ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp21 Бр. 1 стр. 3-4
  • Што велат некои за молитвата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што велат некои за молитвата
  • Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Сличен материјал
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Дали има некаква корист од молењето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Како може да ни помогне молитвата
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
wp21 Бр. 1 стр. 3-4
Луѓе од различни делови од светот се молат и бараат водство од Бог.

Што велат некои за молитвата

„Кога се молам имам чувство како Бог да е до мене, како да ме држи за рака и ме води во ситуации кога се чувствувам изгубено“ (МАРИЈА).

„Мојата сопруга почина откако 13 години се бореше со рак. Се сеќавам дека му се молев на Бог секој ден и чувствував дека ме слуша кога му ги кажувам моите маки. Тоа ми носеше голем мир“ (РАУЛ).

„Молитвата е прекрасен дар што Бог им го дал на луѓето“ (АРНЕ).

Марија, Раул, Арне и многу други на молитвата гледаат како на скапоцен дар. Тие сметаат дека молитвата им овозможува да зборуваат со Бог, да му ја покажат својата благодарност и да побараат помош од него. Тие искрено веруваат во она што Библијата го кажува во врска со молитвата: „А во ова се надеваме на Бог: што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша“ (1. Јованово 5:14).

Од друга страна, на многумина им е тешко да веруваат во она што го кажува Библијата за молитвата. Стив раскажува што мислел порано во врска со молитвата: „Кога имав 17 години, еден мој пријател го загуби животот во сообраќајна несреќа, а две мои пријателки се удавија во морето“. Што направил Стив? „Го молев Бог да сфатам зошто се случи тоа, но не добив одговор. Затоа си реков: ’Зошто воопшто да се молам‘“. Многумина сметаат дека не добиле одговор на своите молитви и затоа се прашуваат дали воопшто вреди да се молат.

Има и други причини зошто некои сметаат дека нема потреба да се молат. Некои велат дека, штом Бог знае сѐ, свесен е за нашите потреби и проблемите со кои се соочуваме. Затоа нема потреба да му кажуваме за тоа.

Други, пак, сметаат дека Бог не сака да ги чуе нивните молитви поради грешките што ги направиле во минатото. Џени вели: „Најголема пречка да се молам ми е тоа што се чувствувам безвредно. Имам направено работи за кои се каам. Затоа си велам себеси дека не заслужувам Бог да ги чуе моите молитви“.

Една жена, која се наоѓа во црква, се моли и го вперува погледот угоре, додека другите се молат со наведнати глави.

Што мислиш ти за молитвата? Ако и тебе некогаш те мачеле слични мисли и сомнежи, можеби ќе ти биде полесно ако дознаеш што вели Библијата. Таа содржи точни и веродостојни информации во врска со молитвата,a и во неа можеш да ги најдеш одговорите на следниве прашања:

  • Дали Бог навистина ги слуша молитвите?

  • Зошто не одговара на некои молитви?

  • Како треба да се молиме за Бог да нѐ чуе?

  • Како молитвата ќе ти помогне?

a Во Библијата се запишани молитвите на многу Божји слуги, меѓу кои и молитвите на Исус Христос. Во Хебрејските списи, познати како Стар завет, запишани се преку 150 молитви.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели