Петта книга Мојсеева (Второзаконие)
1 Ова се зборовите* што Мојсеј му ги упати на целиот Израел во пустината, во јорданскиот крај,+ во пустите рамници спроти Суф, меѓу Фаран,+ Тофел, Лаван, Асирот+ и Дизав, 2 на единаесет дена одење од Хорив по патот преку планината Сеир до Кадис-Варни.+ 3 Така, во четириесеттата+ година, во единаесеттиот месец, на првиот ден од тој месец, Мојсеј им се обрати на синовите на Израел и им пренесе сѐ што Јехова му заповеда за нив. 4 Тоа беше откако во Едреј+ ги порази аморејскиот цар Сихон,+ кој живееше во Есевон, и васанскиот цар Ог,+ кој живееше во Астарот.+ 5 Во јорданскиот крај, во моавската земја, Мојсеј почна да го објаснува овој закон+ со зборовите:
6 „Јехова, нашиот Бог, ни рече на Хорив:+ ‚Доста живеевте во овие планини.+ 7 Свртете се и тргнете на пат, па отидете во планинскиот крај на Аморејците+ и кај сите нивни соседи во Араба,+ во планините,+ во Шефела,* во Негев*+ и на морскиот брег,+ во ханаанската земја+ и на Ливан,+ до големата река, реката Еуфрат.+ 8 Еве, пред вас ја ставам оваа земја. Одете и заземете ја земјата за која Јехова им се заколна на вашите татковци Авраам, Исак+ и Јаков+ дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство по нив‘.+
9 И тогаш ви реков: ‚Не можам сам да ве носам.+ 10 Јехова, вашиот Бог, ве намножи и, еве, денес сте многубројни како ѕвездите на небото.+ 11 Јехова, Богот на вашите прататковци, нека ве намножи+ уште илјада пати и нека ве благослови+ како што ви вети.+ 12 Како да ве носам сам вас, тоа бреме и тој товар и вашите расправии?+ 13 Изберете си од своите племиња луѓе мудри, разборити+ и искусни+ за да ви ги поставам за поглавари‘.+ 14 А вие ми одговоривте: ‚Добро е тоа што ни кажа да го направиме‘. 15 Така ги зедов поглаварите од вашите племиња, луѓе мудри и искусни, и ви ги поставив за илјаданачалници, стотници, педесетници, десетници и за управители на вашите племиња.+
16 Тогаш им заповедав на вашите судии: ‚Кога ги сослушувате своите браќа во расправа, судете праведно+ меѓу човек и неговиот брат или дојденецот што е со него.+ 17 Во судењето не бидете пристрасни.+ Сослушувајте го еднакво и малиот и големиот.+ Не плашете се од луѓе,+ бидејќи судот е Божји,+ а спорот што ќе ви биде претежок изнесете го пред мене за да го сослушам‘.+ 18 И така ви заповедав тогаш сѐ што треба да правите.
19 Потоа тргнавме од Хорив и ја поминавме целата онаа голема и застрашувачка пустина+ што ја видовте на патот до планинскиот крај на Аморејците,+ како што Јехова, нашиот Бог, ни заповеда. На крајот стигнавме во Кадис-Варни.+ 20 Тогаш ви реков: ‚Дојдовте во планинскиот крај на Аморејците, кој ни го дава Јехова, нашиот Бог.+ 21 Еве, Јехова, твојот Бог, ти ја предаде таа земја.+ Оди, заземи ја, како што ти рече Јехова, Богот на твоите прататковци.+ Не бој се и не плаши се!‘+
22 Но вие дојдовте кај мене и рековте: ‚Да испратиме пред себе луѓе за да ја извидат земјата и да нѐ известат за патот по кој ќе одиме и за градовите во кои ќе дојдеме‘.+ 23 И тоа беше добро во мои очи, па зедов од вас дванаесет луѓе, по еден од секое племе.+ 24 Тие тргнаа и, откако отидоа во планините,+ дојдоа до долината на Есхол+ и почнаа да го извидуваат тој крај. 25 И зедоа плодови од таа земја+ и ни ги донесоа. И нѐ известија: ‚Добра е земјата што ни ја дава Јехова, нашиот Бог‘.+ 26 Но вие не сакавте да појдете,+ туку се побунивте против наредбата на Јехова, својот Бог.+ 27 И негодувавте во своите шатори: ‚Јехова нѐ мрази+ и затоа нѐ изведе од египетската земја,+ за да нѐ предаде во рацете на Аморејците и тие да нѐ истребат.+ 28 Каде одиме? Нашите браќа ни посеаја страв во срцата+ со зборовите: „Тој народ е поголем од нас и со повисок раст,+ градовите се големи и до небо утврдени,+ а ги видовме таму и синовите на Енак‘ “.+
29 Тогаш ви реков: ‚Не бојте се и не плашете се од нив!+ 30 Јехова, вашиот Бог, оди пред вас. Тој ќе се бори за вас+ онака како што се бореше во Египет пред ваши очи,+ 31 и во пустината,+ каде што виде како Јехова, твојот Бог, те носеше,+ како што човек го носи својот син, по целиот пат по кој одевте додека не дојдовте до ова место‘.+ 32 Но, и покрај сето тоа, вие не му верувавте на Јехова, својот Бог,+ 33 кој одеше пред вас по патот за да ви побара место за логор+ — ноќе во оган, за да го видите патот по кој требаше да одите, а дење во облак.+
34 За сето тоа време Јехова ги слушаше вашите зборови. И затоа се разгневи и се заколна:+ 35 ‚Ниту еден од ова зло поколение нема да ја види добрата земја за која се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци,+ 36 освен Халев, синот на Јефониј.+ Тој ќе ја види, и нему и на неговите синови ќе им ја дадам земјата по која одеше, зашто во потполност го следеше Јехова.+ 37 Поради вас Јехова се разгневи и на мене и ми рече: „Ни ти нема да влезеш во неа!+ 38 Исус, синот на Навин, кој ти служи, ќе влезе во неа“.+ Него го зајакна,+ зашто тој на Израел ќе му ја даде во наследство таа земја. 39 А вашите деца за кои рековте: „Ќе станат плен!“+ — и вашите синови, кои денес не знаат што е добро, а што зло, тие ќе влезат во неа, ним ќе им ја дадам и тие ќе ја заземат. 40 А вие свртете се и тргнете кон пустината по Црвеноморскиот пат‘.+
41 Вие тогаш ми одговоривте: ‚Му згрешивме на Јехова.+ Ќе појдеме горе и ќе се бориме онака како што ни заповеда Јехова, нашиот Бог!‘ И така секој од вас го опаша своето оружје за војна и мислевте дека лесно ќе се искачите на планината.+ 42 Но Јехова ми рече: ‚Кажи им: „Не одете горе и не започнувајте борба, зашто јас не сум меѓу вас,+ за да не ве поразат вашите непријатели“ ‘.+ 43 И јас ви зборував, но вие не слушавте, туку се побунивте+ против наредбите на Јехова и во својата дрскост тргнавте на планината.+ 44 Но ве дочекаа Аморејците што живееја на таа планина, ве гонеа+ како да ве гонат пчели и ве растераа во Сеир, дури до Хорма.+ 45 А потоа се вративте и плачевте пред Јехова, но Јехова не го слушаше вашиот глас+ и не го сврте кон вас увото.+ 46 Така останавте во Кадис многу денови, долго останавте таму.+
2 Потоа свртивме и тргнавме кон пустината по Црвеноморскиот пат, како што ми кажа Јехова,+ и долго време патувавме околу планината Сеир. 2 На крајот, Јехова ми рече: 3 ‚Доста патувавте околу оваа планина.+ Свртете кон север. 4 Вака заповедај му на народот: „Сега ќе поминете покрај границата на своите браќа,+ синовите на Исав,+ кои живеат во Сеир.+ Тие ќе се плашат од вас,+ но вие бидете многу внимателни. 5 Не впуштајте се во борба со нив, зашто нема да ви дадам од нивната земја ни колку што е широко едно стапало, зашто на Исав му ја дадов како посед планината Сеир.+ 6 Јадете ја храната што од нив ќе ја купите за пари, и пијте ја водата што од нив ќе ја купите за пари.+ 7 Зашто, Јехова, твојот Бог, те благослови во секое дело на твоите раце.+ Тој добро знае како патуваше низ оваа голема пустина.* Овие четириесет+ години Јехова, твојот Бог, беше со тебе. Ништо не ти недостасуваше“ ‘.+ 8 Така отидовме откај своите браќа, синовите на Исав,+ кои живеат во Сеир, и од патот што води до Араба,+ од Елат и Есион-Гавер.+
Потоа се свртивме и тргнавме по патот преку моавската пустина.+ 9 И Јехова ми рече: ‚Не вознемирувај ги Моавците и не тргнувај во војна против нив, зашто нема да ти дадам ништо од нивната земја, бидејќи Ар+ им го дадов на синовите на Лот.+ 10 (Порано таму живееја Емимците,+ народ моќен, броен и со висок раст како Енаковците.+ 11 И на Рефаимците+ се гледаше како да се Енаковци,+ а Моавците ги викаа Емимци. 12 Во Сеир порано живееја Хорејците,+ но синовите на Исав+ ги истераа од имотот, ги истребија од пред себе и се населија на нивното место,+ исто како што ќе направи Израел со земјата што му припаѓа, која ќе му ја даде Јехова.) 13 А сега станете и преминете ја долината* на Заред‘. И така ја преминавме долината на Заред.+ 14 Нашето патување од Кадис-Варни до преминувањето на долината на Заред траеше триесет и осум години. Дотогаш во логорот изумре целото поколение од мажи способни за војна, како што им се заколна Јехова.+ 15 А уште и Јеховината рака+ беше на нив и не им даваше мир сѐ додека не изумреа и не исчезнаа од логорот.+
16 А кога изумреа во народот сите мажи способни за војна,+ 17 Јехова ми рече: 18 ‚Денес го преминуваш подрачјето на Моав, односно Ар,+ 19 и ќе им се приближиш на синовите на Амон. Не вознемирувај ги и не тргнувај во војна против нив, зашто нема да ти дадам да поседуваш ништо од земјата на синовите на Амон, бидејќи им ја дадов на синовите на Лот.+ 20 И таа се сметаше за земја на Рефаимците.+ (Порано во неа живееја Рефаимците, а Амонците ги нарекуваа Замзуми. 21 Тоа беше народ моќен, многуброен и со висок раст како Енаковците.+ И Јехова ги истреби+ од пред нив за да можат да ја земат нивната земја и да се населат на нивното место, 22 како што направи и за синовите на Исав, кои живеат во Сеир,+ кога од пред нив ги истреби Хорејците+ за да го земат нивниот посед и да се населат на нивното место каде што живеат до ден-денес. 23 А Авимците,+ кои живееја во местата дури до Газа,+ беа истребени од Кафторците,+ кои дојдоа од Кафтор,+ за да се населат на нивното место.)
24 Станете, тргнете и преминете ја долината на Арнон!+ Еве, ти го давам в раце Сихон,+ царот на Есевон, Амореецот. Почни да ја освојуваш неговата земја, тргни во војна против него! 25 Од денес под целото небо ќе почнам да ширам страв и трепет пред тебе меѓу народите кои ќе чујат глас за тебе, така што ќе се вознемират и, поради тебе, ќе ги обземат болки слични на родилните‘.+
26 Потоа од пустината Кедимот+ испратив гласници кај Сихон,+ царот на Есевон, со мирољубиви зборови:+ 27 ‚Пушти ме да поминам низ твојата земја. Ќе одам само по патот. Нема да скршнувам ни надесно ни налево.+ 28 Ќе ја јадам храната што ќе ми ја продадеш за пари и ќе ја пијам водата што ќе ми ја дадеш за пари. Само пушти ме да поминам пеш,+ 29 како што ме пуштија синовите на Исав што живеат во Сеир+ и Моавците+ што живеат во Ар, додека да поминам преку Јордан во земјата што ни ја дава Јехова, нашиот Бог‘.+ 30 Но Сихон, царот на Есевон, не нѐ пушти да поминеме преку неговата земја, зашто Јехова, твојот Бог, допушти да стане* тврдокорен+ и срцето да му закорави, за да ти го предаде в раце, како што се гледа денес.+
31 Тогаш Јехова ми рече: ‚Еве, почнав да ти ги предавам Сихон и неговата земја. Почни да ја освојуваш неговата земја‘.+ 32 Кога Сихон излезе пред нас, тој и целиот негов народ, за да почне битка кај Јаса,+ 33 Јехова, нашиот Бог, ни го предаде,+ така што ги поразивме него,+ неговите синови и целиот негов народ. 34 Тогаш ги освоивме и ги уништивме* сите негови градови+ и ги убивме мажите, жените и децата. Никого не оставивме жив. 35 Само стоката ја зедовме за себе како плен, заедно со пленот од градовите што ги освоивме.+ 36 Од Ароир,+ кој се наоѓа покрај долината на Арнон, и од градот што е во таа долина, па дури до Галад немаше град чиишто ѕидишта беа превисоки за нас.+ Јехова, нашиот Бог, ни ги предаде сите. 37 Единствено не ѝ се приближивме на земјата на Амоновите синови,+ по должината на целата долина на Јавок,+ ниту се приближивме до градовите на планините, ниту до нешто друго кое Јехова, нашиот Бог, ни го забрани.
3 Потоа се свртивме и отидовме по васанскиот пат. А васанскиот цар Ог+ излезе пред нас, тој и целиот негов народ, за да започне битка кај Едреј.+ 2 А Јехова ми рече: ‚Не плаши се од него,+ зашто во твои раце ќе ги предадам него, целиот негов народ и неговата земја. Направи му го истото што му го направи на аморејскиот цар Сихон,+ кој живееше во Есевон‘. 3 Така Јехова, нашиот Бог, ни го предаде в раце и васанскиот цар Ог со целиот негов народ, и така го напаѓавме што никој од неговите не остана жив.+ 4 Тогаш ги освоивме сите негови градови. Немаше град што не го зазедовме — шеесет градови,+ целиот арговски крај,+ царството на Ог во Васан.+ 5 Сите тие градови беа утврдени со високи ѕидишта, со врати и со резиња. Имаше и мошне многу неутврдени селски населби. 6 Но ние ги уништивме,*+ како што му направивме и на есевонскиот цар Сихон, убивајќи ги* во секој град мажите, жените и децата.+ 7 А сета стока и пленот од градовите ги запленивме за себе.+
8 Така, во тоа време ја зедовме земјата од рацете на двајцата аморејски цареви+ кои беа во јорданскиот крај, од долината на Арнон+ до планината Хермон+ 9 (Сидонците Хермон го нарекуваа Сирион,+ а Аморејците го нарекуваа Сенир),+ 10 сите градови на висорамнината, целиот Галад и целиот Васан дури до Салека+ и Едреј,+ градови во царството на Ог во Васан. 11 Зашто, васанскиот цар Ог беше последниот што преостана од Рефаимците.+ Гледај, неговиот одар е од железо.* Не е ли во Рава,+ градот на Амоновите синови? Долг е девет лакти,* а широк четири лакти, лакти човечки. 12 Тоа е земјата што ја зазедовме во тоа време. Подрачјето од Ароир,+ кое лежи покрај долината на Арнон, и половина од галадските планини со нивните градови им ги дадов на синовите на Рувим и на синовите на Гад.+ 13 Останатиот дел од Галад+ и цел Васан,+ царството на Ог, му го дадов на половината племе на Манасија. Зар не се вика целиот арговски крај,+ односно целиот Васан, земја на Рефаимците?+
14 Јаир,+ синот на Манасија, го зеде целиот арговски крај+ дури до границата со Гесурците+ и Макатците,+ и на освоените васански села им го даде своето име Авот-Јаир,*+ па така се викаат до ден-денес. 15 А на Махир+ му го дадов Галад.+ 16 На племето на Рувим+ и на племето на Гад им ја дадов земјата од Галад+ до долината на Арнон — граница е средината на долината — и до долината на Јавок, која е граница на синовите на Амон,+ 17 и Араба и граничното подрачје на Јордан од Кинерет+ до морето Араба, односно до Соленото Море,+ во подножјето на падините на Фасга+ кон исток.
18 Тогаш ви заповедав: ‚Јехова, вашиот Бог, ви ја даде во сопственост оваа земја. Сите вие, храбри мажи, појдете вооружени пред своите браќа, синовите на Израел.+ 19 Само вашите жени, вашите деца и вашата стока — знам дека имате многу стока — нека останат во вашите градови, кои ви ги дадов,+ 20 додека Јехова да им даде на вашите браќа да си отпочинат како и вие, така што и тие ќе ја заземат земјата која Јехова, вашиот Бог, им ја дава од онаа страна на Јордан. Потоа вратете се секој на својот имот што ви го дадов‘.+
21 Во тоа време му заповедав на Исус Навин:+ ‚Со свои очи виде сѐ што им направи Јехова, вашиот Бог, на оние двајца цареви. Јехова ќе им го направи истото на сите царства во кои ќе дојдеш.+ 22 Не плашете се од нив, зашто Јехова, вашиот Бог се бори за вас‘.+
23 Тогаш го замолив Јехова за милост: 24 ‚Севишен Господару Јехова! Ти почна да му ја покажуваш на својот слуга својата величина+ и својата силна рака.+ Зашто, кој бог на небото или на земјата прави дела какви што се твоите и кој е моќен како тебе?+ 25 Те молам, дозволи ми да преминам онаму и да ја видам онаа добра земја+ преку Јордан, тие прекрасни планини+ и Ливан‘.+ 26 Но Јехова и понатаму се гневеше на мене поради вас+ и не ме услиши. И Јехова ми рече: ‚Доста! Не зборувај ми повеќе за тоа! 27 Качи се на врвот на Фасга+ и погледни кон запад, кон север, кон југ и кон исток, па гледај со очите, зашто преку овој Јордан нема да минеш.+ 28 И постави го+ Исус Навин за водач, охрабри го и зајакни го, зашто тој ќе премине онаму+ на чело на овој народ и тој ќе им ја предаде во наследство земјата што ќе ја видиш‘.+ 29 Така останавме во долината спроти Вет-Фегор.+
4 А сега, Израеле, послушај ги одредбите и законите за кои ве учам за да постапувате според нив, за да живеете+ и да влезете во земјата што ви ја дава Јехова, Богот на вашите прататковци, и да ја заземете. 2 Ништо не додавајте кон речта што ви ја заповедам и ништо не одземајте од неа,+ туку држете ги заповедите на Јехова, својот Бог, кои ви ги давам.
3 Со свои очи видовте што направи Јехова поради Ваал фегорски,+ дека Јехова, твојот Бог, го искорени од твојата средина секој што појде по Ваал фегорски.+ 4 А вие што цврсто се држите+ за Јехова, својот Бог, сите вие сте денес живи. 5 Еве, ве поучив за уредбите+ и за законите,+ како што ми заповеда Јехова, мојот Бог, за да постапувате според нив во земјата во која одите за да ја заземете. 6 Држете ги и постапувајте според нив, зашто така ќе бидете мудри+ и разборити+ во очите на сите народи, кои ќе чујат за сите тие уредби, па ќе речат: ‚Овој голем народ е навистина мудар и разборит народ‘.+ 7 Зашто, кој е тој голем народ+ кому боговите му се толку блиску како што ни е блиску Јехова, нашиот Бог, кога и да го повикаме?+ 8 И кој друг голем народ има праведни уредби и закони како што е целиот овој закон што го изнесувам денес пред вас?+
9 Само чувај се и добро пази ја својата душа+ за да не го заборавиш она што го видоа твоите очи+ и да не ти исчезне тоа од срцето во сите денови на твојот живот.+ И поучувај ги за тоа синовите и внуците,+ 10 за сѐ што се случи во оној ден кога стоеше пред Јехова, својот Бог, на Хорив,+ кога Јехова ми рече: ‚Собери ми го народот! Сакам да ги слушнат моите зборови,+ да научат да се бојат+ од мене во сите денови додека живеат на земјата и да ги поучат за тоа своите синови‘.+
11 Тогаш се приближивте и застанавте во подножјето на планината, а планината гореше во пламен дури до небото. И ја обви мрак, облак и густа темнина.+ 12 И Јехова ви проговори од огнот.+ Ги слушнавте зборовите, но лик+ не видовте — се слушна само глас.+ 13 И ви го објави својот сојуз+ и ви заповеда да го држите — Десетте заповеди,*+ кои потоа ги напиша на две камени плочи.+ 14 А мене Јехова тогаш ми заповеда да ве поучам за уредбите и законите, за да постапувате според нив во земјата во која одите за да ја заземете.+
15 Добро пазете ги своите души+ зашто, во оној ден кога Јехова ви зборуваше од огнот на Хорив, не видовте никаков лик,+ 16 за да не се расипете+ и да си направите режан лик, лик на каков и да е идол, сеедно дали е лик на маж или на жена,+ 17 лик на какво било животно што е на земјата,+ на каква било крилеста птица што лета по небото,+ 18 лик на што и да е што се движи по земјата, лик на каква и да е риба+ што е во водите под земјата 19 и, кога ќе ги подигнеш очите кон небото и ќе ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите, целата војска небесна, да не дозволиш да те заведат, па да им се поклонуваш и да им служиш,+ зашто нив Јехова, твојот Бог, им ги даде на сите народи под целото небо.+ 20 Но вас Јехова ве зеде за да ве изведе од Египет, од таа печка за топење железо,+ за да бидете народ кој е негова сопственост,+ како што сте денес.
21 Но Јехова се разгневи на мене поради вас.+ И Јехова, твојот Бог, се заколна дека нема да преминам преку Јордан и нема да влезам во добрата земја која ти ја дава во наследство.+ 22 Затоа ќе умрам во оваа земја+ и нема да го преминам Јордан, но вие ќе го преминете и ќе ја заземете оваа добра земја. 23 Чувајте се да не го заборавите сојузот што Јехова, вашиот Бог, го склучи со вас+ и да не си направите режан лик во облик на што и да е што ти го забрани Јехова, твојот Бог.+ 24 Зашто, Јехова, твојот Бог, е оган што голта,+ Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.+
25 Ако се случи, кога ќе ти се родат синови и внуци и кога ќе живеете долго во онаа земја, да се расипете+ и да си направите режан лик+ во каков и да е облик и да го направите она што е зло во очите на Јехова, својот Бог,+ и така да го навредите, 26 знајте — за сведоци против вас ги земам денес небото и земјата+ — дека ќе исчезнете брзо од земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете. Нема да живеете долго во неа, зашто ќе бидете истребени.+ 27 И Јехова ќе ве расее меѓу народите.+ Од вас ќе остане мал број+ меѓу народите кај кои ќе ве доведе Јехова. 28 И таму ќе им служите на дрвени и камени богови,+ кое се дело на човечки раце и не можат ни да гледаат, ни да слушаат, ни да јадат, ни да мирисаат.+
29 Ако го побараш таму Јехова, својот Бог, ќе го најдеш+ затоа што ќе го бараш со сето свое срце и со сета своја душа.+ 30 Кога ќе бидеш во неволја и кога, на крајот од тие денови, ќе те снајдат сите овие зборови, тогаш ќе му се вратиш на Јехова, својот Бог,+ и ќе го послушаш неговиот глас.+ 31 Зашто, Јехова, твојот Бог, е милосрден Бог.+ Нема да те остави, нема да те сотре и нема да го заборави сојузот+ со твоите прататковци, за кој им се заколна.
32 А сега, те молам, прашај за поранешните денови+ што беа пред тебе, од денот кога Бог го создаде човекот на земјата,+ прашај од едниот крај на небото до другиот: се случило ли некогаш нешто толку големо, се чуло ли за такво нешто?+ 33 Дали некој народ некогаш го чул Божјиот глас како зборува од оган, како што го слушна ти и остана жив?+ 34 И дали Бог некогаш се обидел да дојде и да си земе за себе народ од некој друг народ со испити,+ со знаци,+ со чуда,+ со војна,+ со силна рака,+ со подигната мишка+ и со големи стравотии,+ како што Јехова, вашиот Бог, го направи сето тоа за вас во Египет пред твои очи? 35 Тебе ти е тоа покажано за да знаеш дека Јехова е вистинскиот Бог,+ нема друг освен него.+ 36 Тој ти дозволи да го слушнеш неговиот глас од небото за да те поучи, ти дозволи да го видиш на земјата неговиот голем оган, и од огнот ги слушна неговите зборови.+
37 И остана жив зашто тој ги сакаше твоите прататковци, па го избра нивното потомство по нив,+ и под своето будно око те изведе од Египет со својата голема сила+ 38 и истера од пред тебе народи поголеми и посилни од тебе за да те доведе во нивната земја и да ти ја предаде во наследство, како што гледаш дека тој веќе почна да го прави ова.+ 39 Затоа, спознај денес и сети се во срцето дека Јехова е вистинскиот Бог горе на небото и долу на земјата.+ Нема друг.+ 40 Држи ги неговите уредби+ и заповеди, кои ти ги давам денес, за да ти биде добро тебе+ и да им биде добро на твоите синови по тебе, и да ги продолжиш своите денови на земјата која ти ја дава Јехова, твојот Бог“.+
41 Тогаш Мојсеј одвои три града источно од Јордан+ 42 за да избега во нив убиецот кој ненамерно ќе го убие својот ближен,+ без да го мразел пред тоа.+ За да остане жив, нека избега во еден од овие градови:+ 43 Везер+ во пустината на висорамнината за племето на Рувим, Рамот+ во Галад за племето на Гад и Голан+ во Васан за племето на Манасија.+
44 Ова е законот+ што го постави Мојсеј пред синовите на Израел. 45 Ова се опомените,+ уредбите+ и законите+ што им ги објави Мојсеј на синовите на Израел кога излегоа од Египет, 46 во јорданскиот крај, во долината спроти Вет-Фегор,+ во земјата на аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон+ и кого Мојсеј и синовите на Израел го поразија кога излегоа од Египет.+ 47 И ја зазедоа неговата земја и земјата на васанскиот цар Ог,+ двајца аморејски цареви кои живееја во пределот источно од Јордан, 48 од Ароир,+ кој се наоѓа покрај долината на Арнон, до планината Сион, односно Хермон,+ 49 и цела Араба+ во јорданскиот крај кон исток дури до морето Араба+ во подножјето на падините на Фасга.+
5 И Мојсеј го свика сиот Израел+ и му рече: „Чуј ги, Израеле, уредбите и законите+ што ви ги објавувам денес за да ги чуете со свои уши! Научете ги и совесно постапувајте според нив.+ 2 Јехова, нашиот Бог, склучи со нас сојуз на Хорив.+ 3 Тој сојуз Јехова не го склучи со нашите прататковци, туку со нас, со сите од нас кои сме денес живи тука. 4 Лице в лице зборуваше Јехова со вас од огнот на планината.+ 5 Јас стоев тогаш меѓу Јехова и вас+ за да ви ја објавам Јеховината реч, зашто се плашевте од огнот и не се качивте на планината.+ И тој рече:
6 ‚Јас сум Јехова, твојот Бог,+ кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството.+ 7 Немој да имаш други богови освен мене.+
8 Немој да правиш режан лик,+ ништо што личи+ на она што е горе на небото или долу на земјата или во водите под земјата. 9 Немој да им се клањаш и немој да им служиш,+ зашто јас, Јехова, сум твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.*+ За престапите на татковците ги казнувам синовите на оние што ме мразат, и до третото и до четвртото колено,+ 10 а му покажувам милост* и на илјадитото колено на оние што ме сакаат и ги држат моите заповеди.+
11 Не споменувај го на недостоен начин името на Јехова, својот Бог,+ зашто Јехова нема да го остави неказнет оној што недостојно го споменува неговото име.+
12 Држи го денот за одмор* и нека ти биде свет, како што ти заповеда Јехова, твојот Бог.+ 13 Шест дена работи и заврши ја сета своја работа.+ 14 А седмиот ден е ден за одмор посветен на Јехова, твојот Бог.+ Немој да работиш никаква работа,+ ни ти, ни син ти, ни ќерка ти, ни твојот роб, ни твојата робинка, ни твојот бик, ни твоето магаре, ни целата твоја стока, ни дојденецот што живее со тебе во твојот град,+ за да се одморат твојот роб и твојата робинка како и ти.+ 15 Сети се дека и ти беше роб во египетската земја+ и дека оттаму те изведе Јехова, твојот Бог, со силна рака и со подигната мишка.+ Затоа Јехова, твојот Бог, ти заповеда да го држиш денот за одмор.+
16 Почитувај ги татка си и мајка си,+ како што ти заповеда Јехова, твојот Бог, за да ти се продолжат деновите и да ти биде добро+ на земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог.
20 Не сведочи лажно против својот ближен!+
21 Не посакувај ја жената на својот ближен!+ Немој себично да копнееш по куќата на својот ближен, ни по неговата нива, ни по неговиот роб, ни по неговата робинка, ни по неговиот бик, ни по неговото магаре, ни по што и да е друго што му припаѓа на твојот ближен‘.+
22 Тие заповеди* ги изговори Јехова со својот силен глас на планината, од огнот,+ од облакот и од густата темнина, пред целата ваша заедница,* и ништо не додаде. Потоа ги напиша на две камени плочи, кои ми ги даде мене.+
23 А кога го слушнавте гласот од темнината, додека планината гореше во пламен,+ ми пристапивте мене, сите поглавари на вашите племиња и вашите старешини. 24 И рековте: ‚Еве, Јехова, нашиот Бог, ни ја покажа својата слава и својата величина, и го чувме неговиот глас од огнот.+ Денес видовме дека човек може да остане жив иако Бог зборува со него.+ 25 А сега, зошто да умреме? Овој голем оган може да нѐ проголта.+ Ако го слушаме и понатаму гласот на Јехова, нашиот Бог, ќе умреме.+ 26 Зашто, кој од сите луѓе го слушнал гласот на живиот Бог+ како зборува од оган, како што го слушнавме ние, и останал жив? 27 Ти појди поблиску и слушај сѐ што ќе ти каже Јехова, нашиот Бог, а потоа пренеси ни го нам сето она што ќе ти го каже тебе Јехова, нашиот Бог,+ а ние ќе го послушаме тоа и ќе постапиме според тоа‘.
28 И Јехова ги чу вашите зборови кога ми зборувавте, и Јехова ми рече: ‚Ги чув зборовите што ти ги кажа тебе овој народ. Добро е сѐ што рекоа.+ 29 Само кога нивните срца би биле секогаш такви, да се бојат од мене+ и да ги држат моите заповеди!+ Тогаш би им било добро и ним и на нивните синови довека.+ 30 Оди и кажи им: „Вратете се во своите шатори!“ 31 А ти остани овде кај мене за да ти ги објавам сите заповеди, уредби и закони за кои ќе ги поучиш+ и според кои ќе постапуваат во земјата што им ја давам да ја заземат‘. 32 А вие совесно постапувајте според она што ви го заповеда Јехова, вашиот Бог.+ Не отстапувајте ни надесно ни налево.+ 33 Во сѐ одете по патот што ви го одреди+ Јехова, вашиот Бог, за да останете живи и да ви биде добро+ и да ги продолжите своите денови во земјата што ќе ја заземете.
6 Ова се заповедите, уредбите и законите што ви ги даде Јехова, вашиот Бог, за да ве поучи,+ па да постапувате според нив во земјата во која одите за да ја заземете, 2 за да се боиш+ од Јехова, својот Бог, во сите денови од својот живот и да ги држиш сите негови одредби и заповеди што ти ги давам, да ги држиш ти и твојот син и твојот внук+ за да ти се продолжат деновите.+ 3 Чуј, Израеле, и совесно постапувај според нив+ за да ти биде добро+ и многу да се намножиш во земјата во која тече мед и млеко, како што ти вети Јехова, Богот на твоите прататковци.+
4 Чуј, Израеле: Јехова, нашиот Бог, е еден Јехова!*+ 5 Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце,+ со сета своја душа+ и со сета своја сила.+ 6 И овие зборови што ти ги заповедам денес нека ти се врежат во срцето.+ 7 Всадувај ги во своите деца*+ и зборувај им за нив кога седиш во својата куќа и кога одиш по пат, кога легнуваш+ и кога стануваш. 8 И врзи си ги на рака како знак+ и нека ти бидат како лента на челото,*+ 9 напиши ги на довратниците од својата куќа и на своите порти.+
10 А кога Јехова, твојот Бог, ќе те доведе во земјата за која им се заколна на твоите прататковци Авраам, Исак и Јаков дека ќе ти ја даде+ — во која има големи и убави градови, кои не си ги градел,+ 11 куќи полни со секакви добра, кои не си ги полнел, ископани бунари,* кои не си ги копал, лозја и маслинарници, кои не си ги садел — и кога ќе се најадеш до ситост,+ 12 внимавај да не го заборавиш+ Јехова, кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството. 13 Бој се од Јехова, својот Бог,+ нему служи му+ и заколнувај се во неговото име.+ 14 Не одете по други богови, по боговите на народите што се околу вас+ — 15 зашто Јехова, твојот Бог, кој е среде тебе, е Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему+ — за да не се разгори против тебе гневот на Јехова, твојот Бог,+ и да не те истреби од лицето на земјата.+
16 Не искушувајте го Јехова, својот Бог,+ како што го искушувавте во Маса.*+ 17 Гледајте да се држите за заповедите на Јехова, својот Бог,+ за неговите опомени+ и за неговите уредби+ што ви ги даде.+ 18 И прави го она што е исправно и добро во очите на Јехова. Тогаш ќе ти биде добро+ и ќе влезеш во добрата земја, која Јехова со заклетва им ја вети на твоите прататковци и ќе ја заземеш.+ 19 Ќе ги истераш од пред себе сите свои непријатели, како што вети Јехова.+
20 Ако еден ден твојот син те праша:+ ‚Какви се тие опомени, уредби и закони што ви ги дал Јехова, нашиот Бог?‘ 21 — тогаш кажи му на син ти: ‚Му бевме робови на фараонот во Египет, но Јехова нѐ изведе од Египет со силна рака.+ 22 И Јехова пред наши очи направи во Египет големи и страшни знаци и чуда+ врз фараонот и врз целиот негов дом.+ 23 А нас нѐ изведе оттаму за да нѐ доведе овде и да ни ја даде земјата која со заклетва им ја вети на нашите прататковци.+ 24 Затоа Јехова ни заповеда да ги држиме сите овие уредби.+ Јехова, нашиот Бог, ни заповеда се боиме од него за да ни биде добро секогаш+ и да останеме живи, како денес.+ 25 И ќе ни се смета за праведност+ ако совесно постапуваме пред Јехова, својот Бог, според сите овие заповеди, како што ни заповеда тој‘.+
7 Кога Јехова, твојот Бог, најпосле ќе те доведе во земјата во која одиш за да ја заземеш,+ пред тебе ќе истера големи народи:+ Хетејците,+ Гергесејците,+ Аморејците,+ Ханаанците,+ Ферезејците,+ Евејците+ и Евусејците,+ седум народи поголеми и помоќни од тебе.+ 2 И Јехова, твојот Бог, ќе ти ги предаде тебе, а ти порази ги+ и убиј ги.*+ Немој да склучуваш сојузи со нив и немој да им се смилуваш.+ 3 Не склучувај бракови со нив. Својата ќерка не давај му ја на нивниот син и нивната ќерка не земај ја за својот син.+ 4 Зашто, ќе го одвратат твојот син од мене, па ќе им служи на други богови.+ И Јехова ќе пламне од гнев против вас и тој брзо ќе те истреби.+
5 Наместо тоа, вака постапете со нив: разурнете ги нивните жртвеници,+ искршете ги нивните обредни столбови,+ испосечете ги+ нивните обредни диреци,*+ а нивните режани ликови изгорете ги во оган.+ 6 Зашто, ти си свет народ пред Јехова, својот Бог.+ Тебе те избра Јехова, твојот Бог, меѓу сите народи што се на лицето на земјата за да бидеш негов народ, негова најмила сопственост.+
7 Јехова не ви покажа наклоност и не ве избра вас+ затоа што бевте најголем од сите народи, зашто вие бевте најмалиот од сите народи.+ 8 Јехова ве избра затоа што ве сакаше+ и за да ја одржи заклетвата со која им се заколна на вашите прататковци.+ Затоа Јехова ве изведе со силна рака+ и ве откупи од куќата на ропството,+ од раката на фараонот, царот на Египет. 9 Затоа знај дека Јехова, твојот Бог, е вистинскиот Бог,+ Бог верен,+ кој го чува сојузот+ и му покажува милост* и на илјадитото колено од оние што го сакаат и ги држат неговите заповеди,+ 10 но им враќа на оние што го мразат и ги сотира.+ Нема да се колеба да им го направи тоа на оние што го мразат, туку ќе им врати. 11 И така, држи ги заповедите, уредбите и законите што ти ги давам денес и постапувај според нив.+
12 Затоа што ги слушате овие закони, ги држите и постапувате според нив,+ Јехова, твојот Бог, ќе го одржи сојузот со тебе+ и ќе биде милостив* кон вас како што им се заколна на твоите прататковци.+ 13 Ќе те сака, ќе те благослови+ и ќе те намножи,+ и ќе го благослови плодот на твојата утроба+ и родот на твојата земја,+ твоето жито, твоето младо вино, твоето масло, младенчињата од твоите крави и младенчињата од сета твоја стока+ во земјата за која им се заколна на твоите прататковци дека ќе ти ја даде.+ 14 И ќе бидеш благословен повеќе од сите други народи.+ Ни меѓу тебе ни меѓу твојата стока нема да има ниту машко ниту женско што не ќе има потомство.+ 15 И Јехова ќе ја отстрани од тебе секоја болест, и нема да пушти врз тебе ниту една од лошите египетски болести за кои знаеш,+ туку ќе ги пушти врз сите оние што те мразат. 16 А ти, погуби ги сите народи што ти ги дава Јехова, твојот Бог.+ Нека не ги жали твоето око.+ Немој да им служиш на нивните богови,+ зашто тоа ќе ти биде замка.+
17 Ако си кажеш во срцето: ‚Овие народи се преголеми за мене. Како ќе ги протерам?‘+ 18 — не плаши се од нив.+ Сети се што им направи Јехова, твојот Бог, на фараонот и на целиот Египет,+ 19 сети се на големите испити што ги видоа твоите очи,+ на знаците, на чудата,+ на силната рака+ и на подигнатата мишка+ со која те изведе Јехова, твојот Бог.+ Така ќе им направи Јехова, твојот Бог, на сите народи од кои се плашиш.+ 20 Освен тоа, Јехова, твојот Бог, ќе пушти врз нив страв за да ги совлада+ додека не изгинат оние што останале+ и се криеле пред тебе. 21 Не плаши се од нив зашто Јехова, твојот Бог, е среде тебе,+ Бог голем, кој влева страв.+
22 И Јехова, твојот Бог, постепено ќе ги истерува од пред тебе тие народи.+ Нема да смееш да ги истребиш одеднаш за да не се намножат дивите животни на твоја штета. 23 Јехова, твојот Бог, ќе ти ги предаде тебе и ќе ги натера да бегаат во голем метеж додека не бидат истребени.+ 24 И ќе ти ги предаде в раце и нивните цареви+ за да го сотреш нивното име под небото.+ Никој не ќе може да се одржи пред тебе+ додека не ги истребиш.+ 25 Режаните ликови на нивните богови изгорете ги во оган.+ Не посакувај го среброто ни златото што е на нив+ и не земај го за себе+ за да не ти биде замка,+ зашто тоа му е одвратно+ на Јехова, твојот Бог. 26 Не внесувај го во својата куќа она што е одвратно за да не бидеш уништен* заедно со него. Нека ти биде крајно одвратно и сосема гадно,+ зашто тоа е нешто што треба да се уништи.*+
8 Совесно држете ги сите заповеди што ви ги давам денес+ за да живеете,+ да се намножите, да влезете во земјата која Јехова со заклетва им ја вети на вашите прататковци, и да ја заземете.+ 2 Сеќавај се на целиот пат по кој Јехова, твојот Бог, те водеше низ пустината во овие четириесет години,+ за да те научи на понизност,+ да те испита+ и така да дознае што има во твоето срце,+ дали ќе ги држиш неговите заповеди или не. 3 Те учеше на понизност, те оставаше гладен+ и те хранеше со мана+ за која не знаевте ни ти ни твоите татковци, за да ти покаже дека човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од Јеховината уста.+ 4 Твојата облека не се изветви на тебе, и нозете не ти отекуваа во овие четириесет години.+ 5 И ти добро знаеш во своето срце дека Јехова, твојот Бог, те укоруваше како што човек го укорува својот син.+
6 Затоа, држи ги заповедите на Јехова, својот Бог, одејќи по неговите патишта+ и плашејќи се од него.+ 7 Зашто, Јехова, твојот Бог, те води во добра земја,+ во земја на потоци,* на извори и на подземни води што извираат во долините+ и во планините, 8 во земја на пченицата, на јачменот, на виновата лоза, на смоквите и на калинките,+ во земја на маслинките, кои даваат масло, и на медот,+ 9 во земја во која нема да јадеш леб во немаштија, во која ништо нема да ти недостасува, во земја во која има железо во камењата и каде што ќе вадиш бакар од планините.
10 Кога ќе се најадеш до ситост,+ благослови го+ Јехова, својот Бог, поради добрата земја што ти ја даде.+ 11 Чувај се да не го заборавиш+ Јехова, својот Бог, и да не ги занемариш неговите заповеди, закони и одредби што ти ги давам денес,+ 12 за да не се случи, кога ќе се најадеш до ситост, кога ќе изградиш убави куќи и ќе се вселиш во нив,+ 13 кога ќе ти се намножи крупната и ситната стока, кога ќе ти се натрупа среброто и златото и ќе се умножи сѐ што е твое, 14 тогаш да се вообрази твоето срце+ и да го заборавиш Јехова, својот Бог, кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството,+ 15 кој те водеше низ големата и застрашувачка пустина,+ во која има змии отровници+ и скорпии и жедна земја без вода; кој ти извади вода од карпа тврда како кремен;+ 16 кој во пустината те хранеше со мана,+ за која не знаеја твоите татковци, за да те научи на понизност+ и да те испита, и на крајот да ти направи добро.+ 17 Немој тогаш да си речеш во срцето: ‚Мојата сила и мојата силна рака го стекнаа ова богатство‘.+ 18 Сети се на Јехова, својот Бог, зашто тој ти дава сила да стекнуваш богатство,+ за да го исполни така својот сојуз за кој им се заколна на твоите прататковци, како што се гледа денес.+
19 Ако го заборавиш Јехова, својот Бог, и ако појдеш по други богови, па почнеш да им служиш и да им се клањаш, денес ве предупредувам дека сигурно ќе пропаднете.+ 20 Како што ќе пропаднат народите кои Јехова ги сотира пред вас, така ќе пропаднете и вие, зашто не го слушавте гласот на Јехова, својот Бог.+
9 Чуј, Израеле! Денес преминуваш преку Јордан+ за да влезеш во таа земја и да освоиш народи помоќни и поголеми од тебе,+ градови големи и до небо утврдени,+ 2 голем народ со висок раст, синови на Енак,+ кои ги знаеш и за кои чу дека се зборува: ‚Кој може да се одржи пред синовите на Енак?‘ 3 И така, знај денес дека Јехова, твојот Бог, оди пред тебе.+ Тој е оган што голта.+ Ќе ги истреби+ и ќе ги покори пред тебе, а ти земи го нивниот имот и брзо погуби ги, како што ти рече Јехова.+
4 Кога Јехова, твојот Бог, ќе ги истерува од пред тебе, немој да си речеш во срцето: ‚Поради мојата праведност, Јехова ме доведе во оваа земја за да ја заземам‘,+ зашто Јехова ги истерува тие народи од пред тебе поради нивната злоба.+ 5 Не одиш да ја заземеш нивната земја поради твојата праведност+ или поради справедливоста на твоето срце,+ туку Јехова, твојот Бог, ги истерува тие народи од пред тебе поради нивната злоба+ и за да го одржи зборот со кој им се заколна на твоите прататковци Авраам,+ Исак+ и Јаков.+ 6 И така, знај дека Јехова, твојот Бог, не ти ја дава оваа добра земја да ја заземеш поради твојата праведност, зашто ти си непокорен* народ.+
7 Запомни и никогаш немој да заборавиш како го предизвикуваше Јехова, својот Бог, во пустината.+ Од денот кога излеговте од египетската земја додека не дојдовте на ова место, се буневте против Јехова.+ 8 И на Хорив го предизвикавте Јеховиниот гнев, па Јехова толку се разгневи на вас што сакаше да ве истреби.+ 9 Кога се качив на планината за да ги добијам камените плочи,+ плочите на сојузот кој Јехова го склучи со вас,+ останав на планината четириесет дена и четириесет ноќи+ — ниту леб јадев ниту вода пиев. 10 И тогаш Јехова Бог ми даде две камени плочи, кои ги испиша со својот прст.+ На нив беа сите зборови што ви ги кажа Јехова од огнот на планината на денот кога се собра вашата заедница.+ 11 По четириесет дена и четириесет ноќи, Јехова ми ги даде двете камени плочи, плочите на сојузот.+ 12 И Јехова ми рече: ‚Стани, брзо слези одовде, зашто твојот народ, кој го изведе од Египет, се расипа.+ Брзо скршна од патот што му го одредив. Си направи леана статуа‘.+ 13 И Јехова уште ми рече: ‚Го набљудував овој народ и гледам дека тоа е непокорен* народ.+ 14 Пушти ме да ги истребам+ и да го избришам нивното име од под небото,+ а од тебе ќе направам народ помоќен и поброен од нив‘.+
15 Потоа се свртив и слегов од планината, додека планината гореше во пламен.+ В раце ги држев двете плочи на сојузот.+ 16 И погледнав и, ете, сте му згрешиле на Јехова, својот Бог! Сте си направиле леано теле.+ Брзо скршнавте од патот што ви го одреди Јехова.+ 17 Тогаш ги грабнав двете плочи, ги фрлив со двете раце и ги распарчив пред ваши очи.+ 18 И паднав ничкум пред Јехова како и првиот пат, и останав пред него четириесет дена и четириесет ноќи. Ни леб јадев ни вода пиев+ поради сите ваши гревови што ги направивте, правејќи зло во очите на Јехова и навредувајќи го.+ 19 Зашто, се плашев од жестокиот гнев со кој Јехова се разгневи на вас, така што сакаше да ве истреби.+ Но Јехова и тогаш ме услиши.+
20 Јехова многу се разгневи и на Арон, така што сакаше да го погуби,+ но јас тогаш се помолив сесрдно+ и за Арон. 21 А вашиот грев, телето што си го бевте направиле,+ го зедов, го изгорев во оган, го искршив и потполно го здробив, така што од него остана само прав, а потоа го фрлив неговиот прав во потокот што течеше од планината.+
22 Вие го предизвикавте+ Јеховиниот гнев и во Тавера,+ во Маса+ и во Киврот-Атава.+ 23 И кога Јехова ве испрати од Кадис-Варни,+ велејќи: ‚Појдете горе и зеземете ја земјата што ви ја давам!‘ — се побунивте против наредбата на Јехова, својот Бог,+ и не му верувавте,+ ниту, пак, го слушавте неговиот глас.+ 24 Се буните против Јехова+ откако ве знам.
25 Затоа паѓав ничкум пред Јехова четириесет дена и четириесет ноќи,+ а тоа го правев затоа што Јехова рече дека ќе ве истреби.+ 26 И почнав сесрдно да му се молам+ на Јехова: ‚Севишен Господару Јехова, немој да го сотреш својот народ, својата сопственост,+ која ја откупи во своето величие и која ја изведе од Египет+ со силна рака.+ 27 Сети се на своите слуги Авраам, Исак и Јаков.+ Не обѕрнувај се на тврдокорноста на овој народ, на неговата злоба и на неговиот грев,+ 28 за да не се зборува во земјата+ од која нѐ изведе: „Јехова не можеше да ги доведе во земјата што им ја вети и ги мрази, па затоа ги изведе за да ги убие во пустината“.+ 29 А тие се сепак твој народ и твоја сопственост,+ и ти ги изведе со голема сила и со подигната рака‘.+
10 Тогаш Јехова ми рече: ‚Изделкај си две камени плочи, исти како првите,+ и качи се кај мене на планината. Направи си и ковчег од дрво.+ 2 На тие плочи ќе ги напишам зборовите што беа на првите плочи, кои ги скрши, и стави ги во ковчегот‘. 3 Така, направив еден ковчег од дрвото акација и изделкав две камени плочи исти како првите,+ па се качив на планината, носејќи ги в раце двете плочи. 4 И Јехова ги напиша на плочите истите зборови како и пред тоа,+ Десетте заповеди,*+ кои ви ги изрече од огнот на планината+ на денот кога беше собрана вашата заедница.+ Потоа Јехова ми ги даде мене. 5 И јас се свртив, слегов од планината+ и ги ставив плочите во ковчегот што го бев направил, за да останат таму, како што ми заповеда Јехова.+
6 А Израеловите синови отидоа од Веерот-Вене-Јакан+ во Мосера. Таму умре Арон и таму беше закопан.+ А Елеазар, неговиот син, почна да служи како свештеник наместо него.+ 7 Оттаму отидоа во Гадгад, а од Гадгад во Јотват,+ земја во која има потоци.
8 Тогаш Јехова го одвои племето на Леви.+ Тоа требаше да го носи ковчегот на Јеховиниот сојуз,+ да стои пред Јехова служејќи му+ и да кажува благослови во негово име, како што прави и денес.+ 9 Затоа Леви нема ни дел ни наследство+ со своите браќа, туку Јехова е неговото наследство. Така и му рече Јехова, твојот Бог.+ 10 А јас останав на планината како и првиот пат, четириесет дена и четириесет ноќи,+ и Јехова и тој пат ме услиши.+ Јехова не сакаше да те истреби.+ 11 И Јехова ми рече: ‚Стани! Поведи го народот на пат за да влезе во земјата за која им се заколнав на неговите прататковци дека ќе му ја дадам, и нека ја заземе‘.+
12 И сега Израеле, што бара од тебе Јехова, твојот Бог,+ освен да се боиш+ од Јехова, својот Бог, да одиш по сите негови патишта,+ да го сакаш+ Јехова, својот Бог, и да му служиш со сето свое срце и со сета своја душа,+ 13 да ги држиш Јеховините заповеди и одредби,+ кои денес ти ги давам за твое добро?+ 14 Еве, на Јехова, твојот Бог, му припаѓа небото+ и небото над небесата, земјата+ и сѐ што е на неа. 15 Но Јехова им беше приврзан само на твоите прататковци и нив ги сакаше, а по нив, од сите народи, ве избра вас, нивното потомство,+ како што се гледа денес. 16 Обрежете го срцето,+ не бидете повеќе непокорни!*+ 17 Зашто, Јехова, вашиот Бог, е Бог над боговите+ и Господар над господарите,+ Бог голем и моќен, влева страв,+ не е пристрасен+ и не прима мито,+ 18 им дава правда на детето без татко и на вдовицата,+ го сака дојденецот+ и му дава храна и облека. 19 Така и вие сакајте го дојденецот,+ зашто и самите бевте дојденци во египетската земја.+
20 Бој се од Јехова, својот Бог.+ Нему служи му,+ за него држи се+ и во неговото име заколнувај се.+ 21 Него треба да го фалиш,+ тој е твојот Бог кој врз тебе ги направи оние големи и застрашувачки дела што ги видоа твоите очи.+ 22 Седумдесет души беа твоите прататковци кога отидоа во Египет,+ а сега Јехова, твојот Бог, ве направи бројни како ѕвездите на небото.+
11 Сакај го Јехова, својот Бог,+ и секогаш извршувај ги сите свои должности кон него, неговите одредби, закони+ и заповеди. 2 И денес знајте го ова: не им се обраќам на вашите синови, кои не ја запознаа и не ја видоа поуката од Јехова,+ вашиот Бог, неговата величина,+ неговата силна рака,+ ниту неговата подигната мишка,+ 3 ниту неговите знаци, ниту неговите чуда што среде Египет+ ги направи врз фараонот, египетскиот цар, и врз целата негова земја, 4 ниту она што ѝ го направи на египетската војска, на неговите коњи и бојни коли, кои ги преплави со водите на Црвеното Море кога ве прогонуваа,+ па Јехова ги сотре сите+ — што се гледа до ден-денес — 5 ниту она што го правеше за вас во пустината додека не дојдовте до ова место, 6 ниту она што им го направи на Датан и на Авирон,+ синовите на Елијав, синот на Рувим, кога земјата ја отвори устата и среде целиот Израел+ ги голтна нив, нивните семејства, нивните шатори и сѐ што тргна по нив. 7 Зашто, вашите очи ги видоа сите дела што ги направи Јехова.+
8 Држете ги сите заповеди+ што ви ги давам денес за да станете силни и да влезете во земјата во која одите за да ја заземете,+ 9 и за да ви се продолжат деновите+ во земјата за која Јехова им се заколна на вашите прататковци дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство,+ земја во која тече мед и млеко.+
10 Зашто, земјата во која одиш за да ја заземеш не е како египетската земја од која излеговте, каде што посеаното семе мораше да го наводнуваш со своја нога* како да е бавча. 11 Земјата во која одите за да ја заземете е земја на планини и долини,+ земја натопувана од небесниот дожд. 12 Тоа е земја за која се грижи Јехова, твојот Бог. Очите+ на Јехова, твојот Бог, се насочени кон неа постојано, од почетокот до крајот на годината.
13 Ако ги слушате моите заповеди+ што ви ги давам денес и ако го сакате Јехова, својот Бог, па му служите со сето свое срце и со сета своја душа,+ 14 ќе ѝ давам на вашата земја дожд во право време,+ дожд есенски и пролетен,+ за да можеш да го собираш своето жито, своето вино* и своето масло. 15 И ќе ти давам трева во полето за твојата стока,+ и ќе јадеш до ситост.+ 16 Чувајте се да не ве измами вашето срце,+ да не застраните и да почнете да обожавате други богови и да им се клањате,+ 17 за да не се разгневи Јехова против вас и да го затвори небото за да нема дожд,+ па земјата да не го дава својот род и вие брзо да исчезнете од добрата земја што ви ја дава Јехова.+
18 Овие мои зборови всадете си ги во срцето+ и во душата, врзете си ги како знак на раката и нека ви бидат како лента на челото.*+ 19 Поучете ги за нив синовите. Зборувај им за нив кога седиш во својата куќа и кога одиш по пат, кога легнуваш и кога стануваш.+ 20 Напиши ги на довратниците од својата куќа и на своите порти,+ 21 за да бидат вашите денови и деновите на вашите синови на земјата, за која им се заколна Јехова на вашите прататковци дека ќе им ја даде,+ исто толку бројни+ колку деновите на небото над земјата.+
22 Зашто, ако ги држите верно сите овие заповеди+ што ви ги давам и ако ги извршувате, ако го сакате Јехова, својот Бог,+ ако одите по сите негови патишта+ и ако се држите за него,+ 23 Јехова ќе ги истера заради вас сите тие народи,+ а вие ќе ги земете имотите на народи кои се поголеми и побројни од вас.+ 24 Секое место на коешто ќе стапне вашата нога ќе биде ваше.+ Од пустината до Ливан, од Реката, реката Еуфрат, до западното море ќе се протега вашата граница.+ 25 Никој не ќе може да се одржи пред вас.+ Јехова, вашиот Бог, ќе шири пред вас страв и трепет по целата земја+ во која ќе стапнете, како што ви вети.
26 Еве, денес ставам пред вас благослов и проклетство:+ 27 благослов, ако ги послушате заповедите на Јехова, својот Бог,+ кои ви ги давам денес, 28 а проклетство,+ ако не ги послушате заповедите на Јехова, својот Бог,+ туку скршнете од патот што ви го одредувам денес, па тргнете по други богови, кои не сте ги познавале.
29 Кога Јехова, твојот Бог, ќе те доведе во земјата во која одиш за да ја заземеш,+ тогаш искажи благослов на планината Гаризим,+ а проклетство на планината Евал.+ 30 Зар тие не се западно од Јордан, во земјата на Ханаанците што живеат во Араба,+ спроти Гилгал,+ покрај големите стебла на Море?+ 31 Еве, ќе преминете преку Јордан за да влезете во земјата, која ви ја дава Јехова, и да ја заземете. Заземете ја и живејте во неа!+ 32 Совесно постапувајте според сите уредби и закони+ што ги изнесувам пред вас денес.+
12 Ова се уредбите+ и законите+ според кои треба совесно да постапувате+ во земјата која Јехова, Богот на твоите прататковци, ти ја дава како посед, во сите денови додека живеете на земјата.+ 2 Уништете ги до темел+ сите места на кои народите што ќе ги истерате им служат на своите богови, на високите планини, на ридовите и под секое зелено дрво.+ 3 Разурнете ги нивните жртвеници+ и искршете ги нивните обредни столбови,+ изгорете ги во оган нивните обредни диреци,+ испосечете ги режаните ликови+ на нивните богови и затрете им ги имињата во тоа место.+
4 Не правете му го на Јехова, својот Бог, истото што му го прават тие,+ 5 туку отидете на местото што ќе го избере Јехова, вашиот Бог, меѓу сите ваши племиња, за да го стави таму своето име и да живее таму, па таму одете.+ 6 Таму носете ги своите жртви паленици+ и другите свои жртви, своите десеттини,+ прилозите на своите раце,+ своите заветни жртви,+ своите доброволни жртви+ и првороденото од својата крупна и ситна стока.+ 7 И јадете го таму пред Јехова, својот Бог,+ и радувајте се на сето она со кое ќе се зафатите,+ вие и вашите домашни, зашто те благословил Јехова, твојот Бог.
8 Не постапувајте во иднина како што постапуваме овде ние денес, секој како што си мисли дека е исправно,+ 9 зашто уште не дојдовте до местото на починката+ и до наследството што ти го дава Јехова, твојот Бог. 10 Но ќе го минете Јордан+ и ќе се населите во земјата која Јехова, вашиот Бог ви ја дава во сопственост.+ Тој ќе ви даде да си отпочинете од сите свои непријатели кои се околу вас и да живеете без страв.+ 11 И на местото+ кое Јехова, вашиот Бог, ќе го избере за таму да престојува неговото име, ќе донесувате сѐ што ќе ви заповедам: своите жртви паленици+ и другите свои жртви, своите десеттини,+ прилозите на своите раце+ и сето она што ќе решите да му го заветувате+ на Јехова како своја заветна жртва. 12 И радувајте се пред Јехова, својот Бог,+ вие и вашите синови и вашите ќерки, вашите робови и вашите робинки и секој Левиев син што живее во вашите градови, зашто тој нема ни дел ни наследство со вас.+ 13 Внимавај да не ги принесуваш своите жртви паленици на кое и да било место што ќе го здогледаш,+ 14 туку само на местото што ќе го избере Јехова во едно од твоите племиња, таму принесувај ги своите жртви паленици и таму прави го сето она што ти го заповедам.+
15 Но, кога и да ти посака душата, можеш да колеш+ и да јадеш месо според благословот што ти го дава Јехова, твојот Бог, во сите твои градови. Од него смее да јаде и оној што е чист и оној што е нечист,+ како да е од газела или од елен.+ 16 Само не смеете да јадете крв.+ Истури ја на земја како вода.+ 17 Во својот град не смееш да ја јадеш десеттината од своето жито,+ ниту десеттината од своето младо вино, ниту десеттината од своето масло, ниту првороденото од својата крупна или ситна стока,+ ниту нешто од своите заветни жртви што ќе ги заветуваш, ниту своите доброволни жртви,+ ниту прилозите на своите раце,+ 18 туку јади го тоа пред Јехова, својот Бог, на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог,+ ти и син ти и ќерка ти, твојот роб и твојата робинка и секој Левиев син што живее во твојот град. И радувај се+ пред Јехова, својот Бог, на сето она со кое ќе се зафатиш. 19 Внимавај да не ги заборавиш Левиевите+ синови сѐ додека си жив на својата земја.
20 Кога Јехова, твојот Бог, ќе ги прошири твоите граници,+ како што ти вети,+ ако кажеш: ‚Сакам да јадам месо‘, зашто твојата душа сака да јаде месо, можеш да го јадеш кога и да ти посака душата.+ 21 Ако е далеку од тебе местото што Јехова, твојот Бог, ќе го избере за да престојува таму неговото име,+ заколи нешто од својата крупна или ситна стока што ти ја дава Јехова, како што ти заповедам, па јади во својот град кога и да ти посака душата.+ 22 Но, јади го тоа само така како што се јаде газела или елен:+ од тоа смее да јаде и оној што е нечист+ и оној што е чист. 23 Само биди цврст во својата одлука да не јадеш крв,+ зашто крвта е душа.+ Не јади ја душата со месото. 24 Не јади ја! Истури ја на земја како вода.+ 25 Не јади ја за да ти биде добро+ и тебе и на твоите синови по тебе, зашто го правиш она што е исправно во Јеховини очи.+ 26 Само своите свети работи+ што ќе ги принесеш и своите заветни жртви+ земи ги и дојди на местото што Јехова ќе го избере.+ 27 И принеси ги своите жртви паленици,+ месото и крвта,+ на жртвеникот на Јехова, твојот Бог. Крвта на твоите жртви нека се пролее на подножјето од жртвеникот на Јехова,+ твојот Бог, а месото смееш да го јадеш.
28 Гледај да ги слушаш сите овие зборови што ти ги заповедам,+ за да ти биде добро+ довека и тебе и на твоите синови по тебе, зашто го правиш она што е добро и исправно во очите на Јехова, својот Бог.+
29 Кога Јехова, твојот Бог, ќе ги истреби од пред тебе народите против кои одиш за да го заземеш нивниот имот,+ тогаш земи го нивниот имот и насели се во нивната земја.+ 30 Чувај се да не се поведеш по нив и да не паднеш во замка+ откако ќе бидат истребени од пред тебе, и да не почнеш да се распрашуваш за нивните богови, велејќи: ‚Како им служеа тие народи на своите богови? И јас ќе го правам истото‘. 31 Не прави му го тоа на Јехова, својот Бог,+ зашто тие им го прават на своите богови сето она кое Јехова го мрази и му е одвратно, дури ги горат во оган своите синови и ќерки за своите богови.+ 32 Совесно држете го секој збор што ви го заповедам.+ Кон тоа ништо не додавајте и не одземајте.+
13 Ако се појави во твојата средина некој пророк+ или човек што сонува+ соништа, ако ти даде некаков знак или предзнак+ 2 и ако се обистини тој знак или предзнак за кој ти зборувал, па ти рече:+ ‚Да тргнеме по други богови, кои не ги познаваш, и ним да им служиме!‘ 3 — не слушај ги зборовите на тој пророк, ниту на човекот што го сонил тој сон,+ зашто Јехова, вашиот Бог, ве испитува+ за да види дали го сакате Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.+ 4 Одете по Јехова, својот Бог, и од него бојте се, држете ги неговите заповеди и слушајте го неговиот глас, служете му нему и приврзете се кон него.+ 5 А оној пророк+ или оној човек што го сонил сонот нека биде погубен,+ зашто поттикнувал на побуна против Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја и ве откупи од куќата на ропството. Сакал да те одврати од патот по кој Јехова, твојот Бог, ти заповеда да одиш.+ Отстрани го злото од својата средина!+
6 Кога би се обидел твојот брат, синот на мајка ти, или твојот син, или твојата ќерка, или твојата мила жена, или твојот другар кого го сакаш како својата душа+ да те наговори во тајност: ‚Ајде да им служиме на други богови‘,+ кои не си ги познавал ниту ти ниту ги познавале твоите прататковци, 7 на боговите на народите што се околу вас, кои се блиску или, пак, далеку од тебе, од едниот крај на земјата до другиот, 8 немој да се согласиш со она што тој го сака и немој да го слушаш.+ Нека не го жали твоето око, немој да го сожалиш+ и немој да го штитиш, 9 туку погуби го.+ Твојата рака прва нека се подигне на него за да го погубиш, а потоа раката на целиот народ.+ 10 Засипи го со камења за да загине,+ зашто сакал да те одврати од Јехова, твојот Бог, кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството.+ 11 И тоа ќе го чуе сиот Израел и страв ќе ги обземе сите, па нема повеќе да прават такво зло во твојата средина.+
12 Ако чуеш дека во некои од твоите градови што ти ги дава Јехова, твојот Бог, за да живееш во нив, се зборува: 13 ‚Од твојата средина излегоа некои никаквеци+ за да ги заведат жителите на својот град,+ велејќи: „Ајде да им служиме на други богови“ кои не ги познавате‘, 14 тогаш испитај го тоа, истражи го и темелно распрашај се за тоа,+ па ако се утврди дека е вистина и дека навистина се случило нешто толку одвратно во твојата средина, 15 погуби ги жителите на тој град со сечилото на мечот.+ Уништи го градот и со сечилото на мечот убиј сѐ* што е во него, заедно со целата негова стока.+ 16 Собери го среде плоштадот сето она што е запленето во него и со оган изгори ги градот+ и сето она што е запленето во него како цела паленица за Јехова, твојот Бог. Од него нека останат засекогаш само урнитини+ и никогаш да не се обнови! 17 Ништо од она што е одредено за уништување* нека не ти се прилепи за раката,+ за да се одврати Јехова од својот распламтен гнев+ и да биде милосрден кон тебе, да ти се смилува+ и да те намножи, како што им се заколна на твоите прататковци.+ 18 Затоа слушај го гласот на Јехова, својот Бог, и држи ги сите негови заповеди+ што ти ги давам денес, за да го правиш она што е исправно во очите на Јехова, својот Бог.+
14 Вие сте синови на Јехова, својот Бог.+ Не сечете се+ по телото и не бричете се+ над очите* за мртовец. 2 Зашто, ти си свет народ+ пред Јехова, својот Бог, и Јехова те избра да бидеш негов народ, негова најмила сопственост+ меѓу сите народи што се на лицето на земјата.
3 Немој да јадеш ништо одвратно.+ 4 Ова се животните што смеете да ги јадете:+ говедото, овцата, козата, 5 еленот, газелата, срнецот,+ дивата коза, антилопата, дивата овца и дивокозата, 6 и сите животни што имаат сосема раздвоени копита и преживаат.+ Нив смеете да ги јадете. 7 Од оние што преживаат или имаат сосема раздвоени копита не смеете да ги јадете само овие: камилата,+ зајакот+ и пештерникот,+ зашто, иако преживаат, немаат раздвоени копита. Нека ви бидат нечисти. 8 Исто така и свињата,+ зашто, иако има раздвоени копита, не прежива. Нека ви биде нечиста. Не јадете го нивното месо и не допирајте ја нивната мрша.+
9 Од сѐ што е во водата смеете да го јадете следново: сѐ што има перки и лушпи смеете да го јадете.+ 10 А сѐ што нема перки и лушпи не смеете да го јадете.+ Тоа нека ви биде нечисто.
11 Секоја чиста птица смеете да ја јадете. 12 Но не смеете да ги јадете овие: орелот, орелот-рибар, темноглавиот мршојадец,+ 13 црвената луња, мрката луња+ и јастребот според нивните видови; 14 сите гаврани+ според нивните видови; 15 нојот,+ бувот, галебот и соколот според нивните видови; 16 утката, ушестиот був,+ лебедот, 17 пеликанот,+ мршојадецот, корморанот, 18 штркот и чапјата според нивните видови, пупунецот и лилјакот.+ 19 Сите крилести суштества што живеат во роеви нека ви бидат нечисти.+ Не треба да се јадат. 20 Секое чисто суштество што лета смеете да го јадете.
21 Не смеете да го јадете она што пцовисало.+ На дојденецот што живее во твојот град смееш да му го дадеш да го јаде или продај му го на некој туѓинец, зашто ти си свет народ пред Јехова, својот Бог.
Не вари го јарето во млеко од неговата мајка.+
22 Одвојувај десеттина од целиот род на своето семе, кој го раѓа твојата нива секоја година.+ 23 И пред Јехова, својот Бог, на местото што ќе го избере тој за таму да престојува неговото име, јади ја десеттината од своето жито,+ од своето младо вино, од своето масло и од својата првородена крупна и ситна стока,+ за да научиш секогаш да се боиш од Јехова, својот Бог.+
24 Ако ти биде патот предолг,+ зашто местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог, за да престојува таму неговото име+ ти е предалеку, па не можеш да го носиш тоа — зашто ќе те благослови Јехова, твојот Бог+ — 25 продај го за пари, па парите врзи ги и земи ги в рака, па отпатувај на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог. 26 И за тие пари купи сѐ што ќе ти посака душата:+ говеда, ситна стока, вино и опоен пијалак+ и сѐ што ти сака душата. И јади таму пред Јехова, својот Бог, и радувај се,+ ти и твојот дом. 27 И не заборавај ги Левиевите синови што живеат во твојот град,+ зашто тие немаат ни дел ни наследство со тебе.+
28 На крајот од третата година изнеси ја целата десеттина од родот во таа година+ и складирај ја во својот град. 29 И нека дојде Левиевиот син+ — зашто нема ни дел ни наследство со тебе — и дојденецот+ и детето без татко и вдовицата,+ кои живеат во твојот град, па нека се најадат до ситост, за да те благослови+ Јехова, твојот Бог, во секое дело+ на твоите раце, кое го вршиш.
15 На крајот од секоја седма година прогласи простување на долговите. 2 А простувањето нека биде на следниов начин:+ секој заемодавец нека му го прости долгот со кој неговиот ближен се задолжил кај него. Нека не врши притисок врз својот ближен или врз својот брат за да му го врати долгот,+ зашто е прогласено простување на долговите во чест на Јехова.+ 3 Од туѓинецот+ смееш да го бараш долгот, но она што ќе се најде твое кај брат ти, нека му го прости твојата рака. 4 А никој кај тебе не треба да биде сиромашен, зашто Јехова ќе те благослови+ во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, да ја заземеш како наследство.+ 5 Јехова, твојот Бог, ќе те благослови само ако го слушаш неговиот глас и ако совесно постапуваш според сите овие заповеди што ти ги давам денес.+ 6 Ќе те благослови Јехова, твојот Бог, како што ти вети, па на многу народи ќе им даваш на заем+ со залог, а самиот нема да земаш на заем. И ќе господариш над многу народи, а тие нема да господарат над тебе.+
7 Ако осиромаши некој од твоите браќа кај тебе во еден од твоите градови, во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, нека не ти закорави срцето и не затворај ја раката за својот сиромашен брат.+ 8 Туку отвори ја раката дарежливо+ и дај му го на заем она што му недостасува, колку и да му треба, и тој нека ти даде залог. 9 Внимавај да не ти се појави во срцето опака мисла,+ па да речеш: ‚Се приближува седмата, прошталната година‘+ — и окото твое да стане скржаво кон твојот сиромашен брат,+ па ништо да не му дадеш. Зашто, тој ќе го повика Јехова и ќе му се пожали од тебе,+ и тоа ќе ти биде грев.+ 10 Дај му,+ и срцето нека не ти биде скржаво кога му даваш, зашто поради тоа Јехова, твојот Бог, ќе те благослови во секое твое дело и во секој твој потфат.+ 11 Зашто сиромаси ќе има секогаш во твојата земја.+ Затоа ти заповедам: ‚Дарежливо отвори ја раката за својот брат што е страдалник и сиромав во твојата земја‘.+
12 Ако ти се продаде тебе твојот брат, Евреин или Еврејка,+ и ти служи шест години, во седмата година пушти го да си оди откај тебе како слободен човек.+ 13 И ако го пуштиш да си оди како слободен човек, немој да го пуштиш со празни раце.+ 14 Дарувај му нешто од својата стока, од своето гумно и од своето гмечало за масло и за вино. Како што те благослови тебе Јехова, твојот Бог, така и ти дај му нему.+ 15 Сети се дека и ти беше роб во египетската земја и дека Јехова, твојот Бог, те откупи.+ Затоа ти го заповедам денес сето ова.
16 Но, ако тој ти рече: ‚Не сакам да си одам откај тебе!‘ — затоа што те сака тебе и твојот дом, зашто му било добро кај тебе,+ 17 земи шило и дупни му го увото на вратата, и нека ти биде роб довека.+ Истото направи го и со робинката. 18 Нека не ти биде тешко кога ќе го пуштиш да си оди слободен откај тебе,+ зашто заслужил двојна наемничка плата+ за шесте години во коишто ти служел, и Јехова, твојот Бог, те благословил во сѐ што си работел.+
19 Секое првородено машко од твојата крупна и ситна стока посвети му го на Јехова, твојот Бог.+ Не врши никаква работа со првородениот бик и не стрижи го првороденото од својата ситна стока.+ 20 Секоја година јадете го пред Јехова, својот Бог, ти и твојот дом на местото што ќе го избере Јехова.+ 21 Ако има некаков недостаток, било да е хромо, било да е слепо, било да има каков и да е друг грд недостаток, не смееш да му го жртвуваш на Јехова, својот Бог.+ 22 Јади го во својот град, а може да јаде и оној што е нечист и оној што е чист,+ како што се јаде газела или елен.+ 23 Само не смееш да ја јадеш неговата крв.+ Излеј ја на земја како вода.+
16 Држи го месецот авив+ и слави ја Пасхата во чест на Јехова, својот Бог,+ зашто во месецот авив, Јехова, твојот Бог, те изведе ноќе од Египет.+ 2 И принеси му ја пасхалната жртва на Јехова, својот Бог,+ од својата ситна и крупна стока,+ на местото што Јехова ќе го избере за да престојува таму неговото име.+ 3 Ништо со квасец немој да јадеш со неа.+ Седум дена јади бесквасен леб, страдалнички леб, бидејќи набрзина излеговте од египетската земја,+ за да се сеќавате во сите денови од својот живот на денот кога излеговте од египетската земја.+ 4 Седум дена нека нема кај тебе потквасено тесто на целото твое подрачје,+ и ништо од месото што ќе го жртвуваш навечер на првиот ден нека не остане преку ноќта до утрото.+ 5 Не смееш да ја принесуваш пасхалната жртва во кој и да е од твоите градови што ти ги дава Јехова, твојот Бог, 6 туку на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог, за таму да престојува неговото име,+ таму принеси ја пасхалната жртва навечер кога ќе зајде сонцето,+ во времето кога излезе од Египет. 7 Зготви ја и изеди ја+ на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог,+ а наутро врати се во своите шатори. 8 Шест дена јади бесквасен леб, а на седмиот ден нека има свечен собир во чест на Јехова, твојот Бог.+ Не работи никаква работа!
9 Изброј седум седмици. Од денот кога српот ќе почне да го жние житото почни да ги броиш седумте седмици.+ 10 Тогаш слави го Празникот на седмиците во чест на Јехова, својот Бог,+ принесувајќи му доброволна жртва од својата рака, како што ќе те благослови Јехова, твојот Бог.+ 11 И радувај се пред Јехова, својот Бог,+ на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог, за таму да престојува неговото име,+ ти, и твојот син, и твојата ќерка, и твојот роб, и твојата робинка, и секој Левиев син што живее во твојот град, и дојденецот,+ и детето без татко+ и вдовицата,+ кои се во твојата средина. 12 Сети се дека беше роб во Египет!+ Држи ги тие уредби и постапувај според нив.+
13 Празникот на сениците+ слави го седум дена откако ќе го собереш родот од своето гумно и од своето гмечало за масло и за вино. 14 И радувајте се на својот празник,+ ти, и син ти, и ќерка ти, и твојот роб, и твојата робинка, и секој Левиев син, и дојденецот, и детето без татко и вдовицата, кои живеат во твојот град. 15 Седум дена слави го празникот+ во чест на Јехова, својот Бог, на местото што ќе го избере Јехова, зашто Јехова, твојот Бог, ќе те благослови+ во сиот твој принос и во секое дело на твоите раце. И биди весел!+
16 Трипати во годината нека дојде секое машко пред Јехова, твојот Бог, на местото што ќе го избере тој:+ на Празникот на бесквасните лебови,+ на Празникот на седмиците+ и на Празникот на сениците.+ Никој да не доаѓа пред Јехова со празни раце.+ 17 Секој нека принесе дар според благословот што му го дава Јехова, твојот Бог.+
18 Постави си судии+ и управители+ во своите градови, кои ти ги дава Јехова, твојот Бог, по твоите племиња, за да му судат на народот со праведни одлуки. 19 Не извртувај ја правдата.+ Не биди пристрасен+ и не примај мито, зашто митото им ги заслепува очите на мудрите+ и ги извртува зборовите на праведните. 20 Оди само по правдата+ за да бидеш жив и да ја заземеш земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог.+
21 Не сади за себе никакво дрво за да ти биде како обреден дирек* близу до жртвеникот што ќе го направиш за Јехова, твојот Бог.+
22 Не поставувај си никаков обреден столб,+ зашто Јехова, твојот Бог, многу го мрази тоа.+
17 Не жртвувај му на Јехова, твојот Бог, грло од крупната или од ситната стока кое има недостаток или некоја друга маана, зашто тоа му е одвратно на Јехова, твојот Бог.+
2 Ако се најде во твојата средина, во еден од твоите градови што ти ги дава Јехова, твојот Бог, маж или жена кои прават нешто што е зло во очите на Јехова, твојот Бог, и го престапуваат неговиот сојуз,+ 3 па почнат да обожаваат други богови и да им се клањаат ним, или на сонцето, или на месечината, или на сета небесна војска,+ нешто што не сум го заповедал,+ 4 и ако ти кажат за тоа и ти дознаеш за тоа и темелно го истражиш, и ете, се покаже дека е вистина+ и дека навистина се случила таа гнасотија во Израел, 5 тогаш изведи ги на градската порта тој маж или таа жена, кои направиле такво зло — сеедно дали е маж или жена — па засипи ги со камења за да загинат.+ 6 На темел на изјавата од двајца или од тројца сведоци+ нека биде погубен оној што заслужува смрт. Не смее да биде погубен на темел на изјавата од еден сведок.+ 7 Сведоците први нека дигнат рака на него за да го погубат, па тогаш нека дигне рака целиот народ.+ Отстрани го злото од својата средина!+
8 Ако ти е нешто претешко да го пресудиш,+ било да станува збор за пролевање крв,+ било за некаква тужба,+ било за насилно дело — спор+ во твојот град — тогаш стани и појди во местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог.+ 9 Отиди кај левитските свештеници+ и кај судијата,+ кои ќе служат во тоа време, па прашај ги нив, а тие ќе ти кажат како да пресудиш.+ 10 И постапи според зборовите што ќе ти ги кажат во она место што ќе го избере Јехова. Совесно постапувај според сето она за кое ќе те поучат. 11 Постапи според законот на кој ќе ти укажат и според пресудата што ќе ја изречат.+ Од зборовите што ќе ти ги кажат не отстапувај ни надесно ни налево.+ 12 Ако некој се однесува дрско и ако не го послуша свештеникот, кој стои таму за да му служи на Јехова, твојот Бог, или судијата,+ тој човек нека биде погубен!+ Отстрани го злото од Израел!+ 13 А целиот народ ќе чуе за тоа и ќе го обземе страв,+ па повеќе никој нема да постапува дрско.
14 Кога најпосле ќе дојдеш во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, кога ќе ја заземеш и ќе се населиш во неа,+ ако кажеш: ‚Ќе поставам над себе цар како што имаат сите околни народи‘,+ 15 тогаш постави го над себе царот што ќе го избере Јехова, твојот Бог.+ За цар над себе постави некој од своите браќа. Не смееш да поставуваш над себе туѓинец, кој не е твој брат. 16 Само нека не држи многу коњи+ и нека не го праќа народот назад во Египет за да му доведат уште повеќе коњи,+ зашто Јехова ви рече: ‚Никогаш повеќе не враќајте се по овој пат!‘ 17 И нека нема многу жени за да не му тргне срцето по крив пат,+ и нека не трупа за себе многу сребро и злато.+ 18 А кога ќе седне на престолот на своето царство, нека си го препише во една книга овој закон што го чуваат левитските свештеници.+
19 И нека го држи кај себе и нека го чита во сите денови на својот живот+ за да научи да се бои од Јехова, својот Бог, да ги држи сите зборови на овој закон и овие уредби и да постапува според нив,+ 20 за да не му се возвиши срцето над неговите браќа+ и за да не отстапи од овие заповеди ни надесно ни налево,+ за да ги продолжи деновите на своето царување+ и за себе и за сите свои синови среде Израел.
18 Свештениците и левитите, целото Левиево племе, да немаат дел ни наследство со Израел.+ Нека ги јадат жртвите палени за Јехова, неговото наследство.+ 2 Значи, Леви нека нема наследство меѓу своите браќа. Јехова е неговото наследство,+ токму како што му рече.
3 А од народот, од оние што принесуваат жртва, било од крупната било од ситната стока, свештениците имаат право да го добијат следново: на свештеникот треба да му се даде плешката, двете вилици и желудникот. 4 Дај му ги и првините од своето жито, од своето младо вино, од своето масло и првината од волната што си ја истрижал од овците.+ 5 Зашто, Јехова, твојот Бог, го избра него од сите твои племиња за да стои секогаш и да служи во Јеховино име, тој и неговите синови.+
6 Ако некој левит си отиде од некој од твоите градови во целиот Израел, во кој живеел некое време,+ и по желба на својата душа дојде во местото што ќе го избере Јехова,+ 7 нека служи во името на Јехова, својот Бог, исто како и сите негови браќа левити, кои стојат таму пред Јехова.+ 8 Нека јаде еднаков дел,+ покрај она што ќе го добие со продавањето на татковиот имот.
9 Кога ќе влезеш во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, не учи се да ги правиш гадостите на оние народи.+ 10 Кај тебе нека не се најде никој што ќе го помине својот син или својата ќерка низ оган,+ ни некој што гата,+ ни некој што се занимава со магија,+ ни некој што пророкува според предзнаци,+ ни маѓепсник,+ 11 ни некој што фрла уроци,+ ни некој што повикува духови,+ ни некој што ја претскажува иднината,+ ни некој што ги прашува мртвите.+ 12 Зашто, секој што прави такво нешто му е одвратен на Јехова, и поради такви гадости Јехова, твојот Бог, ги истерува од пред тебе.+ 13 Биди непорочен* пред Јехова, својот Бог.+
14 Зашто, народите што ќе ги истераш од нивниот имот ги слушаат оние што се занимаваат со магија+ и оние што гатаат,+ но тебе Јехова, твојот Бог, не ти дозволува такво нешто.+ 15 Јехова, твојот Бог, ќе ти подигне од твојата средина, од твоите браќа, таков пророк каков што сум јас. Него слушајте го!+ 16 Тоа и го бараше од Јехова, својот Бог, на Хорив, на денот на собирот,+ кога рече: ‚Да не го слушам повеќе гласот на Јехова, својот Бог, и да не го гледам повеќе овој голем оган за да не загинам‘.+ 17 Тогаш Јехова ми рече: ‚Добро е тоа што го рекоа.+ 18 Ќе им подигнам пророк од нивните браќа, како што си ти.+ И ќе ги ставам своите зборови во неговата уста+ за да им кажува сѐ што ќе му заповедам.+ 19 А оној што нема да ги послуша моите зборови, кои тој ќе ги кажува во мое име, ќе одговара пред мене за тоа.+
20 Но пророкот што ќе се осмели да зборува во мое име за нешто за кое не сум му заповедал да зборува+ или да зборува во името на други богови,+ таквиот пророк да биде погубен.+ 21 А ако си речеш во срцето: „Како ќе го препознаеме зборот што Јехова не го кажал?“+ 22 — тогаш знај: кога пророкот зборува во Јеховино име, а не се случи и не се исполни она што го рекол, тогаш тоа не го кажал Јехова. Тој пророк го кажал тоа од дрскост.+ Не плаши се од него!‘+
19 Кога Јехова, твојот Бог, ќе ги истреби народите+ чија земја ти ја дава Јехова, твојот Бог, и кога ќе ги истераш од нивниот имот и ќе се населиш во нивните градови и во нивните куќи,+ 2 одвој за себе три града среде својата земја, која ти ја дава Јехова, твојот Бог, да ја заземеш.+ 3 Направи си пат и раздели го на три дела подрачјето на својата земја, која ти ја дава Јехова, твојот Бог, за да може таму да побегне секој убиец.+
4 Еден убиец може да побегне таму и да остане жив ако го убие својот ближен ненамерно, без да го мразел пред тоа,+ 5 или ако отиде со својот ближен в шума по дрва, па замавне со секирата в рака за да го пресече дрвото, но железото му се слизне од дрвената дршка+ и го удри неговиот ближен, па тој умре, тогаш нека побегне во еден од тие градови за да остане жив.+ 6 Инаку одмаздникот за крв,+ кој ќе се разгневи во срцето, би можел да го прогонува убиецот и да го стигне — зашто долг е патот — и да го* удри, па овој да умре, иако не заслужува смртна казна+ зашто не го мразел убиениот пред тоа. 7 Затоа, вака ти заповедам: ‚Одвој си три града!‘+
8 А кога Јехова, твојот Бог, ќе го прошири твоето подрачје, како што им се заколна на твоите прататковци,+ и кога ќе ти ја даде целата земја која вети дека ќе им ја даде на твоите прататковци+ — 9 затоа што ќе ги држиш сите овие заповеди што ти ги давам денес и ќе постапуваш според нив, ќе го сакаш Јехова, својот Бог, и ќе одиш по неговите патишта довека+ — тогаш додај кон оние градови уште три града,+ 10 за да не се пролева невина крв+ среде твојата земја, која ти ја дава во наследство Јехова, твојот Бог, и да не бидеш виновен за крв.+
11 Но, ако некој го мрази+ својот ближен, го демне и го нападне, па го* удри, и тој умре,+ ако потоа избега во еден од тие градови, 12 старешините на неговиот град нека испратат луѓе за да го изведат оттаму и да му го предадат в раце на крвниот одмаздник за да биде погубен.+ 13 Нека не го жали твоето око,+ туку отстрани ја вината за невина крв од Израел,+ за да ти биде добро.
14 Не поместувај ги меѓите на својот ближен,+ кои ќе ги одредат твоите татковци како граници на твоето наследство што ќе го наследиш во земјата, која Јехова, твојот Бог, ти ја дава да ја заземеш.
15 Нека не станува еден сведок против некого за каков и да е престап или грев,+ сеедно каков грев направил тој. Секое тврдење нека биде потврдено со изјавата на двајца или тројца сведоци.+ 16 Ако стане некаков лажен сведок против некого за да го обвини дека го престапил законот,+ 17 тогаш тие двајца меѓу кои настанал спорот нека застанат пред Јехова, пред свештениците и пред судиите што ќе служат во тоа време.+ 18 И судиите нека спроведат темелна истрага,+ па ако оној сведок е лажен сведок и ако изнел лажно обвинение против својот брат, 19 направете му така како што тој имал намера да му направи на својот брат.+ Отстрани го злото од својата средина!+ 20 Останатите ќе чујат за тоа и ќе ги обземе страв, па нема повеќе да прават такво зло во твојата средина.+ 21 Нека не го жали твоето око:+ душа за душа, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога.+
20 Ако појдеш во битка против своите непријатели и ако видиш коњи и бојни коли+ и многу луѓе, повеќе од тебе, не плаши се од нив, зашто со тебе е Јехова, твојот Бог,+ кој те изведе од египетската земја.+ 2 Пред битката, свештеникот нека му пристапи на народот и нека му зборува.+ 3 И нека му каже: ‚Чуј Израеле! Денес одите во битка против своите непријатели. Нека не се плаши вашето срце!+ Не плашете се, не бегајте избезумено и не треперете пред нив,+ 4 зашто Јехова, вашиот Бог, оди со вас да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси‘.+
5 И управителите+ нека му се обратат на народот и нека речат: ‚Има ли некој што изградил нова куќа, а не го прославил вселувањето во неа? Нека си оди и нека се врати во својата куќа за да не загине во битката, па некој друг да го слави вселувањето во неа.+ 6 Има ли некој што засадил лозје, а сѐ уште не го брал? Нека си оди и нека се врати во својата куќа за да не загине во битката, па некој друг да го бере.+ 7 Има ли некој што се свршил со некоја девојка, а сѐ уште не ја зел кај себе? Нека си оди и нека се врати во својата куќа+ за да не загине во битката, па некој друг да ја земе‘. 8 Управителите нека му го кажат на народот уште ова: ‚Има ли некој што се плаши и има плашливо срце?+ Нека си оди и нека се врати во својата куќа за да не посее страв во срцата на своите браќа, па и тие да се плашат како него‘.+ 9 Кога ќе му го кажат ова на народот, управителите нека постават воени заповедници на чело на народот.
10 Ако се приближиш кон некој град за да го нападнеш, најнапред понуди му мир.+ 11 Ако го прифати мирот и ти ја отвори својата порта, целиот народ што ќе се најде во него нека ти врши ропска работа и нека ти служи.+ 12 Но, ако не склучи мир со тебе,+ туку завојува со тебе и ти мораш да го опсадиш, 13 кога Јехова, твојот Бог, ќе ти го предаде в раце, убиј го во него секое машко со сечилото на мечот.+ 14 А жените, децата,+ стоката+ и сѐ што ќе се најде во градот, целиот плен од него земи го за себе.+ И јади го пленот од своите непријатели, кои ти ги дава Јехова, твојот Бог.+
15 Така направи им на сите градови што се многу далеку од тебе и не им припаѓаат на градовите на овие народи. 16 Само во градовите на овие народи што Јехова, твојот Бог, ти ги дава во наследство не оставај живо ништо што диши,+ 17 зашто мораш да ги уништиш:* Хетејците и Аморејците, Ханаанците и Ферезејците, Евејците и Евусејците,+ како што ти заповеда Јехова, твојот Бог, 18 за да не ве научат да ги правите сите тие гадости што им ги прават на своите богови и да не му згрешите на Јехова, својот Бог.+
19 Ако опсадуваш некој град многу денови, борејќи се да го освоиш, не уништувај ги дрвјата околу него сечејќи ги со секира, зашто можеш да јадеш од нивниот род, па затоа немој да ги соборуваш.+ Зар е дрвото во полето човек за да го опсадиш? 20 Само дрвото за кое знаеш дека не дава плодови за јадење можеш да го собориш. Исечи го и направи справи за опсадување+ на градот што завојувал со тебе додека не падне.
21 Ако во земјата што Јехова, твојот Бог, ти ја дава да ја зеземеш, се најде убиен човек како лежи во полето, а не се знае кој го убил,+ 2 твоите старешини и твоите судии+ нека излезат и нека измерат колку се оддалечени градовите што се околу убиениот 3 за да се утврди кој град е најблизу до убиениот. И старешините од тој град нека земат јуница од стадото со која уште не се работело, која уште не влечела јарем. 4 И потоа старешините од тој град нека ја одведат јуницата во речната долина* кога има вода во неа, на место што не се обработува и на кое не се сее, и таму, во долината, нека ѝ го скршат вратот на јуницата.+
5 И нека пристапат свештениците, синовите на Леви, зашто нив ги избра Јехова, твојот Бог, да му служат.+ Јехова ги избра за да кажуваат благослов+ во негово име, и според нивниот збор да се решава секој спор до кој дошло поради какво и да е насилно дело.+ 6 Потоа сите старешини од оној град што е најблиску до убиениот нека си ги измијат рацете+ над јуницата на која ѝ е скршен вратот во долината 7 и нека изјават: ‚Нашите раце не ја пролеале оваа крв и нашите очи ништо не виделе.+ 8 Јехова, не припишувај му го тоа на својот народ Израел, кој го откупи,+ и не дозволувај вината за невина крв+ да биде на твојот народ Израел‘. Така нема да им биде припишана вина за крв. 9 А ти ќе ја отстраниш вината за невина крв од својата средина,+ кога ќе го направиш она што е исправно во Јеховини очи.+
10 Ако излезеш во битка против своите непријатели и Јехова, твојот Бог, ти ги предаде в раце,+ па ги заробиш,+ 11 и ако здогледаш убава жена меѓу заробениците и ако таа ти се допадне,+ па си ја земеш за жена, 12 доведи ја во својата куќа. Нека ја избричи главата+ и нека ги исече ноктите, 13 и нека ја соблече облеката во која е заробена и нека живее во твојата куќа оплакувајќи ги својот татко и својата мајка еден месец.*+ Потоа легни со неа и биди ѝ маж, а таа нека ти биде жена. 14 Ако не ти биде по волја, пушти ја да оди+ кај што ќе ѝ посака душата, но не смееш да ја продадеш за пари. Не смееш да постапуваш со неа свирепо+ зашто си ја осрамотил.
15 Ако некој има две жени, и едната ја сака повеќе, а другата помалку,* па двете, и онаа што ја сака повеќе и онаа што ја сака помалку, му родат синови, но првородениот син му е од онаа што ја сака помалку,+ 16 кога ќе дојде денот да им го раздели во наследство она што го има, не смее да го направи првороден синот на онаа што ја сака повеќе на штета на синот на онаа што ја сака помалку, а кој е првороден,+ 17 туку мора да го признае за првороден синот на онаа што ја сака помалку и да му даде двоен дел од сѐ што има,+ зашто тој му е првиот син.+ Нему му припаѓа правото на првородство.+
18 Ако некој има син тврдокорен и бунтовен,+ кој не го слуша гласот на татка си, ниту гласот на мајка си,+ и кого тие го укоруваат, а тој пак не ги слуша,+ 19 татко му и мајка му нека го земат и нека го изведат пред старешините во неговиот град, на портата од неговото место,+ 20 па нека им кажат на старешините во неговиот град: ‚Овој наш син е тврдокорен и бунтовен. Не го слуша нашиот глас,+ изедник+ е и пијаница‘.+ 21 Тогаш сите луѓе од неговиот град нека го засипат со камења за да загине. Така отстранете го злото од својата средина! Тоа ќе го чуе целиот Израел и ќе го обземе страв.+
22 Ако некој направи грев што заслужува смртна казна, па биде погубен+ и обесен на столб,+ 23 неговото мртво тело нека не остане на столбот преку ноќта,+ туку закопај го во истиот ден, зашто е проклет пред Бог оној што е обесен.+ Не валкај ја својата земја, која ти ја дава во наследство Јехова, твојот Бог.+
22 Ако видиш дека скита некое говедо или некоја овца на твојот брат, немој само да поминеш покрај нив.+ Одведи ги назад кај својот брат.+ 2 Ако не е близу и ако не го познаваш твојот брат, одведи ги кај тебе дома, и нека бидат кај тебе додека твојот брат не ги побара. Тогаш врати му ги.+ 3 Така направи и со неговото магаре, и со неговата наметка и со секоја изгубена работа на својот брат, која тој ќе ја изгуби, а ти ќе ја најдеш. Не смееш само да поминеш покрај нив.
4 Ако видиш дека магарето на твојот брат или неговото говедо паднало на патот, немој само да поминеш покрај нив. Помогни му да ги подигне.+
5 Жена не смее да носи машка облека и маж не смее да носи женска облека,+ зашто секој што прави такво нешто му е одвратен на Јехова, твојот Бог.
6 Ако патем наидеш на птичје гнездо со пилиња+ или со јајца, на дрво или на земја, и мајката лежи на пилињата или на јајцата, не смееш да ја земеш мајката со пилињата.+ 7 Мајката пушти ја да одлета, а пилињата можеш да ги земеш, за да ти биде добро и да ги продолжиш своите денови.+
8 Ако изградиш нова куќа, направи и ограда на покривот+ за да не навлечеш вина за крв на својата куќа ако некој падне од неа.
9 Не сеј два вида семе+ во своето лозје, за да не ти биде одземен целиот род од семето што ќе го посееш и родот од лозјето и да бидат предадени во светилиштето.
10 Не орај со бик и со магаре во ист јарем.+
11 Не носи ткаенина исткаена и од волна и од лен.+
12 Направи си реси подврзани во снопчиња на четирите краишта на наметката со која се наметнуваш.+
13 Ако некој човек земе жена и легне со неа, но потоа ја замрази+ 14 и ја обвини за срамни дела, па пушти лош глас за неа,+ велејќи: ‚Ја зедов оваа жена, но кога легнав со неа, не најдов доказ дека е девица‘,+ 15 тогаш таткото на девојката и нејзината мајка нека го земат доказот за нејзината девственост и нека го донесат на портата пред градските старешини.+ 16 И таткото на девојката нека им рече на старешините: ‚На овој човек му ја дадов својата ќерка за жена, а тој ја замрази.+ 17 И еве, сега ја обвинува за срамни дела,+ велејќи: „Не најдов доказ на твојата ќерка дека е девица“.+ Но еве го доказот за девственоста на мојата ќерка!‘ И нека ја рашират наметката пред градските старешини. 18 А старешините+ на тој град нека го земат мажот и нека го казнат.+ 19 Нека им плати казна од сто сикли* сребро, а тие нека му ги дадат на таткото на девојката, зашто пуштил лош глас за една девица во Израел,+ а таа нека му остане жена. Не смее да се разведе од неа додека е жив.
20 Но, ако излезе дека обвинението е вистинито, дека не се нашол доказ за девственоста на девојката,+ 21 нека ја изведат девојката на вратата од куќата на нејзиниот татко и луѓето од нејзиниот град нека ја засипат со камења за да загине, зашто направила срамотно и безумно дело+ во Израел, оддавајќи се на блуд во куќата на својот татко.+ Така отстрани го злото од својата средина!+
22 Ако некој биде затечен како лежи со жена што му припаѓа на друг човек,*+ двајцата да бидат погубени, и мажот што лежел со жената и жената.+ Така отстрани го злото од Израел!+
23 Ако некој човек во градот наиде на девица свршена за некого+ и легне со неа,+ 24 двајцата изведете ги на портата од тој град и засипете ги со камења за да загинат — девојката затоа што не викала во градот, а мажот затоа што ја осрамотил жената на својот ближен.+ Така отстрани го злото од својата средина!+
25 Но, ако некој човек наиде на свршена девојка во полето, па ја фати и легне со неа, нека биде погубен само тој човек што легнал со неа, 26 а на девојката не прави ѝ ништо. Девојката не направила грев што заслужува смрт, зашто тоа е исто како кога некој ќе го нападне својот ближен и ќе го* убие.+ 27 Зашто, наишол на неа во полето. Свршената девојка викала, но немало кој да ѝ притрча на помош.
28 Ако некој човек наиде на девојка, на девица која не е свршена, па ја фати и легне со неа,+ и ги затечат,+ 29 човекот што легнал со неа нека му даде на таткото на девојката педесет сикли сребро,+ а нејзе нека ја земе за жена, зашто ја осрамотил. Не смее да се разведе од неа додека е жив.+
30 Никој не смее да ја земе жената на својот татко за да не го открие скутот на својот татко.+
23 Ниту еден човек+ кој е осакатен така што му се здробени семениците+ или му е отсечен половиот орган, не смее да биде примен во Јеховината заедница.
2 Во Јеховината заедница не смее да биде примен ниту некој незаконски+ син. Никој од неговите не смее да биде примен во Јеховината заедница дури ни до десеттото колено.
3 Ниту Амонец ниту Моавец не смее да биде примен во Јеховината заедница.+ Никој од нивните не смее да биде примен во Јеховината заедница ни до десеттото колено, довека, 4 зашто не ви дојдоа на помош+ со леб и со вода кога бевте на пат, откако излеговте од Египет,+ и затоа што го најмија против тебе Валаам, синот на Веор, од Петор во Месопотамија,* за да те проколне.+ 5 Но Јехова, твојот Бог, не сакаше да го послуша Валаам,+ туку Јехова, твојот Бог, за тебе го претвори проклетството во благослов,+ зашто Јехова, твојот Бог, те сакаше.+ 6 Не придонесувај за нивниот мир, ниту за нивната благосостојба во сите свои денови довека.+
7 Не гнаси се од Едомец, зашто тој ти е брат.+
Не гнаси се од Египќанец, зашто беше дојденец во неговата земја.+ 8 Синовите што ќе им се родат во третото колено смеат да бидат примени во Јеховината заедница.
9 Ако појдеш со војска против своите непријатели, чувај се од секое зло.+ 10 Ако некој меѓу вас стане нечист поради ноќен излив,+ нека излезе од логорот. Не смее да влезе во логорот.+ 11 А приквечер, нека се измие со вода, па по заоѓањето на сонцето може да влезе во логорот.+ 12 Имај скришно место надвор од логорот, место каде што ќе вршиш нужда. 13 Во својата опрема имај и лопатка, па кога ќе излезеш да вршиш нужда, со неа ископај дупка, па сврти се и покриј го својот измет.+ 14 Зашто, Јехова, твојот Бог, оди среде твојот логор за да те избави+ и да ти ги предаде твоите непријатели.+ Затоа, твојот логор нека биде свет,+ за да не се најде кај тебе ништо недолично, и тој да не се одврати од тебе.+
15 Не предавај го робот на неговиот господар кога ќе пребега кај тебе откај својот господар.+ 16 Нека остане со тебе во кое и да е место што ќе го избере во еден од твоите градови,+ таму каде што сака. Не постапувај лошо со него.+
17 Храмска блудница+ да нема меѓу Израеловите ќерки и храмски блудник*+ да нема меѓу Израеловите синови. 18 Не донесувај блудничка плата+ ниту цена од пес*+ во домот на Јехова, својот Бог, за никаков завет, зашто двете му се одвратни на Јехова, твојот Бог.
19 Не барај камата+ од својот брат: ни камата за пари, ни камата за храна,+ ни камата за што и да е друго за кое се бара камата. 20 Од туѓинец+ смееш да бараш камата, но од својот брат не смееш да бараш камата+ за да те благослови Јехова, твојот Бог, во сето она со кое ќе се зафатиш во земјата во која одиш за да ја заземеш.+
21 Ако му заветуваш некаков завет на Јехова,+ својот Бог, не одолговлекувај со исполнувањето,+ зашто Јехова, твојот Бог, ќе бара од тебе да го исполниш. Ако не го исполниш, тоа ќе ти биде грев.+ 22 А ако не се заветуваш, тоа нема да ти биде грев.+ 23 Изврши го она што ќе ти мине преку усните+ и направи сѐ што си му заветувал на Јехова, својот Бог, како доброволна жртва што си ја кажал со своите усни.+
24 Ако влезеш во лозјето на својот ближен, јади грозје додека не се насити твојата душа, но не ставај ништо во својот сад.+
25 Ако влезеш во неожнеаното жито на својот ближен, со рака смееш да кинеш класје, но немој да замавнеш со срп во житото на својот ближен.+
24 Ако некој човек земе жена и ако се ожени за неа, па се случи таа да не му биде по волја зашто нашол на неа нешто недолично,+ нека ѝ напише потврда за развод,+ нека ѝ ја предаде в раце и нека ја испрати од својата куќа.+ 2 А таа нека излезе од неговата куќа, па нека отиде и нека се омажи за друг.+ 3 Ако ја замрази и другиот, па ако и тој ѝ напише потврда за развод, ѝ ја предаде в раце и ја отпушти од својата куќа, или ако умре вториот маж што ја зел за жена, 4 првиот на кој му припаѓала* и кој ја напуштил не смее да ја земе за жена повторно откако била осквернета,+ зашто тоа е одвратно пред Јехова. Не дозволувај да се прави грев во земјата што ти ја дава во наследство Јехова, твојот Бог.
5 Ако некој се оженил неодамна,+ не треба да оди во војска, и нека не му се наметнува никаква друга обврска. Една година нека биде слободен да седи дома и нека ја развеселува жената што ја зел.+
6 Никој нека не зема во залог рачна мелница, ниту горниот камен од неа,+ зашто така би го зел во залог самиот живот.*
7 Ако се утврди дека некој грабнал+ човек* меѓу своите браќа, синовите на Израел, и дека постапувал тирански со него и го продал,+ тој грабнувач нека биде погубен. Отстрани го злото од својата средина!+
8 Ако се појави лепра,+ внимателно погрижи се да се држиш точно за сето она за кое ќе ве поучат левитските свештеници+ и да постапуваш така. Совесно постапувајте според она што им го заповедав.+ 9 Сети се што ѝ направи Јехова, твојот Бог, на Маријам по патот кога бевте излегле од Египет.+
10 Ако му дадеш некаков заем на својот ближен,+ не влегувај во неговата куќа за да го земеш она што тој го дал во залог.+ 11 Стој надвор, а оној на кого си му дал заем нека ти го изнесе залогот. 12 Ако тој човек е во неволја, не оди на спиење имајќи го неговиот залог кај себе.+ 13 Врати му го залогот штом ќе зајде сонцето,+ за да отиде на спиење во својата облека+ и да те благословува.+ Тоа ќе ти се смета за праведност пред Јехова, твојот Бог.+
14 Не мами го наемникот кој е страдалник и сиромав, било да е твој брат било да е дојденец што живее со тебе во твојата земја, во твојот град.+ 15 Дај му ја платата во истиот ден,+ сонцето да не зајде над неа, зашто тој е во неволја и душата негова желно ја исчекува својата плата, за да не го повика на помош Јехова поради тебе,+ и тоа ќе ти биде грев.+
16 Татковците да не бидат погубени поради децата и децата да не бидат погубени поради татковците.+ Секој нека биде погубен поради сопствениот грев.+
17 Не извртувај ја правдата на дојденецот,+ ниту на детето без татко,+ и не земај ѝ ја во залог облеката на вдовицата.+ 18 Сети се дека беше роб во Египет и дека Јехова, твојот Бог, те откупи оттаму.+ Затоа ти заповедам да го правиш ова.
19 Кога го жнееш житото на својата нива,+ ако заборавиш сноп на нивата, не враќај се по него. Нека остане за дојденецот, за детето без татко и за вдовицата,+ за да те благослови Јехова, твојот Бог, во секое дело на твоите раце.+
20 Кога ја тресеш својата маслина, не загледувај ја зад себе секоја гранка. Нека остане за дојденецот, за детето без татко и за вдовицата.+
21 Кога го береш грозјето во своето лозје, не собирај го она што ќе остане зад тебе. Нека остане за дојденецот, за детето без татко и за вдовицата. 22 Сети се дека беше роб во египетската земја.+ Затоа ти заповедам да го правиш ова.+
25 Ако дојде до спор меѓу луѓе,+ па излезат на суд,+ нека им се суди, и праведниот нека биде прогласен за праведен, а злиот за зол.+ 2 Ако злиот заслужува удари,+ судијата нека нареди да го легнат и пред него да го удрат+ онолку пати колку што е соодветно за неговото злодело. 3 Може да му бидат зададени четириесет удари, но не повеќе од тоа, за да не биде твојот брат осрамотен во твои очи ако му зададеш уште многу удари.+
4 Не врзувај му ја устата на бикот што врши жито.+
5 Ако браќа живеат заедно, па едниот од нив умре, без да има син, жената на починатиот нека не се мажи за човек надвор од семејството. Нека ѝ пристапи деверот и нека ја земе за жена и така нека склучи со неа деверски брак.+ 6 И првородениот што ќе го роди таа нека го наследи името на неговиот покоен брат,+ за да не се избрише неговото име од Израел.+
7 Но, ако оној човек не сака да ја земе вдовицата на својот брат, вдовицата на неговиот брат нека отиде на градските порти пред старешините+ и нека каже: ‚Девер ми не сака да го зачува името на својот брат во Израел. Не сака да склучи со мене деверски брак‘. 8 И старешините од неговиот град нека го повикаат и нека разговараат со него, а тој нека застане пред нив и нека рече: ‚Не сакам да ја земам‘,+ 9 тогаш нека му пристапи вдовицата на неговиот брат, па пред очи на старешините нека му ја собуе сандалата од ногата,+ нека му плукне в лице+ и нека рече: ‚Така се постапува со човек кој не сака да му подигне дом на својот брат‘.+ 10 И нека го викаат во Израел со името ‚Домот на оној кому му е собуена сандалата‘.
11 Ако се степаат двајца, па жената на едниот од нив се приближи за да го избави својот маж од рацете на оној што го тепа и притоа ја испружи раката и го фати оној за половиот орган,+ 12 отсечи ѝ ја раката. Нека нема жал твоето око.+
13 Во својата торба не смееш да имаш два вида тегови,+ големи и мали. 14 Во својата куќа не смееш да имаш два вида ефа,+ голема и мала. 15 Твојот тег нека биде точен и праведен. Твојата ефа нека биде точна и праведна за да ти се продолжат деновите на земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог.+ 16 Зашто, секој што прави такво нешто, секој што прави неправда, му е одвратен на Јехова, твојот Бог.+
17 Сети се што ти направи Амалик кога беше на пат откако излезе од Египет,+ 18 кога те дочека на патот и удри на тебе од зад грб и ги испотепа сите што заостануваа, кога ти беше исцрпен и изморен, а тој не се плашеше од Бог.+ 19 Кога Јехова, твојот Бог, ќе ти даде да си отпочинеш од сите свои непријатели околу тебе во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, да ја заземеш како наследство,+ тогаш избриши го од под небото споменот на Амалик.+ Тоа да не го заборавиш!
26 Кога ќе дојде време да влезеш во земјата, која Јехова, твојот Бог, ти ја дава во наследство, и кога ќе ја заземеш и ќе се населиш во неа,+ 2 земи дел од првините+ на сите земни плодови што ќе ги набереш од својата земја што ти ја дава Јехова, твојот Бог, и стави ги во кошница, па отиди на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог, за таму да престојува неговото име.+ 3 И дојди кај свештеникот+ што ќе врши служба во тие денови, па речи му: ‚Денес изјавувам пред Јехова, твојот Бог, дека дојдов во земјата за која Јехова им се заколна на нашите прататковци дека ќе ни ја даде‘.+
4 И свештеникот нека ја земе кошницата од твоите раце и нека ја положи пред жртвеникот на Јехова, твојот Бог. 5 А тогаш ти продолжи и речи пред Јехова, својот Бог: ‚Татко ми беше Сириец кому животот му беше во опасност.+ Со малку луѓе+ отиде во Египет+ и таму се насели привремено. Но таму од него настана голем народ, моќен и многуброен.+ 6 А Египќаните постапуваа лошо со нас, нѐ угнетуваа и ни наметнаа тешко ропство.+ 7 И повикавме за помош кон Јехова, Богот на нашите прататковци,+ и Јехова го чу нашиот глас+ и ја погледна нашата неволја, нашата мака и нашето страдање.+ 8 И Јехова нѐ изведе од Египет со силна рака+ и со подигната мишка,+ со големи стравотии,+ со знаци и со чуда.+ 9 Потоа нѐ доведе на ова место и ни ја даде оваа земја, земја во која тече мед и млеко.+ 10 И сега, еве, донесов првини од плодовите на земјата што ми ја даде Јехова‘.+
Тогаш положи ги пред Јехова, својот Бог, и поклони се пред Јехова, својот Бог.+ 11 И радувај се+ на секое добро што ќе ти го даде Јехова, твојот Бог, тебе и на твојот дом, ти и секој Левиев син и дојденецот во твојата средина.+
12 Во третата година,+ која е година на десеттината, кога ќе завршиш со одделувањето на целата десеттина+ од своите плодови, дај им ја на Левиевиот син, на дојденецот, на детето без татко и на вдовицата за да јадат во твојот град и да се наситат.+ 13 И пред Јехова, својот Бог, речи: ‚Од куќата го извадив сето она што е свето и им го дадов на Левиевиот син и на дојденецот, на детето без татко и на вдовицата,+ според сите заповеди што ми ги даде ти. Не ги престапив твоите заповеди и не ги заборавив.+ 14 Не јадев од тоа додека тагував, ниту извадив нешто од тоа додека бев нечист, ниту дадов нешто од тоа за мртовец. Го слушав гласот на Јехова, својот Бог. Направив сѐ како што ми заповеда ти. 15 Погледни од своето свето живеалиште,+ од небото, и благослови го својот народ, Израел,+ и земјата што ни ја даде, како што им се заколна на нашите прататковци,+ земја во која тече мед и млеко‘.+
16 Денес Јехова, твојот Бог, ти заповеда да ги извршуваш овие уредби и закони.+ Држи ги и извршувај ги со сето свое срце+ и со сета своја душа.+ 17 Денес го обврза Јехова да ти вети дека ќе биде твој Бог сѐ додека одиш по неговите патишта, ги држиш неговите одредби,+ неговите заповеди+ и неговите закони+ и додека го слушаш неговиот глас.+ 18 И Јехова денес те обврза тебе да ветиш дека ќе бидеш негов народ, негова најмила сопственост,+ како што ти вети,+ и дека ќе ги држиш сите негови заповеди, 19 и дека ќе те возвиши над сите други народи што ги создал.+ И ќе му донесуваш фалба, слава и чест, а ќе му бидеш свет народ на Јехова, својот Бог,+ како што тој вети“.
27 Потоа Мојсеј заедно со старешините на Израел му заповеда на народот: „Држете ги сите заповеди што ви ги давам денес.+ 2 Кога ќе го преминете Јордан+ во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, постави си големи камења и варосај ги. 3 И напиши ги на нив сите зборови на овој закон+ кога ќе преминеш+ и ќе влезеш во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, земја во која тече мед и млеко, како што ти рече Јехова, Богот на твоите прататковци.+ 4 Кога ќе го преминете Јордан, поставете ги тие камења на планината Евал,+ како што ви заповедам денес, и варосај ги.+ 5 Таму изгради му и жртвеник на Јехова, својот Бог, жртвеник од камења што не си ги обработувал со железни алатки.+ 6 Од неделкани камења изгради му жртвеник на Јехова, својот Бог, и на него принесувај му жртви паленици на Јехова, својот Бог.+ 7 Принесувај и жртви на заедништвото+ и јади ги таму,+ и радувај се пред Јехова, својот Бог.+ 8 А на камењата напиши ги сите зборови на овој закон+ за да бидат сосема јасни“.+
9 Потоа Мојсеј и сите левитски свештеници му рекоа на целиот Израел: „Молчи и слушај, Израеле! Денес стана народ на Јехова, својот Бог.+ 10 Слушај го гласот на Јехова, својот Бог, и држи ги неговите заповеди+ и неговите уредби,+ кои ти ги давам денес“.
11 И во тој ден Мојсеј му заповеда на народот: 12 „Кога ќе го минете Јордан, овие нека застанат на планината Гаризим+ за да го благословуваат народот: Симеон, Леви, Јуда, Исахар, Јосиф и Венијамин. 13 А овие нека застанат на планината Евал+ за да проколнуваат:+ Рувим, Гад, Асер, Завулон, Дан и Нефталим. 14 А левитите нека проговорат и нека им кажат на сите Израелци со силен глас:+
15 ‚Проклет да е оној што ќе направи режан лик+ или излеана статуа,+ она што е одвратно за Јехова,+ дело на човечки раце што обработуваат дрво и метал,+ па ќе го постави на скришно место‘. А целиот народ нека одговори и нека рече: ‚Амин!‘*+
16 ‚Проклет да е оној што го презира својот татко или својата мајка.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
17 ‚Проклет да е оној што ќе ја помести меѓата на својот ближен.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
18 ‚Проклет да е оној што ќе наведе слеп човек да скршне од патот.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
19 ‚Проклет да е оној што ја извртува+ правдата+ на дојденецот,+ на детето без татко и на вдовицата.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
20 ‚Проклет да е оној што ќе легне со жената на својот татко, зашто го открил скутот на својот татко.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
21 ‚Проклет да е оној што ќе легне со какво и да е животно.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
22 ‚Проклет да е оној што ќе легне со својата сестра, било да е тоа ќерка на татко му или ќерка на мајка му.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
23 ‚Проклет да е оној што ќе легне со својата тешта.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
24 ‚Проклет да е оној што ќе го убие својот ближен од заседа.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
25 ‚Проклет да е оној што прима мито за да убие невина душа и да ја пролее нејзината крв.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
26 ‚Проклет да е оној што не ги држи зборовите на овој закон и не постапува според нив.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘
28 Ако го слушаш гласот на Јехова, својот Бог, и совесно ги извршуваш сите негови заповеди што ти ги давам денес,+ Јехова, твојот Бог, ќе те возвиши над сите други народи на земјата.+ 2 Сите овие благослови ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат+ ако го слушаш гласот на Јехова, својот Бог:
3 Ќе бидеш благословен во градот+ и ќе бидеш благословен во полето.+
4 Ќе биде благословен плодот на твојата утроба,+ плодот на твојата земја и плодот на твојата стока,+ младенчето од твојата крупна стока и младенчето од твојата ситна стока.+
5 Ќе биде благословена твојата кошница+ и твоите садови за месење леб.+
6 Ќе бидеш благословен во сѐ што правиш.+
7 Јехова ќе ги порази пред тебе твоите непријатели што ќе се подигнат против тебе.+ По еден пат ќе дојдат против тебе, а по седум патишта ќе бегаат пред тебе.+ 8 Јехова ќе испрати благослов на твоите амбари+ и на сето она со кое ќе се зафатиш.+ Јехова, твојот Бог, ќе те благослови во земјата што ти ја дава. 9 Јехова ќе те направи свој свет народ,+ како што ти се заколна.+ Јехова, твојот Бог, ќе го направи тоа ако ги држиш неговите заповеди+ и ако одиш по неговите патишта. 10 И сите народи на земјата ќе видат дека го носиш Јеховиното име+ и ќе се плашат од тебе.+
11 Јехова ќе даде да имаш изобилство од сѐ. Ќе изобилуваш со плодот на својата утроба,+ со плодот на својата стока и со плодот на својата земја,+ во земјата за која Јехова им се заколна на твоите прататковци дека ќе ти ја даде.+ 12 Јехова ќе ти ја отвори својата добра ризница, небото, за да ѝ дава дожд навреме на твојата земја+ и да го благослови секое дело на твоите раце.+ И ќе им даваш на заем на многу народи, а самиот нема да земаш на заем.+ 13 Јехова ќе те постави да бидеш глава, а не опашка. Ќе бидеш секогаш на врвот,+ а не на дното, ако ги слушаш заповедите+ на Јехова, својот Бог, кои ти ги давам денес за да ги држиш и да постапуваш според нив. 14 Од ниту еден збор што ти го заповедам денес не отстапувај ни надесно ни налево,+ одејќи по други богови и служејќи им.+
15 Ако не го слушаш гласот на Јехова, својот Бог, и не постапуваш совесно според сите негови заповеди и одредби што ти ги давам денес, ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат сите овие проклетства:+
16 Ќе бидеш проклет во градот+ и ќе бидеш проклет во полето.+
17 Ќе биде проклета твојата кошница+ и твоите садови за месење леб.+
18 Ќе биде проклет плодот на твојата утроба+ и плодот на твојата земја,+ младенчето од твојата крупна стока и младенчето од твојата ситна стока.+
19 Ќе бидеш проклет во сѐ што ќе правиш.+
20 Јехова ќе испраќа на тебе проклетство+ и збрка+ и ќе те казнува+ во сето она со кое ќе се зафатиш додека не бидеш истребен и додека брзо не пропаднеш поради своите зли дела со кои ме напушти.+ 21 Јехова ќе даде чумата да се прилепи за тебе сѐ додека не те истреби од земјата во која одиш за да ја заземеш.+ 22 Јехова ќе те удри со офтика,*+ со силна треска, со воспаленија, со силен оган, со меч,+ со суша+ и со мувла,+ и со сето ова ќе те прогонува додека не пропаднеш. 23 Небото што ти е над главата ќе стане бакар, а земјата под тебе ќе стане железо.+ 24 Јехова ќе даде прав и песок да паѓа како дожд на твојата земја. Од небото ќе паѓа врз тебе додека не те истреби. 25 Јехова ќе даде да те поразат твоите непријатели.+ По еден пат ќе излезеш против нив, а по седум патишта ќе бегаш пред нив. И ќе станеш застрашувачка глетка за сите земни царства.+ 26 Твоето мртво тело ќе им биде храна на сите небесни крилести суштества и на полските ѕверови, и никој нема да ги плаши.+
27 Јехова ќе те удри со египетските чиреви,+ со мајасил,* со красти* и со јадеж, од кои не ќе можеш да се излечиш. 28 Јехова ќе те удри со лудило,+ со слепило+ и со збрканост.+ 29 И напладне ќе пипаш наоколу како што слепецот пипа во темница+ и нема да бидеш успешен на своите патишта. Секогаш ќе бидеш само измамуван и ограбуван, а ќе нема кој да те спаси.+ 30 Ќе се свршиш со жена, но друг ќе ја земе и ќе ја силува.+ Ќе изградиш куќа, но нема да живееш во неа.+ Ќе засадиш лозје, но нема да го береш.+ 31 Твојот бик ќе го заколат пред твои очи, но ти нема да јадеш од него. Твоето магаре пред тебе ќе го грабнат и нема да се врати кај тебе. Твоите овци ќе им бидат дадени на твоите непријатели и ќе нема кој да ти помогне.+ 32 Твоите синови и ќерки ќе му бидат предадени на друг народ+ и твоите очи ќе го гледаат тоа и засекогаш ќе копнееш по нив, но твоите раце ќе бидат немоќни.+ 33 Плодот на твојата земја и на сиот твој труд ќе го јаде народ што не го познаваш.+ И секогаш само ќе те мамат и ќе те газат.+ 34 И ќе полудиш од она што ќе го гледаат твоите очи.+
35 Јехова ќе те удри со болни чиреви по колената и по бедрата, ќе те удри од табаните до темето, така што не ќе можеш да се излечиш.+ 36 Јехова ќе те одведе тебе+ и твојот цар,+ кој ќе го поставиш над себе, во народ непознат и за тебе и за твоите прататковци, и таму ќе им служиш на други богови, дрвени и камени.+ 37 Над тебе луѓето ќе се згрозуваат+ и со презир ќе те споменуваат,*+ ќе ти се потсмеваат сите народи меѓу кои ќе те одведе Јехова.
38 Многу семе ќе изнесеш на нивата, но малку ќе ожнееш,+ зашто родот ќе ти го изедат скакулци.+ 39 Ќе садиш лозја и ќе ги обработуваш, но вино нема да пиеш, ниту нешто ќе береш,+ зашто ќе ги изеде црвот.+ 40 Ќе имаш маслини по целото свое подрачје, но нема да се намачкаш со масло, зашто маслинките ќе попаѓаат.+ 41 Ќе раѓаш синови и ќерки, но нема да бидат твои, зашто ќе отидат во заробеништво.+ 42 Инсекти што брмчат ќе ги уништат сите твои дрвја и земни плодови. 43 Дојденецот што е во твојата средина ќе се издига над тебе сѐ повисоко, а ти ќе паѓаш сѐ пониско.+ 44 Тој ќе ти дава на заем тебе, а ти нема да му даваш на заем нему.+ Тој ќе биде главата, а ти ќе бидеш опашката.+
45 Сите тие проклетства+ ќе дојдат врз тебе, ќе те прогонуваат и ќе те стигнуваат, сѐ додека не те истребат,+ зашто не го слушаше гласот на Јехова, својот Бог, и не ги држеше неговите заповеди и неговите одредби што ти ги даде.+ 46 И тие ќе бидат како знак и како предзнак за тебе и за твоето потомство довека,+ 47 зашто не му служеше на Јехова, својот Бог, со весело и радосно срце+ покрај сето свое изобилство.+ 48 И ќе им служиш на своите непријатели,+ кои Јехова ќе ги испрати против тебе, во глад,+ во жед, во голотија и во секаква немаштија. На вратот ќе го носиш нивниот железен јарем сѐ додека не бидеш истребен.+
49 Јехова ќе подигне против тебе народ што доаѓа оддалеку,+ од крајот на земјата, народ кој ќе се нафрли на тебе како орел,+ чиј јазик нема да го разбереш,+ 50 народ со свирепо лице,+ кој ќе нема обѕир кон старец ниту ќе биде милостив кон млад човек.+ 51 И тие ќе го јадат плодот од твојата стока и плодот од твојата земја додека не бидеш истребен.+ Нема да ти остават ни жито, ни младо вино, ни масло, ни младенче од крупната стока, ни младенче од ситната стока, додека не те сотрат.+ 52 И ќе те опколат во сите твои градови додека не паднат по целата твоја земја твоите високи и утврдени ѕидишта на кои се надеваш. Ќе те опколат во сите твои градови во целата твоја земја што ти ја дава Јехова, твојот Бог.+ 53 Тогаш ќе го јадеш плодот на својата утроба, месото од своите синови и ќерки,+ кои ти ги даде Јехова, твојот Бог, поради маката и неволјата со кои ќе те притисне твојот непријател.
54 Човек што е многу нежен и осетлив меѓу вас ќе ги гледа со злобно око+ својот брат, својата мила жена и синовите што ќе му преостанат, 55 и никому од нив нема да му даде месо од своите синови што ќе ги јаде, зашто ќе нема ништо друго поради маката и неволјата со кои ќе те притиснат твоите непријатели во сите твои градови.+ 56 Жената меѓу вас што е многу нежна и осетлива, која поради својата осетливост и нежност никогаш не се осмелила со нога да стапне на земја,+ ќе ги гледа со злобно око својот мил маж, својот син и својата ќерка, 57 и постелката што ќе ѝ излезе меѓу нозете и синовите што ќе ги роди,+ зашто тајно ќе ги јаде, бидејќи ќе владее секаква немаштија поради маката и неволјата со кои ќе те притисне твојот непријател во твоите градови.+
58 Ако не ги држиш совесно сите зборови на овој закон што се запишани во оваа книга+ и ако не се боиш од ова славно+ име што влева страв,+ од името на Јехова,+ твојот Бог, 59 Јехова ќе предизвика твоите неволји и неволјите на твоите потомци да бидат посебно тешки, неволји големи и долготрајни,+ болести опаки и долготрајни.+ 60 И ќе ги пушти врз тебе сите египетски болести од кои се плашеше, и тие ќе се прилепат за тебе.+ 61 А и секоја друга болест и секоја неволја, која не е запишана во книгата на овој закон, Јехова ќе ги пушта врз тебе додека не те истребат. 62 И од вас ќе останат малкумина,+ иако бевте бројни како ѕвездите на небото,+ зашто не го слушавте гласот на Јехова, својот Бог.
63 И како што Јехова ви се радуваше правејќи ви добро и умножувајќи ве,+ така Јехова ќе ви се радува сотирајќи ве и истребувајќи ве.+ И ќе бидете искорнати од земјата во која одите за да ја заземете.+
64 И Јехова ќе те расее по сите народи од едниот крај на земјата до другиот,+ и таму ќе им служиш на други богови, дрвени и камени, кои ти се непознати и тебе и на твоите прататковци.+ 65 Меѓу тие народи ќе немаш мир+ и нема да најдеш место за нога да одмориш. Таму Јехова ќе ти даде растреперено срце,+ згаснати очи+ и очајна душа. 66 И животот ќе ти биде во смртна опасност, ќе бидеш во страв ноќе и дење и нема да бидеш сигурен дали ќе останеш жив.+ 67 Наутро ќе велиш: ‚Да е барем вечер!‘ — а навечер ќе велиш: ‚Да е барем утро!‘ — поради стравот што ќе ти го исполни срцето и поради она што ќе го гледаат твоите очи.+ 68 И Јехова со бродови ќе те врати назад во Египет по патот за кој ти реков: ‚Никогаш повеќе нема да го видиш‘,+ и таму ќе им се продавате како робови и робинки+ на своите непријатели, но ќе нема кој да ве купи“.
29 Тоа се зборовите на сојузот што го склучи Мојсеј со синовите на Израел во моавската земја по Јеховина заповед, покрај сојузот што го склучи со нив на Хорив.+
2 И Мојсеј ги повика сите Израелци и им рече: „Видовте сѐ што им направи Јехова пред ваши очи во египетската земја на фараонот, на сите негови слуги и на целата негова земја,+ 3 големите испити што ги видоа твоите очи,+ оние големи знаци и чуда.+ 4 Но до денешен ден Јехова не ви даде разборито срце за да сфатите, очи да видите и уши да чуете.+ 5 ‚Додека ве водев низ пустината четириесет години,+ не ви се излити облеката, ниту ви изветвеа сандалите на нозете.+ 6 Не јадевте леб,+ не пиевте вино и опоен пијалак, за да знаете дека јас сум Јехова, вашиот Бог.‘ 7 И кога дојдовте на ова место, Сихон, царот на Есевон,+ и Ог,+ царот на Васан, излегоа пред нас за да започнат битка, но ги поразивме.+ 8 Потоа ја зедовме нивната земја и им ја дадовме во наследство на племето на Рувим и на племето на Гад и на половината племе на Манасија.+ 9 Затоа држете ги зборовите на овој сојуз и постапувајте според нив за да бидете успешни во сѐ што правите.+
10 Денес стоите пред Јехова, својот Бог, сите вие, поглаварите на вашите племиња, вашите старешини и вашите управители, сите мажи во Израел,+ 11 вашите деца, вашите жени+ и дојденецот+ што живее со тебе среде твојот логор, од оној што ти сече дрва до оној што ти носи вода,+ 12 за да стапите во сојуз+ со Јехова, својот Бог, сојуз потврден со заклетва, кој Јехова, твојот Бог, го склучува со тебе денес+ 13 за да направи од тебе денес свој народ+ и тој да биде твој Бог,+ како што ти вети тебе и како што им се заколна на твоите прататковци Авраам,+ Исак+ и Јаков.+
14 Овој сојуз, потврден со заклетва, не го склучувам само со вас+ 15 туку и со секој што стои денес овде со нас пред Јехова нашиот Бог, и со оние што денес не се овде со нас.+ 16 Зашто, добро знаете како живеевме во египетската земја и како поминавме среде народите.+ И додека поминувавте меѓу нив, 17 ги видовте нивните гнасотии и нивните одвратни идоли*+ од дрво и камен, од сребро и злато, што ги имаа. 18 Меѓу вас да нема маж, ниту жена, ниту семејство, ниту племе на кое срцето би му се одвратило од Јехова, нашиот Бог, па да оди и да им служи на боговите на оние народи.+ Меѓу вас да нема корен што ќе дава отровен плод и пелин.+
19 Ако некој ги чуе зборовите на оваа заклетва+ и се благослови себеси во своето срце, велејќи: ‚Ќе имам мир+ и покрај тоа што ќе одам по желбите на своето тврдокорно срце‘,+ и тоа со намера да сотре сѐ, и натопената почва и онаа што е сува, 20 Јехова нема да му го прости тоа,+ туку Јехова ќе пламне од гнев+ и од лутина+ против тој човек,+ и сите проклетства запишани во оваа книга+ ќе дојдат врз него и Јехова ќе го избрише неговото име од под небото. 21 Така Јехова ќе го одвои,+ на негова пропаст, од сите Израелови племиња, според сите проклетства на сојузот што се запишани во оваа книга на законот.
22 Идното поколение, вашите синови што ќе дојдат по вас, и туѓинецот што ќе дојде од далечна земја ќе прашаат, кога ќе ги видат неволјите во оваа земја и нејзините болести што ѝ ги нанесува Јехова,+ 23 сулфур, сол+ и палеж,+ така што на целата земја ништо не се сее и ништо не никнува, ниту, пак, некакви растенија растат на неа, како кога беа уништени Содом и Гомор,+ Адма+ и Севоим,+ кои Јехова ги уништи во својот гнев и во својата лутина,+ 24 навистина, сите народи ќе прашуваат: ‚Зошто Јехова ѝ направи на оваа земја такво нешто?+ Зошто е тој гнев толку жесток и силен?‘ 25 Тогаш ќе им одговорат: ‚Затоа што го оставија сојузот+ што Јехова, Богот на нивните прататковци, го склучи со нив кога ги изведе од египетската земја.+ 26 И отидоа да им служат на други богови и да им се клањаат, на богови кои не ги познаваа и кои тој не им ги одреди.+ 27 Тогаш Јехова пламна од гнев против оваа земја и ги пушти врз неа сите проклетства запишани во оваа книга.+ 28 Затоа Јехова ги искорна од нивната земја во гнев,+ во јарост и во голема лутина, и ги фрли во друга земја, каде што се до ден-денес‘.+
29 Она што е скриено+ му припаѓа на Јехова, нашиот Бог, а она што е откриено+ ни припаѓа нам и на нашите синови довека, за да ги извршуваме сите зборови на овој закон.+
30 Кога ќе дојдат врз тебе сите овие зборови, благословот+ и проклетството,+ кои ги ставам пред тебе, и ти ги земеш повторно при срце+ кај сите народи меѓу кои ќе те расее Јехова, твојот Бог,+ 2 и ако се вратиш кај Јехова, својот Бог,+ и ако го послушаш неговиот глас, ти и твоите синови, со сето свое срце и со сета своја душа во сето она што ти го заповедам денес,+ 3 тогаш Јехова, твојот Бог, ќе го врати твојот заробен народ+ и ќе ти се смилува,+ и пак ќе те собере откај сите народи меѓу кои ќе те расее Јехова, твојот Бог.+ 4 Да е твојот народ расеан и до крајот на небото, и оттаму Јехова, твојот Бог, ќе те собере и оттаму ќе те земе.+ 5 Јехова, твојот Бог, ќе те одведе во земјата што ја зазедоа твоите татковци, и ќе ја заземеш. Тој ќе ти прави добро и ќе те намножи повеќе отколку твоите татковци.+ 6 И Јехова, твојот Бог, ќе ги обреже твоето срце+ и срцата на твоите потомци+ за да го сакаш Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и за да бидеш жив.+ 7 И Јехова, твојот Бог, ќе ги испрати сите овие проклетства врз твоите непријатели, врз оние што те мразат и те прогонуваат.+
8 А ти ќе се обратиш, и ќе го послушаш Јеховиниот глас и ќе ги вршиш сите негови заповеди што ти ги давам денес.+ 9 И Јехова, твојот Бог, ќе го благослови изобилно секое дело на твоите раце,+ и изобилно ќе го намножи плодот на твојата утроба, плодот на твојата стока+ и плодот на твојата земја,+ така што ќе уживаш во благосостојба.+ Јехова повторно ќе ти се радува правејќи ти добро, како што им се радуваше на твоите прататковци.+ 10 Така ќе биде кога ќе го послушаш гласот на Јехова, својот Бог, држејќи ги неговите заповеди и неговите одредби запишани во оваа книга на законот,+ и кога ќе се вратиш кај Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.+
11 Зашто, оваа заповед што ти ја давам денес не е претешка за тебе и не е предалеку од тебе.+ 12 Не е на небото за да речеш: ‚Кој ќе се качи за нас на небото за да ни ја симне и да ни ја објави, па да постапуваме според неа?‘+ 13 Не е ниту преку морето за да речеш: ‚Кој ќе го премине морето наместо нас за да ни ја донесе и да ни ја објави, па да постапуваме според неа?‘ 14 Зашто, таа реч е сосема близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,+ за да постапуваш според неа.+
15 Ете, денес пред тебе ставам живот и добро, смрт и зло.+ 16 Ако ги слушаш заповедите на Јехова, својот Бог, кои ти ги давам денес, да го сакаш Јехова, својот Бог,+ да одиш по неговите патишта и да ги држиш неговите заповеди,+ неговите одредби и неговите закони,+ ќе останеш жив+ и ќе се намножиш, и Јехова, твојот Бог, ќе те благослови во земјата во која одиш за да ја заземеш.+
17 Но, ако се одврати твоето срце и не послушаш,+ туку дозволиш да бидеш заведен и почнеш да им се клањаш на други богови и да им служиш,+ 18 ви објавувам денес дека сигурно ќе пропаднете.+ Нема да живеете долго во земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете. 19 Ги земам денес за сведоци против вас небото и земјата:+ дека пред вас ставам живот и смрт,+ благослов+ и проклетство.+ Затоа избери го животот за да останеш жив,+ ти и твоето потомство,+ 20 така што ќе го сакаш Јехова, својот Бог,+ ќе го слушаш неговиот глас и ќе се држиш за него,+ зашто тој ти дава живот и долговечност+ за да можеш да живееш на земјата за која Јехова им се заколна на твоите прататковци Авраам, Исак и Јаков дека ќе им ја даде“.+
31 Потоа Мојсеј дојде и му ги кажа овие зборови на целиот Израел: 2 „Денес имам сто и дваесет години.+ Повеќе не ми е дозволено да одам пред вас како водач,+ зашто Јехова рече: ‚Нема да го преминеш овој Јордан‘.+ 3 Јехова, твојот Бог, ќе оди пред тебе.+ Тој ќе ги истреби оние народи пред тебе, а ти ќе го земеш нивниот посед.+ Исус Навин ќе оди пред тебе,+ како што рече Јехова. 4 И Јехова ќе им направи исто како што им направи на Сихон+ и на Ог,+ аморејските цареви, и на нивната земја, кога ги сотре.+ 5 Јехова ви ги предава вам,+ а вие постапувајте со нив според сите заповеди што ви ги давам.+ 6 Бидете храбри и силни!+ Не бојте се и не плашете се од нив+ зашто Јехова, твојот Бог, оди со тебе. Нема да те напушти и нема да те остави“.+
7 И Мојсеј го викна Исус Навин и му рече пред очи на целиот Израел: „Биди храбар и силен,+ зашто ти ќе го доведеш овој народ во земјата за која Јехова им се заколна на нивните прататковци дека ќе им ја даде, и ти ќе им ја дадеш во наследство.+ 8 Јехова оди пред тебе. Тој ќе биде со тебе.+ Нема да те напушти и нема да те остави. Не бој се и не плаши се!“+
9 Потоа Мојсеј го напиша овој закон+ и им го даде на левитските свештеници,+ кои го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз,+ и на сите старешини во Израел. 10 И Мојсеј им заповеда: „На крајот од секоја седма година, во одреденото време во годината кога се простуваат долговите,+ на Празникот на сениците,+ 11 кога целиот Израел ќе дојде да го види лицето на Јехова,+ твојот Бог, на местото што ќе го избере тој,+ читај го овој закон пред сите Израелци за да можат да го чујат.+ 12 Собери го народот+ — мажите, жените, децата и дојденците што живеат со тебе во твојот град — за да слушаат и да научат+ да се бојат од Јехова, вашиот Бог,+ и совесно да ги држат сите зборови на овој закон. 13 И нивните синови, кои уште не го познаваат тој закон, нека слушаат+ и нека учат да се бојат од Јехова, вашиот Бог, во сите денови додека живеете на земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете“.+
14 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Еве, се приближи времето да умреш.+ Повикај го Исус Навин, па застанете во шаторот на средбата за да го поставам за водач“.+ Така Мојсеј и Исус Навин дојдоа и застанаа во шаторот на средбата.+ 15 Тогаш Јехова се појави во шаторот во столб од облак. Столбот од облак стоеше на влезот од шаторот.+
16 И Јехова му рече на Мојсеј: „Еве, ќе починеш кај своите прататковци.+ А овој народ ќе се крене+ и, во својата средина, ќе почитува туѓи богови,* богови на земјата во која одат.+ Ќе ме остават+ и ќе го прекршат мојот сојуз што го склучив со нив.+ 17 Во тој ден ќе пламнам од гнев против нив,+ и ќе ги оставам+ и ќе го свртам своето лице+ од нив за да бидат проголтани. Врз нив ќе дојдат многу зла и неволји,+ и во тој ден ќе речат: ‚Зар не нѐ снајдоа овие неволји затоа што нашиот Бог не е меѓу нас?‘+ 18 А јас ќе го свртам своето лице во тој ден поради сето зло што го прават, зашто се свртија кон други богови.+
19 А сега напишете си ја оваа песна!+ Нека ја научат синовите на Израел!+ Стави им ја в уста оваа песна за да ми биде сведок против синовите на Израел.+ 20 Зашто, ќе ги доведам во земјата која со заклетва им ја ветив на нивните прататковци,+ земја во која тече мед и млеко.+ И таму ќе јадат,+ ќе се наситат и ќе се згојат,+ па ќе се свртат кон други богови+ и ќе им служат, а мене ќе ме презираат и мојот сојуз ќе го прекршат.+ 21 И кога ќе ги снајдат многу зла и неволји,+ оваа песна ќе сведочи против нив, зашто заборавот нема да им ја одземе на нивните потомци од уста. Зашто, знам добро кон што се склони+ уште денес, додека сѐ уште ги немам доведено во земјата која со заклетва им ја ветив“.
22 Така Мојсеј ја напиша оваа песна во тој ден и ги научи на неа синовите на Израел.+
23 И Бог го постави за водач Исус, синот на Навин,+ и рече: „Биди храбар и силен,+ зашто ти ќе ги доведеш синовите на Израел во земјата која им ја ветив со заклетва,+ а јас ќе бидам со тебе“.
24 И кога Мојсеј ги запиша во книга сите зборови на овој закон,+ 25 Мојсеј им заповеда на синовите на Леви, кои го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз:+ 26 „Земете ја оваа книга на законот+ и ставете ја до ковчегот+ на сојузот на Јехова, својот Бог, за да биде таму сведок против тебе.+ 27 Зашто добро знам колку си бунтовен+ и непокорен.*+ Ако се буните против Јехова+ уште денес, додека сум уште жив меѓу вас, колку ли ќе се буните кога ќе умрам! 28 Соберете ги кај мене сите старешини на вашите племиња и вашите управители+ за да ги кажам пред нив овие зборови и за да ги земам како сведоци против нив небото и земјата.+ 29 Зашто, знам дека по мојата смрт ќе се расипете+ и ќе скршнете од патот што ви го одредив. И неволја+ ќе ве снајде на крајот од тие денови, зашто ќе го правите она што е зло во Јеховини очи и ќе го навредувате со делата на своите раце“.+
30 И додека целата израелска заедница го слушаше, Мојсеј ги изговори сите зборови на оваа песна:+
2 Мојата поука ќе капе како дожд,+
моите зборови ќе паѓаат како роса,+
како ситен дождец по тревата,+
како обилен дожд по растенијата.+
4 Тој е Карпа, делото му е совршено,+
зашто сите негови патишта се правда.+
Тој е верен Бог,+ без неправда,+
праведен е и вистинољубив.+
6 Зар на Јехова му го правиш тоа,+
безумен народе што немаш мудрост?+
Не е ли тој Таткото кој те создаде,+
те направи и те утврди?+
7 Сети се на дамнешните денови,+
размислувај за годините на минатите поколенија.
Прашај го татко ти, и ќе ти каже,+
своите старци, и ќе ти раскажат!+
8 Кога им даде наследство на народите,+
кога ги раздели синовите на Адам,+
Севишниот им постави граница на народите+
според бројот на Израеловите синови.+
во празна пустина, кај што се слуша завивање.+
Го загради,+ се грижеше за него,+
го чуваше како зеницата на своето око.+
11 Како што орелот ги подига орлињата од своето гнездо,
надлетува над своите пилиња,+
ги шири крилјата, ги зема
и ги носи на крилјата,+
12 така Јехова сам го водеше него,+
и туѓ бог немаше со него.+
13 Го изведе на земските височинки+
за да ги јаде полските плодови.+
Му даваше да цица мед од карпа,+
и масло од кремен карпа,+
со овнешки лој,
овни, од васански сој, и јарци+
со најдобрата пченица.+
И пиеше вино, крв од грозје.+
15 Кога се здебели, Есурун*+ почна да клоца.+
(Се згои, Есуруне, се здебели, се претвори во сало!) +
И го остави Богот кој го создаде,+
ја презре Карпата+ на своето спасение.
17 Жртви им принесуваа на демоните, а не на Бог,+
на богови што не ги познаваа,+
на нови богови што се појавија неодамна,+
за кои не знаеја вашите прататковци.
20 И рече: ‚Ќе го свртам лицето од нив,+
па ќе видам каков ќе им биде крајот.
Зашто, тие се поколение изопачено,+
синови во кои нема верност.+
21 Ми предизвикаа љубомора со она што не е бог,+
ме разлутија со ништожни идоли.+
И јас ќе им предизвикам љубомора со она што не е народ,+
со безумен народ ќе ги навредувам.+
22 Зашто, мојот гнев пламна како оган,+
и ќе гори до гробот,* до најдлабокото место,+
ќе ги голтне земјата и нејзиниот род,+
ќе ги запали темелите на планините.+
24 Ќе бидат исцрпени од глад,+ ќе ги проголта силна треска+
и страшна чума.+
Против нив ќе испратам ѕверски заби,+
со отров на влекачи што лазат по правот.+
27 но се плашев од исмејувањето на непријателот,+
за да не го протолкуваат тоа погрешно нивните противници+
и да не речат: „Нашата рака е најмоќна,+
сето ова не го направи Јехова“.+
ако не ги продадеше нивната Карпа,
ако не ги предадеше Јехова?+
Нивното грозје е отровно грозје,
нивните гроздови се горчливи.+
35 Мои се одмаздата и казната.+
Ќе дојде време да им се затетерави ногата,+
зашто близу е денот на нивната пропаст,+
и брзо се приближува она што се подготвува‘.+
36 Зашто, Јехова ќе му суди на својот народ+
и ќе се сожали на своите слуги+
кога ќе види дека ја снема нивната сила
и дека останаа само беспомошните и безвредните.
37 И ќе рече: ‚Каде се нивните богови,+
карпата во која бараа заштита,+
38 оние што ја јадеа маста од нивните жртви+
и го пиеја виното од нивните налевници?+
Нека станат и нека ви помогнат!+
Нека ви бидат засолниште!+
39 Сега гледате дека јас сум Бог+
и нема други богови освен мене.+
Јас усмртувам и оживувам.+
Јас задавам тешка рана+ и јас ќе ја излекувам,+
и никој не може да се истргне од мојата рака.+
41 кога ќе го наострам својот блескав меч+
и кога ќе го земам в рака судот,+
ќе им се одмаздам на своите противници+
и ќе им наплатам на оние што многу ме мразат.+
42 Своите стрели ќе ги опијам со крв,+
со крвта на погубените и на заробените.
Мојот меч ќе јаде месо,+
главите на непријателските водачи‘.+
43 Веселете се, народи, со неговиот народ,*+
зашто ќе ја одмазди крвта на своите слуги,+
ќе изврши одмазда над своите противници+
и очистување за земјата на својот народ“.
44 Така, Мојсеј дојде со Осиј,* синот на Навин,+ и ги изрече сите зборови на оваа песна, за народот да го чуе.+ 45 Откако му ги кажа сите овие зборови на Израел, Мојсеј 46 им рече на сите: „Всадете ги во срцето сите зборови со кои ве опоменувам денес+ за да им заповедате на своите синови да внимаваат и да ги извршуваат сите зборови на овој закон.+ 47 Зашто, за вас ова не се празни зборови,+ туку за вас значат живот,+ и држејќи ги овие зборови ќе ги продолжите своите денови во земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете“.+
48 На истиот тој ден Јехова му рече на Мојсеј: 49 „Качи се на оваа аваримска планина,+ на планината Нево,+ која е во моавската земја, спроти Ерихон, и погледни ја ханаанската земја, која им ја давам на Израеловите синови во сопственост.+ 50 Ти ќе умреш на планината на која ќе се качиш и ќе им се придружиш на своите прататковци,+ како што умре и брат ти Арон на планината Хор+ и им се придружи на своите прататковци. 51 Затоа што ме изневеривте+ меѓу синовите на Израел кај водите на Мерива+ во Кадис, во пустината Зин, и затоа што не ме посветивте меѓу Израеловите синови.+ 52 Затоа ќе ја видиш земјата оддалеку, но нема да влезеш во земјата што им ја давам на Израеловите синови“.+
33 А ова е благословот+ со кој Мојсеј, Божјиот човек,+ ги благослови синовите на Израел пред својата смрт. 2 И рече:
„Јехова дојде од Синај,+
ги осветли од Сеир.+
Светна од фаранските планини,+
со него се неброени илјади свети ангели,+
а оддесно му беа нивните воини.+
3 Тој навистина го сака својот народ.+
Во твоја рака, Боже, се сите нивни свети.+
Се собраа кај твоите нозе+
за да ги примат зборовите твои.+
7 А ова е благословот што го изрече за Јуда:+
„Чуј го, Јехова, гласот на Јуда,+
одведи го кај неговиот народ.
Неговите раце се борат за она што му припаѓа,
помогни му против неговите непријатели“.+
„Твојот Тумим и твојот Урим*+ му припаѓаат на човекот што ти е верен,+
кого го испита во Маса.+
Се препираше со него кај водите на Мерива,+
9 и тој рече за својот татко и за својата мајка: ‚Не ги видов‘.
Ни своите браќа не ги познаваше+
и не знаеше за своите синови,
зашто ја вршеше речта+
и го држеше твојот сојуз.+
10 Нека го поучува Јаков за твоите заповеди+
и Израел за твојот закон.+
Нека принесува темјан пред твоите носници+
и цели жртви паленици на твојот жртвеник.+
11 Јехова, благослови ја неговата сила,+
нека ти биде пријатно делото на неговите раце.+
Скрши им ги бедрата на оние што се креваат против него+
и на оние што многу го мразат, за да не станат повеќе“.+
„Покрај Јехова нека живее без страв+ неговиот љубимец.+
Бог нека го штити по цел ден,+
нека живее меѓу неговите раменици“.+
„Јехова нека ја благословува неговата земја+
со добар небесен дар, со роса,+
и со водната бездна што лежи одоздола,+
14 со најдобрите плодови што ги дава сонцето+
и со најдобриот род во секој месец,*+
15 со најдоброто од источните планини+
и со најдоброто од вечните ридови,
16 со најдобрите плодови од земјата и со нејзиното изобилство+
и со милоста од оној што живееше во грмушка.+
Сето тоа нека дојде на Јосифовата глава,+
на темето на оној што е издвоен од неговите браќа.+
17 Величествен е како првороденецот на бикот,+
неговите рогови се рогови на див бик.+
Со нив ќе ги боде народите+
дури до крајот на земјата.
Такви се мноштвата на Ефремовите илјади,+
такви се илјадниците на Манасија“.
19 Ќе викаат народи на онаа планина,
таму ќе принесуваат жртви на праведноста.+
Зашто, ќе го цицаат изобилното морско богатство+
и богатството скриено во песокот“.
„Благословен да е оној што ги шири границите на Гад!+
Како лав ќе почива,+
и ќе ги растргне раката и темето.+
21 За себе ќе ја избере најдобрата земја,+
зашто таму му го зачува делот оној што го даде законот.+
Ќе се соберат народните поглавари,
ќе ја спроведуваат правдата на Јехова
и неговите закони во Израел“.
„Јехова го наситува Нефталим со својата милост
и го опсипува со својот благослов.
Освој ги западот и југот!“+
„Асер е благословен со синови.+
Нека стекне признание од своите браќа+
и нека ја натопува својата нога во масло!+
26 Никој не е како вистинскиот Бог+ на Есурун,+
кој јава на небото за да ти помогне+
и на облаците небесни во својата возвишеност.+
27 Прадревниот Бог е твоето засолниште,+
под тебе се вечните раце.+
Тој ќе ги гони пред тебе непријателите+
и ќе рече: ‚Погуби ги!‘+
28 И Израел ќе живее без страв,+
изворот на Јаков ќе почива во мир+
во земјата на житото и на младото вино.+
Од неговите небеса ќе паѓа роса.+
Кој е како тебе,+
народ кого Јехова го спасува?+
Тој е штит кој ти помага,+
твој возвишен меч.+
Затоа, твоите непријатели ќе ползат пред тебе,+
а ти ќе газиш по нивните возвишени места“.+
34 Потоа Мојсеј отиде од пустелијата, од моавските рамници, на планината Нево,+ на врвот на Фасга,+ која е спроти Ерихон.+ И Јехова му ја покажа целата земја: Галад до Дан,+ 2 и целиот Нефталим и земјата на Ефрем и Манасија и целата земја на Јуда до западното море,+ 3 потоа Негев+ и Јорданската Долина,*+ рамницата околу Ерихон, градот на палмите,+ дури до Сигор.+
4 И Јехова му рече: „Ова е земјата за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков: ‚Ќе му ја дадам на твоето потомство‘.+ Ти дозволив да ја видиш со свои очи, зашто во неа нема да влезеш“.+
5 Потоа Мојсеј, Јеховиниот слуга,+ умре таму во моавската земја, според заповедта на Јехова.+ 6 И тој* го закопа во долината во моавската земја спроти Вет-Фегор,+ и никој не дозна за неговиот гроб до денешен ден.+ 7 Кога умре, Мојсеј имаше сто и дваесет години.+ Неговото око не ослабе,+ и силата не го издаде.+ 8 И синовите на Израел го оплакуваа Мојсеј триесет дена+ во пустелијата, во моавските рамници. Потоа завршија деновите на оплакување и тагување по Мојсеј.
9 А Исус, синот на Навин, беше полн со дух на мудроста,+ зашто Мојсеј ја положи раката врз него.+ Израеловите синови го слушаа и правеа како што му заповеда Јехова на Мојсеј.+ 10 Но во Израел повеќе не се појави пророк како Мојсеј,+ кого Јехова го познаваше лице в лице,+ 11 со сите знаци и чуда што му ги даде Јехова како на свој пратеник да ги прави во египетската земја врз фараонот и врз сите негови слуги и врз целата негова земја,+ 12 и со сѐ што направи неговата силна рака и со сите големи, застрашувачки дела што ги правеше Мојсеј пред очите на целиот Израел.+
„Ова се зборовите“ — хебрејски: Еле хаддеварим. Петтата Мојсеева книга го добила своето име на хебрејски според овие уводни зборови, скратено Деварим. Во Септуагинтата и во Вулгатата се нарекува „Втор закон“, односно објаснување на Законот (види го 5. стих).
Или: „во низината“.
Или: „на југот, односно на јужниот дел од Ветената земја“.
Види го додатокот 12.
Види го додатокот 12.
Буквално: „духот негов да стане“.
Или: „ги уништивме како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „ги уништивме како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „убивајќи ги како херем“.
Или: „саркофаг од црн базалт“. Арапите и денес базалтот го нарекуваат железо.
Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.
„Авот-Јаир“ значи „Јаирови шаторски села“.
Види ја фуснотата за 2Мо 34:28.
Или: „љубоморен (ревносен) Бог; Бог кој не поднесува некој да му биде соперник“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „зборови“. Види ја фуснотата за 2Мо 34:28.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Или: „Јехова е нашиот Бог, Јехова е еден [или: единствен]“.
Буквално: „синови“.
Буквално: „меѓу очите“.
Или: „резервоари“.
„Маса“ значи „искушување; испит“.
Или: „убиј ги како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „ашери“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „ќе покаже лојална љубов“.
Или: „да не станеш херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „зашто тоа е херем“.
Види го додатокот 12.
Или: „тврдоврат“.
Или: „тврдоврат“.
Види ја фуснотата за 2Мо 34:28.
Или: „тврдоврати“. Буквално: „не стврднувајте ја шијата (вратот)“.
Изразот се однесува на наводнување со направа на ножен погон, на пример, некој вид на водено тркало, или на правење бразди за вода со помош на нозете.
Или: „слатко вино“.
Буквално: „меѓу очите“.
Или: „Со сечилото на мечот уништи ги како херем градот и сѐ“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „што е херем“.
Буквално: „и не бричете се меѓу очите“. Изразот се однесува на бричење на веѓите.
Или: „ашер“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „неговата душа“.
Буквално: „неговата душа“.
Или: „да ги уништиш како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Види го додатокот 12.
Или: „еден лунарен месец“. Види го додатокот 14.
Буквално: „една што ја сака и друга што ја мрази“.
Види го додатокот 13.
Или: „која му припаѓа на [својот] сопственик (господар)“.
Буквално: „неговата душа“.
Или, според хебрејскиот јазик: „Арам-Нахараим“.
Односно машко дете кое го искористуваат за задоволување на некоја сексуално изопачена желба.
По сѐ изгледа дека изразот „пес“ се однесува на хомосексуалец што има анални полови односи и е особено склон кон машки деца.
Буквално: „првиот сопственик (господар)“.
Или: „средствата за живот“. Буквално: „душа“.
Буквално: „душа“.
Хебрејскиот збор „амин“ значи „навистина е така; така нека биде“.
„Со туберкулоза“.
„Со хемороиди“.
„Со егзема“.
Буквално: „ќе станеш предмет на згрозување и изрека (пословица)“.
Или: „лепешкави идоли“.
Буквално: „блудствува со туѓи богови“. Види го додатокот 6.
Или: „тврдоврат“.
„Есурун“, што значи „воздигнат; непорочен“, е почесно име за Израел.
Буквално: „шеолот“.
Или: „тераси; терасовидни ниви“.
Или: „Веселете се, небеса, заедно со него, и сите ангели Божји нека го обожаваат. Веселете се, народи, со народот негов, и сите синови Божји нека се зајакнат во него“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со Ев 1:6.
Првобитното име на Исус Навин.
Види ја фуснотата за 5Мо 32:15.
Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.
Или: „лунарен месец“. Види го додатокот 14.
Или: „чекор; лесен од“.
Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.
Очигледно станува збор за Јехова.