ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt Исус Навин 1:1-24:33
  • Исус Навин

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус Навин
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Исус Навин

Исус Навин

1 По смртта на Мојсеј, Јеховиниот слуга, Јехова му рече на Исус,+ синот на Навин, помошникот+ на Мојсеј: 2 „Мојот слуга Мојсеј умре.+ Затоа сега стани, помини преку овој Јордан, ти и целиот овој народ, во земјата што им ја давам ним, на синовите на Израел!+ 3 Секое место на кое ќе стапне вашата нога ќе ви го дадам, како што му ветив на Мојсеј.+ 4 Од пустината и од овој Ливан до големата река, реката Еуфрат, да, целата хетејска земја,+ и до Големото Море* на запад, сето тоа ќе биде ваше подрачје.+ 5 Никој не ќе може да се одржи пред тебе во сите денови на твојот живот.+ Јас ќе бидам со тебе како што бев со Мојсеј.+ Нема да те напуштам и нема да те оставам.+ 6 Биди храбар и силен,+ зашто ти ќе му ја предадеш во наследство+ на тој народ земјата за која им се заколнав на нивните прататковци дека ќе им ја дадам!+

7 Само биди храбар и многу силен за да го правиш совесно сето она што ти е заповедано во законот што ти го даде мојот слуга Мојсеј.+ Не отстапувај од него ни надесно ни налево,+ за да постапуваш мудро каде и да појдеш.+ 8 Оваа книга на законот нека не ти се одделува од устата!+ Внимателно читај ја* дење и ноќе за да го правиш совесно сето она што е запишано во неа,+ зашто тогаш ќе бидеш успешен на својот пат и ќе постапуваш мудро.+ 9 Ти заповедам уште еднаш:+ биди храбар и силен! Не бој се и не плаши се,+ зашто со тебе е Јехова, твојот Бог, каде и да појдеш!“+

10 Тогаш Исус Навин им заповеда на народните управители: 11 „Поминете среде логорот и вака заповедајте му на народот: ‚Пригответе си храна, зашто по три дена ќе го преминете овој Јордан за да влезете во земјата која Јехова, вашиот Бог, ви ја дава да ја поседувате и да ја заземете!‘ “+

12 А на племето на Рувим и на племето на Гад и на половината племе на Манасија, Исус Навин им рече: 13 „Сетете се на зборовите што ви ги заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга:+ ‚Јехова, вашиот Бог, сака да се одморите и ви ја дава оваа земја. 14 Вашите жени, вашите деца и вашата стока ќе останат во земјата што ви ја даде Мојсеј од оваа страна на Јордан.+ А сите вие што сте смели и способни+ за војна, наредете се во борбени редови,+ па преминете пред своите браќа и помогнете им! 15 Кога Јехова ќе им даде на вашите браќа починка како и вам, и кога и тие ќе ја заземат земјата што им ја дава Јехова, вашиот Бог,+ тогаш вратете се во земјата што ви припаѓа и заземете ја,+ земјата што ви ја даде Мојсеј, Јеховиниот слуга, од оваа страна на Јордан, која е кон исток‘ “.+

16 А тие му одговорија на Исус Навин: „Сѐ што ни заповеда, ќе направиме, и каде и да нѐ испратиш, ќе одиме.+ 17 Како што го слушавме Мојсеј во сѐ, така ќе те слушаме и тебе. Само Јехова, твојот Бог, нека биде со тебе+ како што беше со Мојсеј.+ 18 И секој што ќе се побуни против твоите наредби+ и нема да го послуша сето она што ќе му го заповедаш, нека биде погубен!+ Само биди храбар и силен!“+

2 Тогаш Исус, синот на Навин, тајно испрати од Ситим+ двајца извидувачи и им рече: „Одете, извидете ја земјата и Ерихон!“ И тие отидоа и дојдоа во куќата на една блудница, која се викаше Раав,+ и таму се сместија. 2 Но на царот на Ерихон му јавија: „Ене, некои луѓе од синовите на Израел дојдоа вечерва ваму за да ја извидат земјата!“ 3 А царот на Ерихон испрати луѓе кај Раав и ѝ порача: „Изведи ги луѓето што дојдоа кај тебе и влегоа во твојата куќа, зашто дошле да ја извидат целата земја!“+

4 Но, во меѓувреме, жената ги зеде оние двајца и ги скри, па рече: „Точно, тие луѓе дојдоа кај мене, но јас не знаев од каде се. 5 Си отидоа на стемнување кога ги затвораа градските порти.+ Не знам каде отидоа. Брзо тргнете во потера по нив, зашто уште можете да ги стигнете!“ 6 Но таа ги беше одвела на покривот+ и ги беше скрила под стебленцата лен што ѝ беа спрострени по покривот. 7 И луѓето тргнаа во потера по нив кон плитките места на Јордан.+ А штом излезе потерата, се затворија градските порти.

8 Но пред да си легнат извидувачите, таа се качи кај нив на покривот 9 и им рече: „Знам дека Јехова сигурно ќе ви ја даде оваа земја,+ зашто нас нѐ фати страв од вас+ и сите жители на оваа земја се исплашија од вас.+ 10 Зашто, чувме како Јехова ги исушил водите на Црвеното Море пред вас, кога сте излегувале од Египет,+ и што сте им направиле на двајцата аморејски цареви, кои беа од онаа страна на Јордан — Сихон+ и Ог+ — кои сте ги погубиле.*+ 11 Кога го чувме тоа, срцето ни се скамени од страв+ и во никого не остана храброст,*+ зашто Јехова, вашиот Бог, е Бог горе на небото и долу на земјата.+ 12 Затоа сега ве молам, заколнете ми се во Јехова+ дека, поради милоста* што ви ја покажав, и вие ќе покажете милост кон домот на мојот татко,+ и дајте ми веродостоен знак!+ 13 Оставете ги живи татко ми+ и мајка ми, моите браќа и моите сестри и сите нивни, и избавете ги нашите души од смртта!“+

14 А тие луѓе ѝ рекоа: „Нашите души ќе загинат наместо вас!+ Ако не кажете никому за овој наш договор, ние ќе ви покажеме милост и нема да ве изневериме+ кога Јехова ќе ни ја предаде земјата“. 15 Потоа таа ги спушти низ прозорецот по едно јаже, бидејќи нејзиниот дом беше во градскиот ѕид, всушност, таа живееше на врвот од градскиот ѕид.+ 16 Уште им рече: „Одете во планините, за да не ве најде потерата, и кријте се таму три дена додека потерата да се врати, па тогаш можете да си одите по својот пат“.

17 А луѓето ѝ одговорија: „Ние нема да бидеме виновни за кршење на заклетвата со која нѐ заколна.+ 18 Еве, ќе влеземе во земјата. Врзи ја оваа врвца од црвен конец на прозорецот низ кој нѐ спушташ, а својот татко, својата мајка, своите браќа и целиот дом на твојот татко собери ги кај себе во куќата.+ 19 И секој што ќе стапне надвор преку прагот на твојата куќа,+ неговата крв ќе падне на негова глава, и вината нема да биде на нас. А секој што ќе остане со тебе во куќата, неговата крв ќе падне на наша глава ако некој дигне рака на него. 20 И ако го откриеш некому овој наш договор,+ ни тогаш нема да бидеме виновни за заклетвата со која нѐ заколна“. 21 А таа рече: „Нека биде така како што рековте!“

Тогаш ги пушти, и тие си отидоа по својот пат. Потоа ја врза црвената врвца на прозорецот. 22 А тие тргнаа и дојдоа во планините, каде што останаа три дена додека не се врати потерата. Потерата ги бараше по сите патишта, но не ги најде никаде. 23 Тогаш тие двајца слегоа од планината, ја минаа реката и дојдоа кај Исус, синот на Навин, па му раскажаа за сѐ што им се случи. 24 И му рекоа на Исус Навин: „Јехова ја предаде во наши раце целата таа земја+ и сите жители на онаа земја се исплашени од нас“.+

3 А рано изутрината, Исус Навин стана, па тој и сите синови на Израел тргнаа од Ситим+ и дојдоа до Јордан. Таму ја минаа ноќта пред да преминат.

2 На крајот од третиот ден,+ управителите+ минаа среде логорот 3 и му заповедаа на народот: „Штом ќе го видите ковчегот на сојузот на Јехова, својот Бог, и левитските свештеници како го носат,+ тргнете и вие од своето место и следете го 4 за да го знаете патот по кој треба да одите, зашто не сте оделе по тој пат никогаш. Само внимавајте помеѓу вас и ковчегот да има растојание од околу две илјади лакти*+ и не приближувајте му се!“

5 Потоа Исус Навин му рече на народот: „Посветете се,+ зашто утре Јехова ќе направи чудесни дела меѓу вас!“+

6 На свештениците, пак, Исус Навин им рече: „Земете го ковчегот на сојузот+ и појдете пред народот!“ И тие го зедоа ковчегот на сојузот и тргнаа пред народот.

7 А Јехова му рече на Исус Навин: „Денес почнувам да те возвишувам во очите на целиот Израел,+ за да знаат дека ќе бидам со тебе+ како што бев со Мојсеј.+ 8 А ти вака заповедај им+ на свештениците што го носат ковчегот на сојузот: ‚Штом ќе дојдете до работ на јорданските води, влезете во Јордан и застанете+ мирно!‘ “

9 Тогаш Исус Навин им рече на синовите на Израел: „Пристапете овде и чујте ги зборовите на Јехова, својот Бог!“ 10 Потоа Исус рече: „По ова ќе знаете дека живиот Бог е меѓу вас+ и дека навистина ќе ги истера од пред вас Ханаанците, Хетејците, Евејците, Ферезејците, Гергесејците, Аморејците и Евусејците.+ 11 Еве, ковчегот на сојузот на Господарот на целата земја ќе влезе пред вас во Јордан. 12 Затоа сега доведете дванаесет луѓе од Израеловите племиња, по еден човек од секое племе!+ 13 И штом свештениците што го носат ковчегот на Јехова, Господарот на целата земја, ќе стапнат со нозете во јорданските води, водата на Јордан ќе престане да тече, онаа вода што доаѓа одозгора, и ќе стои на едно место како ѕид“.+

14 И народот тргна од своите шатори за да го премине Јордан, а свештениците го понесоа ковчегот+ на сојузот пред народот. 15 И штом носачите на ковчегот дојдоа до Јордан, штом нозете на свештениците што го носеа ковчегот загазија во водата на работ од реката — а Јордан се прелева насекаде преку своите брегови+ во сите денови додека трае жетвата — 16 водата што течеше одозгора застана. Застана како ѕид на едно место,+ многу далеку оттаму, кај Адам, град покрај Сартан.+ А водата што течеше кон морето Араба, кон Соленото Море,+ сосема истече. Престана да тече, и народот преминуваше спроти Ерихон. 17 А свештениците што го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз мирно стоеја на суво+ среде Јордан, додека целиот Израел преминуваше по сува земја,+ и така останаа сѐ додека не премина преку Јордан целиот народ.

4 А кога целиот народ го премина Јордан,+ Јехова му рече на Исус Навин: 2 „Доведете од народот дванаесет луѓе, по еден човек од секое племе,+ 3 и вака заповедајте им: ‚Земете од средината на Јордан, од местото на кое стојат нозете на свештениците,+ дванаесет камења,+ па понесете ги со себе и оставете ги на местото каде што ќе преноќевате ноќеска!‘ “+

4 И Исус Навин повика дванаесет луѓе,+ кои ги одреди меѓу Израеловите синови, по еден човек од секое племе. 5 Ним Исус Навин им рече: „Одете пред ковчегот на Јехова, својот Бог, до средината на Јордан, и земете си на рамо по еден камен, според бројот на племињата на Израеловите синови, 6 за да бидат знак меѓу вас!+ Ако вашите синови еден ден ве прашаат: ‚Што ви значат овие камења?‘+ 7 — речете им: ‚Поставени се затоа што водата на Јордан престана да тече пред ковчегот на Јеховиниот сојуз.+ Кога го преминуваше Јордан, водата на Јордан престана да тече, а овие камења се траен спомен за синовите на Израел‘ “.+

8 И синовите на Израел направија така како што им заповеда Исус Навин, и зедоа дванаесет камења од средината на Јордан, како што му рече Јехова на Исус Навин, според бројот на племињата на Израеловите синови,+ па ги однесоа на местото на кое преноќеваа+ и таму ги положија.

9 А други дванаесет камења Исус Навин постави среде Јордан на местото каде што стоеја нозете на свештениците+ кои го носеа ковчегот на сојузот. Таму се наоѓаат до ден-денес.

10 И така свештениците што го носеа ковчегот стоеја среде+ Јордан додека не се изврши сето она што Јехова му заповеда на Исус Навин да му го пренесе на народот, токму како што Мојсеј му беше заповедал на Исус Навин.+ А народот преминуваше брзо.+ 11 И кога премина целиот народ, тогаш преминаа и свештениците со Јеховиниот ковчег,+ а народот го гледаше тоа. 12 А синовите на Рувим, синовите на Гад и половина од племето на Манасија+ преминаа наредени во борбени редови+ пред очите на Израеловите синови, како што им нареди Мојсеј.+ 13 Околу четириесет илјади луѓе опремени за бој преминаа пред Јехова за да војуваат на пустата рамница кај Ерихон.

14 Во тој ден Јехова го возвиши Исус Навин во очите на сите Израелци,+ и тие почнаа да се бојат од него, како што се боеја и од Мојсеј во сите денови на неговиот живот.+

15 Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: 16 „Заповедај им на свештениците што го носат ковчегот на сведоштвото+ да излезат од Јордан!“ 17 И Исус Навин им заповеда на свештениците: „Излезете од Јордан!“ 18 И кога свештениците што го носеа ковчегот+ на Јеховиниот сојуз излегоа од среде Јордан, и кога со нозете+ застанаа на суво, водата во Јордан почна да се враќа на своето место и се прелеа+ насекаде како и порано преку бреговите.

19 Народот излезе од Јордан на десеттиот ден од првиот месец и се улогори во Гилгал,+ источно од Ерихон.

20 А оние дванаесет камења, кои ги зедоа од Јордан, Исус Навин ги постави во Гилгал.+ 21 А на Израеловите синови им рече: „Еден ден, кога вашите синови ќе ги прашаат своите татковци: ‚Што значат овие камења?‘+ 22 — поучете ги своите синови и речете им: ‚Израел го премина овој Јордан по суво,+ 23 кога Јехова, вашиот Бог, ја исуши пред нив водата во Јордан сѐ додека не го преминаа, како што Јехова, вашиот Бог, направи и со Црвеното Море, кога го исуши пред нив додека не го преминаа,+ 24 за да знаат сите народи на земјата колку е моќна+ Јеховината рака,+ а вие самите да се боите секогаш од Јехова, својот Бог‘ “.+

5 Кога чуја сите аморејски цареви,+ кои беа на западната страна на Јордан, и сите ханаански цареви,+ кои беа покрај морето, дека Јехова ја исуши водата на Јордан пред Израеловите синови додека не го преминаа, срцето им се скамени од страв+ и изгубија храброст* поради Израеловите синови.+

2 Во тоа време Јехова му рече на Исус Навин: „Направи си ножеви од кремен и повторно обрежи ги+ Израеловите синови, по втор пат!“ 3 И Исус Навин си направи ножеви од кремен и ги обрежа Израеловите синови кај Гаваја-Харалот.*+ 4 А еве зошто ги обрежа Исус Навин: целиот народ што излезе од Египет, сите машки, сите мажи што беа способни за војна, умреа+ во пустината по патот, откако излегоа од Египет. 5 Целиот народ што излезе беше обрежан, но целиот народ што се роди во пустината по патот откако излегоа од Египет не беше обрежан. 6 Зашто, Израеловите синови одеа низ пустината* четириесет години+ сѐ додека не изумреа сите мажи способни за војна кои излегоа од Египет и кои не го послушаа Јеховиниот глас. Ним Јехова им се заколна дека нема да им дозволи да ја видат земјата+ за која Јехова им се заколна на нивните прататковци дека ќе им* ја даде,+ земја во која тече мед и млеко.+ 7 На нивното место ги подигна нивните синови.+ Нив Исус Навин ги обрежа, зашто беа необрежани, бидејќи не беа обрежувани додека беа на пат.

8 И кога беше обрежан целиот народ, се одмораа на своето место во логорот додека не закрепнаа.+

9 Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: „Денес го симнав од вас египетскиот срам“.+ Затоа местото го доби името Гилгал,*+ кое го носи до ден-денес.

10 И Израеловите синови останаа улогорени во Гилгал, и таму, на пустата рамница кај Ерихон, ја прославија Пасхата на четиринаесеттиот ден од месецот, вечерта.+ 11 А утредента по Пасхата почнаа да јадат од плодовите на земјата — бесквасен леб+ и пржени зрна — токму на тој ден. 12 На следниот ден, кога јадеа од плодовите на земјата, маната престана да паѓа. Така Израеловите синови повеќе не добиваа мана,+ и во таа година почнаа да ги јадат плодовите на ханаанската земја.+

13 А кога се најде кај Ерихон, Исус Навин ги подигна очите и погледна, а пред него стоеше човек+ со извлечен меч во раката.+ И Исус Навин му пристапи и му рече: „Дали си на наша страна или си на страната на нашите непријатели?“ 14 А тој му рече: „Не сум на ничија страна, туку сега доаѓам како кнез на Јеховината војска“.+ Тогаш Исус Навин, полн со страхопочит, падна ничкум на земја,+ па му рече: „Што му заповеда мојот господар на својот слуга?“ 15 А кнезот на Јеховината војска му одговори на Исус Навин: „Собуј ги сандалите од нозете, зашто местото на кое стоиш е свето!“ И Исус Навин веднаш го направи тоа.+

6 А Ерихон се затвори и се утврди поради синовите на Израел, па никој не излегуваше и не влегуваше.+

2 И Јехова му рече на Исус Навин: „Еве, ти ги давам в раце Ерихон и неговиот цар со неговите храбри јунаци.+ 3 Сите вие, воини, обиколувајте го градот по еднаш на ден. Тоа правете го шест дена. 4 Седум свештеници нека носат пред ковчегот седум овнешки рога. А на седмиот ден, обиколете го градот седум пати и свештениците нека затрубат во роговите.+ 5 И кога тие ќе затрубат во овнешките рогови и кога ќе го чуете звукот на рогот, целиот народ нека крене силна воена викотница,+ и градските ѕидишта ќе се урнат до темел.+ Тогаш народот нека се искачи во градот, секој право напред од местото на кое ќе се затече“.

6 Така Исус, синот на Навин, ги повика свештениците+ и им рече: „Земете го ковчегот на сојузот,+ а седум свештеници нека носат пред Јеховиниот ковчег+ седум овнешки рога!“ 7 На народот, пак, му рече: „Појдете и обиколете го градот, а вооружени воини+ нека одат пред Јеховиниот ковчег!“ 8 И направија така како што му рече Исус Навин на народот. Седумте свештеници, кои ги носеа пред Јехова седумте овнешки рога, тргнаа и затрубија во роговите, а ковчегот на сојузот одеше по нив. 9 Вооружените воини одеа пред свештениците кои трубеа во рогови, додека заштитната стража+ одеше по ковчегот, а за сето тоа време трубеа во роговите.

10 А Исус Навин му заповеда на народот:+ „Не викајте, да не ви се чуе глас и ниту еден збор не смее да ви излезе од уста сѐ до денот кога ќе ви кажам: ‚Викајте!‘ Тогаш ќе викате“.+ 11 А го испрати Јеховиниот ковчег да го обиколи еднаш целиот град. Потоа се вратија во логорот, и во логорот преноќеваа.

12 Исус Навин стана рано изутрината,+ и свештениците го понесоа Јеховиниот ковчег.+ 13 Седумте свештеници кои ги носеа седумте овнешки рога одеа пред Јеховиниот ковчег, трубејќи постојано во роговите. Вооружените воини одеа пред нив, а заштитната стража одеше по Јеховиниот ковчег. За сето тоа време трубеа во роговите.+ 14 И на вториот ден го обиколија градот еднаш, а потоа се вратија во логорот. Тоа го правеа шест дена.+

15 На седмиот ден станаа рано, штом зазори зората, и седум пати го обиколија градот на истиот начин. Само на тој ден го обиколија градот седум пати.+ 16 А кога го обиколуваа градот по седмиот пат, свештениците затрубија во роговите и Исус Навин му рече на народот: „Викајте,+ зашто Јехова ви го предаде градот!+ 17 Градот е удрен со проклетството на уништувањето,*+ тој и сѐ што е во него му припаѓаат на Јехова. Само блудницата Раав+ нека остане жива, таа и сите оние што се со неа во куќата, зашто ги скри извидувачите што ги испративме.+ 18 Затоа, чувајте се од проколнатите работи,+ за да не посакате+ и да не земете нешто проколнато,+ па да ги навлечете на израелскиот логор проклетството на уништувањето и осудата!*+ 19 А сето сребро, злато, како и сите предмети од бакар и од железо се свети за Јехова.+ Треба да се донесат во Јеховината ризница“.+

20 И кога затрубија во роговите, народот извика.+ И кога народот го чу звукот на рогот и се огласи со силна воена викотница, ѕидиштата почнаа да се рушат.+ Потоа народот се искачи во градот, секој право напред од местото на кое се затече, и го освоија градот. 21 Сѐ што беше во градот, машко и женско, младо и старо, говеда и овци и магариња, го убија* со сечилото на мечот.+

22 А на оние двајца што ја извидуваа земјата, Исус Навин им рече: „Отидете во куќата на онаа блудница и изведете ги оттаму жената и сите нејзини, како што сте ѝ се заколнале!“+ 23 И младите луѓе, кои ја извидуваа земјата, отидоа и ги изведоа Раав, татко ѝ, мајка ѝ, нејзините браќа и сите нејзини, ги изведоа сите нејзини роднини,+ па ги одведоа надвор од израелскиот логор.

24 А градот и сѐ што беше во него го изгореа со оган.+ Само среброто, златото и предметите од бакар и од железо ги предадоа во ризницата на Јеховиниот дом.+ 25 А блудницата Раав и домот на татко ѝ и сите нејзини, Исус Навин ги остави живи,+ и така таа остана меѓу Израелците до ден-денес,+ затоа што ги скри луѓето кои Исус Навин ги испрати да го извидат Ерихон.+

26 Во тоа време Исус Навин нареди да се изрече оваа клетва: „Проклет да е пред Јехова човекот што ќе стане да го изгради овој град, градот Ерихон! Со својот првороден нека плати ако му го положи темелот и со својот најмлад син нека плати ако му ги постави вратите!“+

27 И Јехова беше со Исус Навин,+ и тој стана славен по целата земја.+

7 Но синовите на Израел постапија неверно со проколнатите работи,* зашто Ахан,*+ синот на Харми, син на Завдиј, син на Зара, од племето на Јуда, зеде од проколнатите работи.+ Затоа Јехова пламна од гнев против Израеловите синови.+

2 А Исус Навин испрати луѓе од Ерихон во Гај,+ кој е близу Вет-Авен,+ источно од Ветил,+ и им рече: „Отидете и извидете ја земјата!“ И луѓето отидоа и го извидоа Гај.+ 3 Потоа се вратија кај Исус Навин и му рекоа: „Нека не оди целиот народ. Нека отидат две до три илјади луѓе и нека удрат на Гај. Не мачи го целиот народ да оди таму, зашто таму има малку луѓе“.

4 И така, отидоа околу три илјади луѓе од народот, но мораа да побегнат од луѓето од Гај.+ 5 И жителите на Гај убија триесет и шест нивни луѓе, па ги гонеа+ од градската порта до Сиварим,* а продолжија да ги убиваат и на падината. Затоа срцето на народот му се скамени од страв и изгубија храброст како вода да ја однела.+

6 Тогаш Исус Навин си ја раскина облеката и падна ничкум+ на земја пред Јеховиниот ковчег, па тој и старешините на Израел останаа така сѐ до вечерта, посипувајќи си ги главите со прав.+ 7 Исус Навин потоа рече: „Леле, Севишен Господару Јехова, зошто го преведе овој народ преку Јордан? Зар да нѐ предадеш во рацете на Аморејците за да нѐ убијат? Барем да останевме од онаа страна на Јордан!+ 8 Прости ми, Јехова, но што да кажам сега откако Израел го сврте грбот бегајќи пред своите непријатели? 9 Сега Ханаанците и сите жители на оваа земја ќе чујат за тоа, па ќе нѐ опколат и ќе ни го сотрат името од земјата.+ И што ќе направиш ти за своето големо име?“+

10 Но Јехова му рече на Исус Навин: „Стани! Зошто падна ничкум? 11 Израел згреши и го престапи мојот сојуз+ со кој ги обврзав. Зедоа од проколнатите работи,+ ги украдоа,+ ги скрија+ и ги ставија меѓу своите работи.+ 12 Затоа синовите на Израел не ќе можат да им се спротивстават на своите непријатели.+ Ќе вртат грб бегајќи пред непријателите зашто на себе го навлекоа проклетството на уништувањето.* Нема да бидам со вас додека не го отстраните од својата средина она што е проколнато.*+ 13 Стани! Посвети го народот+ и објави: ‚Утре посветете се, зашто вака вели Јехова, Богот на Израел: „Среде тебе има проколнати работи, Израеле.+ Не ќе можете да им се спротивставите на своите непријатели додека не го отстраните од својата средина она што е проколнато. 14 Утре пристапете племе по племе, и од племето што ќе го издвои Јехова+ ќе пристапи семејство по семејство; од семејството што ќе го издвои Јехова ќе пристапи дом по дом; а од домот што ќе го издвои Јехова ќе пристапат мажите еден по еден. 15 И кај кого ќе се најде проколнатата работа, нека биде погубен и изгорен во оган,+ тој и сѐ што е негово, зашто го престапи Јеховиниот сојуз+ и направи во Израел срамно и безумно дело“ ‘ “.+

16 И така Исус Навин стана рано изутрината и заповеда да пристапи Израел племе по племе, и беше издвоено племето на Јуда. 17 Потоа заповеда да пристапат семејствата на Јуда, и беше издвоено семејството на Зара.+ Потоа заповеда од семејството на Зара да пристапат мажите еден по еден, и беше издвоен Завдиј. 18 Најпосле заповеда да пристапат мажите од неговиот дом еден по еден, и беше издвоен+ Ахан, синот на Харми, син на Завдиј, син на Зара, од племето на Јуда. 19 Тогаш Исус Навин му рече на Ахан: „Сине, те молам, дај му слава на Јехова, Богот на Израел,+ и признај му го својот грев!+ Кажи ми,+ те молам, што си направил! Не криј+ го тоа од мене!“

20 И Ахан му одговори на Исус Навин: „Навистина, му згрешив на Јехова, Богот на Израел.+ Еве што направив: 21 кога здогледав+ во пленот една убава скапоцена наметка од Сенар,+ двесте сикли* сребро и една златна шипка, тешка педесет сикли, ги посакав+ и ги зедов.+ Ене, скриени се во земјата среде мојот шатор, а сребрените пари се одоздола“.+

22 И Исус Навин веднаш испрати луѓе, кои отрчаа во шаторот и, ете, сето тоа беше скриено во неговиот шатор, а сребрените пари беа одоздола. 23 Па го зедоа сето она што беше среде шаторот, им го однесоа на Исус Навин и на сите синови на Израел и го простреа пред Јехова. 24 Тогаш Исус Навин и целиот Израел со него ги зедоа Ахан,+ синот на Зара, среброто, скапоцената наметка и златната шипка,+ неговите синови, неговите ќерки, неговите говеда, неговите магариња, неговата ситна стока, неговиот шатор и сѐ што беше негово, па ги изведоа во долината Ахор.+ 25 Таму Исус Навин рече: „Зошто навлече осуда врз нас?+ Денес Јехова ќе навлече осуда врз тебе“. Тогаш целиот Израел ги каменува,+ а потоа ги изгореа во оган.+ Така ги засипаа со камења. 26 Потоа нафрлаа врз него голем куп камења, кои стојат до денешен ден.+ Така се одврати Јехова од својот распламтен гнев.+ Затоа онаа долина го доби името Ахор,*+ кое го носи и ден-денес.

8 Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: „Не бој се и не плаши се!+ Земи ги со себе сите воини, па стани и оди против Гај! Еве, ти ги давам в раце гајскиот цар и неговиот народ, неговиот град и неговата земја.+ 2 Направи им го на Гај и на неговиот цар она што им го направи на Ерихон и на неговиот цар!+ Само пленот и стоката слободно земете си ги за себе.+ Постави му заседа на градот од зад грб!“+

3 И така Исус Навин и сите воини+ станаа да одат против Гај. Исус Навин избра триесет илјади луѓе, храбри јунаци,+ и ги испрати ноќе, 4 па им заповеда: „Еве, вие поставете му заседа+ на градот од зад грб! Не одете предалеку од градот, и сите бидете готови! 5 А јас и целиот народ што е со мене ќе му се приближиме на градот. Ако тие излезат против нас како и првиот пат,+ ние ќе почнеме да бегаме пред нив. 6 А тие ќе излезат и ќе нѐ гонат сѐ додека не ги одвлечеме од градот, зашто ќе речат: ‚Бегаат пред нас како и првиот пат!‘+ А ние ќе бегаме пред нив. 7 Тогаш вие излезете од заседата и заземете го градот, и Јехова, вашиот Бог, ќе ви го предаде в раце!+ 8 Штом ќе го освоите градот, запалете го!+ Постапете според Јеховината реч! Ете, тоа е заповедта што ви ја давам“.+

9 Потоа Исус Навин ги распушти и тие се упатија кон местото каде што требаше да постават заседа, па се улогорија меѓу Ветил и Гај, западно од Гај. А Исус Навин ја помина таа ноќ меѓу народот.

10 Следното утро Исус Навин стана рано,+ изврши смотра на народот и заедно со старешините на Израел тргна пред народот кон Гај. 11 И сите воини+ што беа со нив тргнаа за да му се приближат на градот отспреди. Се улогорија северно од Гај, така што долината беше меѓу нив и Гај. 12 А во меѓувреме Исус Навин зеде околу пет илјади луѓе и ги намести во заседа+ меѓу Ветил+ и Гај, западно од градот. 13 Така го поставија главниот логор северно од градот,+ а оние што беа во заднината се улогорија западно од градот.+ Исус Навин, пак, таа ноќ тргна кон средината на долината.

14 И штом царот на Гај го виде ова, луѓето од градот, откако станаа рано, побрзаа, па тој со целиот свој народ тргна во договореното време за да се судри со Израел пред пустата рамница. А тој не знаеше дека зад градот е поставена заседа.+ 15 А Исус Навин и целиот Израел фатија да бегаат пред нив кон пустината+ како да се победени.+ 16 Тогаш беше повикан целиот народ од градот да тргне во потера по нив. И така, гонејќи го Исус Навин, се оддалечија од градот.+ 17 Во Гај и Ветил не остана ниту еден човек кој не тргна по Израелците. Така, гонејќи ги Израелците, го оставија градот ширум отворен.

18 Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: „Пружи го кон Гај копјето што ти е во раката,+ зашто ти го давам тебе в раце!“+ И Исус Навин го пружи кон градот копјето што му беше во раката. 19 И штом тој ја испружи раката, оние што беа во заседа веднаш станаа од своето место и се стрчаа, па влегоа во градот, го освоија+ и веднаш го запалија.+

20 Кога се свртеа жителите на Гај, гледај, од градот се креваше чад кон небото, и повеќе не можеа да побегнат ни натаму ни наваму. Тогаш народот што бегаше кон пустината се сврте кон оние што ги гонеа. 21 Кога видоа дека оние од заседата+ го освоија градот и дека од градот се крева чад, Исус Навин и целиот Израел се свртија и удрија на жителите на Гај. 22 А и оние што го зазедоа градот тргнаа кон нив, така што жителите на Гај се најдоа опколени од Израелците, кои им беа и од едната и од другата страна. И им нанесоа толкав пораз што никој не преживеа, ниту некој побегна.+ 23 А царот+ на Гај го фатија жив и го доведоа кај Исус Навин.

24 И Израел ги уби сите жители на Гај во полето, во пустината во којашто ги гонеа. Паѓаа од сечилото на мечот додека не изгинаа сите. Потоа целиот Израел се врати во Гај и со сечилото на мечот убија сѐ што беше во него. 25 Во тој ден изгинаа дванаесет илјади луѓе, мажи и жени, сите луѓе од Гај. 26 А Исус Навин не ја спушти испружената рака во која го држеше копјето+ сѐ додека не беа убиени сите жители на Гај.*+ 27 Само стоката и пленот од тој град Израелците го зедоа за себе, како што Јехова му заповеда на Исус Навин.+

28 Потоа Исус Навин го запали Гај, така што од него останаа за навек само куп урнатини,+ пустош до ден-денес. 29 А царот на Гај+ го обеси на столб до вечерта.+ А кога заоѓаше сонцето, по заповед од Исус Навин го симнаа од столбот неговиот труп+ и го фрлија пред градската порта, па на него нафрлаа голем куп камења, кои стојат до денес.

30 Тогаш, на планината Евал,+ Исус Навин му изгради жртвеник+ на Јехова, Богот на Израел, 31 како што Мојсеј, Јеховиниот слуга, им заповеда на Израеловите синови и како што е напишано во книгата на Мојсеевиот закон:+ „Жртвеник од цели камења, кои не се обработувани со железен алат“.+ Потоа на него му принесоа на Јехова жртви паленици и жртвуваа жртви на заедништвото.+

32 Тука, на камењата, го препиша+ законот кој Мојсеј го беше напишал пред синовите на Израел.+ 33 Целиот Израел и неговите старешини,+ управители и судии стоеја од двете страни на ковчегот пред левитските свештеници,+ кои го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз+ — како дојденците така и родените Израелци+ — едната половина пред планината Гаризим,+ а другата половина пред планината Евал,+ како што заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга,+ за да се благослови+ најнапред израелскиот народ. 34 Тогаш ги прочита наглас сите зборови од законот+ — благословите+ и проклетствата+ — сѐ како што е напишано во книгата на законот. 35 Од сето она што го заповеда Мојсеј, немаше ниту еден збор што Исус Навин не го прочита наглас пред целата израелска заедница,*+ пред жените,+ децата+ и дојденците+ што одеа со нив.

9 Кога чуја за тоа, сите цареви+ што беа од оваа страна на Јордан во планините, во Шефела,* по должината на целиот брег на Големото Море*+ и под Ливан+ — Хетејците,+ Аморејците, Ханаанците,+ Ферезејците,+ Евејците и Евусејците+ — 2 се здружија за да тргнат во војна сите заедно против Исус Навин и Израел.+

3 И жителите на Гаваон+ слушнаа што им направи Исус Навин на Ерихон+ и на Гај.+ 4 Затоа мудро+ се досетија што да направат. Отидоа и си собраа храна, зедоа ветви вреќи за своите магариња и ветви, испокинати и закрпени мешини за вино,+ 5 обуја износени и крпени сандали, облекоа износени алишта, а целиот леб што го понесоа беше сув и ронлив. 6 Потоа дојдоа кај Исус Навин во логорот во Гилгал+ и им рекоа нему и на мажите на Израел: „Доаѓаме од далечна земја. Склучете сојуз+ со нас!“ 7 Но Израелците им рекоа на тие Евејци:+ „Можеби живеете некаде во наша близина. Тогаш како да склучиме сојуз со вас?“+ 8 А тие му одговорија на Исус Навин: „Твои слуги сме“.+

А Исус Навин ги запраша: „Кои сте и од каде доаѓате?“ 9 Тие му одговорија: „Од многу далечна земја+ доаѓаат твоите слуги заради името+ на Јехова, твојот Бог. Зашто, чувме за неговата слава, за сѐ што направил тој во Египет+ 10 и за сето она што им го направил на двајцата аморејски цареви, кои беа од онаа страна на Јордан — Сихон,+ царот на Есевон, и Ог,+ царот на Васан, кој беше во Астарот.+ 11 Тогаш нашите старешини и сите жители на нашата земја ни рекоа:+ ‚Земете си храна за по пат, па појдете им во пресрет и речете им: „Ваши слуги сме.+ Склучете сојуз со нас!“ ‘+ 12 Овој наш леб беше топол кога го понесовме на пат од нашите домови, во оној ден кога тргнавме кај вас, а, еве, сега е сув и ронлив.+ 13 Ова се винските мешини што ги наполнивме нови, а, еве, сега се искинати.+ А и овие наши алишта и сандали изветвија од далечниот пат“.

14 Тогаш Израелците зедоа од нивната храна за да го проверат тоа, а не го прашаа Јехова за совет.+ 15 Така Исус Навин склучи мир со нив+ и склопи сојуз дека ќе ги остави живи, а поглаварите+ на заедницата им се заколнаа.+

16 Но по три дена откако склучија сојуз со нив, слушнаа дека тие им биле соседи и дека живеат близу до нив. 17 На третиот ден тргнаа синовите на Израел и дојдоа во нивните градови — а нивни градови беа: Гаваон,+ Кефира,+ Веерот+ и Киријат-Јарим.+ 18 Но синовите на Израел не ги нападнаа, зашто поглаварите на заедницата им се беа заколнале+ во Јехова, Богот на Израел.+ И целиот народ почна да мрмори против поглаварите.+ 19 Тогаш сите поглавари ѝ рекоа на целата заедница: „Ние им се заколнавме во Јехова, Богот на Израел, и затоа сега не смееме да ги допреме.+ 20 Вака ќе им направиме кога веќе ги оставаме живи, за да не нѐ стигне Божјиот гнев поради заклетвата со која им се заколнавме“.+ 21 Затоа поглаварите им рекоа: „Нека останат живи, па нека сечат дрва и нека носат вода за целата заедница,+ како што им ветивме“.+

22 Потоа Исус Навин ги повика и им рече: „Зошто нѐ измамивте, велејќи: ‚Живееме многу далеку од вас‘,+ а вие сте живееле меѓу нас?+ 23 Затоа сега, да сте проклет+ народ! Довека ќе бидете робови+ и ќе сечете дрва и ќе носите вода за домот на мојот Бог“.+ 24 А тие му одговорија на Исус Навин: „Твоите слуги слушаа многу за тоа дека Јехова, твојот Бог, му заповедал на Мојсеј, својот слуга, да ви ја предаде целата оваа земја и од пред вас да ги истреби сите жители на оваа земја,+ па поради вас многу се исплашивме за своите души.+ Затоа го направивме ова.+ 25 И еве, сега сме во твои раце. Направи го со нас она што мислиш дека е добро и исправно“.+ 26 И тој така и им направи, и ги избави од раката на Израеловите синови, па не ги убија.+ 27 Тој ден Исус Навин одреди+ да сечат дрва и да носат вода за заедницата+ и за Јеховиниот жртвеник на местото што ќе го избере Тој.+ Тие го прават тоа до ден-денес.

10 А Адони-Седек, ерусалимскиот цар, кога чу дека Исус Навин го освоил Гај+ и го уништил,*+ дека го направил со Гај и со неговиот цар+ истото што го направил и со Ерихон+ и со неговиот цар,+ и дека жителите на Гаваон склучиле мир со Израел,+ и живеат меѓу нив, 2 многу се исплаши,+ зашто Гаваон беше голем град, како некој царски град, и беше поголем од Гај,+ а сите мажи во него беа јунаци. 3 Затоа Адони-Седек, ерусалимскиот цар,+ вака им порача на Оам, хевронскиот цар,+ на Пирам, јармутскиот цар,+ на Јафија, лахискиот цар,+ и на Девир, еглонскиот цар:+ 4 „Дојдете кај мене и помогнете ми, па да удриме на Гаваон зашто склучил мир со Исус Навин и со Израеловите синови!“+ 5 Така се собраа и тргнаа, пет аморејски цареви:+ царот на Ерусалим, царот на Хеврон, царот на Јармут, царот на Лахис и царот на Еглон, тие и сета нивна војска, па се улогорија под Гаваон и го нападнаа.

6 Тогаш луѓето од Гаваон му порачаа на Исус Навин во логорот во Гилгал:+ „Немој да им скратиш помош на своите робови!+ Дојди брзо, спаси нѐ и помогни ни, зашто се собраа против нас сите аморејски цареви што живеат во планините!“ 7 И Исус Навин тргна од Гилгал, тој и со него сите воини+ и сите храбри јунаци.+

8 А Јехова му рече на Исус Навин: „Не плаши се од нив,+ зашто ти ги давам тебе в раце!+ Ниту еден од нив нема да се одржи пред тебе“.+ 9 И Исус Навин ги нападна ненадејно, откако цела ноќ одеше од Гилгал. 10 И Јехова направи метеж меѓу нив пред Израелците,+ така што ги погубија во голем колеж кај Гаваон,+ па продолжија да ги гонат по патот што се качува кон Вет-Орон. Ги биеја сѐ до Азика+ и Макида.+ 11 И додека тие бегаа пред Израел низ веторонскиот рид, Јехова фрлаше врз нив крупен град+ од небото сѐ до Азика, така што изгинаа. И повеќе од нив изгинаа од градот отколку што Израеловите синови ги убија со меч.

12 Во оној ден кога Јехова им ги предаде Аморејците на Израеловите синови, Исус Навин му се обрати на Јехова, па повика пред Израелците:

„Сонце,+ застани над Гаваон,+

и ти, месечино, над ајалонската долина!“+

13 И сонцето застана, а месечината запре додека народот не им се одмазди на своите непријатели.+ Не пишува ли за тоа во книгата на Јашар?*+ И сонцето запре среде небото и речиси цел ден не побрза да зајде.+ 14 Таков ден немаше ни пред ни по оној ден, во кој Јехова така послуша човечки глас,+ зашто Јехова се бореше за Израел.+

15 Потоа Исус Навин и целиот Израел со него се вратија во логорот во Гилгал.+

16 Додека се случуваше сето тоа, петте цареви побегнаа+ и се скрија во пештерата кај Макида.+ 17 А на Исус Навин му јавија: „Пронајдени се петтемина цареви. Се кријат во пештерата кај Макида“.+ 18 Тогаш Исус Навин рече: „Навалете големи камења на влезот од пештерата и поставете луѓе да ги чуваат! 19 А вие не стојте! Гонете ги своите непријатели и удирајте ги од зад грб!+ Не дозволувајте им да влезат во своите градови, зашто Јехова, вашиот Бог, ви ги дава в раце!“+

20 Откако Исус Навин и Израеловите синови им нанесоа големи загуби и сосема ги поразија,+ а другите што успеаја да преживеат побегнаа и влегоа во утврдените градови,+ 21 целиот народ среќно се врати кај Исус Навин во логорот во Макида. И никој повеќе не се осмели да каже ниту еден лош збор против Израеловите синови.+ 22 Тогаш Исус Навин рече: „Отворете го влезот во пештерата и од пештерата доведете ги пред мене оние пет цара!“ 23 И постапија така и од пештерата ги изведоа пред него оние пет цареви: царот на Ерусалим,+ царот на Хеврон,+ царот на Јармут, царот на Лахис+ и царот на Еглон.+ 24 А кога ги доведоа тие пет цареви пред Исус Навин, Исус Навин ги викна сите Израелци, а на заповедниците на војската, кои го придружуваа, им рече: „Пристапете и стапнете им со нога на вратовите на овие цареви!“+ И пристапија и им стапнаа со нога на вратовите.+ 25 Тогаш Исус Навин им рече: „Не бојте се и не плашете се!+ Бидете храбри и силни, зашто вака ќе им направи Јехова на сите ваши непријатели против кои војувате!“+

26 Потоа Исус Навин ги удри и ги погуби, па ги обеси на пет столба. На тие столбови висеа до вечерта.+ 27 А кога заоѓаше сонцето, по заповед на Исус Навин, ги симнаа од столбовите,+ па ги фрлија во пештерата во која се беа скриле. Потоа на влезот од пештерата ставија големи камења, кои стојат таму до денес.

28 На тој ден Исус Навин ја освои Макида+ и погуби* сѐ во неа со сечилото на мечот. Го погуби нејзиниот цар заедно со сите души што беа во неа.+ Никого не остави жив. Така, со царот на Макида+ го направи истото што го направи и со царот на Ерихон.

29 Потоа Исус Навин и целиот Израел со него тргнаа од Макида во Ливна и ја нападнаа Ливна.+ 30 И Јехова му ги предаде и неа и нејзиниот цар в раце на Израел, кој ги погуби со сечилото на мечот — сите души што беа во неа. Не остави жив никого во неа. Така, со нејзиниот цар го направија истото што го направија и со царот на Ерихон.+

31 Потоа Исус Навин и целиот Израел со него тргнаа од Ливна во Лахис.+ Се улогорија под него, па го нападнаа. 32 И Јехова му го даде Лахис на Израел в раце, така што на вториот ден го освоија, па го погубија со сечилото на мечот — сите души што беа во него+ — исто како што направија и со Ливна.

33 Тогаш Орам, царот на Гезер,+ дојде да му помогне на Лахис, но Исус Навин ги погуби него и неговиот народ, така што никој од нив не остана жив.+

34 Потоа Исус Навин и целиот Израел со него тргнаа од Лахис во Еглон.+ Се улогорија под него, а потоа го нападнаа. 35 Во тој ден го освоија, и сѐ во него погубија со сечилото на мечот. Сите души што беа во него ги погубија во тој ден, исто како што направија и со Лахис.+

36 Потоа Исус Навин и целиот Израел со него отидоа од Еглон во Хеврон+ и почнаа да го напаѓаат. 37 Го освоија, а потоа го погубија со сечилото на мечот — неговиот цар, сите негови околни градови и сите души што беа таму. Никого не остави жив. Нему му го направи истото што му го направи и на Еглон. Така го погуби целиот град, сите души што беа во него.+

38 На крајот, Исус Навин и целиот Израел со него тргнаа против Девир+ и почнаа да го напаѓаат. 39 Го порази градот и неговиот цар и сите негови околни градови, и ги погуби со сечилото на мечот — ги погуби сите души што беа во него.+ Никого не остави жив.+ Со Девир и со неговиот цар го направи истото што го направи и со Хеврон, и истото што го направи со Ливна и со нејзиниот цар.+

40 И Исус Навин погуби сѐ што беше во земјата — во планините,+ во Негев,+ во Шефела*+ и на планинските падини,+ а и сите нивни цареви. Никого не остави жив. Погуби сѐ+ што дишеше,+ како што заповеда Јехова, Богот на Израел.+ 41 Исус Навин уби сѐ, освојувајќи го подрачјето од Кадис-Варни+ до Газа,+ целиот гесемски крај+ и сите предели до Гаваон.+ 42 Исус Навин ги покори во еден поход сите тие цареви и нивната земја,+ зашто Јехова, Богот на Израел, се бореше за Израел.+ 43 Потоа Исус Навин и целиот Израел се вратија со него во логорот во Гилгал.+

11 А кога го чу тоа, Јавин, царот на Асор, испрати гласници кај мадонскиот+ цар Јовав, кај царот на Симрон, кај царот на Ахсаф,+ 2 кај царевите во планините на север и во пустите рамници јужно од Кинерет,+ во Шефела+ и во планините кај Дор+ на запад, 3 кај Ханаанците+ на исток и на запад, кај Аморејците,+ кај Хетејците,+ кај Ферезејците,+ кај Евусејците+ во планините и кај Евејците+ во подножјето на Хермон+ во земјата Миспа.+ 4 И сите тие тргнаа со своите војски, со мноштво што беше бројно како песокот на морскиот брег,+ како и со многу коњи+ и бојни коли. 5 Потоа, сите тие цареви, според договорот, се сретнаа и се улогорија заедно кај меромската вода за да се борат со Израел.+

6 Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: „Не плаши се од нив,+ зашто утре во ова време ќе му ги предадам сите на Израел за да ги убие! На нивните коњи пресечи им ги жилите на нозете,+ а нивните коли запали ги со оган!“+ 7 И Исус Навин и сите воини со него ненадејно дојдоа против нив кај меромските води и ги нападнаа. 8 И Јехова му ги даде в раце на Израел,+ па ги биеја и ги гонеа сѐ до густо населениот Сидон+ и до Мисрефот-Маим,+ и до рамницата Миспе+ на исток. Така ги поразија што не оставија жив никого од нив.+ 9 Потоа Исус Навин им го направи она што му го заповеда Јехова: на нивните коњи им ги пресече жилите на нозете,+ а нивните коли ги запали со оган.+

10 Освен тоа, во тоа време Исус Навин се врати+ и го освои Асор,+ а неговиот цар го погуби со меч,+ зашто Асор претходно им беше глава на сите тие царства. 11 Сите души што беа во него ги убија со сечилото на мечот, сите ги погубија.*+ Не остана ништо што дише.+ Потоа го изгоре Асор во оган. 12 Така Исус Навин ги освои и ги порази со сечилото на мечот сите градови на тие цареви и сите нивни цареви.+ Сите ги погуби,+ како што му заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга.+ 13 Но Израелците не запалија ниту еден град што стоеше сам на својата височинка, освен Асор, кој го изгоре Исус Навин. 14 А целиот плен од тие градови и сета стока Израеловите синови ги зедоа за себе.+ Но сите луѓе ги убија со сечилото на мечот, така што ги истребија.+ Никого не оставија жив.+ 15 Она што му го заповеда Јехова на Мојсеј, својот слуга, тоа му го заповеда Мојсеј на Исус Навин,+ а Исус Навин го изврши. Не остави неизвршен ниту еден збор од сето она што му го заповеда Јехова на Мојсеј.+

16 Така Исус Навин ја зазеде целата таа земја, планините, целиот Негев,+ целиот гесемски крај,+ Шефела,+ Араба,+ како и израелските планини и нивната Шефела,+ 17 од планината Алак,+ која се издига кон Сеир,+ па сѐ до Ваал-Гад+ во ливанската рамница во подножјето на планината Хермон,+ а сите нивни цареви ги порази, ги зароби, а потоа ги погуби.+ 18 Долго време Исус Навин водеше војна со сите тие цареви. 19 И немаше ниту еден град што склучи мир со Израеловите синови, освен Евејците+ што живееја во Гаваон.+ Сите други ги зазедоа со војна,+ 20 зашто Јехова дозволи да им отврднат срцата+ и да му објават војна на Израел, за да може да ги погуби и да нема милост кон нив,+ туку да ги истреби. Направија како што му заповеда Јехова на Мојсеј.+

21 Во тоа време Исус Навин излезе, па ги истреби Енаковците,+ кои живееја во планините, во Хеврон, во Девир, во Анав,+ на сите планини на Јуда и на сите планини на Израел.+ Исус Навин ги сотре* заедно со нивните градови.+ 22 Ниту еден од Енаковците не остана во земјата на Израеловите синови. Од нив останаа+ само во Газа,+ во Гат+ и во Азот.+ 23 Така Исус Навин ја зазеде целата земја, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+ Потоа Исус Навин му ја даде во наследство на Израел — на секое племе му го даде неговиот дел.+ И земјата почина од војна.+

12 Ова се царевите на онаа земја, кои Израеловите синови ги поразија и чија земја ја зазедоа од источната страна на Јордан,+ од долината* на Арнон+ сѐ до планината Хермон+ и целата Араба+ кон исток: 2 Сихон,+ аморејскиот цар, кој живееше во Есевон.+ Неговото царство се протегаше од Ароир,+ кој лежи на работ од долината на Арнон,+ па по средината на долината и по половина Галад сѐ до долината на Јавок,+ кој е граница на Амоновите синови, 3 потоа по Араба+ на источната страна, до Кинеретското Море,*+ па по нејзината источна страна до морето Араба, односно до Соленото Море,+ во правец на Вет-Есимот+ и кон југ сѐ до падините на Фасга.+

4 Го зазедоа и подрачјето што му припаѓаше на Ог,+ васанскиот цар, кој преостана од Рефаимците+ и живееше во Астарот+ и во Едреј.+ 5 Тој владееше со планината Хермон,+ со Салека и со целиот Васан+ сѐ до границата со Гесурците+ и со Макатците,+ како и со половината од Галад до подрачјето што му припаѓаше на Сихон,+ царот на Есевон.+

6 Мојсеј, Јеховиниот слуга, и синовите на Израел ги поразија нив.+ Потоа Мојсеј, Јеховиниот слуга, им ја даде нивната земја во сопственост на племето на Рувим,+ на племето на Гад+ и на половината племе на Манасија.+

7 А ова се царевите на земјата кои Исус Навин и Израеловите синови ги поразија на западната страна од Јордан, од Ваал-Гад+ во ливанската рамница+ до планината Алак,+ која се издига кон Сеир,+ а потоа Исус Навин им ја даде таа земја во сопственост на Израеловите племиња, на секое племе неговиот дел,+ 8 во планините, во Шефела, во Араба, по планинските падини, во пустината и во Негев+ — земјата на Хетејците, на Аморејците,+ на Ханаанците, на Ферезејците, на Евејците и на Евусејците:+

 9 царот на Ерихон,+ еден; царот на Гај,+ кој е кај Ветил, еден;

10 царот на Ерусалим,+ еден; царот на Хеврон,+ еден;

11 царот на Јармут,+ еден; царот на Лахис,+ еден;

12 царот на Еглон,+ еден; царот на Гезер,+ еден;

13 царот на Девир,+ еден; царот на Гедер, еден;

14 царот на Хорма, еден; царот на Арад, еден;

15 царот на Ливна,+ еден; царот на Адолам, еден;

16 царот на Макида,+ еден; царот на Ветил,+ еден;

17 царот на Тафуј, еден; царот на Офер,+ еден;

18 царот на Афек, еден; царот на Лашарон, еден;

19 царот на Мадон,+ еден; царот на Асор,+ еден;

20 царот на Симрон-Мерон, еден; царот на Ахсаф,+ еден;

21 царот на Танах, еден; царот на Мегидо,+ еден;

22 царот на Кедес, еден; царот на Јокнеам+ на Кармил, еден;

23 царот на Дор, кај дорските планини,+ еден; царот на Гоим од Гилгал, еден;

24 царот на Терса, еден. Вкупно триесет и еден цар.+

13 Исус Навин веќе беше стар и навлезен во години.+ Затоа Јехова му рече: „Ти остаре и веќе навлезе во години, а остана уште многу земја што треба да се освои.+ 2 Ова е земјата што уште останува:+ сите филистејски+ и сите гесурски+ краишта 3 (од нилскиот речен ракав што е пред Египет до екронската граница на север,+ сето тоа се сметаше за ханаанско подрачје);+ подрачјето на пет филистејски кнезови-сојузници:+ од Газа,+ од Азот,+ од Аскалон,+ од Гат+ и од Екрон;+ потоа подрачјето на Авимците.+ 4 На југ, целата ханаанска земја; и Меара, која им припаѓа на Сидонците,+ сѐ до Афек, до аморејската граница; 5 и земјата на Гевалците+ и целиот Ливан кон исток, од Ваал⁠-⁠Гад+ во подножјето на планината Хермон дури до влезот во Емат;+ 6 сите што живеат во планините, од Ливан+ до Мисрефот-Маим,+ сите Сидонци.+ Јас ќе ги протерам пред Израеловите синови.+ Само раздели му ја таа земја во наследство на Израел, како што ти заповедав.+ 7 Раздели ја сега таа земја во наследство меѓу деветте племиња и половината од племето на Манасија.“+

8 Другата половина од племето, а со него и племето на Рувим и племето на Гад, го добија своето наследство што им го даде Мојсеј источно од Јордан, токму онака како што им го додели Мојсеј, Јеховиниот слуга:+ 9 земјата што се протега од Ароир,+ кој лежи на работ на долината на Арнон,+ градот кој е среде долината и целата медевска висорамнина+ до Девон;+ 10 сите градови на Сихон, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон, дури до границата со Амоновите синови;+ 11 Галад и подрачјето што им припаѓаше на Гесурците+ и на Макатците, целата планина Хермон+ и целиот Васан+ до Салека;+ 12 целото царство на васанскиот цар Ог,+ кој владееше во Астарот и во Едреј+ — тој остана последен од Рефаимците.+ Нив Мојсеј ги порази и ги протера.+ 13 Но Израеловите синови не ги протераа+ Гесурците и Макатците, па така жителите на Гесур+ и на Макат живеат меѓу Израеловите синови до ден-денес.

14 Само на Левиевото племе не му даде наследство.+ Нивното наследство+ се жртвите палени+ за Јехова, Богот на Израел, како што им вети тој.+

15 И Мојсеј му даде наследство на племето на Рувимовите синови, по неговите семејства. 16 Тие го добија подрачјето од Ароир,+ кој лежи на работ од долината на Арнон, градот кој е среде долината и целата медевска висорамнина;+ 17 Есевон+ со сите негови околни градови,+ кои се на висорамнината: Девон,+ Вамот-Ваал,+ Вет-Ваал-Меон,+ 18 Јаса,+ Кедимот,+ Мефат,+ 19 Киријатаим,+ Сивма,+ Зарет-Сар, на планината над долината, 20 Вет-Фегор, падините на Фасга,+ Вет-Есимот,+ 21 сите градови на висорамнината+ и целото царство на Сихон, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон+ и кого Мојсеј го порази+ исто како мадијамските поглавари Евиј, Рекем, Сур, Ор и Рева+ — кнезови на Сихон, кои живееја во таа земја. 22 А гаталецот+ Валаам, синот на Веор,+ Израеловите синови го убија со меч заедно со останатите што ги погубија. 23 А Јордан им стана граница на синовите на Рувим. Тоа подрачје е наследство на синовите на Рувим,+ по нивните семејства, со градовите и со нивните околни места.

24 Мојсеј му даде наследство и на племето на Гад, на синовите на Гад, по нивните семејства,+ 25 и тие го добија подрачјето: Јазер,+ сите галадски градови,+ половина од земјата на Амоновите синови+ дури до Ароир,+ кој е спроти Рава;+ 26 подрачјето од Есевон+ до Рамот-Миспе и до Ветоним, и од Маханаим+ до границата со Девир;+ 27 а во долината: Вет-Аран,+ Вет-Нимра,+ Сокот+ и Сафон, останатиот дел од царството на Сихон, есевонскиот цар.+ Јордан беше граница на тоа подрачје сѐ до Кинеретското Море.+ Границата се протегаше по источната страна на Јордан. 28 Тоа е наследството на синовите на Гад,+ по нивните семејства, со градовите и со нивните околни места.

29 Мојсеј му даде наследство и на половината племе на Манасија, и тоа му припадна на половината племе на синовите на Манасија, по неговите семејства.+ 30 Го добија подрачјето што се протега од Маханаим,+ целиот Васан, целото царство на Ог, васанскиот цар,+ сите васански села на Јаир, во кои се живееше под шатори,+ шеесет градови. 31 А половината од Галад, Астарот+ и Едреј,+ градови на царството на Ог во Васан, им припаднаа на синовите на Махир,+ синот на Манасија, и тоа на половината од синовите на Махир, по нивните семејства.

32 Мојсеј им го даде тоа во наследство кога беа во пустелијата, во моавските рамници источно од Јордан, спроти Ерихон.+

33 А на Левиевото племе Мојсеј не му даде наследство.+ Јехова, Богот на Израел, е нивното наследство, како што им вети.+

14 Еве што добија Израеловите синови како наследство во ханаанската земја,+ кое им го дадоа во наследство свештеникот Елеазар, Исус, синот на Навин, и родовските поглавари на израелските племиња.+ 2 Со ждрепка го разделија наследството,+ како што беше заповедал Јехова преку Мојсеј, меѓу девет и пол племиња.+ 3 Зашто, Мојсеј уште пред тоа го одреди наследството за две и пол племиња од другата страна на Јордан.+ Но на племето на Леви не му даде наследство меѓу нив.+ 4 А од синовите на Јосиф настанаа две племиња+ — Манасија+ и Ефрем.+ А на племето на Леви не му беше дадено никакво наследство во земјата, освен градовите+ за живеење и околните пасишта за нивната стока и за целиот нивни имот.+ 5 Како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј, така и направија Израеловите синови кога ја разделуваа земјата.

6 Тогаш синовите на Јуда му пристапија на Исус Навин во Гилгал,+ а Халев,+ синот на Јефониј Кенезовецот,+ му рече: „Ти добро знаеш што му рече Јехова+ на Мојсеј, Божјиот човек,+ за мене и за тебе во Кадис-Варни.+ 7 Имав четириесет години кога Мојсеј, Јеховиниот слуга, ме испрати од Кадис-Варни да ја извидам земјата,+ и јас го известив за сѐ што видов, како што ми зборуваше срцето.+ 8 А браќата што појдоа со мене му влеаја на народот страв во срцето.+ Но јас ја вршев волјата на Јехова, својот Бог, во сѐ.+ 9 Затоа Мојсеј во тој ден се заколна: ‚Земјата на која стапна твојата нога+ ќе ви припадне тебе и на твоите синови како трајно наследство, зашто ти ја вршеше волјата на Јехова, мојот Бог, во сѐ‘.+ 10 И, еве, Јехова ме зачува жив,+ како што вети.+ Веќе поминаа четириесет и пет години откако Јехова му го вети тоа на Мојсеј, додека Израел уште одеше по пустината,+ и, еве, денес имам осумдесет и пет години. 11 Но и денес сум сѐ уште толку силен колку што бев во оној ден кога Мојсеј ме испрати како извидувач.+ Како што имав сила тогаш, така имам сила за војна и денес, за да отидам и да се вратам.+ 12 Затоа сега, дај ми ги овие планини, кои Јехова ми ги вети во оној ден,+ зашто самиот чу во тој ден дека таму се Енаковците+ и дека таму има големи утврдени градови.+ Јехова секако ќе биде со мене,+ и ќе ги протерам. Јехова вети дека ќе биде така“.+

13 Тогаш Исус Навин го благослови Халев, синот на Јефониј, и му го даде во наследство Хеврон.+ 14 Затоа до ден-денес Хеврон му припаѓа на Халев, синот на Јефониј Кенезовецот, како наследство, зашто го слушаше Јехова, Богот на Израел, во сѐ.+ 15 А Хеврон се викаше порано Киријат-Арва+ (а Арва+ беше голем човек во Енаковци). И земјата се одмори од војна.+

15 Делот што со ждрепка му припадна+ на племето на синовите на Јуда, по нивните семејства, се протегаше до едомската граница,+ по пустината Зин+ и до Негев+ на неговиот јужен крај. 2 А нивната јужна граница се протегаше од крајот на Соленото Море,+ од неговиот јужен крај. 3 Оттаму излегуваше на југ на угорништето Акравим.+ Потоа одеше до Зин,+ а од југ се искачуваше нагоре до Кадис-Варни,+ па продолжуваше до Есром, а потоа горе до Адар и свртуваше кон Карка. 4 Потоа се протегаше до Асмон+ и се спојуваше со долината на реката Египет,+ а потоа излегуваше на море. Тоа им беше јужната граница.

5 Источната граница беше Соленото Море сѐ до утоката на Јордан, а северната граница почнуваше кај северниот крај на морето, кај утоката на Јордан.+ 6 Таа граница продолжуваше нагоре до Вет-Огла+ и поминуваше северно од Вет-Арава.+ Потоа границата одеше горе до каменот на Воан,+ синот на Рувим. 7 Границата потоа одеше горе до Девир, кој лежи во долината на Ахор,+ па свртуваше на север кон Гилгал,+ кој лежи пред угорништето Адумим, јужно од речната долина. Понатаму границата одеше кон водите на Ен-Семес+ и допираше до Ен-Рогел.+ 8 Оттаму границата одеше горе до долината на Еномовиот син,+ до евусејската+ падина на југ, односно до Ерусалим.+ Потоа границата се искачуваше до врвот на планината што од запад гледа на долината на Еном, а таа планина се наоѓа на северниот крај од рефаимската долина.+ 9 Границата одеше од врвот на планината кон Нефтоах, каде што извира вода,+ па излегуваше кај градовите на планината Ефрон. Границата одеше до Ваала+ (односно до Киријат-Јарим).+ 10 Кај Ваала границата свртуваше на запад кон планината Сеир и продолжуваше до северната падина на планината Јарим, односно до Хасалон. Потоа одеше долу до Вет-Семес+ и понатаму до Темна.+ 11 Оттаму границата излегуваше на северната падина на Екрон.+ Потоа се протегаше кон Сикерон, и понатаму до планината Ваала, па излегуваше на Јавнил. На крајот излегуваше на море.

12 Западната граница беше брегот на Големото Море.*+ Тоа беше границата на синовите на Јуда наоколу, по нивните семејства.

13 А на Халев,+ синот на Јефониј, му даде дел меѓу синовите на Јуда, како што му беше заповедал Јехова на Исус Навин, имено Киријат-Арва (а Арва му беше татко на Енак), односно Хеврон.+ 14 Оттаму Халев протера три сина на Енак:+ Сесај,+ Ахиман и Талмај,+ потомци на Енак.+ 15 Оттаму тргна против жителите на Девир.+ (А Девир порано се викаше Киријат-Сефер.)+ 16 Тогаш Халев рече: „Кој ќе го порази Киријат-Сефер и ќе го освои, нему ќе му ја дадам за жена својата ќерка Ахса“.+ 17 И го освои Готонил,+ синот на Кенез,+ братот на Халев. И тој му ја даде за жена својата ќерка Ахса.+ 18 И кога заминуваше во својот дом, таа го наговараше својот маж да побара нива од нејзиниот татко. И додека седеше на магарето, плесна со рацете за да го викне својот татко Халев. Тогаш тој ја праша: „Што сакаш?“+ 19 Таа му одговори: „Дај ми благослов! Кога веќе ми даде земја на југ, дај ми го и Голат-Маим!“ И тој ѝ ги даде Горни Голат и Долни Голат.+

20 Тоа е наследството+ на племето на синовите на Јуда,+ по нивните семејства.

21 Градовите во граничното подрачје на племето на синовите на Јуда, кон границата со Едом+ на југ беа: Кавсеил,+ Едер, Јагур, 22 Кина, Димона, Адада, 23 Кедес, Асор, Итнан, 24 Зиф, Телем,+ Валот, 25 Асор-Адата, Кериот-Есрон (односно Асор), 26 Амам, Сема, Молада,+ 27 Асар-Гада, Есмон, Вет-Фалет,+ 28 Асар-Суал,+ Вирсавеја,+ Визиотија, 29 Ваала,+ Им, Асем,+ 30 Елтолад, Хесил, Хорма,+ 31 Сиклаг,+ Мадмана, Сансана, 32 Леваот, Силеим, Аин+ и Римон+ — вкупно дваесет и девет градови со околните места.

33 Во Шефела:+ Естаол,+ Сора,+ Ашна, 34 Заноја,+ Ен-Ганим, Тафуј, Енам, 35 Јармут,+ Адолам,+ Сохо,+ Азика,+ 36 Сараим,+ Адитаим, Гедера и Гедиротаим — четиринаесет градови со околните места.

37 Сенан, Адаша, Мигдал-Гад, 38 Дилан, Миспе, Јоктеил, 39 Лахис,+ Васкат,+ Еглон,+ 40 Хавон, Ламам, Хитлис, 41 Гедирот, Вет-Дагон, Наама, Макида+ — шеснаесет градови со околните места.

42 Ливна,+ Етер,+ Асан, 43 Јефта, Ашна, Несив, 44 Кеила,+ Ахзив,+ Мариса+ — девет градови со околните места.

45 Екрон+ со околните градови и места. 46 Од Екрон кон запад сѐ што се наоѓа покрај Азот и околните места.

47 Азот+ со околните градови и места. Газа+ со околните градови и места, сѐ до долината на реката Египет и до Големото Море со крајбрежното подрачје.+

48 А во планините: Семир, Јатир,+ Сохо, 49 Дана, Киријат-Сана (односно Девир), 50 Анав, Естемо,+ Аним, 51 Гесем,+ Олон и Гилон+ — единаесет градови со околните места.

52 Араб, Дума, Есан, 53 Јанум, Вет-Тафуј, Афека, 54 Хумта, Киријат-Арва (односно Хеврон)+ и Сиор — девет градови со околните места.

55 Маон,+ Кармил, Зиф,+ Јута, 56 Језраел, Јокдеам, Заноја, 57 Кајн, Гаваја и Темна+ — десет градови со околните места.

58 Алул, Вет-Сур, Гедор, 59 Марат, Вет-Анот и Елтекон — шест градови со околните места.

60 Киријат-Ваал+ (односно Киријат-Јарим)+ и Рава — два града со околните места.

61 А во пустината: Вет-Арава,+ Мидин, Сехаха, 62 Нивсан, Градот на Солта и Ен-Геди+ — шест градови со околните места.

63 А синовите на Јуда не можеа да ги протераат+ Евусејците+ што живееја во Ерусалим.+ Затоа Евусејците живеат со синовите на Јуда во Ерусалим до ден-денес.

16 На синовите на Јосиф+ со ждрепка им припадна+ делот што се простира од Јордан+ кај Ерихон до ерихонските води од нивната источна страна, па преку пустината што се издигнува од Ерихон кон ветилските планини.+ 2 Од Ветил, кој е кај Луз,+ тоа подрачје се протегаше до границата со Архијците+ кај Атарот. 3 Потоа се спушташе на запад до границата со Јафлетовците, сѐ до пограничните места на Долни Вет-Орон+ и на Гезер,+ и на крајот излегуваше на море.+

4 Така синовите на Јосиф+ — Манасија и Ефрем+ — ја зазедоа земјата.+ 5 Границата на синовите на Ефрем, по нивните семејства — границата на нивното наследство на исток — беше кај Атарот-Адар+ и продолжуваше до Горни Вет-Орон.+ 6 Оттаму границата се протегаше кон морето. На север границата одеше до Михметат.+ Потоа свртуваше на исток кон Танат-Силом, па одеше на исток кон Јанох. 7 Од Јанох одеше надолу до Атарот и до Нара, допираше до Ерихон+ и на крајот излегуваше на Јордан. 8 Од Тафуј+ границата одеше на запад кон долината на Кана,+ и на крајот излегуваше на море.+ Тоа е наследството на племето на синовите на Ефрем, по нивните семејства. 9 А на синовите на Ефрем им припаѓаа и некои одделни градови+ што се наоѓаа среде наследството на синовите на Манасија, сите такви градови со околните места.

10 Но не ги протераа Ханаанците+ што живееја во Гезер.+ Затоа Ханаанците живеат меѓу синовите на Ефрем до ден-денес,+ но принудени се на ропска работа.+

17 Со ждрепка му припадна дел+ и на племето на Манасија,+ зашто тој беше првородениот+ на Јосиф, односно му припадна на Махир,+ првородениот на Манасија, таткото на Галад,+ зашто тој беше воин.+ Нему му припаднаа Галад+ и Васан. 2 И останатите синови на Манасија го добија со ждрепка својот дел по своите семејства: синовите на Авиезер,+ синовите на Хелек,+ синовите на Азрил, синовите на Сихем,+ синовите на Офер и синовите на Семида.+ Тоа се синовите на Манасија, синот на Јосиф, машките потомци по нивните семејства. 3 А Салпад,+ синот на Офер, син на Галад, син на Махир, син на Манасија, немаше синови, туку само ќерки. Нивните имиња беа: Мала, Нуа, Огла, Мелха и Терса.+ 4 Тие дојдоа пред свештеникот Елеазар,+ пред Исус, синот на Навин, и пред поглаварите, па им рекоа: „Јехова му заповеда на Мојсеј да ни се даде наследство меѓу нашите браќа“.+ И тој по Јеховина заповед им даде наследство меѓу браќата на нивниот татко.+

5 Десет дела му паднаа на Манасија, покрај галадската и васанската земја, кои се од другата страна на Јордан,+ 6 зашто ќерките на Манасија добија наследство меѓу неговите синови, а галадската земја им припадна на останатите синови на Манасија.

7 Границата на Манасија одеше од Асер до Михметат,+ кој е спроти Сихем,+ а потоа границата свртуваше надесно кон жителите на Ен-Тафуј. 8 Пределот околу Тафуј+ му припадна на Манасија, но самиот Тафуј, кој е на границата на Манасија, им припадна на синовите на Ефрем. 9 Границата се спушташе до долината на Кана, на југ кон долината по чијашто должина се наоѓаа градовите+ на Ефрем, кои се меѓу градовите на Манасија. А границата на Манасија одеше северно од долината и на крајот излегуваше на море.+ 10 Подрачјето на југ му припаѓаше на Ефрем, а подрачјето на север на Манасија, и морето му беше граница.+ На север Манасија граничеше со Асер, а на исток со Исахар.

11 А од подрачјето на Исахар и на Асер, Манасија+ ги доби: Вет-Син+ со околните градови, Ивлеам+ со околните градови, жителите на Дор+ со околните градови, жителите на Ен-Дор+ со околните градови, жителите на Танах+ со околните градови и жителите на Мегидо+ со околните градови, три рида.

12 Но синовите на Манасија не можеа да ги освојат тие градови,+ туку Ханаанците дадоа отпор и останаа да живеат во таа земја.+ 13 Но кога зајакнаа,+ Израеловите синови ги натераа Ханаанците ропски да работат,+ но не успеаја сосема да ги протераат.+

14 А синовите на Јосиф го прашаа Исус Навин: „Зошто ни одреди со ждрепка само едно наследство,+ само еден дел, кога сме многуброен народ затоа што Јехова нѐ благословува сѐ до сега?“+ 15 А Исус Навин им одговори: „Штом сте многуброен народ, одете во шумата и таму расчистете си земја во крајот каде што живеат Ферезејците+ и Рефаимците,+ кога веќе ефремските планини+ ви се претесни“. 16 Синовите на Јосиф одговорија: „Планините не ни се доволни, а сите Ханаанци што живеат во долината имаат бојни коли+ со железни сечила, како оние што се во Вет-Син+ и во околните градови, и како оние што се во језраелската долина“.+ 17 Тогаш Исус Навин му рече на Јосифовиот дом — на Ефрем и на Манасија: „Вие сте многуброен народ и многу сте силни.+ Не би требало да добиете само еден дел,+ 18 туку ќе ви припаднат и планините.+ Тие се шумовити, па затоа расчистете ги, и тие ќе ви служат како граница на вашето подрачје. Истерајте ги Ханаанците, макар што имаат бојни коли со железни сечила и макар што се силни!“+

18 Потоа целата заедница од синови на Израел се собраа во Сило.+ Таму го поставија шаторот на средбата,+ бидејќи ја покорија земјата.+ 2 Но меѓу синовите на Израел останаа уште седум племиња на кои не им беше доделено наследство. 3 Затоа Исус Навин им рече на Израеловите синови: „До кога ќе се двоумите дали да појдете и да ја заземете земјата+ што ви ја даде Јехова, Богот на вашите прататковци?+ 4 Изберете си по тројца луѓе од секое племе, и јас ќе ги испратам, па нека станат и нека ја поминат земјата и нека ја попишат за поделба на наследството, а потоа нека се вратат кај мене.+ 5 Нека ја поделат меѓу себе на седум делови.+ Јуда нека остане на своето подрачје на југ,+ а Јосифовиот дом нека остане на своето подрачје на север.+ 6 А вие попишете ја земјата и поделете ја на седум делови. Потоа пописот донесете го ваму кај мене, и јас ќе фрлам овде ждрепки+ за вас пред Јехова, нашиот Бог. 7 Зашто, синовите на Леви немаат дел меѓу вас,+ бидејќи Јеховиното свештенство е нивното наследство.+ А Гад, Рувим+ и половината племе на Манасија+ го примија своето наследство источно од Јордан, она што им го даде Мојсеј, Јеховиниот слуга“.+

8 И така тие луѓе станаа за да тргнат, а на оние што тргнаа да ја попишат земјата Исус Навин им заповеда:+ „Одете, поминете ја земјата и попишете ја, па вратете се кај мене, и јас ќе фрлам ждрепка+ за вас овде во Сило+ пред Јехова!“ 9 И луѓето отидоа, ја поминаа земјата и сите градови ги запишаа во една книга+ и ја поделија на седум подрачја. Потоа се вратија кај Исус Навин во логорот во Сило. 10 Тогаш Исус Навин во Сило фрли за нив ждрепка пред Јехова.+ Така Исус Навин им ја раздели земјата на Израеловите синови, давајќи му го секому неговиот дел.+

11 И ждрепката+ падна на племето на Венијаминовите+ синови по нивните семејства, и подрачјето што им го одреди ждрепката беше меѓу синовите на Јуда+ и синовите на Јосиф.+ 12 Границата на северниот крај им почнуваше од Јордан. Потоа границата се искачуваше по северната падина на Ерихон,+ па се искачуваше на планината кон запад и допираше до пустината Вет-Авен.+ 13 Оттаму границата се протегаше до Луз,+ на јужната падина на Луз (односно на Ветил).+ Потоа границата се спушташе до Атарот-Адар,+ на планината која е јужно од Долни Вет-Орон.+ 14 Западната граница, која беше одредена, свртуваше кон југ кај планината што гледа на Вет-Орон од југ. Завршуваше кај Киријат-Ваал (односно кај Киријат-Јарим),+ град на синовите на Јуда. Тоа беше западната страна.

15 Јужната страна почнуваше од работ на Киријат-Јарим, а потоа границата излегуваше на запад и одеше кон Нефтоах, каде што извира вода.+ 16 Границата потоа се спушташе до работ на планината што гледа кон долината на Еномовиот син+ и се наоѓа на север од рефаимската долина.+ Оттаму се спушташе во долината на Еном, до евусејската+ падина на југ, па се спушташе во Ен-Рогел.+ 17 Потоа одеше на север и излегуваше кај Ен-Семес; излегуваше и кај Галилот, кој лежи пред угорништето Адумим,+ па се спушташе до каменот+ на Рувимовиот син Воан.+ 18 Потоа минуваше по северната падина, која е пред Араба, па се спушташе во Араба. 19 Границата минуваше по северната падина на Вет-Огла+ и завршуваше кај северниот залив на Соленото Море+ на јужниот крај на Јордан. Тоа беше јужната граница. 20 Јордан, пак, беше граница од источната страна. Тоа е наследството на синовите на Венијамин по нивните семејства, тоа беа нивните граници наоколу.

21 Градовите на племето на Венијаминовите синови по нивните семејства се: Ерихон,+ Вет-Огла, Емек-Кесис, 22 Вет-Арава,+ Семараим, Ветил,+ 23 Авим, Фара, Офра,+ 24 Хефар-Амона, Офниј и Гева+ — дванаесет градови со околните места.

25 Гаваон,+ Рама, Веерот, 26 Миспе,+ Кефира,+ Моса, 27 Рекем, Ирфаил, Тарала, 28 Зелах,+ Ха-Елеф и Евус (односно Ерусалим),+ Гаваја+ и Киријат — четиринаесет градови со околните места.

Тоа е наследството на синовите на Венијамин, по нивните семејства.+

19 Втората ждрепка+ падна на Симеон, на племето на синовите на Симеон,+ по нивните семејства. Нивното наследство беше среде наследството на синовите на Јуда.+ 2 Како наследство им беа доделени: Вирсавеја+ со Сава, Молада,+ 3 Асар-Суал,+ Вала, Асем,+ 4 Елтолад,+ Ветул, Хорма, 5 Сиклаг,+ Вет-Мархавот, Асар-Суса,+ 6 Вет-Леваот+ и Саруен — тринаесет градови со околните места. 7 Аин,+ Римон,+ Етер и Асан+ — четири градови со околните места 8 и сите места околу тие градови сѐ до Ваалат-Вира+ (односно до јужна Рама).+ Тоа е наследството на племето на Симеоновите синови, по нивните семејства. 9 Наследството на синовите на Симеон беше од делот на синовите на Јуда, бидејќи делот што го добија синовите на Јуда беше преголем.+ Затоа синовите на Симеон добија посед среде нивното наследство.+

10 Третата ждрепка+ падна на синовите на Завулон,+ по нивните семејства, а границата на нивното наследство се протегаше до Сарид. 11 Потоа нивната граница се качуваше на запад и кон Марала, и стигнуваше до Давасет; допираше и до речната долина што е пред Јокнеам.+ 12 Од Сарид свртуваше на исток, кон изгрејсонцето, до границата на Кислот-Тавор, па излегуваше на Даврат+ и одеше горе до Јафија. 13 Оттаму одеше на исток, кон изгрејсонцето, до Гат-Ефер+ и Ет-Касин, па излегуваше кај Римон и се протегаше до Неа. 14 Северно од неа, границата свртуваше кон Анатон, а завршуваше во долината на Јефта-Ил; 15 тука спаѓаат и Катат, Налал, Симрон,+ Идала и Витлеем+ — дванаесет градови со околните места. 16 Тоа е наследството+ на синовите на Завулон, по нивните семејства.+ Тоа се градовите со околните места.

17 Четвртата ждрепка падна на Исахар,+ на синовите на Исахар, по нивните семејства. 18 Нивната граница беа Језраел,+ Кесулот, Сунам,+ 19 Афераим, Сеон, Анахарат, 20 Равит, Кисион, Авес, 21 Ремет, Ен-Ганим,+ Ен-Ада и Вет-Фасис. 22 Границата стигнуваше до Тавор,+ Сахасим и Вет-Семес, а на крајот границата излегуваше на Јордан. Тука имаше шеснаесет градови со околните места. 23 Тоа е наследството на синовите на Исахар, по нивните семејства,+ тие градови со околните места.

24 Петтата ждрепка+ падна на племето на Асеровите+ синови, по нивните семејства. 25 Нивна граница беа Хелкат,+ Али, Ветен, Ахсаф,+ 26 Аламелех, Амад и Мисал.+ На запад таа стигнуваше до Кармил+ и до Сихот-Ливнат, 27 а потоа свртуваше кон исток до Вет-Дагон и стигнуваше до Завулон,+ и до северната страна на долината на Јефта-Ил, до Вет-Емек и Наил, а потоа излегуваше лево од Кавул, 28 па кај Еврон, Рехов, Хамон, Кана и стигнуваше до густо населениот Сидон.+ 29 Границата тогаш свртуваше кон Рама и се протегаше сѐ до утврдениот град Тир.+ Оттаму границата свртуваше кон Оса, а на крајот излегуваше на море во пределот кај Ахзив;+ 30 тука спаѓаат и Ума, Афек+ и Рехов+ — дваесет и два града со околните места. 31 Тоа е наследството на племето на Асеровите синови, по нивните семејства.+ Тоа се градовите со околните места.

32 Шестата ждрепка+ падна на синовите на Нефталим,+ на синовите на Нефталим по нивните семејства. 33 Нивната граница се протегаше од Елев, од големото стебло во Сананим,+ од Адами-Некева и Јавнил, дури до Лакум. На крајот излегуваше на Јордан. 34 А на запад границата одеше кон Азнот-Тавор, оттаму излегуваше кај Укок и стигнуваше до Завулон+ на југ, на запад стигнуваше до Асер,+ а на исток до Јуда+ кај Јордан. 35 Утврдени градови беа: Зидим, Сер, Амат,+ Ракат, Кинерет,+ 36 Адама, Рама, Асор,+ 37 Кедес,+ Едреј, Ен-Асор, 38 Ирон, Мигдал-Ел, Орем, Вет-Анат и Вет-Семес+ — деветнаесет градови со околните места. 39 Тоа е наследството+ на племето на синовите на Нефталим, по нивните семејства,+ тие градови и околните места.

40 Седмата ждрепка+ падна на племето на синовите на Дан,+ по нивните семејства. 41 Границата на нивното наследство беа: Сора,+ Естаол, Ир-Семес, 42 Салавин,+ Ајалон,+ Етла, 43 Елон, Темна,+ Екрон,+ 44 Елтеке, Гиветон,+ Валат,+ 45 Јехуд, Вани-Варак, Гат-Римон,+ 46 Ме-Јаркон и Ракон, а границата минуваше и пред Јопа.+ 47 Но подрачјето што го добија синовите на Дан беше премало за нив.+ Затоа синовите на Дан тргнаа во војна против Лесем.+ Го освоија и сѐ што беше во него погубија со сечилото на мечот. Потоа го зазедоа и се населија во него. Тогаш Лесем го нарекоа Дан, по името на Дан, нивниот прататко.+ 48 Тоа е наследството на племето на Дановите синови, по нивните семејства. Тоа се нивните градови со околните места.

49 Така ја завршија делбата на земјата по подрачја. Тогаш синовите на Израел му дадоа кај себе наследство на Исус, синот на Навин. 50 По заповед од Јехова, му го дадоа градот што го бараше,+ Тамнат-Сарах+ во ефремските планини. И тој го обнови градот и се насели во него.

51 Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар, Исус, синот на Навин, и поглаварите на семејствата на израелските племиња ги разделија+ со ждрепка пред Јехова во Сило,+ на влезот од шаторот на средбата.+ Така заврши делбата на земјата.

20 Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Одредете си градови-прибежишта,+ за кои ви зборував преку Мојсеј, 3 за да може таму да побегне убиецот+ што ќе убие некого* несакајќи, без намера. Тие нека ви служат како прибежишта од крвниот одмаздник.+ 4 Убиецот нека побегне+ во некој од тие градови, па нека застане на градската порта+ и нека им го изнесе својот случај на старешините+ од тој град. И тие нека го примат кај себе во градот и нека му дадат место каде што ќе престојува, а тој нека остане да живее кај нив. 5 Ако крвниот одмаздник го прогонува убиецот, не смеат да му го предадат в раце,+ зашто го убил својот ближен ненамерно, без пред тоа да го мрази.+ 6 И тој нека остане во тој град додека не излезе пред заедницата на суд+ и додека не умре првосвештеникот,+ кој ќе служи во тоа време. Тогаш убиецот може да се врати+ во својот град и во својот дом, во градот од кој побегнал‘ “.

7 И ги посветија Кедес+ во Галилеја во планините на Нефталим, Сихем+ во планините на Ефрем и Киријат-Арва+ (односно Хеврон) во планините на Јуда. 8 А во пределот источно од Јордан, во околината на Ерихон, на пустинската висорамнина, го одредија Везер+ од племето на Рувим,+ Рамот+ во Галад од племето на Гад и Голан+ во Васан од племето на Манасија.

9 Тоа беа градовите што им беа одредени на сите Израелови синови и на дојденците што живееја меѓу нив. Таму можеше да побегне секој што ќе убиеше некого* несакајќи,+ за да не загине од раката на крвниот одмаздник додека не излезе на суд пред заедницата.+

21 А поглаварите на семејствата на Левиевите синови им пристапија на свештеникот Елеазар,+ на Исус,+ синот на Навин, и на поглаварите на семејствата на израелските племиња, 2 па им рекоа во Сило,+ во ханаанската земја: „Јехова заповеда преку Мојсеј да ни бидат дадени градови во кои ќе живееме и пасишта околу нив за нашата стока“.+ 3 Затоа Израеловите синови, по заповед од Јехова, им ги дадоа од своето наследство на Левиевите+ синови тие градови со околните пасишта.+

4 И ждрепката падна на семејствата на Кат.+ И синовите на свештеникот Арон, од племето на Леви, со ждрепка добија тринаесет градови од племето на Јуда,+ од племето на Симеон+ и од племето на Венијамин.+

5 А на останатите синови на Кат+ со ждрепка им припаднаа десет градови од семејствата на племето на Ефрем,+ од племето на Дан+ и од половината племе на Манасија.+

6 На синовите на Гирсон+ со ждрепка им припаднаа тринаесет градови од семејствата на племето на Исахар,+ од племето на Асер,+ од племето на Нефталим+ и од половината племе на Манасија во Васан.+

7 А на синовите на Мерариј,+ по нивните семејства, им припаднаа дванаесет градови од племето на Рувим,+ од племето на Гад+ и од племето на Завулон.+

8 Така синовите на Израел со ждрепка+ им ги доделија на синовите на Леви тие градови со околните пасишта,+ како што беше заповедал Јехова преку Мојсеј.+

9 Од племето на синовите на Јуда и од племето на синовите на Симеон им ги дадоа следниве градови што се наведени по име,+ 10 а кои им припаднаа на синовите на Арон од семејствата на Кат меѓу синовите на Леви, бидејќи првата ждрепка им се падна ним:+ 11 им го дадоа Киријат-Арва+ (а Арва беше татко на Енак),+ односно Хеврон,+ во планините на Јуда,+ и сите пасишта околу градот. 12 А полето и местата околу тој град му ги дадоа во наследство на Халев, синот на Јефониј.+

13 На синовите на свештеникот Арон им ги дадоа: Хеврон+ со пасиштата, како град-прибежиште+ за убијците,+ Ливна+ со пасиштата, 14 Јатир+ со пасиштата, Естемоја+ со пасиштата, 15 Олон*+ со пасиштата, Девир+ со пасиштата, 16 Аин*+ со пасиштата, Јута+ со пасиштата и Вет-Семес+ со пасиштата — девет градови од тие две племиња.

17 Од племето на Венијамин: Гаваон+ со пасиштата, Гева+ со пасиштата, 18 Анатот+ со пасиштата и Алмон*+ со пасиштата — четири градови.

19 Така свештениците, синови на Арон,+ добија вкупно тринаесет градови со пасиштата.+

20 А на семејствата на Катовите синови, преостанати левити од синовите на Кат, со ждрепка им припаднаа градовите од племето на Ефрем.+ 21 Им ги дадоа: Сихем+ со пасиштата,+ во ефремските планини, како град-прибежиште+ за убијците,+ Гезер+ со пасиштата, 22 Кивсаим*+ со пасиштата и Вет-Орон+ со пасиштата — четири градови.

23 Од племето на Дан: Елтеке со пасиштата, Гиветон+ со пасиштата, 24 Ајалон+ со пасиштата и Гат-Римон+ со пасиштата — четири градови.

25 А од половината племе на Манасија: Танах+ со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата — два града.

26 Така семејствата на останатите синови на Кат добија вкупно десет градови со пасиштата.

27 А на синовите на Гирсон,+ левитски семејства, им ги дадоа од половината племе на Манасија:+ Голан+ во Васан, со пасиштата, како град-прибежиште за убијците, и Вестера*+ со пасиштата — два града.

28 Од племето на Исахар:+ Кисион+ со пасиштата, Даврат+ со пасиштата, 29 Јармут*+ со пасиштата и Ен-Ганим+ со пасиштата — четири градови.

30 Од племето на Асер:+ Мисал+ со пасиштата, Авдон+ со пасиштата, 31 Хелкат+ со пасиштата и Рехов+ со пасиштата — четири градови.

32 Од племето на Нефталим:+ Кедес+ во Галилеја, со пасиштата, како град-прибежиште+ за убијците,+ Амот-Дор+ со пасиштата и Картан* со пасиштата — три градови.

33 Така синовите на Гирсон, по своите семејства, добија вкупно тринаесет градови со пасиштата.

34 Семејствата на синовите на Мерариј,+ преостанатите левити, ги добија од племето на Завулон:+ Јокнеам+ со пасиштата, Карта со пасиштата, 35 Димна*+ со пасиштата и Налал+ со пасиштата — четири градови.

36 Од племето на Рувим:+ Везер+ со пасиштата, Јаса+ со пасиштата, 37 Кедимот+ со пасиштата и Мефат+ со пасиштата — четири градови.

38 Од племето на Гад:+ Рамот во Галад,+ со пасиштата, како град-прибежиште за убијците, Маханаим+ со пасиштата, 39 Есевон+ со пасиштата и Јазер+ со пасиштата — вкупно четири градови.

40 Така синовите на Мерариј,+ кои преостанаа од левитските семејства, по своите семејства, добија со ждрепка вкупно дванаесет градови.

41 Вкупниот број градови на синовите на Леви среде наследството на синовите на Израел беше четириесет и осум градови+ со пасиштата.+ 42 Сите тие градови имаа пасишта наоколу. Така беше со сите тие градови.+

43 Така Јехова му ја даде на Израел целата земја за која им се заколна на нивните прататковци дека ќе им ја даде,+ и тие ја зазедоа+ и се населија во неа. 44 Јехова им даде и мир+ од сите страни, токму како што им се заколна+ на нивните прататковци, па ниту еден нивни непријател не можеше да се одржи пред нив.+ Сите нивни непријатели Јехова им ги предаде в раце.+ 45 Не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што му ги даде Јехова на Израеловиот дом. Сѐ се исполни.+

22 Тогаш Исус Навин ги повика племето на Рувим, племето на Гад и половината племе на Манасија,+ 2 па им рече: „Вие извршивте сѐ што ви заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга,+ и го послушавте мојот глас во сѐ што ви заповедав.+ 3 Не ги оставивте своите браќа за сето ова долго време+ до денешниов ден и го извршувавте сето она што бевте должни да го извршите според заповедта на Јехова, својот Бог.+ 4 Сега Јехова, вашиот Бог, им даде мир на вашите браќа, како што им вети.+ Затоа, сега вратете се и отидете во своите шатори во земјата што Мојсеј, Јеховиниот слуга, ви ја даде во наследство од онаа страна на Јордан.+ 5 Но совесно постапувајте според заповедите+ и Законот што ви го даде Мојсеј, Јеховиниот слуга — да го сакате Јехова, својот Бог,+ да одите по сите негови патишта,+ да ги извршувате неговите заповеди,+ да се држите цврсто за него+ и да му служите+ со сето свое срце+ и со сета своја душа“.+

6 Така Исус Навин ги благослови+ и ги испрати да си одат во своите шатори. 7 На половината племе на Манасија Мојсеј му даде наследство во Васан,+ а на другата половина племе Исус Навин му даде наследство исто како на нивните браќа на западната страна на Јордан.+ И кога Исус Навин ги испрати да си одат во своите шатори, ги благослови 8 и им рече: „Вратете се во своите шатори со големо богатство и со многубројна стока, со сребро, со злато, со бакар, со железо и со неброени облеки.+ Поделете го пленот+ од своите непријатели со своите браќа“.

9 Потоа синовите на Рувим, синовите на Гад и половината племе на Манасија тргнаа и си отидоа откај другите синови на Израел од Сило во ханаанската земја, и се упатија во галадската земја,+ на своето наследство што го зазедоа, како што им беше заповедал Јехова преку Мојсеј.+ 10 Кога синовите на Рувим, синовите на Гад и половината племе на Манасија дојдоа во јорданските предели во ханаанската земја, подигнаа таму крај Јордан еден жртвеник. Тој жртвеник+ беше голем и многу уочлив. 11 По некое време, останатите синови на Израел слушнаа+ како се зборува: „Ене, синовите на Рувим, синовите на Гад и половината племе на Манасија подигнаа жртвеник кај границата на ханаанската земја во јорданскиот предел, од онаа страна што им припаѓа на Израеловите синови“. 12 Кога го чуја тоа синовите на Израел,+ целата заедница од синови на Израел се собра во Сило+ за да појде во војна против нив.+

13 Тогаш Израеловите синови ги испратија+ кај синовите на Рувим, кај синовите на Гад и кај половината племе на Манасија во галадската земја Финес,+ синот на свештеникот Елеазар, 14 и десет поглавари со него, по еден поглавар од секој род — од секое израелско племе — а секој од нив беше глава на својот род, поставен над Израеловите илјади.+ 15 И тие дојдоа кај синовите на Рувим, кај синовите на Гад и кај половината племе на Манасија во галадската земја и им рекоа:+

16 „Вака вели целата заедница на Јеховиниот народ:+ ‚Какво е тоа неверство+ што му го правите на Богот на Израел? Зошто сте се одвратиле+ денес од Јехова и сте си изградиле жртвеник,+ бунејќи се денес против Јехова? 17 Зарем ни е малку фегорскиот грев,+ од кој ни до ден-денес не сме се исчистиле, иако дојде помор врз заедницата на Јеховиниот народ?+ 18 А вие се одвраќате денес од Јехова. Ако се буните против Јехова денес, утре тој ќе се разгневи на целата израелска заедница.+ 19 Ако земјата што ја добивте во наследство е навистина нечиста,+ преминете во земјата на Јеховиното наследство+ во која се наоѓа Јеховиниот шатор,+ па населете се меѓу нас. Но не бунете се против Јехова и не правете бунтовници и од нас, градејќи си друг жртвеник покрај жртвеникот на Јехова, нашиот Бог.+ 20 Зарем Ахан,+ синот на Зара, не постапи неверно со проколнатите работи* и зарем не се излеа гнев врз целата израелска заедница?+ А тој не загина сам поради својот престап!‘ “+

21 Тогаш синовите на Рувим, синовите на Гад и половината племе на Манасија им одговорија+ на поглаварите на Израеловите илјади:+ 22 „Моќниот+ Бог+ Јехова, да, Моќниот Бог Јехова+ знае за тоа,+ и Израел нека знае.+ Ако сме го направиле тоа од бунт+ и поради неверност кон Јехова,+ нека не нѐ поштеди денес. 23 Ако сме си подигнале жртвеник за да се одвратиме од Јехова, ако сме го подигнале за да принесуваме на него жртви паленици и житни жртви+ и за да принесуваме жртви на заедништвото, Јехова ќе го открие тоа.+ 24 Не, ние го направивме тоа од страв, зашто рековме: ‚Еден ден вашите синови ќе им речат на нашите синови: „Каква врска имате вие со Јехова, Богот на Израел? 25 Меѓу нас и вас, синови на Рувим и синови на Гад, Јехова поставил граница — Јордан. Вие немате ништо со Јехова!“+ И така, вашите синови би ги навеле нашите синови да се одвратат од Јехова и да престанат да се бојат од него‘.+

26 Затоа рековме: ‚Да си подигнеме жртвеник, но не за жртви паленици или за други жртви, 27 туку за да биде сведок меѓу нас+ и вас, и меѓу нашите поколенија по нас дека ќе му служиме на Јехова пред неговото лице со паленици, со приноси и со жртви на заедништвото,+ за да не им речат еден ден вашите синови на нашите синови: „Вие немате ништо со Јехова!“ ‘ 28 Затоа рековме: ‚Ако некогаш ни го кажат тоа нам или на идните поколенија, ние ќе им одговориме: „Погледнете го овој жртвеник што го претставува Јеховиниот жртвеник кој го направија нашите татковци, но не за жртви паленици или за некакви други жртви, туку за да биде сведок меѓу нас и вас!“ ‘ 29 Во никој случај не сакаме да се бунтуваме против Јехова ниту да се одвраќаме денес од Јехова+ правејќи жртвеник за паленици, за житни жртви и за други жртви покрај жртвеникот на Јехова, нашиот Бог, кој е пред неговиот шатор!“+

30 А кога свештеникот Финес,+ поглаварите на заедницата+ и поглаварите на Израеловите илјади, кои беа со него, ги чуја тие зборови од синовите на Рувим, од синовите на Гад и од синовите на Манасија, им беше мило што е така. 31 Затоа Финес, синот на свештеникот Елеазар, им рече на синовите на Рувим, на синовите на Гад и на синовите на Манасија: „Денес сознавме дека Јехова е меѓу нас,+ зашто не му бевте неверни на Јехова. Ги избавивте Израеловите синови од Јеховината рака“.+

32 Потоа Финес, синот на свештеникот Елеазар, и поглаварите се вратија+ откај синовите на Рувим и синовите на Гад од галадската земја во ханаанската земја кај другите Израелови синови и им го пренесоа одговорот.+ 33 И тие зборови им се допаднаа на Израеловите синови, па Израеловите синови почнаа да го благословуваат Бог+ и се откажаа од намерата да одат во војна против нив и да ја опустошат земјата во која живееја синовите на Рувим и синовите на Гад.

34 А синовите на Рувим и синовите на Гад му дадоа име на жртвеникот, бидејќи „тој е сведок меѓу нас дека Јехова е вистинскиот Бог“.*+

23 Помина многу време откако Јехова му даде на Израел да си отпочине+ од сите околни непријатели, и Исус Навин остаре и навлезе во години.+ 2 Затоа Исус Навин го свика целиот Израел,+ ги свика неговите старешини — поглаварите, судиите и управителите+ — па им рече: „Јас остарев и навлегов во години. 3 Вие видовте сѐ што им направи Јехова, вашиот Бог, на сите тие народи заради вас,+ бидејќи Јехова, вашиот Бог, се бореше за вас.+ 4 Еве, на вашите племиња со ждрепка+ им ги разделив во наследство овие народи што останаа и сите оние народи што ги истребив+ од Јордан до Големото Море* на запад.+ 5 Јехова, вашиот Бог, беше тој што ги гонеше пред вас,+ и заради вас ги протера, а вие ја зазедовте нивната земја, како што ви вети Јехова, вашиот Бог.+

6 Затоа бидете многу храбри+ за да го држите и да го вршите сето она што е напишано во книгата+ на Мојсеевиот закон, никогаш не отстапувајќи од него ни надесно ни налево,+ 7 и не мешајте се со тие народи,+ со народите што преостанаа меѓу вас. Не спомнувајте ги имињата на нивните богови+ и не колнете се во нив,+ не служете им и не клањајте им се,+ 8 туку цврсто држете се за Јехова, својот Бог,+ како што го правевте тоа до денес! 9 И Јехова ќе истера од пред вас народи големи и моќни.+ (А никој до денес не се одржа пред вас.)+ 10 Еден ваш човек ќе гони илјада,+ зашто Јехова, вашиот Бог, ќе се бори за вас,+ како што ви вети.+ 11 Затоа постојано внимавајте+ на своите души, така што ќе го сакате Јехова, својот Бог!+

12 Но, ако се одметнете+ и ако се здружите со остатокот од тие народи,+ народи што преостанаа меѓу вас, па почнете да склучувате бракови+ со нив и се помешате со нив и тие со вас, 13 добро знајте дека Јехова, вашиот Бог, повеќе нема да ги протерува од пред вас тие народи,+ туку тие ќе ви бидат стапица и замка, камшик за вашите бедра+ и трње за вашите очи, додека не ве снема од оваа добра земја што ви ја даде Јехова, вашиот Бог.+

14 Еве, денес одам таму каде што одат сите на земјата.+ Вие добро знаете со сето ваше срце и со сета ваша душа дека не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што ви ги даде Јехова, вашиот Бог. Сѐ ви се исполни. Ниту едно ветување не остана неисполнето.+ 15 И како што ги доживеавте сите добра што ви ги вети Јехова, вашиот Бог,+ така Јехова ќе ги пушта на вас и сите зла за кои зборуваше сѐ додека не ве истреби од оваа добра земја што ви ја даде Јехова, вашиот Бог.+ 16 Тоа ќе ви се случи ако го престапите сојузот на Јехова, својот Бог, за кој ви заповеда да го држите, и ако појдете по други богови за да им служите и да им се клањате.+ Јехова ќе пламне од гнев против вас+ и брзо ќе ве снема од добрата земја што ви ја даде“.+

24 И Исус Навин ги собра сите израелски племиња во Сихем,+ а ги викна и старешините на Израел+ — поглаварите, судиите и управителите — и тие застанаа пред вистинскиот Бог.+ 2 Тогаш Исус Навин му рече на целиот народ: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Некогаш вашите прататковци,+ а меѓу нив и Тара, татко му на Авраам и татко на Нахор,+ живееја од онаа страна на Реката,*+ и им служеа на други богови.

3 Но јас го зедов вашиот прататко Авраам+ од онаа страна на Реката,+ го водев низ целата ханаанска земја и му го намножив потомството,+ давајќи му го Исак.+ 4 На Исак му ги дадов Јаков и Исав.+ Потоа на Исав му ја дадов во наследство планината Сеир,+ а Јаков и неговите синови отидоа во Египет.+ 5 Подоцна ги испратив Мојсеј и Арон+ и го удрив Египет со неволјите што му ги нанесов.+ Потоа ве изведов.+ 6 Кога ги водев од Египет вашите татковци+ и кога дојдоа до морето, Египќаните со бојни коли и со коњаници тргнаа во потера+ по вашите татковци кон Црвеното Море. 7 А тие повикаа кон мене, Јехова,+ и јас поставив темнина меѓу вас и Египќаните+ и го урнав врз нив морето и со него ги прекрив.+ Со свои очи видовте што направив во Египет.+ А потоа долго време живеевте во пустината.+

8 Тогаш ве доведов во земјата на Аморејците што живееја од онаа страна на Јордан, и тие ве нападнаа.+ Но јас ви ги дадов в раце за да ја заземете нивната земја и ги истребив од пред вас.+ 9 Потоа се дигна Валак, синот на Сефор,+ моавскиот цар, за да се бори против Израел.+ Тој испрати по Валаам, синот на Веор, да дојде и да ве проколне.+ 10 Но јас не сакав да го послушам Валаам.+ Затоа тој повеќепати мораше да ве благослови.+ Така ве избавив од неговите раце.+

11 Потоа го преминавте Јордан+ и дојдовте до Ерихон.+ А граѓаните на Ерихон, Аморејци, Ферезејци, Ханаанци, Хетејци, Гергесејци, Евејци и Евусејци, завојуваа со вас, но јас ви ги дадов вам в раце.+ 12 Предизвикав пред вас да се шири страв, кој — како и двајцата аморејски цареви — ги истера+ и нив од пред вас. Тоа не го направи ниту вашиот меч ниту вашиот лак.+ 13 Така ви ги дадов земјата за која не се трудевте и градовите што не ги изградивте,+ и се населивте во нив. Сега јадете од лозјата и од маслинарниците што не ги посадивте‘.+

14 Затоа сега бојте се од Јехова+ и служете му беспрекорно* и верно!*+ Отстранете ги боговите, на кои им служеа вашите прататковци од онаа страна на Реката и во Египет,+ и служете му на Јехова! 15 Ако не ви е по волја да му служите на Јехова, изберете си денес кому ќе му служите+ — дали на боговите на кои им служеа вашите прататковци од онаа страна на Реката*+ или на боговите на Аморејците во чија земја живеете.+ А јас и мојот дом ќе му служиме на Јехова!“+

16 Тогаш народот одговори: „Во никој случај нема да го оставиме Јехова за да им служиме на други богови! 17 Зашто, Јехова, нашиот Бог, е оној што нѐ изведе нас и нашите татковци од египетската земја,+ од куќата на ропството.+ Тој ги направи пред наши очи тие големи чуда+ и нѐ чуваше по целиот пат по кој одевме и меѓу сите народи низ кои поминувавме.+ 18 Јехова ги истера од пред нас сите оние народи,+ сите Аморејци што живееја во оваа земја. И ние ќе му служиме на Јехова, зашто тој е нашиот Бог“.+

19 Тогаш Исус Навин му рече на народот: „Вие не можете да му служите на Јехова, бидејќи тој е свет Бог,+ Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.+ Тој нема да ви ги простува бунтовничките престапи и гревовите.+ 20 Ако го оставите Јехова+ и ако почнете да им служите на туѓи богови,+ и тој ќе се одврати од вас, ќе ви направи зло и ќе ве истреби по сето добро што ви го правеше“.+

21 А народот му рече на Исус Навин: „Нема да биде така, туку ќе му служиме на Јехова!“+ 22 Тогаш Исус Навин му рече на народот: „Самите против себе сте сведоци+ дека по своја волја избравте да му служите на Јехова“.+ А тие рекоа: „Сведоци сме“.

23 „Затоа, отстранете ги туѓите богови што се меѓу вас+ и приклонете ги срцата кон Јехова, Богот на Израел.“ 24 А народот му одговори на Исус Навин: „На Јехова, својот Бог, ќе му служиме и неговиот глас ќе го слушаме“.+

25 И Исус Навин во тој ден во Сихем склучи сојуз со народот и му даде уредба и закон.+ 26 Потоа Исус Навин ги запиша тие зборови во книгата на Божјиот закон,+ па зеде еден голем камен+ и го постави таму под големото стебло+ покрај Јеховиното светилиште.

27 И Исус Навин му рече на целиот народ: „Еве, овој камен ќе сведочи против нас,+ зашто тој ги слушна сите зборови што ни ги кажа Јехова. Тој камен ќе сведочи против вас ако се одречете од својот Бог“. 28 Тогаш Исус Навин го распушти народот и секој си отиде на своето наследство.+

29 По овие настани, Исус, синот на Навин, Јеховиниот слуга, умре на возраст од сто и десет години.+ 30 Го погребаа на подрачјето што го доби во наследство во Тамнат-Сарах,+ кое се наоѓа во ефремските планини, северно од планината Гаш. 31 А Израел му служеше на Јехова во текот на целиот век на Исус Навин и во текот на целиот век на старешините што го надживеаја Исус Навин,+ кои ги знаеја сите дела што ги направи Јехова за Израел.+

32 А коските на Јосиф,+ кои ги донесоа од Египет, синовите на Израел ги погребаа во Сихем, на нивата што ја купи Јаков од синовите на Емор,+ татко му на Сихем, за сто сребреници.*+ Таа им припадна во наследство на синовите на Јосиф.+

33 Умре и Елеазар, синот на Арон,+ па го погребаа на Ридот на Финес, неговиот син,+ кој го беше добил во ефремските планини.

Односно, Средоземното Море.

Или: „Со придушен глас читај ја“; „длабоко размислувај [за прочитаното]“.

Или: „сте ги погубиле како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Буквално: „дух“.

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Нешто помалку од 900 метри. Види ја фуснотата за Де 1:12.

Буквално: „дух“.

„Гаваја-Харалот“ значи „рид на (обрежани) кожички“.

Види го додатокот 12.

Буквално: „ни“.

Името „Гилгал“ е изведено од глаголот кој значи „симнува; соборува“.

Или: „Градот е херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Или: „и да не го земете она што е херем, па и израелскиот логор самиот да стане херем и да биде осуден“.

Или: „го убија како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Или: „со херемот“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Во 1Ле 2:7 „Ахар“. И двете имиња значат „оној што навлекува осуда (предизвикува зло)“. Види ги фуснотите за 1Ле 2:7.

„Сиварим“ значи „каменоломи“.

Или: „зашто самите станаа херем“.

Или: „херем“.

Види го додатокот 13.

„Ахор“ значи „осуда; несреќа“.

Или: „сѐ додека не беа убиени како херем сите жители на Гај“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Или: „во низината“.

Односно, Средоземното Море.

Или: „го уништил како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

„Јашар“ значи „праведник; справедлив“.

Или: „погуби како херем“.

Или: „во низината“.

Или: „ги погубија како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Или: „ги сотре како херем“.

Види го додатокот 12.

Види ја фуснотата за 4Мо 34:11.

Односно Средоземното Море.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „некоја душа“.

Во 1Ле 6:58 „Илон“.

Во 1Ле 6:59 „Асан“.

Во 1Ле 6:60 „Алемет“.

Во 1Ле 6:68 „Јокмеам“.

Во 1Ле 6:71 „Астарот“.

Во 19:21 „Ремет“, а во 1Ле 6:73 „Рамот“.

Во 1Ле 6:76 „Киријатаим“.

Во 1Ле 6:77 „Римоно“.

Или: „со херемот“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Судејќи според даденото објаснување, жртвеникот веројатно го добил името „Сведок“.

Односно, Средоземното Море.

Односно Еуфрат.

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.

Или: „според вистината; вистинито“.

Односно источно од Еуфрат.

Буквално: „кесити“. Кесит е парична единица со непозната вредност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели