правда набавило налози за апсење на Џовани Дечека, Џорџ Фишер, Александар Мекмилан, Роберт Мартин, Фредерик Робисон, Џозеф Ратерфорд, Вилијам ван Амбур и Клејтон Вудворт. Тие биле обвинети дека „незаконски, подло и намерно ги наведуваат другите да бидат непослушни и нелојални, и да одбиваат да служат во војската и морнарицата на САД“. Нивното судење започнало на 3 јуни 1918 год., но уште од самиот почеток било јасно дека ќе бидат осудени. Зошто?

Врховниот обвинител на САД го нарекол Законот за шпионажа, кои тие наводно го прекршиле, „моќно оружје против ширење пропаганда“. На 16 мај 1918 год., Конгресот не усвоил еден амандман на овој закон кој требало да ги заштити оние што „од оправдани причини и со добри мотиви печателе вистинити информации“. Книгата Тајната е разоткриена била вклучена во голем дел од расправата на Конгресот. Во службените документи на Конгресот на САД пишува: „Книгата со наслов ’Тајната е разоткриена‘ е еден од најопасните примери за ваков вид пропаганда... Таа може само да ги наведе војниците да се посомневаат во нашата кауза... и да се спротивстават на регрутацијата“.

На 20 јуни 1918 год., поротата ги прогласила осумте браќа за виновни по сите обвиненија. Следниот ден судијата ја изрекол казната. Тој рекол: „Верската пропаганда која обвинетите упорно ја застапуваат и ја шират... е далеку поопасна од цела дивизија германски војници... Тие заслужуваат тешка казна“. Две седмици подоцна, овие осум браќа биле ставени во државниот затвор во Атланта (Џорџија) на издржување затворски казни од 10 до 20 години.

ПРОПОВЕДАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА

Во текот на овој период, Истражувачите на Библијата се соочиле со жестоко прогонство. Од темелната истрага што ја спровело Федералното истражно биро (ФБИ) произлегле илјадници извештаи. Овие документи јасно покажуваат дека нашите браќа биле решени да не престанат со проповедањето.

Во едно писмо до ФБИ, управникот на поштата во Орландо (Флорида) напишал: „[Истражувачите на Библијата] одат од куќа до куќа по градовите и тоа најчесто ноќе... По сѐ изгледа, тие се решени по секоја цена да продолжат да проповедаат“.

Еден полковник од воениот оддел на САД, испратил извештај до ФБИ во врска со активностите на Фредерик Франц, кој подоцна служел како член на Водечкото тело. Овој полковник напишал: „Ф. Франц... учествувал во продажбата на околу илјада примероци од книгата ’Тајната е разоткриена‘“.

Чарлс Фекел, кој исто така подоцна служел како член на Водечкото тело, се соочил со сурово прогонство. Властите го уапсиле затоа што ја дистрибуирал книгата Тајната е разоткриена, и ги проверувале писмата што ги добивал и испраќал додека бил во затвор. Тој бил затворен еден месец во Балтимор (Мериленд) и бил означен како „австриски непријател“. Додека давал смело сведоштво пред оние што го испрашувале, се повикал на зборовите на Павле запишани во 1. Коринќаните 9:16: „Тешко мене ако не ја објавувам добрата вест!“b

Освен што ревносно проповедале, Истражувачите на Библијата собирале потписи за да бидат ослободени браќата кои биле затворени во Атланта. Ана Гарднер раскажала: „Постојано бевме зафатени. Откако браќата беа затворени, наша следна задача беше да собираме потписи за петицијата. Одевме од врата до врата и успеавме да собереме илјадници потписи! Им кажувавме на луѓето дека се работи за вистински христијани кои се неправедно затворени“.

КОНГРЕСИ

Во тоа тешко време, често се одржувале конгреси за да можат нашите браќа духовно да се зајакнат. Во Стражарска кула пишувало: „Во текот на годината беа одржани над 40 конгреси... Од сите нив пристигнаа охрабрувачки извештаи. Порано сите конгреси се одржуваа при крајот на летото и во почетокот на есента, но сега има конгреси секој месец“.

Искрените лица сѐ уште ја прифаќале добрата вест. На еден конгрес во Кливленд (Охајо) на кој имало 1.200 присутни, се крстиле 42 лица. Меѓу нив било и едно младо момче кое имало поголемо ценење за Бог и за христијанскиот завет од мнозина возрасни.

ШТО ГИ ЧЕКАЛО?

Додека наближувал крајот на 1918 год., Истражувачите на Библијата не знаеле што ги чека. Дел од имотот во Бруклин бил продаден и седиштето било преместено во Питсбург (Пенсилванија). Иако одговорните браќа што предводеле во делото сѐ уште биле во затвор, редовниот годишен состанок на корпорацијата бил закажан за 4 јануари 1919 год. Што можело да се очекува?

Нашите браќа продолжиле истрајно да го извршуваат делото. Толку биле уверени во добриот исход што за годишен стих за 1919 ги избрале зборовите од Исаија 54:17: „Никакво оружје направено против тебе нема да успее“. Била поставена сцената за драматичен пресврт на настаните — пресврт што им ја зацврстил верата и ги зајакнал за огромното дело што им претстоело.

a Види го делот „Пред еден век — 1917“ во Годишникот на Јеховините сведоци за 2017, стр. 172-176 (срп.).

b Животната приказна на Чарлс Фекел излезе во Стражарска кула од 1 март 1969, на страници 153-156 (англ.).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели