Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 28 февруари 2011 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 јануари до 28 февруари 2011 год.
1. Каква работа организирал Езекија на почетокот од своето царување, и каков пример ни дал со тоа? (2. Лет. 29:16-18) [w09 15/6 стр. 9, пас. 13]
2. Како 2. Летописи 36:21 го потврдува исполнувањето на пророштвото запишано во Еремија 25:8-11? [w06 15/11 стр. 32, пас. 1-4]
3. Како Езра 3:1-6 претставува библиски доказ дека проречените 70 години, кога Ерусалим лежел опустошен, завршиле точно навреме? [w06 15/1 стр. 19, пас. 2]
4. Зошто Езра бил длабоко потресен кога дознал дека Израелците склопувале бракови со другите народи? (Езра 9:1-3) [w06 15/1 стр. 20, пас. 1]
5. Кои биле ‚угледните луѓе‘, и кој неисправен став го покажале? (Неем. 3:5) [w06 1/2 стр. 10, пас. 1; w86 1/2 стр. 14]
6. На кој начин управителот Неемија им оставил одличен пример на христијанските надгледници? (Неем. 5:14-19) [si-SB стр. 90, пас. 16]
7. По примерот на Израелците од времето на Неемија, што можеме да правиме за да не го „занемаруваме домот на својот Бог“? (Неем. 10:32-39) [w98 15/10 стр. 21-22, пас. 12]
8. Додека размислуваме за начинот на кој живеел Неемија, какви прашања би можеле да си поставиме? (Неем. 13:31) [w96 15/9 стр. 17, пас. 3]
9. Дали Естира имала неморални односи со цар Ахасвер? (Ест. 2:14-17) [w91 1/1 стр. 31, пас. 7]
10. Зошто Мардохеј не сакал да му се поклони на Аман? (Ест. 3:2, 4) [w06 1/3 стр. 9]