ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp21 Бр. 1 стр. 14-15
  • Како ќе ти помогне молитвата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ќе ти помогне молитвата
  • Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Сличен материјал
  • Како може да ни помогне молитвата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како може да ни помогне молитвата
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
wp21 Бр. 1 стр. 14-15

Како ќе ти помогне молитвата

Памела се разболела од рак и побарала лекарска помош. Меѓутоа, го молела и Бог да ѝ даде сила да издржи во таа тешка ситуација. Дали молитвата ѝ помогнала?

Таа вели: „Додека примав терапија, честопати ме обземаше голем страв. Но, кога ќе му се помолев на Јехова Бог, ќе почувствував спокој и паниката ќе исчезнеше. Сѐ уште имам хронична болка, но молитвата ми помага да останам позитивна. Кога некој ќе ме праша како сум, обично велам: ’Не сум баш најдобро, ама сум со ведар дух!‘“.

Се разбира, не треба да чекаме да нѐ снајде нешто сериозно за да почнеме да се молиме. Сите ние се бориме со некакви проблеми, било големи било мали, и потребна ни е помош за да излеземе на крај со нив. Може ли молитвата да ни помогне?

Во Библијата пишува: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи. Никогаш нема да дозволи праведникот да се сопне“ (Псалм 55:22). Колку утешни зборови! Како може да ти помогне молитвата? Кога му се молиш на Бог на исправен начин, тој ќе ти даде сѐ што ти е потребно за да се справиш со проблемите. (Види ја рамката „Што можеш да добиеш преку молитвата“.)

Што можеш да добиеш преку молитвата

Внатрешен мир

Бизнисменот кој претходно ја изгуби работата, чекори исправено и со насмевка на лицето.

„Изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7). Ако му кажеш на Бог што те загрижува, тој ќе ти помогне да останеш смирен и да постапиш мудро кога си под стрес.

Мудрост од Бог

Жената што претходно кажуваше молитви од молитвеник, сега дома ја чита Библијата.

„Ако некому од вас му недостига мудрост, нека бара од Бог, зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување, и ќе му ја даде“ (Јаков 1:5). Кога сме под притисок, понекогаш се случува да донесеме лоша одлука. Ако го молиш Бог за мудрост, тој може да те потсети на многуте корисни начела што се запишани во неговата Реч, Библијата.

Сила и утеха

Брачниот пар што претходно беше во болница, сега се шета во парк. Сопругот грижливо ѝ помага на својата сопруга да користи бастун.

„Сѐ можам со помош на оној што ми дава сила“ (Филипјаните 4:13). Бидејќи е семоќен Бог, Јехова може да ти даде сила да се справиш со проблемите или да истраеш во тешки ситуации (Исаија 40:29). Во Библијата, Јехова уште е наречен и „Богот на секоја утеха“. Тој може да нѐ утеши „во секоја наша неволја“ (2. Коринќаните 1:3, 4).

КАКО И ТЕБЕ ДА ТИ ПОМОГНЕ МОЛИТВАТА?

Јехова не те присилува, туку те повикува да му се молиш затоа што те сака (Еремија 29:11, 12). Но, што ако мислиш дека Бог досега не ти одговорил на молитвите? Не се разочарувај и не се откажувај. Родителите што си ги сакаат децата можеби нема да им помогнат на децата онака како што тие очекуваат или тогаш кога тие очекуваат. Родителите веројатно имаат подобро решение. Но, едно е сигурно: добрите родители им помагаат на своите деца.

Јехова Бог — најдобриот родител — сака да ти помогне и тебе. Ако добро размислиш за библиските начела што ги разгледавме и ако правиш сѐ што е во твоја моќ за да ги примениш, Бог ќе одговори на твоите молитви на најдобриот можен начин! (Псалм 34:15; Матеј 7:7-11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели