ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp22 Бр. 1 стр. 6-7
  • 1 | Биди непристрасен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1 | Биди непристрасен
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиско учење:
  • Што значи ова:
  • Како може ова да ти помогне:
  • Тит — „соработник за вашите интереси“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • 3 | Искорени ја омразата од мислите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Како да се прекине кругот на омразата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
wp22 Бр. 1 стр. 6-7
Еден црнец држи в рака слика со насмеан белец, а еден белец држи слика со насмеан црнец. Во позадина има слики со гневни луѓе.

КАКО ДА СЕ ПРЕКИНЕ КРУГОТ НА ОМРАЗАТА

1 | Биди Непристрасен

Библиско учење:

„Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (ДЕЛА 10:34, 35).

Што значи ова:

Јеховаa Бог не ни суди според нашата националност, раса, боја на кожа или култура. Тој се концентрира на она што е навистина важно — какви сме однатре. Во Библијата пишува дека „човекот го гледа она што го гледаат очите, а Јехова го гледа она што е во срцето“ (1. Самоилова 16:7).

Како може ова да ти помогне:

Ние не можеме да видиме што има некој во срцето, но можеме да се трудиме да го следиме примерот на Бог и да бидеме непристрасни. Труди се да ги гледаш луѓето како поединци, а не како група. Ако забележиш дека имаш негативни чувства кон другите — можеби кон оние од друга раса или националност — моли го Бог да ти помогне да ги искорениш тие чувства (Псалм 139:23, 24). Ако искрено го молиш Јехова да ти дава сила да бидеш непристрасен, биди уверен дека тој ќе те чуе и ќе ти помогне (1. Петрово 3:12).

a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).

„Никогаш порано не сум седел во мир со белец... Сега припаѓам на едно вистинско меѓународно братство“ (ТАЈТУС)

Животно искуство — ТАЈТУС

Го прекинал кругот на омразата

Тајтус.

Тајтус бил член на една насилна банда. Тие биле гневни поради угнетувачките закони за расна сегрегација. Тој вели: „Намерно одевме во хотели и барови во кои црнците не беа добредојдени, само за да предизвикаме тепачки“. Тајтус признава дека го водела омразата и уште додава: „Се карав со секого, машко или женско, и секогаш бев тој што го задава првиот удар“.

Тајтус почнал да се менува кога прифатил да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Тоа што го читал од Библијата имало големо влијание врз него. Особено го допрело ветувањето дека нѐ чека свет во кој „смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:3, 4).

Отпрвин, на Тајтус воопшто не му било лесно да ја искорени омразата од своето срце. „Многу ми беше тешко да го сменам начинот на кој размислував и постапував“, вели тој. Но, му помогнале зборовите од Дела 10:34, 35, каде што пишува дека Бог не е пристрасен.

Кој бил резултатот? Тајтус објаснува: „Се уверив дека Јеховините сведоци ја имаат вистинската религија кога ја видов љубовта што владее меѓу нив, без оглед на нивната раса или боја на кожата. Уште пред да станам Сведок, еден член од собранието кој беше белец ме покани на ручек. За мене тоа беше како сон. Никогаш порано не сум седел во мир со белец, а камоли да ручам во неговиот дом. Сега припаѓам на едно вистинско меѓународно братство“.

Животната приказна на Тајтус може да ја прочиташ во Стражарска кула од 1 август 2009, страници 28-29.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели