Книга за судиите
1 По смртта+ на Исус Навин, синовите на Израел го прашаа+ Јехова: „Кој од нас ќе тргне прв против Ханаанците за да се бори со нив?“ 2 А Јехова одговори: „Нека тргне Јуда!+ Еве, ја предавам земјата во негови раце!“ 3 Тогаш Јуда му рече на својот брат Симеон: „Дојди со мене во земјата што ми е одредена со ждрепка+ за да се бориме против Ханаанците, а потоа јас ќе појдам со тебе во земјата што тебе ти е одредена со ждрепка“.+ И Симеон појде со него.+
4 Така синовите на Јуда тргнаа, а Јехова ги предаде Ханаанците и Ферезејците во нивни раце,+ така што во Везек убија десет илјади луѓе. 5 Имено, во Везек го најдоа Адони-Везек, се бореа против него и ги поразија Ханаанците+ и Ферезејците.+ 6 Кога побегна Адони-Везек, тргнаа во потера по него, го фатија и му ги отсекоа палците на рацете и на нозете. 7 Тогаш Адони-Везек рече: „Седумдесет цареви со отсечени палци на рацете и на нозете собираа храна под мојата трпеза. Како што правев јас, така Бог ми враќа“.+ И го одведоа во Ерусалим,+ каде што и умре.
8 Синовите на Јуда завојуваа и против Ерусалим+ и го освоија. И ги убија неговите жители со сечилото на мечот, а градот го изгореа со оган. 9 Потоа синовите на Јуда отидоа да се борат против Ханаанците што живееја во планините, во Негев+ и во Шефела.+ 10 И Јуда тргна против Ханаанците што живееја во Хеврон+ (Хеврон порано се викаше Киријат-Арва),+ и ги убија Сесај, Ахиман и Талмај.+
11 Оттаму тргнаа против жителите на Девир.+ (А Девир порано се викаше Киријат-Сефер.)+ 12 Тогаш Халев+ рече: „На оној што ќе го нападне Киријат-Сефер и ќе го освои ќе му ја дадам за жена+ својата ќерка Ахса“.+ 13 И го освои Готонил,+ синот на Кенез,+ помладиот брат на Халев.+ Затоа тој му ја даде за жена својата ќерка Ахса.+ 14 А кога тргнуваше во својот дом, таа го наговараше својот маж да побара нива од нејзиниот татко. И додека седеше на магарето, плесна со рацете за да го викне својот татко Халев.+ Тогаш тој ја праша: „Што сакаш?“ 15 Таа му одговори: „Дај ми благослов!+ Кога веќе ми даде земја на југ, дај ми го и Голат-Маим!“ И Халев ѝ ги даде Горни Голат+ и Долни Голат.
16 А синовите на Кенеецот,+ тестот на Мојсеј,+ заминаа од градот на палмите+ заедно со синовите на Јуда и отидоа во Јудејската Пустина, која е јужно од Арад.+ Дојдоа и се населија кај тој народ.+ 17 А Јуда тргна понатаму со својот брат Симеон, па ги нападнаа Ханаанците што живееја во Сефат и го уништија* градот.+ Затоа градот го доби името Хорма.*+ 18 Потоа Јуда ги освои Газа+ со нејзиното подрачје, Аскалон+ со неговото подрачје и Екрон+ со неговото подрачје. 19 И Јехова беше со Јуда, така што овој ги освои планините, но не можеше да ги истера жителите на долината, зашто тие имаа бојни коли+ со железни сечила.+ 20 Кога му го дадоа Хеврон, како што вети Мојсеј,+ Халев ги истера оттаму трите сина на Енак.+
21 А синовите на Венијамин не ги истераа Евусејците што живееја во Ерусалим.+ Затоа Евусејците живеат во Ерусалим со синовите на Венијамин до ден-денес.+
22 И домот на Јосиф+ тргна против Ветил,+ и Јехова беше со нив.+ 23 Кога домот на Јосиф почна да го извидува+ Ветил (градот порано се викаше Луз),+ 24 извидувачите видоа еден човек како излегува од градот. И му рекоа: „Покажи ни како да влеземе во градот, па ќе бидеме милостиви* кон тебе!“+ 25 И човекот им покажа каде можат да влезат во градот. Тие ги убија со сечилото на мечот жителите на градот,+ но оној човек со неговото семејство го пуштија.+ 26 И човекот отиде во хетејската земја,+ изгради град и му го даде името Луз. Така се вика до ден-денес.
27 А Манасија+ не ги зазеде Вет-Син+ и околните градови, ниту Танах+ и околните градови, и не ги истера жителите на Дор+ и на околните градови, ниту жителите на Ивлеам+ и на околните градови, ниту жителите на Мегидо+ и на околните градови, туку Ханаанците се спротивставија и останаа да живеат во таа земја.+ 28 А Израел стана силен+ и ги принуди Ханаанците на ропска работа,+ но не успеа да ги истера потполно.+
29 Ни Ефрем не ги истера Ханаанците што живееја во Гезер, туку Ханаанците останаа да живеат меѓу нив во Гезер.+
30 Завулон+ не ги истера жителите на Китрон, ниту жителите на Налол,+ туку Ханаанците останаа да живеат меѓу нив,+ но им беше наметната ропска работа.+
31 Асер+ не ги истера жителите на Акон,* ниту жителите на Сидон,+ ни на Ахлав, ни на Ахзив,+ ни на Хелва, ни на Афик,+ ни на Рехов.+ 32 И така Асеровото племе живееше меѓу Ханаанците, кои останаа во таа земја, бидејќи нив не ги истераа.+
33 Нефталим+ не ги истера жителите на Вет-Семес, ни жителите на Вет-Анат,+ туку останаа да живеат меѓу Ханаанците во таа земја.+ И ги принудија на ропска работа+ жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат.
34 А Аморејците ги потиснуваа синовите на Дан+ во планините и не им дозволија да слезат во долината.+ 35 Така Аморејците се спротивставија и останаа да живеат на планината Херес, во Ајалон+ и во Салвим.+ Но кога се зацврсти раката на Јосифовиот дом, им наметнаа на Аморејците принудна работа.+ 36 Подрачјето на Аморејците се протегаше од угорништето Акравим,+ од Села нагоре.
2 Тогаш Јеховиниот ангел+ дојде од Гилгал+ во Вохим,+ па рече: „Ве изведов од Египет и ве доведов во земјата која со заклетва им ја ветив на вашите прататковци.+ И реков: ‚Никогаш нема да го раскинам својот сојуз со вас.+ 2 А вие не склучувајте сојуз со жителите на оваа земја!+ Разурнете ги нивните жртвеници!‘+ Но вие не го послушавте мојот глас.+ Зошто го сторивте тоа?+ 3 Затоа ви велам: ‚Нема да ги истерам од пред вас, туку тие ќе ви бидат замка+ и нивните богови ќе ви бидат мамка‘ “.+
4 А кога Јеховиниот ангел им ги кажа овие зборови на сите синови на Израел, народот почна гласно да плаче.+ 5 Затоа го нарекоа тоа место Вохим.* И таму му принесоа жртви на Јехова.
6 Кога Исус Навин го распушти народот, синовите на Израел отидоа да ја заземат земјата, секој своето наследство.+ 7 И народот му служеше на Јехова во сите денови на Исус Навин и во сите денови на старешините, кои го надживеаја Исус Навин и ги видоа сите големи дела на Јехова, кои тој ги направи за Израел.+ 8 А Исус, синот на Навин, слуга Јеховин, умре на возраст од сто и десет години.+ 9 И го погребаа на подрачјето што спаѓаше во неговото наследство во Тамнат-Арес,*+ во ефремските планини, северно од планината Гаш.+ 10 А и целото она поколение им се придружи на своите татковци.+ По него дојде друго поколение кое не го познаваше ниту Јехова ниту делата што ги направи тој за Израел.+
11 И синовите на Израел почнаа да го прават она што е зло во очите на Јехова+ и да им служат на Вааловците.+ 12 И го оставија Јехова, Богот на своите татковци, кој ги изведе од египетската земја,+ и појдоа по други богови меѓу боговите на народите што беа околу нив+ и почнаа да им се клањаат и на тој начин го навредуваа Јехова.+ 13 Го оставија Јехова и почнаа да им служат на Ваал и на Астартите.+ 14 Тогаш Јехова пламна од гнев против Израел,+ па ги предаде во рацете на пљачкашите, кои ги пљачкаа.+ И ги предаде* во рацете на нивните непријатели што живееја околу нив,+ така што повеќе не можеа да им се спротивставуваат на своите непријатели.+ 15 Каде и да тргнеа, Јеховината рака беше против нив на нивна пропаст,+ како што рече Јехова и како што им се заколна Јехова.+ И беа во голема неволја.+ 16 Затоа Јехова им подигаше судии,+ кои ги избавуваа од рацете на оние што ги пљачкаа.+
17 Но не ги слушаа ни своите судии, туку почитуваа+ други богови*+ и им се клањаа. Брзо скршнаа од патот по кој одеа нивните прататковци, кои ги слушаа Јеховините заповеди.+ А тие не правеа така. 18 И кога им подигаше судии,+ Јехова беше со секој судија. Јехова ги избавуваше од рацете на нивните непријатели во сите денови на судијата. Кога ќе го чуеше нивното офкање, Јехова се сожалуваше+ на нив поради оние што ги потискаа+ и ги угнетуваа.
19 А кога ќе умреше судијата, тие пак се одвратуваа од него и постапуваа уште полошо отколку нивните татковци и одеа по други богови, им служеа и им се клањаа.+ Не отстапуваа од своите дела и од своите тврдокорни постапки.+ 20 Тогаш Јехова многу се разгневи+ против Израел и рече: „Поради тоа што овој народ го престапи мојот сојуз,+ кој го склучив со нивните прататковци, и не го послуша мојот глас,+ 21 ни јас повеќе нема да истерам од пред нив ниту еден од оние народи што ги остави Исус Навин кога умре.+ 22 Со нив ќе го искушам+ Израел, дали ќе се држи за Јеховиниот пат и дали ќе оди по него како што го правеа тоа неговите татковци или нема“. 23 Затоа Јехова ги остави тие народи и не ги истера веднаш,+ ниту ги предаде во рацете на Исус Навин.
3 А ова се народите+ што Јехова ги остави за со нив да ги искушува+ сите оние синови на Израел што не доживеаја ниту една од ханаанските војни,+ 2 а ги остави само за да можат поколенијата на синовите на Израел, кои порано не доживеаја такво нешто, да стекнат воено искуство и да научат да војуваат: 3 пет филистејски кнезови-сојузници,+ сите Ханаанци,+ како и Сидонците+ и Евејците+ што живееја на ливанските+ планини, од планината Ваал-Ермон+ до влезот во Емат.+ 4 Тие останаа за да биде испитан+ Израел и да се види дали ќе ги слуша заповедите што им ги беше дал Јехова на нивните татковци преку Мојсеј.+ 5 Така синовите на Израел живееја меѓу Ханаанците,+ Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.+ 6 И ги земаа за жени нивните ќерки,+ а своите ќерки им ги даваа на нивните синови,+ и почнаа да им служат на нивните богови.+
7 Синовите на Израел го правеа она што е зло во очите на Јехова и го заборавија Јехова, својот Бог,+ па им служеа на Вааловците+ и на обредните диреци.*+ 8 Затоа Јехова пламна од гнев против Израел+ и ги предаде* во рацете+ на Хусан-Рисатаим, царот на Месопотамија.+ И синовите на Израел му служеа на Хусан-Рисатаим осум години. 9 Тогаш синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне.+ И Јехова им подигна спасител+ на синовите на Израел за да ги спаси, имено Готонил,+ синот на Кенез,+ помладиот брат на Халев.+ 10 Јеховиниот дух+ дојде врз него и тој стана судија во Израел. Кога излезе во битка, Јехова го предаде Хусан-Рисатаим, сирискиот цар, во негови раце, и неговата рака го совлада+ Хусан-Рисатаим. 11 Оттогаш земјата беше во мир четириесет години. Потоа умре Готонил, синот на Кенез.
12 А синовите на Израел пак го правеа она што е зло во Јеховини очи.+ Затоа Јехова дозволи Еглон, моавскиот+ цар, да се засили против Израел.+ Јехова го допушти ова затоа што го правеа она што е зло во негови очи.+ 13 И тој ги собра против нив синовите на Амон+ и Амаличаните.+ Тогаш тие излегоа и го нападнаа Израел и го освоија градот на палмите.+ 14 Синовите на Израел му служеа на Еглон, моавскиот цар, осумнаесет години.+ 15 И синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне.+ Тогаш Јехова им подигна спасител, Ехуд,+ синот на Гера Венијаминецот,+ кој беше левучар.+ Синовите на Израел му испратија по него данок на Еглон, моавскиот цар. 16 А Ехуд си направи меч со две сечила,+ долг еден лакот,* и го опаша под облеката на десното бедро.+ 17 И му донесе данок на Еглон, моавскиот+ цар. А Еглон беше многу дебел.
18 Кога го предаде данокот,+ ги распушти луѓето што го носеа данокот. 19 А откако дојдоа до каменоломите на Гилгал,+ тој се врати и рече: „Царе, имам за тебе една тајна порака!“ А овој му рече: „Тивко!“ Тогаш сите што стоеја покрај него си отидоа.+ 20 А Ехуд влезе кај него додека овој седеше сам во ладовината на својата горна соба. И Ехуд рече: „Имам за тебе порака од Бог!“ А тој стана од престолот. 21 Тогаш Ехуд посегна со левата рака по мечот што му беше на десното бедро, го извлече и му го заби во стомакот. 22 Со сечилото влезе и дршката, така што сечилото пропадна во салото, бидејќи не го извлече мечот од стомакот, и почна да излегува измет. 23 А Ехуд ја затвори зад себе вратата од горната соба и ја заклучи, па излезе низ отворот за воздух. 24 Така замина.+
И дојдоа слугите на царот и видоа дека вратата на горната соба беше заклучена. Затоа рекоа: „Сигурно врши нужда+ во ладовината на горната соба“. 25 И чекаа долго, а кога видоа дека вратата на горната соба не се отвора, ги обзеде немир. Тогаш зедоа клуч и отворија, и што да видат: нивниот господар лежи мртов на земја!
26 Додека тие чекаа, Ехуд побегна, ги одмина каменоломите+ и се скри во Сеира. 27 Кога дојде таму, затруби во рог+ на ефремските планини.+ И Израеловите синови се спуштија со него од планините, а тој одеше на чело. 28 Тогаш им рече: „Појдете по мене,+ зашто Јехова ви ги предаде во раце+ вашите непријатели, Моавците!“ И тргнаа по него и ги зазедоа плитките места+ на Јордан, кои беа спроти Моавците, и никому не му дозволија да помине. 29 Тогаш убија околу десет илјади+ Моавци, сите силни и храбри луѓе, не побегна ниту еден од нив.+ 30 Во тој ден Моав беше покорен од раката на Израел и земјата беше во мир осумдесет години.+
31 По него Самегар,+ синот на Анат, го избави Израел, убивајќи шестотини Филистејци+ со остен за говеда.+
4 А по смрта на Ехуд, синовите на Израел пак почнаа да го прават она што е зло во Јеховини очи.+ 2 И Јехова ги предаде*+ во рацете на Јавин, ханаанскиот цар, кој владееше во Асор.+ Заповедник на неговата војска беше Сисара,+ кој живееше во незнабожечкиот Аросет.+ 3 И синовите на Израел почнаа да викаат за помош кон Јехова,+ затоа што тој имаше деветстотини бојни коли со железни сечила+ и свирепо ги угнетуваше синовите на Израел+ дваесет години.
4 Во тоа време, пророчицата+ Девора, жената на Лафидот, судеше во Израел. 5 Живееше под Деворината палма меѓу Рама+ и Ветил,+ во ефремските планини. Израеловите синови доаѓаа кај неа за да им суди. 6 И таа испрати по Варак,+ синот на Авиноам, од Кедес-Нефталим,+ и му рече: „Зар Јехова, Богот на Израел, не издаде заповед: ‚Оди и рашири се на планината Тавор.+ Земи со себе десет илјади луѓе од синовите на Нефталим+ и од синовите на Завулон,+ 7 па кај тебе во долината* на Кисон,+ ќе ти го доведам+ Сисара,+ заповедникот на Јавиновата+ војска, со неговите бојни коли и со неговото мноштво, и ќе го предадам во твои раце‘?“+
8 Тогаш Варак ѝ рече: „Ако дојдеш со мене, ќе одам, но ако не дојдеш со мене, нема да одам“. 9 А таа одговори: „Ќе дојдам со тебе! Но славата нема да ти припадне тебе на патот по кој ќе одиш, зашто Јехова ќе го предаде* Сисара во рацете на една жена“.+ Тогаш Девора стана и отиде со Варак во Кедес.+ 10 И Варак ги свика Завулон+ и Нефталим во Кедес, и десет илјади луѓе појдоа по него,+ а со него појде и Девора.
11 А Кенеецот Хевер+ се одвои од Кенејците,+ кои му беа синови на Овав, тестот на Мојсеј,+ и го распна својот шатор во близина на големото стебло во Сананим, кај Кедес.
12 И му јавија на Сисара дека Варак, синот на Авиноам,+ дошол на планината Тавор.+ 13 Тогаш Сисара ги собра сите свои бојни коли, деветстотини бојни коли со железни сечила,+ и сите луѓе што беа со него, па ги поведе од незнабожечкиот Аросет во долината на Кисон.+ 14 Тогаш Девора му рече на Варак: „Стани, зашто ова е ден кога Јехова ќе го предаде Сисара во твои раце! Не оди ли пред тебе Јехова?“+ И Варак се спушти од планината Тавор со десет илјади луѓе што одеа по него. 15 И Јехова ги збрка+ Сисара, сите негови бојни коли и сета негова војска и ги погуби со сечилото на Вараковиот меч. А Сисара слезе од колата и побегна пеш. 16 Варак ги гонеше+ бојните коли+ и војската дури до незнабожечкиот Аросет, и целата војска на Сисара падна од сечилото на мечот. Ниту еден не остана.+
17 А Сисара+ побегна пеш до шаторот на Јаила,+ жената на Кенеецот Хевер,+ зашто Јавин, царот на Асор,+ беше во мир со домот на Кенеецот Хевер. 18 Тогаш Јаила му излезе во пресрет на Сисара и му рече: „Намини ваму, господару, намини кај мене! Не плаши се!“ И тој намина кај неа во шаторот, а таа го покри со покривка. 19 И тој ѝ рече: „Те молам, дај ми да се напијам малку вода зашто сум жеден!“ А таа му отвори мешина+ со млеко и му даде да пие,+ па пак го покри. 20 Тогаш тој ѝ рече: „Застани на влезот од шаторот, па ако дојде некој и те праша: ‚Има ли некој тука?‘ — ти одговори му: ‚Нема никој!‘ “
21 И Јаила, жената на Хевер, го зеде шаторскиот клин, а зеде и чекан во раката. Кога тој цврсто заспа од умор, му пријде крадешкум и му го заби клинот во слепоочниците,+ така што клинот се заби во земјата. И тој умре.+
22 И гледај, дојде Варак, кој го прогонуваше Сисара. Јаила му излезе во пресрет и му рече: „Дојди да ти го покажам човекот што го бараш!“ Тој влезе кај неа, и гледај, Сисара лежеше мртов, со клинот во слепоочниците.
23 Така Бог во тој ден го покори+ Јавин, ханаанскиот цар, пред Израеловите синови. 24 А раката на Израеловите синови сѐ повеќе го притискаше Јавин, ханаанскиот+ цар, додека на крајот не го погубија Јавин, ханаанскиот цар.+
5 Во тој ден, Девора+ и Варак,+ синот на Авиноам,+ ја запеаја оваа песна:+
2 „Луѓето ги распуштија косите во Израел, подготвени за битка,
народот доброволно се одѕва,+
затоа благословувајте го Јехова!+
4 Јехова, кога доаѓаше од Сеир,+
кога излегуваше од едомското поле,+
земјата се тресеше+ и небото се истури,+
од облаците се лееше дожд.
5 Пред Јеховиното лице се растопија планините+
и пред лицето на Јехова,+ Богот на Израел,+ се растопи и самиот Синај.+
6 Во деновите на Самегар,+ синот на Анат,
во деновите на Јаила,+ опустеа патиштата,
а патниците одеа по заобиколни патишта.+
7 Пусти беа селата во Израел, пусти беа,+
додека не станав јас, Девора,+
додека не станав како мајка во Израел.+
9 Моето срце е со заповедниците на Израел,+
кои доброволно се јавија од народот.+
Благословувајте го Јехова!+
11 Се чуја гласовите на оние што делат вода на поилата.+
Таму ги набројуваа праведните дела на Јехова,+
праведните дела на неговиот народ, кој живее во израелските села.
Тогаш Јеховиниот народ слезе на портите.
12 Разбуди се, о Деворо,+ разбуди се!
Разбуди се, разбуди се и запеј песна!+
Стани, Вараку,+ и одведи ги своите заробеници, сине Авиноамов!+
13 Тогаш преживеаните слегоа кај јунаците.
Јеховиниот народ слезе кај мене за да се бори против силните.
14 Од Ефрем потекнаа оние што дојдоа во рамницата,+
тие се со тебе, Венијамине, меѓу твојот народ.
Од Махир+ излегоа заповедниците,
од Завулон — оние што се служат со писарски прибор.+
15 Кнезовите на Исахар+ беа со Девора,
како Исахар беше и Варак,+
во рамницата беше испратен пеш.+
Долго се колебаше срцето на Рувимовите синови.+
16 Зошто седна меѓу дисаѓите?
За да го слушаш звукот на кавалот, кој им свири на стадата?+
Долго се колебаше срцето на Рувимовите синови.+
17 Галад остана во своето живеалиште од онаа страна на Јордан.+
А зошто Дан остана на бродовите во тоа време?+
Асер седеше на брегот и безделничеше,
и живееше во своите пристаништа.+
19 Царевите дојдоа во битка.
Тогаш ханаанските цареви се бореа+
во Танах,+ кај водите на Мегидо,+
но не запленија сребро.+
21 Потокот Кисон ги однесе сите,+
прадревниот поток, потокот Кисон.+
Душо моја, ти ги газеше силните!+
23 ‚Проколнувајте+ го Мероз!‘ — рече Јеховиниот ангел.+
‚Проколнувајте ги неговите жители,
зашто не му дојдоа на помош на Јехова,
не му помогнаа на Јехова со јунаците!‘
24 Благословена да е Јаила,+ жената на Хевер Кенеецот,+ повеќе од сите жени,
благословена да е повеќе од сите жени во шаторите!+
26 Со раката посегна по клинот,
а со својата десница по ковачкиот чекан.+
И го удри Сисара, главата му ја прободе,+
слепоочниците му ги здроби и му ги расцепи.
27 Се струполи меѓу нејзините нозе, падна, легна.
Се струполи меѓу нејзините нозе, падна.
Каде што се струполи, таму мртов остана.+
28 Низ прозорецот гледаше мајката на Сисара,
со поглед го бараше низ прозорската решетка:+
‚Зошто толку долго не се враќа неговата кола?+
Зошто доцни тропотот на неговата запрега?‘+
29 Нејзините мудри благороднички+ ѝ одговараа,
а и самата таа си одговараше:
30 ‚Не најдоа ли плен, па го делат,+
по една до две девојки на секој човек,+
разнобојни ткаенини запленија за Сисара, разнобојни ткаенини запленија,
везена облека, обоена ткаенина, две везени облеки
да бидат украс околу вратот на оние што го нашле пленот?‘
31 Така нека пропаднат сите твои непријатели,+ Јехова!
А оние што те сакаат+ нека бидат како сонцето кога излегува во својата сила!“+
И земјата беше во мир четириесет години.+
6 Потоа синовите на Израел пак почнаа да го прават она што е зло во Јеховини очи.+ Затоа Јехова ги предаде во рацете на Мадијамците+ за седум години. 2 И раката на Мадијам го надвладеа Израел.+ Поради Мадијамците, синовите на Израел си направија подземни складишта во планините и се засолнуваа по пештерите и на тешко проодни места.+ 3 А кога Израелците ќе посееја семе,+ ќе дојдеа Мадијамците, Амаличаните+ и народи од Истокот+ и ќе ги нападнеа. 4 Ќе се улогореа на нивната земја и ќе го уништеа родот на земјата дури до Газа. Не оставаа во Израел ни храна, ни ситна стока, ни говеда ни магаре.+ 5 И доаѓаа со својата стока и со своите шатори. Беа бројни како скакулците,+ им немаше број и на нив и на нивните камили.+ Доаѓаа во земјата за да ја опустошат.+ 6 Така Израел падна во голема беда поради Мадијамците, и синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова за помош.+
7 А кога синовите на Израел го повикаа Јехова за помош поради Мадијамците,+ 8 Јехова им испрати на синовите на Израел еден човек, пророк,+ и им рече: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Јас ве изведов од Египет+ и ве избавив од куќата на ропството.+ 9 Ве избавив од египетската рака и од раката на сите ваши угнетувачи и ги истерав од пред вас, и ви ја дадов нивната земја.+ 10 И ви реков: „Јас сум Јехова, вашиот Бог.+ Не служете им на боговите на Аморејците+ во чија земја живеете!“+ Но вие не го послушавте мојот глас‘ “.+
11 Потоа дојде Јеховин ангел+ и седна под големото стебло во Офра, кое му припаѓаше на Јоас од семејството на Авиезер.+ Неговиот син Гедеон+ чукаше пченица во винското гмечало за брзо да ја засолне од Мадијамците. 12 Тогаш Јеховиниот ангел му се покажа и му рече: „Јехова е со тебе,+ храбар јунаку!“ 13 А Гедеон му одговори: „Прости, господару, но ако Јехова е со нас, зошто нѐ снајде сето ова+ и каде се сите негови чудесни дела+ за кои ни раскажуваа нашите татковци,+ велејќи: ‚Не нѐ изведе ли Јехова од Египет?‘+ А сега Јехова нѐ напушти+ и нѐ предаде во рацете на Мадијамците“. 14 Тогаш Јехова се сврте кон него и рече: „Оди со таа своја сила+ и ќе го избавиш Израел од мадијамските раце!+ Не те испраќам ли јас?“+ 15 А тој му одговори: „Прости, Јехова. Со што ќе го избавам Израел?+ Еве, мојот род* е најслаб во Манасија, а јас сум најмал во куќата на татко ми“.+ 16 Но Јехова му рече: „Јас ќе бидам со тебе+ и затоа ќе ги поразиш Мадијамците+ како да се еден човек“.
17 Тогаш тој му одговори: „Ако сум нашол милост во твои очи,+ дај ми знак дека ти зборуваш со мене!+ 18 Те молам, не оди си оттука додека не се вратам кај тебе+ и не ти донесам дар и не го ставам пред тебе!“+ А тој му рече: „Ќе седам овде додека не се вратиш“. 19 Тогаш Гедеон отиде и приготви јаре+ и, од една ефа* брашно, замеси бесквасни лебови.+ Месото го стави во кошница, а чорбата во лонец, па тоа го донесе кај него под големото стебло и го послужи.
20 А ангелот на вистинскиот Бог му рече: „Земи ги месото и бесквасните лебови, па стави ги на оној голем камен,+ а чорбата истури ја!“ И така направи. 21 Тогаш Јеховиниот ангел го испружи врвот од стапот што му беше во раката и ги допре месото и бесквасните лебови. И пламна оган од каменот и ги изгоре месото и бесквасните лебови.+А Јеховиниот ангел исчезна од пред неговите очи. 22 Тогаш Гедеон сфати дека тоа беше Јеховин ангел.+
И рече: „Леле, Севишен Господару Јехова! Го видов твојот ангел лице в лице, Јехова!“+ 23 А Јехова му одговори: „Мир да имаш.+ Не плаши се.+ Нема да умреш“.+ 24 И Гедеон му изгради таму на Јехова жртвеник,+ кој до ден-денес го носи името+ Јехова-Шалом.* Уште стои во Офра,+ која му припаѓа на семејството на Авиезер.
25 Таа ноќ Јехова му рече: „Земи од татко ти уште еден јунец,* седумгодишен, и разурни го жртвеникот на Ваал+ што го има татко ти и исечи го обредниот дирек* што е покрај него.+ 26 И изгради му жртвеник на Јехова, својот Бог, на врвот од оваа тврдина, редејќи ги камењата во редови, па земи го оној јунец* и принеси го како жртва паленица на дрвата од обредниот дирек што ќе го исечеш!“ 27 Тогаш Гедеон зеде десет луѓе од своите слуги и направи како што му рече Јехова.+ Но, бидејќи се плашеше од домот на својот татко и од луѓето од градот, не го направи тоа дење, туку ноќе.+
28 Утредента, кога луѓето од градот, според својот обичај, станаа рано, гледај, жртвеникот на Ваал беше разурнат и обредниот дирек+ покрај него беше исечен, а јунецот беше принесен на новиот жртвеник. 29 И се прашуваа едни со други: „Кој го направил ова?“ И почнаа да се распрашуваат и да бараат. На крајот рекоа: „Гедеон, синот на Јоас, го направил ова“. 30 Тогаш луѓето од градот му рекоа на Јоас: „Изведи го син ти за да умре,+ зашто го разурна жртвеникот на Ваал и го исече обредниот дирек што беше покрај него!“ 31 А на сите што станаа против него,+ Јоас+ им рече: „Зар вие ќе го браните Ваал? Зар вие ќе го спасите? Оној што го брани, нека биде погубен уште ова утро.+ Ако е тој вистинскиот бог,+ сам нека се брани,+ зашто неговиот жртвеник некој го разурнал!“ 32 И во тој ден, Гедеон го нарекоа Јероваал,*+ велејќи: „Ваал сам нека се брани, зашто неговиот жртвеник некој го разурнал!“+
33 А сите Мадијамци,+ Амаличани+ и народите од Исток+ се собраа како еден,+ преминаа во језраелската долина+ и се улогорија во неа. 34 И Јеховиниот дух+ го обзеде Гедеон, така што тој затруби во рогот,+ и семејството на Авиезер+ се собра околу него. 35 И испрати гласници+ по целото племе на Манасија, па и тоа се собра околу него. Испрати гласници и по племето на Асер, на Завулон и на Нефталим, па и тие му тргнаа во пресрет.
36 Тогаш Гедеон му рече на вистинскиот Бог: „Ако го избавиш Израел со мојава рака, како што вети,+ 37 еве, ќе оставам руно на гумното. Ако има роса само на руното, а сета земја остане сува, тогаш ќе знам дека ќе го избавиш Израел со мојава рака, како што вети“. 38 Така и беше. Кога стана рано утредента, исцеди од руното доволно роса за да наполни еден голем сад. 39 Но Гедеон му рече на вистинскиот Бог: „Не пламнувај од гнев против мене, туку дозволи ми да прозборам уште еднаш! Дозволи ми, те молам, само уште еднаш да проверам што ќе биде со руното! Те молам, само руното нека биде суво, а по сета земја нека има роса!“ 40 И Бог направи така во таа ноќ. Само руното остана суво, а по сета земја имаше роса.
7 И подранија Јероваал,+ односно Гедеон,+ и целиот народ што беше со него, па се улогорија кај изворот Харод. А мадијамскиот логор се наоѓаше северно од него, во подножјето на ридот Море, во долината. 2 И Јехова му рече на Гедеон: „Со тебе има премногу луѓе за да ги предадам Мадијамците во нивни раце.+ Можеби Израел ќе се возгордее+ пред мене и ќе се фали: ‚Мојава рака ме избави‘.+ 3 А сега, те молам, разгласи за да чуе народот и речи: ‚Кој се плаши и кому му е страв, нека се врати!‘ “+ Гедеон ги стави на испит. И се вратија дваесет и две илјади луѓе, а десет илјади останаа.
4 Но Јехова му рече на Гедеон: „Сѐ уште има премногу народ.+ Одведи ги на водата, па јас таму ќе ги испитам за тебе! И за кого ќе ти речам: ‚Овој ќе оди со тебе‘, тој ќе оди со тебе, а за кого ќе ти речам: ‚Овој нема да оди со тебе‘, тој нема да оди“. 5 Така го одведе народот на водата.+
Тогаш Јехова му рече на Гедеон: „Секој што лока вода со јазикот како што лока куче, него оддели го настрана, а исто така и секој што клекнува на колена за да пие!“+ 6 Оние што локаа вода од раката принесена до уста, беа триста. А сите други клекнаа на колена за да пијат вода.
7 Тогаш Јехова му рече на Гедеон: „Со овие триста што локаа ќе ве избавам и ќе ги предадам Мадијамците во ваши раце.+ А сите други нека се вратат, секој во своето место!“ 8 И тие ги зедоа храната и роговите+ од народот, а тој ги испрати останатите Израелци да си одат секој во својата куќа. Задржа триста луѓе. А мадијамскиот логор беше подолу од него во долината.+
9 Таа ноќ+ Јехова му рече: „Стани, нападни го логорот, зашто го предавам во твои раце!+ 10 А ако се плашиш, слези со Фура, својот слуга, и извиди го логорот!+ 11 И слушни што зборуваат,+ па ќе се охрабриш+ и ќе го нападнеш логорот!“ Тогаш тој и Фура, неговиот слуга, слегоа до првите борбени редови во логорот.
12 А Мадијамците, Амаличаните и сите народи од Исток+ се беа сместиле по долината, бројни како скакулци.+ На нивните камили+ им немаше број, ги имаше многу како песокот на морскиот брег. 13 Кога Гедеон дојде, гледај, еден човек му раскажуваше сон на својот другар: „Еве, сонив сон.+ И гледај, јачменова погача се тркалаше во мадијамскиот логор. И дојде до еден шатор и така го погоди што тој падна,+ се преврте и се урна“. 14 А другарот му одговори:+ „Тоа не е ништо друго освен мечот на Гедеон,+ синот на Јоас, Израелецот. Вистинскиот Бог+ му ги предаде в раце Мадијамците и целиот логор“.+
15 Кога чу како оној го раскажува сонот, а другиот го толкува,+ Гедеон падна ничкум.*+ Потоа се врати во израелскиот логор и рече: „Станувајте,+ зашто Јехова го предаде мадијамскиот логор во ваши раце!“ 16 И ги подели тие триста луѓе на три чети, на сите им даде в раце рогови,+ празни ќупови и факли во ќуповите. 17 И им рече: „Гледајте ме мене и правете го истото што ќе го правам јас! Кога ќе дојдам на работ од логорот, правете го истото што ќе го правам јас! 18 Кога ќе затрубам во рогот, јас и сите што се со мене, и вие затрубете во роговите околу целиот логор+ и викнете: ‚Мечот Јеховин+ и Гедеонов!‘ “
19 Така Гедеон и стоте луѓе што беа со него дојдоа до работ на логорот во почетокот на средната ноќна стража,*+ токму кога се менуваа стражите. И почнаа да трубат во роговите+ и да ги кршат ќуповите што им беа во рацете.+ 20 Така трите чети дувнаа во роговите+ и ги скршија ќуповите. Со левата рака ги држеа факлите, а со десната роговите за да трубат во нив и почнаа да викаат: „Мечот Јеховин+ и Гедеонов!“ 21 И секој стоеше на своето место околу логорот, а сите од логорот се растрчаа, па почнаа да викаат и да бегаат.+ 22 Тие триста+ луѓе трубеа во роговите,+ а Јехова направи сите во логорот да го свртат мечот еден против друг.+ И сите од логорот се разбегаа дури до Вет-Шита, кон Зерерат,* до работ на Авел-Мехол+ кај Тават.
23 А Израелците од племињата на Нефталим,+ Асер+ и од целото племе на Манасија+ се собраа и тргнаа во потера+ по Мадијамците. 24 И Гедеон испрати гласници по сите ефремски планини+ да велат: „Слезете пред Мадијамците и заземете ги пред нив плитките места преку реките дури до Вет-Вара и преку Јордан!“ Така се собраа сите луѓе од племето на Ефрем и ги зазедоа плитките места преку реките+ дури до Вет-Вара и преку Јордан. 25 Ги заробија и двајцата мадијамски кнезови, Орив и Зива.+ Орив го убија на карпата на Орив,+ а Зива го убија кај винското гмечало на Зива. И ги гонеа Мадијамците,+ а главите на Орив и на Зива му ги донесоа на Гедеон во јорданскиот крај.+
8 Тогаш луѓето од племето на Ефрем му рекоа: „Што ни направи, па не нѐ викна кога тргна во битка против Мадијамците?“+ И жестоко му приговараа.+ 2 На крајот тој им рече: „Што сум направил јас во споредба со вас?+ Зарем дособирањето на Ефрем+ не е подобро од гроздоберот на Авиезер?+ 3 Бог ви ги предаде вам в раце мадијамските кнезови Орив и Зива,+ па што сум направил јас во споредба со вас?“ Кога им ги кажа тие зборови, стивна нивниот гнев* кон него.+
4 Така Гедеон дојде на Јордан и го премина, тој и тие триста луѓе со него. Беа уморни, но продолжија со потерата. 5 Потоа им рече на луѓето во Сокот:+ „Ве молам, дајте им леб на луѓево што се со мене,+ бидејќи се уморни, а јас ги гонам Зевеј+ и Салман,+ мадијамските цареви!“ 6 Но кнезовите на Сокот рекоа: „Зар Зевеј и Салман се веќе во твоја рака, па да мораме да ѝ дадеме леб на твојата војска?“+ 7 Тогаш Гедеон рече: „Затоа, кога Јехова ќе ми ги предаде в раце Зевеј и Салман, ќе ви го раскинам месото на телото со пустински трње и со бодликави грмушки“.+ 8 Оттаму отиде во Фенуел+ и го побара истото од луѓето во Фенуел, но тие му одговорија исто како и луѓето во Сокот. 9 Затоа им се закани и на луѓето во Фенуел: „Кога ќе се вратам како победник, ќе ја урнам оваа кула“.+
10 А Зевеј и Салман+ беа во Каркор со својата војска, околу петнаесет илјади луѓе што останаа од сета војска на народите од Исток.+ Дотогаш веќе беа паднати сто и дваесет илјади луѓе вооружени со меч.+ 11 Гедеон отиде по патот по кој поминуваат оние што живеат под шатори, источно од Новах и Јогвеја,+ и го нападна логорот кога логорот не беше подготвен за напад.+ 12 Кога Зевеј и Салман побегнаа, тој веднаш тргна во потера по нив. Ги зароби двајцата мадијамски цареви, Зевеј и Салман,+ и внесе страв во целиот логор.
13 А кога Гедеон, синот на Јоас, се враќаше од војна преку угорништето што води на Херес, 14 по патот зароби еден младич од Сокот+ и почна да го распрашува.+ И младичот му ги напиша имињата на кнезовите+ и на старешините на Сокот, седумдесет и седум луѓе. 15 Потоа отиде кај жителите на Сокот и им рече: „Еве ги Зевеј и Салман за кои ми се потсмевавте, велејќи: ‚Зар Зевеј и Салман се веќе во твоја рака, па да мораме да им дадеме леб на твоите премалени луѓе?‘ “+ 16 Тогаш ги фати градските старешини и зеде пустински трње и бодликави грмушки, па со нив ги казни жителите на Сокот.+ 17 А кулата во Фенуел+ ја урна+ и ги уби луѓето во градот.
18 И ги праша Зевеј и Салман:+ „Какви беа луѓето што ги убивте на Тавор?“+ А тие одговорија: „Беа такви како тебе, секој изгледаше како царски син“. 19 Тогаш тој рече: „Тие беа мои браќа, синови на мојата мајка. Како што е жив Јехова, да ги оставевте живи, немаше да ве убијам!“+ 20 Тогаш му рече на Јетер, својот првороден син: „Стани, убиј ги!“ Но младичот не го извлече својот меч, зашто се плашеше, бидејќи уште беше млад.+ 21 А Зевеј и Салман рекоа: „Стани ти и нападни нѐ, зашто каков е човекот, таква му е и силата!“+ Тогаш Гедеон стана и ги уби+ Зевеј и Салман, па ги зеде месечинките што висеа на вратовите на нивните камили.
22 Потоа Израелците му рекоа на Гедеон: „Владеј над нас,+ ти и твојот син и твојот внук, зашто ти нѐ избави од раката на Мадијамците!“+ 23 Но Гедеон им рече: „Јас нема да владеам над вас, ниту мојот син ќе владее над вас.+ Јехова ќе владее над вас!“+ 24 И Гедеон уште им рече: „Ве молам само за едно, секој од вас да ми даде по еден прстен за нос+ од својот плен“. (Имено, поразените носеа златни прстени во носот, затоа што беа Исмаелци.)+ 25 А тие рекоа: „Со задоволство ќе ти ги дадеме“. И раширија наметка и секој го фрли на неа прстенот за нос од својот плен. 26 Тежината на златните прстени што ги побара изнесуваше илјада и седумстотини сикли* злато, покрај месечинките,+ обетките и облеките од црвеникаво-виолетова волна+ што ги носеа мадијамските цареви и покрај веришките што беа околу вратовите на камилите.+
27 Гедеон направи од тоа свештенички ефод+ и го изложи во својот град Офра.+ Таму целиот Израел го почитуваше ефодот,*+ и тоа беше замка за Гедеон и за неговиот дом.+
28 Така Мадијамците+ беа покорени пред синовите на Израел и повеќе не ги креваа главите. И земјата беше во мир четириесет години, додека беше жив Гедеон.+
29 Јероваал,+ синот на Јоас, отиде и живееше во својата куќа.
30 На Гедеон му се родија седумдесет синови,*+ зашто имаше многу жени. 31 А и неговата наложница* што живееше во Сихем му роди син, кому му го даде името Авимелех.+ 32 На крајот Гедеон, синот на Јоас, умре во длабока старост, и го погребаа во гробот на неговиот татко Јоас во Офра, која му припаѓа на племето на Авиезер.+
33 Кога умре Гедеон, синовите на Израел пак ги почитуваа Вааловците*+ и си го поставија за бог Ваал-Верит.+ 34 И синовите на Израел не си спомнуваа за Јехова, својот Бог,+ кој ги избави од рацете на сите нивни околни непријатели.+ 35 И не му возвратија со добрина*+ на домот на Јероваал, односно на Гедеон, за сето добро што му го направи на Израел.+
9 Авимелех,+ синот на Јероваал, отиде во Сихем+ кај браќата на својата мајка и им рече ним и на сиот род од татковиот дом на својата мајка: 2 „Кажете им, ве молам, на сите граѓани на Сихем: ‚Што е подобро за вас, со вас да владеат седумдесет луѓе,+ сите синови на Јероваал, или со вас да владее само еден човек? Спомнете си дека јас сум ваша коска и ваше месо!‘ “+
3 Така браќата на мајка му им ги пренесоа сите негови зборови на сите граѓани на Сихем, и нивното срце се приклони кон Авимелех,+ зашто рекоа: „Тој е наш брат!“+ 4 И му дадоа седумдесет сребреници од храмот на Ваал-Верит.+ Со нив Авимелех изнајми безделни и дрски луѓе,+ кои му се придружија. 5 Потоа отиде во домот на својот татко во Офра+ и ги уби своите браќа,+ синови на Јероваал, седумдесет луѓе, на еден камен. Но, остана Јотам, најмладиот син на Јероваал, зашто се скри.
6 И се собраа сите граѓани на Сихем и сите жители на Мило,+ па отидоа и го поставија Авимелех за цар+ кај големото стебло,+ кај столбот што стоеше во Сихем.+
7 Кога му го јавија тоа на Јотам, тој отиде и застана на врвот од планината Гаризим,+ па викна колку што го држеше гласот: „Чујте ме, граѓани на Сихем, и Бог нека ве чуе вас!
8 Еднаш тргнале дрвјата за да помазаат цар за себе. Така, ѝ рекле на маслинката:+ ‚Биди ни цар!‘+ 9 Но маслинката им одговорила: ‚Зар да се одречам од своето масло, кое е на слава+ на Бог и на луѓето, па да се нишам над другите дрвја?‘+ 10 Потоа дрвјата ѝ рекле на смоквата:+ ‚Дојди ти и биди ни цар!‘ 11 Но смоквата им рекла: ‚Зар да се одречам од својата блажина и од својот убав плод, па да се нишам над другите дрвја?‘+ 12 Потоа дрвјата ѝ рекле на виновата лоза: ‚Дојди ти и биди ни цар!‘ 13 А виновата лоза им одговорила: ‚Зар да се одречам од своето младо вино што ги весели Бог и луѓето,+ па да се нишам над дрвјата?‘ 14 На крајот сите дрвја ѝ рекле на трнливата грмушка:+ ‚Дојди ти и биди ни цар!‘ 15 А трнливата грмушка им одговорила на дрвјата: ‚Ако навистина сакате да ме помажете за цар, дојдете и засолнете се во мојава сенка.+ А ако не сакате, нека излезе оган+ од трнливата грмушка и нека ги изгори ливанските+ кедри!‘+
16 А сега, ако сте постапиле искрено и чесно кога сте го поставиле Авимелех за цар+ и ако сте му направиле добро на Јероваал и на неговиот дом и ако сте му направиле според заслугата за делата на неговите раце — 17 зашто татко ми се бореше+ за вас и својата душа ја изложи на опасност+ за да ве избави од рацете на Мадијамците,+ 18 а вие денес станавте против домот на мојот татко и ги убивте неговите синови,+ седумдесет луѓе,+ на еден камен, и го поставивте Авимелех, синот на неговата робинка,+ за цар+ над граѓаните на Сихем само затоа што е ваш брат — 19 значи, ако сте постапиле денес искрено и чесно кон Јероваал и кон неговиот дом, радувајте се со Авимелех, а и тој нека се радува со вас.+ 20 Но, ако не, нека излезе оган+ од Авимелех и нека ги изгори граѓаните на Сихем и жителите на Мило,+ и нека излезе оган+ од граѓаните на Сихем и од жителите на Мило и нека го изгори Авимелех!“+
21 Тогаш Јотам+ фати да бега и побегна во Веер, и таму остана поради својот брат Авимелех.
22 Авимелех вообразено се правеше кнез над Израел три години.+ 23 Тогаш Бог допушти да завладее раздор*+ меѓу Авимелех и граѓаните на Сихем, и граѓаните на Сихем го изневерија+ Авимелех. 24 Тоа беше за да биде одмаздено злосторството+ извршено над седумдесетте синови на Јероваал и нивната крв да падне на нивниот брат Авимелех, зашто ги уби,+ и на граѓаните на Сихем, зашто му помогнаа+ да ги убие своите браќа. 25 Граѓаните на Сихем му поставуваа заседи по планинските врвови и го пљачкаа секој што ќе поминеше покрај нив по тој пат. И Авимелех дозна за тоа.
26 Потоа Гал,+ синот на Евед, дојде со своите браќа и премина во Сихем.+ Граѓаните на Сихем со доверба му се приклонија.+ 27 И отидоа во полето, береа грозје во своите лозја, го газеа и се веселеа.+ Потоа отидоа во домот на својот бог,+ па јадеа, пиеја+ и го проколнуваа+ Авимелех. 28 А Гал, синот на Евед, рече: „Кој е Авимелех?+ Не е ли тој син на Јероваал?+ И кој е Зевул,+ неговиот довереник во Сихем? Зошто да им служиме ним? Подобро служете им на луѓето на Емор,+ таткото на Сихем! Зошто да му служиме на Авимелех? 29 Кога овој народ би бил во мои раце,+ јас би го отстранил Авимелех!“ И му порача на Авимелех: „Собери голема војска и излези во битка!“+
30 Кога Зевул, градскиот кнез, ги чу зборовите на Гал, синот на Евед,+ многу се разгневи. 31 И тајно испрати гласници кај Авимелех и му порача: „Еве, Гал, синот на Евед, и неговите браќа дојдоа во Сихем+ и сега го бунтуваат градот против тебе. 32 Затоа стани ноќе,+ ти и народот што е со тебе, и постави заседа+ во полето. 33 А рано изутрина, кога ќе изгрее сонцето, стани и удри на градот. Кога тој и народот што е со него ќе излезат против тебе, прави со него што сакаш“.
34 Така Авимелех и целиот народ што беше со него станаа ноќе, и поставија заседа околу Сихем во четири чети. 35 А Гал,+ синот на Евед, излезе и застана пред градската порта. Тогаш Авимелех и народот што беше со него излегоа од заседата. 36 Кога го здогледа народот, Гал му рече на Зевул: „Гледај, народ слегува од врвовите на планините!“ А Зевул му одговори: „Од сенките на планините што ги гледаш ти се причинуваат луѓе“.+
37 А Гал повторно рече: „Гледај, народ слегува од височинката што е среде земјата, а една чета доаѓа по патот откај големото дрво Меоненим“. 38 Тогаш Зевул му рече: „Каде се сега твоите зборови со кои се фалеше:+ ‚Кој е Авимелех за да му служиме?‘+ Не е ли ова народот што го презре?+ Излези сега и бори се против него!“
39 И Гал излезе на чело на граѓаните на Сихем и започна битка со Авимелех. 40 Но Авимелех го натера да бега, па тој побегна пред него. И мнозина паднаа мртви, сѐ до градската порта.
41 И Авимелех остана во Арума, а Зевул+ ги протера Гал+ и неговите браќа, па не можеа повеќе да останат во Сихем.+ 42 Следниот ден, народот излезе во полето. Тоа му го јавија на Авимелех.+ 43 А тој ги зеде своите луѓе, ги подели во три чети+ и постави заседа во полето. Кога виде дека народот излегува од градот, се крена против нив и ги погуби. 44 Авимелех и четите кои беа со него нападнаа кај градската порта и таму се поставија, додека две чети ги нападнаа сите што беа во полето и ги погубија.+ 45 И Авимелех се бореше против градот целиот тој ден и на крајот го освои. Ги погуби луѓето во него,+ а потоа го разори градот+ и го посипа со сол.+
46 Кога го чуја тоа, сите жители на сихемската кула отидоа во подрумот во храмот на Ел-Верит.+ 47 И кога му јавија на Авимелех дека се собрале сите жители на сихемската кула, 48 Авимелех отиде на планината Салмон,+ тој и сиот народ што беше со него. И Авимелех зеде секира в рака, отсече гранка од едно дрво, ја подигна, ја стави на рамо и му рече на народот што беше со него: „Она што видовте дека го направив јас, брзо направете го и вие!“+ 49 Тогаш сите луѓе си отсекоа по една гранка и тргнаа по Авимелех. И ги нафрлаа гранките над подрумот и го запалија над оние што беа во подрумот. Така загинаа и сите жители на сихемската кула, околу илјада мажи и жени.+
50 Авимелех потоа отиде до Тевес,+ го опсади и го освои. 51 Среде градот имаше јака кула во која побегнаа сите мажи и жени, сите жители на тој град. Ја затворија вратата зад себе и се качија на покривот од кулата. 52 И Авимелех дојде до кулата и ја нападна. Кога дојде скоро до вратата од кулата за да ја изгори со оган,+ 53 една жена фрли мелнички камен врз главата на Авимелех и му го скрши черепот.+ 54 А тој брзо го повика слугата што му го носеше оружјето и му рече: „Извлечи го мечот и убиј ме+ за да не се рече за мене: ‚Жена го уби‘!“ И неговиот слуга веднаш го прободе и тој умре.+
55 Кога Израелците видоа дека Авимелех умре, секој се врати во своето место. 56 Така Бог му го врати на Авимелех злото што тој му го направи на својот татко, убивајќи седумдесет свои браќа.+ 57 И сето зло што го направија жителите на Сихем, Бог им го врати на нивна глава, и така врз нив дојде проклетството+ на Јотам,+ синот на Јероваал.+
10 По Авимелех се крена Тола, синот на Фуа, син на Додо, од племето на Исахар, за да го избави+ Израел, а живееше во Семир во ефремските планини.+ 2 Му судеше на Израел дваесет и три години, а потоа умре и беше погребан во Семир.
3 По него се крена Јаир Галадецот,+ кој му судеше на Израел дваесет и две години. 4 Тој имаше триесет синови, кои јаваа на триесет магариња+ и имаа триесет градови, кои до денешен ден се викаат Авот-Јаир,+ а се наоѓаат во галадската земја. 5 Потоа Јаир умре и беше погребан во Камон.
6 Синовите на Израел повторно го правеа она што е зло во Јеховини очи+ и им служеа на Вааловците,+ на Астартите,+ на сириските богови,+ на сидонските богови,+ на моавските богови,+ на боговите на Амоновите+ синови и на филистејските богови.+ Го оставија Јехова и не му служеа.+ 7 Тогаш Јехова пламна од гнев против Израел+ и ги предаде*+ во рацете на Филистејците+ и во рацете на Амоновите синови.+ 8 И од таа година натаму, осумнаесет години ги сотираа и тешко ги угнетуваа синовите на Израел, сите синови на Израел што беа од онаа страна на Јордан во аморејската земја, во Галад. 9 А синовите на Амон го преминаа Јордан за да се борат против Јуда, Венијамин и Ефремовиот дом. Така Израел се најде во голема неволја.+ 10 Тогаш синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне:+ „Ти згрешивме,+ зашто те оставивме тебе, нашиот Бог, за да им служиме на Вааловците“.+
11 А Јехова им рече на синовите на Израел: „Не ве избавував ли од Египќаните,+ од Аморејците,+ од синовите на Амон,+ од Филистејците,+ 12 од Сидонците,+ од Амаличаните+ и од Мадијамците,+ кои ве угнетуваа?+ Не ве избавував ли од нивната рака кога викавте кон мене? 13 А вие ме оставивте+ и почнавте да им служите на други богови.+ Затоа нема повеќе да ве избавувам.+ 14 Одете и повикувајте ги за помош боговите+ што сте ги избрале!+ Тие нека ве избават од вашата неволја!“ 15 А синовите на Израел му одговорија на Јехова: „Згрешивме!+ Прави со нас што мислиш дека е добро!+ Само избави нѐ денес, те молиме!“+ 16 И почнаа да ги отстрануваат туѓите богови од својата средина+ и да му служат на Јехова,+ така што неговата душа+ повеќе не можеше да ја гледа неволјата на Израел.+
17 А синовите на Амон+ се собраа и се улогорија во Галад.+ Тогаш се собраа и синовите на Израел и се улогорија во Миспа.+ 18 Народот и галадските кнезови си велеа едни на други: „Кој ќе поведе битка против синовите на Амон?+ Тој нека биде поглавар над сите галадски жители!“+
11 А Галадецот+ Јефтај+ беше силен и смел човек.+ Беше син на една блудница,+ а татко на Јефтај му беше Галад. 2 Но, на Галад му роди синови и неговата жена. Кога пораснаа, синовите на таа жена го избркаа Јефтај, велејќи му: „Нема да добиеш наследство во домот на нашиот татко,+ зашто си син на друга жена“. 3 Затоа Јефтај побегна од своите браќа и се насели во земјата Тов.+ Околу Јефтај се насобраа безделници и со него одеа да пљачкаат.+
4 По некое време, синовите на Амон го нападнаа Израел.+ 5 А кога синовите на Амон го нападнаа Израел,+ галадските старешини отидоа да го доведат Јефтај од земјата Тов.+ 6 И му рекоа на Јефтај: „Дојди и биди ни заповедник за да се бориме против синовите на Амон!“ 7 Но Јефтај им рече на галадските старешини:+ „Нели ме мразевте и ме истеравте од домот на татко ми?+ Зошто доаѓате кај мене сега, кога сте во неволја?“+ 8 Тогаш галадските старешини му рекоа на Јефтај: „Затоа дојдовме кај тебе,+ за да појдеш со нас и да се бориш против синовите на Амон и за да ни бидеш поглавар нам и на сите жители на Галад“.+ 9 А Јефтај им рече на галадските старешини: „Ако ме одведете назад за да се борам против синовите на Амон и ако Јехова ми ги предаде,+ ќе ви бидам поглавар“. 10 Тогаш галадските старешини му рекоа на Јефтај: „Јехова нѐ слуша и тој нека суди меѓу нас+ ако не направиме така како што рече ти!“+ 11 Така Јефтај отиде со галадските старешини, и народот го постави за свој поглавар и за заповедник.+ И Јефтај ги повтори сите свои зборови пред Јехова+ во Миспа.+
12 Потоа Јефтај испрати гласници кај царот на Амоновите синови+ и му порача: „Што имаш против мене,+ па си дошол да се бориш со мене во мојата земја?“ 13 Тогаш царот на Амоновите синови им рече на гласниците на Јефтај: „Кога излезе од Египет,+ Израел ми ја зеде земјата од Арнон+ до Јавок и до Јордан.+ Затоа сега врати ми ја на мирен начин“. 14 Но Јефтај пак испрати гласници кај царот на Амоновите синови 15 и му рече:
„Вака вели Јефтај: ‚Израел не ја зеде ни моавската земја+ ни земјата на Амоновите синови.+ 16 Зашто, кога излезе од Египет, Израел одеше преку пустината до Црвеното Море+ и дојде во Кадис.+ 17 Тогаш Израел испрати гласници кај едомскиот цар+ и му порача: „Те молам, пушти ме да поминам преку твојата земја“. Но едомскиот цар не послуша. Испрати гласници и кај моавскиот+ цар, но и тој одби. Така Израел остана во Кадис.+ 18 Одејќи преку пустината, ги заобиколија едомската земја+ и моавската земја. Одеа источно од моавската земја+ и се улогорија во подрачјето на Арнон. И не ја преминаа моавската граница,+ зашто Арнон беше моавска граница.+
19 Потоа Израел испрати гласници кај Сихон, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон.+ И Израел му порача: „Те молам, пушти нѐ да поминеме преку твојата земја до своето место“.+ 20 Но Сихон не му веруваше на Израел дека само ќе помине преку неговото подрачје. Затоа Сихон го собра целиот свој народ, се улогори во Јаса+ и го нападна Израел.+ 21 Тогаш Јехова, Богот на Израел, ги предаде Сихон и целиот негов народ во рацете на Израел, кој ги порази. И Израел ја зазеде целата земја на Аморејците, кои живееја во таа земја.+ 22 Така ја освои целата аморејска земја од Арнон до Јавок и од пустината до Јордан.+
23 А сега кога Јехова, Богот на Израел, ги истера Аморејците од пред својот народ Израел,+ ти сакаш да ги истераш нив. 24 Нема ли да ги истераш сите оние што Хемос,+ твојот бог, ти ги дава да ги истераш? А ние ќе го истераме секој кого Јехова, нашиот Бог, ќе го истера од пред нас.+ 25 Зар си ти подобар од Валак, синот на Сефор, моавскиот цар?+ Се препираше ли тој со Израел? Се бореше ли против него? 26 Израел веќе триста години живее во Есевон и во сите околни градови,+ во Ароир+ и во сите околни градови, а и во сите градови на работ на Арнон, па зошто за тоа време не им го одзедовте сето тоа?+ 27 Јас не ти згрешив тебе, туку ти постапуваш погрешно со мене борејќи се против мене. Денес Јехова, Судијата,+ нека суди меѓу синовите на Израел и синовите на Амон!‘ “
28 Но царот на Амоновите синови не го послуша она што му го порача Јефтај.+
29 Тогаш Јеховиниот дух слезе на Јефтај+ и тој помина низ Галад и низ подрачјето на Манасија, помина и низ Миспе во Галад,+ а од Миспе во Галад дојде до синовите на Амон.
30 И Јефтај му се заветува+ на Јехова: „Ако ми ги предадеш в раце синовите на Амон, 31 на Јехова нека му припадне+ оној што ќе излезе на вратата од мојот дом, кој ќе ми излезе во пресрет кога ќе се вратам како победник откај синовите на Амон. Него ќе го принесам како жртва паленица!“+
32 Така Јефтај отиде кај синовите на Амон за да се бори против нив и Јехова му ги предаде в раце. 33 И ги порази, со многу голем колеж, од Ароир до Минит,+ во дваесет градови, дури до Авел-Керамин. Така синовите на Амон беа покорени пред синовите на Израел.
34 Потоа Јефтај се врати во својот дом во Миспа,+ и гледај, во пресрет му излезе неговата ќерка, удирајќи на дајре и играјќи.+ А таа му беше единственото дете. Освен неа немаше ни син ни ќерка. 35 Кога ја здогледа, си ја раскина облеката+ и рече: „Леле, ќерко моја! Навистина ме фрли во тага и токму ти си таа на која ѝ нанесов неволја! Зашто, му се заветував на Јехова и не можам да го одречам она што го заветував“.+
36 А таа му одговори: „Татко мој, ако си му се заветувал на Јехова, постапи со мене според својот завет,+ зашто Јехова изврши одмазда над твоите непријатели, синовите на Амон“. 37 И уште му рече на својот татко: „Направи ми го само ова: дај ми уште два месеца и пушти ме да одам во планините и да ја исплачам својата девственост+ со моите другарки!“
38 А тој рече: „Оди!“ Така ја пушти за два месеца. И таа отиде со другарките и ја оплакуваше во планините својата девственост. 39 Кога поминаа тие два месеца, таа се врати кај татка си и тој постапи со неа според заветот со кој се заветува.+ И таа никогаш не легна со маж. Оттогаш стана обичај во Израел 40 секоја година, четири дена во годината, ќерките на Израел да одат да ја пофалат ќерката на Галадецот Јефтај.+
12 Тогаш се собраа луѓето од племето на Ефрем, отидоа на север и му рекоа на Јефтај: „Зошто отиде во борба против синовите на Амон, а нас не нѐ повика да одиме со тебе?+ Ќе ти ја изгориме и куќата и тебе!“+ 2 Но Јефтај им рече: „Јас и мојот народ бевме во жесток судир со синовите на Амон.+ И ве повикував на помош, но не ме избавивте од нивната рака. 3 Кога видов дека не ме избавувате, решив да ја изложам на опасност својата душа*+ и да тргнам против синовите на Амон.+ Јехова ми ги предаде в раце. Тогаш зошто сте излегле денес за да се борите против мене?“
4 Тогаш Јефтај ги собра сите луѓе од Галад+ и започна битка со Ефрем. И луѓето од Галад ги убија луѓето од племето на Ефрем, зашто овие рекоа: „Вие, Галаде, сте бегалци од Ефрем и живеете среде Ефрем и среде Манасија“. 5 И Галад ги зазеде плитките места+ во Јордан пред Ефрем. И кога некој од бегалците на Ефрем ќе речеше: „Пуштете ме да поминам!“ Галадците го прашуваа секој од нив: „Дали си од племето на Ефрем?“ Кога тој ќе одговореше: „Не сум“, 6 тие ќе му речеа: „Ајде, кажи Шиболет!“+ А тој ќе речеше: „Сиболет“, зашто не можеше исправно да го изговори зборот. Тогаш го фаќаа и го погубуваа на плитките места во Јордан. Така во тоа време паднаа четириесет и две илјади луѓе од Ефрем.+
7 И Јефтај му судеше на Израел шест години. Потоа умре Галадецот Јефтај и беше погребан во својот град, во Галад.
8 По него на Израел му судеше+ Авесан од Витлеем.+ 9 Тој имаше триесет синови и триесет ќерки. Испрати луѓе да доведат триесет жени од друг род за неговите синови. И му судеше на Израел седум години. 10 Потоа умре Авесан и беше погребан во Витлеем.
11 По него на Израел му судеше Завулонецот+ Елон. И му судеше на Израел десет години. 12 Потоа умре Завулонецот Елон и беше погребан во Ајалон, во земјата на Завулон.
13 По него на Израел му судеше Авдон, синот на Фаратонецот+ Елел. 14 Имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет магариња.+ И му судеше на Израел осум години. 15 Потоа умре Авдон, синот на Фаратонецот Елел, и беше погребан во Фаратон, во земјата на Ефрем, во амаличките планини.+
13 Синовите на Израел пак го правеа она што е зло во Јеховини очи,+ така што Јехова ги предаде во рацете на Филистејците+ за четириесет години.
2 А имаше еден човек од Сора,+ од племето на Дан,+ по име Маној.+ Жена му беше неротка, па немаше деца.+ 3 По некое време, на жената ѝ се појави Јеховин ангел+ и ѝ рече: „Еве, ти си неротка и немаш деца. Но ќе забремениш и ќе родиш син.+ 4 Затоа, те молам, отсега внимавај на себеси! Немој да пиеш вино ни опоен пијалак+ и немој да јадеш ништо нечисто.+ 5 Зашто, еве, ќе забремениш и ќе родиш син. Брич нека не помине преку неговата глава,+ зашто детето ќе биде Божји назареец+ од мајчината утроба.+ И тој ќе предводи во избавувањето на Израел од рацете на Филистејците“.+
6 Тогаш жената дојде и му кажа на својот маж: „Божји човек дојде кај мене. Изгледаше како ангел на вистинскиот Бог,+ многу застрашувачки.+ Не го прашав од каде е, а и тој не ми го кажа своето име.+ 7 Но ми рече: ‚Еве, ќе забремениш и ќе родиш син.+ Затоа сега немој да пиеш вино, ни опоен пијалак, и немој да јадеш ништо нечисто, зашто детето ќе биде Божји назареец од мајчината утроба до денот на својата смрт‘ “.+
8 И Маној сесрдно му се помоли на Јехова: „Прости, Јехова.+ Те молам, пак нека дојде кај нас Божјиот човек, кого си го испратил, и нека нѐ поучи+ што треба да правиме со детето што ќе се роди“.+ 9 И вистинскиот Бог го послуша гласот на Маној.+ Ангелот на вистинскиот Бог пак дојде кај жената додека таа седеше во полето, а Маној, нејзиниот маж, не беше со неа. 10 Жената бргу отрча и му рече на својот маж:+ „Еве, пак ми се појави човекот што дојде кај мене пред некој ден“.+
11 Тогаш Маној стана и тргна со својата жена и, кога дојде до човекот, го праша: „Ти ли си човекот што разговарал со оваа жена?“+ А тој одговори: „Јас сум“. 12 Тогаш Маној рече: „Нека се исполнат твоите зборови! Како ќе живее детето и што ќе прави?“+ 13 А Јеховиниот ангел му рече на Маној: „Жената нека се чува од сѐ што ѝ реков.+ 14 Нека не јаде ништо што доаѓа од виновата лоза, нека не пие вино ни опоен пијалак+ и нека не јаде ништо нечисто.+ Нека држи сѐ што ѝ заповедав“.+
15 Маној тогаш му рече на Јеховиниот ангел: „Дозволи ни да те задржиме и да ти зготвиме јаре“.+ 16 Но Јеховиниот ангел му рече на Маној: „И да ме задржиш, нема да јадам од твоето јадење. Но, ако сакаш да му принесеш на Јехова жртва паленица,+ можеш да ја жртвуваш“. А Маној не знаеше дека тоа е Јеховин ангел. 17 Тогаш Маној му рече на Јеховиниот ангел: „Како ти е името?+ Сакаме да ти укажеме чест кога ќе се исполнат твоите зборови“. 18 Но Јеховиниот ангел му рече: „Зошто прашуваш за моето име кога тоа е чудесно?“
19 И Маној ги зеде јарето и житната жртва, па му ги принесе на Јехова врз камен.+ И Бог направи чудо, а Маној и неговата жена го гледаа тоа. 20 Кога пламенот се подигна од жртвеникот кон небото, се крена и Јеховиниот ангел во тој пламен од жртвеникот. Штом го видоа тоа,+ Маној и неговата жена паднаа ничкум на земја.+ 21 И Јеховиниот ангел повеќе не им се јави на Маној и на неговата жена. Тогаш Маној сфати дека тоа беше Јеховин ангел.+ 22 И Маној ѝ рече на својата жена: „Бездруго ќе умреме,+ зашто го видовме Бог“.+ 23 А жената му одговори: „Да сакаше Јехова да нѐ усмрти, немаше да ги прифати од наши раце жртвата паленица и житната жртва+ и немаше да ни го покаже сето ова, ниту ќе дозволеше да чуеме такво нешто“.+
24 И жената роди син и му го даде името Самсон.+ И детето растеше, а Јехова го благословуваше.+ 25 По некое време, Јеховиниот дух+ почна да дејствува врз него во Махане-Дан,+ меѓу Сора+ и Естаол.+
14 И Самсон отиде во Темна.+ Во Темна виде една жена меѓу филистејските ќерки. 2 Кога се врати, им рече на татка си и на мајка си: „Видов една жена во Темна меѓу филистејските ќерки. Оженете ме со неа!“+ 3 А татко му и мајка му му рекоа: „Зар нема жена меѓу ќерките на твоите браќа и во сиот мој народ,+ па мораш да земеш жена од необрежаните Филистејци?“+ Но Самсон му рече на татка си: „Ожени ме со неа, зашто таа е жена за мене!“ 4 А татко му и мајка му не знаеја дека тоа е од Јехова+ и дека тој бара можност да влезе во судир со Филистејците, зашто во тоа време Филистејците владееја над Израел.+
5 Така Самсон отиде со татка си и мајка си во Темна.+ Кога дојде до лозјата на Темна, гледај, пред него излезе разрикан млад лав. 6 Тогаш Јеховиниот дух слезе врз него+ и тој со голи раце го растргна лавот како да растргнува јаре. Но, не им кажа на татка си и на мајка си што направи. 7 Потоа Самсон продолжи по патот и разговараше со таа жена. И тој сѐ уште сметаше дека таа е жената за него.+
8 По некое време тој се врати за да ја одведе дома.+ По патот наврати да го види мртвиот лав, и гледај, во мртвиот лав имаше рој пчели и мед.+ 9 И зеде од медот со рацете и, одејќи понатаму, го јадеше патем.+ Кога дојде пак кај татка си и мајка си, им даде и ним, па и тие јадеа. Но не им кажа дека медот го извади од мртвиот лав.
10 Потоа татко му отиде кај таа жена, и Самсон таму приреди гозба,+ зашто така правеа младите мажи. 11 Кога го видоа, луѓето избраа триесет свадбени придружници да бидат со него. 12 А Самсон им рече: „Ајде да ви кажам една загатка.+ Ако во текот на седумте дена+ на гозбата ми кажете за што станува збор и ако ми ја одгатнете, ќе ви дадам триесет долни и триесет горни облеки.+ 13 Но, ако не можете да ја одгатнете, тогаш вие мене ќе ми дадете триесет долни и триесет горни облеки“. Тогаш му рекоа: „Кажи ни ја загатката да ја чуеме“. 14 И тој им рече:
„Од оној што јаде+ излезе јадење,
и од силниот излезе слатко“.+
Три дена не можеа да ја одгатнат загатката. 15 А на четвртиот ден ѝ рекоа на Самсоновата жена: „Со измама извлечи го решението на загатката од својот маж,+ инаку ќе те изгориме и тебе и домот на твојот татко!+ Зар нѐ викнавте овде за да ни го земете имотот?“+ 16 Тогаш жена му на Самсон почна да плаче пред него+ и да вели: „Ти ме мразиш и не ме сакаш!+ Им зададе загатка на синовите на мојот народ,+ а мене не ми ја одгатнуваш“. Тогаш тој ѝ рече: „Гледај, ни на татко ми и мајка ми не им ја одгатнав,+ па зар тебе да ти ја одгатнам?“ 17 Но, таа плачеше пред него седум дена, колку што траеше нивната гозба. На седмиот ден конечно ѝ кажа, зашто навалуваше на него.+ А таа им ја одгатна загатката на синовите на својот народ.+ 18 На седмиот ден, пред да влезе во нејзината соба,+ луѓето од тој град му рекоа:
„Што е послатко од медот,
и што е посилно од лавот?“+
А тој им одговори:
„Да не оравте со мојата јуница,+
немаше да ја одгатнете загатката“.+
19 И Јеховиниот дух дојде врз него+ и тој отиде во Аскалон,+ уби триесет нивни луѓе, ја зеде облеката што ја соблече од нив и им ја даде на оние што ја одгатнаа загатката.+ Многу се разгневи и отиде во куќата на својот татко.
20 А жената на Самсон+ ја доби еден од неговите свадбени придружници.+
15 По некое време, во деновите кога се жнееше пченицата, Самсон отиде да ја посети својата жена и да ѝ однесе јаре.+ И рече: „Сакам да влезам кај својата жена во нејзината соба“.+ Но, татко ѝ не му дозволи да влезе, 2 туку му рече: „Си помислив: ‚Сигурно ја мразиш‘.+ Затоа му ја дадов на твојот свадбен придружник.+ Не е ли нејзината помлада сестра подобра од неа? Те молам, земи ја наместо неа!“ 3 Но Самсон им рече: „Овој пат нема да им бидам виновен на Филистејците што ќе им нанесам зло“.+
4 И Самсон отиде, улови триста лисици,+ зеде факли и сврте опашка кон опашка, па стави по еден факел меѓу две опашки, точно во средината. 5 Тогаш ги запали факлите и ги пушти лисиците во филистејските полиња со неожнеано жито. Така запали сѐ, од сноповите до неожнеаното жито, и лозјата и маслинарниците.+
6 А Филистејците прашаа: „Кој го направи тоа?“ Тогаш им одговорија: „Самсон, зетот на човекот од Темна, зашто тој ја зеде неговата жена и му ја даде на неговиот свадбен придружник“.+ Тогаш Филистејците отидоа и ги изгореа и неа и нејзиниот татко.+ 7 А Самсон им рече: „Кога така постапивте, не ми преостанува ништо друго освен да ви се одмаздам,+ и тогаш ќе престанам“. 8 И им нанесе голем пораз, убивајќи ги еден по друг,* а потоа отиде и се насели во пештерата Етам.+
9 По некое време, дојдоа Филистејците,+ се улогорија во Јуда+ и почнаа да талкаат по подрачјето околу Лехи.+ 10 И синовите на Јуда прашаа: „Зошто излеговте против нас?“ А тие одговорија: „Излеговме за да го врземе Самсон и за да му го направиме истото што тој ни го направи нам“. 11 Тогаш три илјади синови на Јуда се спуштија до пештерата Етам+ и го прашаа Самсон: „Зар не знаеш дека Филистејците владеат над нас?+ Тогаш зошто ни го направи ова?“ А тој им одговори: „Како што тие ми направија мене, така јас им направив ним“.+ 12 Но тие му рекоа: „Дојдовме да те врземе и да те предадеме во рацете на Филистејците“. А Самсон им одврати: „Заколнете ми се дека вие нема да дигнете рака против мене!“ 13 „Не“, му рекоа тие. „Само ќе те врземе и ќе те предадеме во нивни раце. Но сигурно нема да те убиеме.“
Така го врзаа со две нови јажиња+ и го изведоа од пештерата. 14 Штом го здогледаа кога дојде во Лехи, Филистејците почнаа радосно да викаат.+ Тогаш Јеховиниот дух+ дојде врз Самсон и јажињата на неговите раце станаа како ленени конци кога ќе дојдат во допир со оган,+ и паднаа врските од неговите раце. 15 Па најде пресна магарешка челуст, посегна со раката, ја дофати и уби со неа илјада луѓе.+ 16 Тогаш Самсон рече:
„Со магарешка челуст убив еден куп, два купа!
Со магарешка челуст убив илјада луѓе!“+
17 Кога го рече тоа, ја фрли челуста од раката и го нарече тоа место Рамат-Лехи.*+ 18 А бидејќи многу ожедне, повика кон Јехова: „Ти го даде ова големо спасение во рацете на својот слуга,+ па зар сега да умрам од жед и да паднам во рацете на необрежаните?“+ 19 Тогаш во Лехи Бог направи еден расцеп, и од него потече вода.+ Кога Самсон се напи, му се врати силата*+ и живна.+ Затоа на тој извор му го даде името Ен-Акоре,* и тој постои во Лехи до ден-денес.
20 И Самсон му судеше дваесет години на Израел во деновите на Филистејците.+
16 Еднаш Самсон дојде во Газа+ и таму виде една блудница, па влезе кај неа.+ 2 И им јавија на жителите на Газа: „Самсон дојде овде“. А тие го опколија+ и го демнеа цела ноќ на градската порта.+ И цела ноќ чекаа мирно, велејќи: „Ќе го убиеме штом ќе осамне“.+
3 Но Самсон лежеше само до полноќ, а на полноќ стана, ја фати градската порта+ со двата довратника и ги откорна заедно со резето, па ги стави на рамења и ги однесе+ на врвот на планината која е спроти Хеврон.+
4 Потоа се вљуби во една жена од долината на Сорек, која се викаше Делила.+ 5 Филистејските кнезови-сојузници+ дојдоа кај неа и ѝ рекоа: „Измами+ го и дознај каде се крие неговата голема сила, како да го надвладееме и со што да го врземе за да го совладаме. Тогаш секој од нас ќе ти даде по илјада и сто сребреници“.+
6 Потоа Делила му рече на Самсон: „Те молам, кажи ми во што се крие твојата голема сила и со што треба да те врзат за да бидеш совладан?“+ 7 А Самсон ѝ одговори: „Ако ме врзат со седум сѐ уште влажни, неисушени жили,*+ ќе ја изгубам силата и ќе бидам како секој друг човек“. 8 Тогаш филистејските кнезови-сојузници+ ѝ донесоа седум сѐ уште влажни, неисушени жили и таа го врза со нив. 9 И додека во нејзината соба седеа луѓе во заседа,+ таа му рече: „Самсоне, еве ги Филистејците+ против тебе!“ А тој ги искина жилите, како што се кине конец од колчишта кога ќе го зафати оган.+ И не се дозна во што се крие неговата сила.+
10 Тогаш Делила+ му рече на Самсон: „Еве, ме измами и ме излажа.+ Те молам, кажи ми сега со што треба да бидеш врзан“. 11 А тој ѝ одговори: „Ако ме врзат цврсто со нови јажиња, кои уште не биле користени за работа, ќе ја изгубам силата и ќе бидам како секој друг човек“. 12 И Делила зеде нови јажиња, го врза со нив и му рече: „Самсоне, еве ги Филистејците против тебе!“ А во нејзината соба седеа луѓе во заседа.+ Но, тој ги скина јажињата од рацете како да се конци.+
13 Потоа Делила му рече на Самсон: „Досега ме мамеше и ме лажеше.+ Кажи ми со што треба да бидеш врзан!“+ А тој ѝ одговори: „Треба да ги вткаеш седумте плетенки од мојата глава во ткајачка основа“.+ 14 И таа ги прицврсти со клин и му рече: „Самсоне, еве ги Филистејците против тебе!“+ А тој се разбуди од сонот и ги истрга ткајачкиот клин и основата.
15 Тогаш таа му рече: „Како можеш да речеш: ‚Те сакам‘,+ кога твоето срце не е со мене? Веќе трипати ме измами и не ми кажа во што се крие твојата голема сила“.+ 16 Таа цело време го опсипуваше+ со зборови и навалуваше на него, и тоа му ја јадеше душата до смрт.+ 17 На крајот ѝ го отвори целото срце+ и ѝ рече: „Брич+ никогаш не ми поминал преку главата, зашто сум Божји назареец од мајчината утроба.+ Ако ме избричат, силата ќе ме остави, ќе ослабам и ќе бидам како секој друг човек“.+
18 Кога Делила виде дека тој ѝ го отвори целото свое срце, испрати луѓе да ги повикаат филистејските кнезови-сојузници,+ порачувајќи им: „Дојдете сега, зашто ми го отвори целото свое срце!“+ И филистејските кнезови дојдоа кај неа и ги донесоа парите со себе.+ 19 А таа го успа на своите колена и потоа повика еден човек да му ги избричи седумте плетенки од главата. Така го совлада, и силата го остави. 20 Тогаш рече: „Самсоне, еве ги Филистејците против тебе!“ А тој се разбуди од сонот и си помисли: „Ќе се извлечам како и порано+ и ќе се ослободам!“ Но не знаеше дека Јехова отстапил од него.+ 21 И Филистејците го фатија, му ги извадија очите,+ па го одведоа во Газа+ и го оковаа во двојни бакарни окови,+ па мораше да ја врти мелницата+ во затворот.+ 22 Но откако му ја избричија главата,+ почна да му расте густа коса.
23 А филистејските кнезови-сојузници се собраа за да му принесат голема жртва на својот бог Дагон+ и да се радуваат. И велеа: „Нашиот бог* ни го даде в раце нашиот непријател Самсон!“+ 24 Кога го виде, народот почна да го фали својот бог+ со зборовите: „Нашиот бог ни го даде в раце нашиот непријател,+ кој ни ја пустошеше земјата+ и уби мнозина од нас“.+
25 Бидејќи срцето им се развесели,+ рекоа: „Викнете го Самсон за да нѐ забавува!“+ Така го доведоа Самсон од затворот за да ги засмејува.+ И го поставија меѓу столбовите. 26 Тогаш Самсон му рече на момчето што го водеше за рака: „Пушти ме да ги напипам столбовите врз кои стои оваа зграда и да се потпрам на нив“. 27 А храмот беше полн со мажи и жени, и сите филистејски кнезови-сојузници беа таму.+ На покривот имаше околу три илјади мажи и жени кои гледаа како Самсон ги забавува.+
28 А Самсон+ го повика Јехова:+ „Севишен Господару Јехова, сети се на мене,+ те молам, и дај ми сила+ само уште овој пат, те молам, Боже вистински, дозволи ми да им се одмаздам на Филистејците за едно од моите две очи!“+
29 Тогаш Самсон ги фати двата средишни столба на кои стоеше зградата и се опре на нив, на едниот со десната рака, а на другиот со левата. 30 И извика: „Мојата душа нека загине+ со Филистејците!“ Тогаш напна со сета сила и зградата се урна врз кнезовите-сојузници и врз целиот народ што беше во неа.+ Така, додека умираше уби повеќе луѓе отколку што уби додека беше жив.+
31 Потоа неговите браќа и целиот дом на неговиот татко дојдоа и го зедоа, па го однесоа и го погребаа меѓу Сора+ и Естаол,+ во гробот на неговиот татко Маној.+ Самсон му судеше на Израел дваесет години.+
17 Во ефремските планини+ живееше еден човек, кој се викаше Миха. 2 Еднаш на својата мајка ѝ рече: „Тие илјада и сто сребреници што ти беа украдени и поради кои изрече клетва,+ така што и јас ја чув, еве, тоа сребро е кај мене. Јас го зедов“.+ Тогаш мајка му му рече: „Јехова нека го благослови мојот син!“+ 3 Тогаш ѝ ги врати на мајка си тие илјада и сто сребреници,+ а мајка му рече: „На Јехова ќе му го посветам среброто од својата рака за својот син, за да се направи режан лик+ и излеана статуа.+ Затоа сега ти го враќам“.
4 Тој ѝ го врати среброто на мајка си, а таа зеде двесте сребреници и му ги даде на сребрарот.+ И тој направи режан лик+ и излеана статуа,+ кои стоеја во куќата на Миха. 5 А тој Миха имаше куќа за богови.+ И направи свештенички ефод+ и домашни идоли,+ а еден од своите синови го овласти*+ да му служи како свештеник.+ 6 Во тоа време немаше цар во Израел.+ Секој го правеше она што сметаше дека е исправно.+
7 А имаше еден млад човек од Витлеем+ во Јуда, левит+ кој некое време живееше во племето на Јуда. 8 Тој човек замина од градот Витлеем во Јуда за да најде место каде што ќе живее некое време. Така на својот пат дојде во ефремските планини до куќата на Миха.+ 9 А Миха го праша: „Од каде доаѓаш?“ Тој му одговори: „Јас сум левит од Витлеем во Јуда и патувам за да најдам место каде што ќе живеам некое време“. 10 А Миха му рече: „Остани кај мене и биди ми татко+ и свештеник,+ а јас ќе ти давам по десет сребреници годишно, како и свештеничка облека и храна!“ И левитот влезе кај него. 11 Така левитот реши да остане кај него, и тој младич му беше како еден од неговите синови. 12 Потоа Миха го овласти+ левитот да му служи како свештеник.+ И младичот живееше во куќата на Миха. 13 А Миха рече: „Сега знам дека Јехова ќе ми направи добро, зашто имам левит за свештеник“.+
18 Во тоа време немаше цар во Израел.+ Дановото племе+ тогаш бараше земја што ќе му припадне во наследство, каде што ќе се насели, зашто дотогаш немаа добиено наследство меѓу Израеловите племиња.+
2 Затоа синовите на Дан испратија петмина луѓе од своето семејство, храбри луѓе од Сора+ и од Естаол,+ да ја извидат+ земјата и да ја истражат. И им рекоа: „Одете, истражете ја земјата!“ А тие дојдоа во ефремските планини+ до куќата на Миха+ и таму преноќеваа. 3 Кога беа близу до куќата на Миха, го препознаа гласот на младиот левит, па навратија таму и го прашаа: „Кој те довел овде? Што правиш тука и зошто си овде?“ 4 А тој им одговори: „Вака и вака ми направи Миха и ме најми+ да му служам како свештеник“.+ 5 А тие му рекоа: „Те молиме, прашај го+ Бог+ за да знаеме дали ќе ни биде успешен патот по кој сме тргнале!“ 6 Тогаш свештеникот им рече: „Одете во мир! Патот по кој сте тргнале е по Јеховина волја“.
7 И така тие петмина мажи отидоа и стигнаа во Лаиш.+ И видоа дека тамошниот народ, според сидонскиот обичај, живее без страв, без да зависи од другите, дека живее мирно и безгрижно+ и дека во земјата нема освојувач, кој би ги угнетувал и би ги напаѓал. Освен тоа, беа далеку од Сидонците+ и немаа никаква врска со другите народи.
8 Кога се вратија кај своите браќа во Сора+ и во Естаол,+ браќата ги прашаа: „Како беше?“ 9 А тие одговорија: „Станете и да тргнеме против нив! Зашто, земјата што ја видовме е многу добра.+ Не колебајте се и не бидете неодлучни, туку тргнете да ја заземете таа земја!+ 10 Кога ќе стигнете таму, ќе затечете безгрижен народ+ и пространа земја. Бог ви ја предава в раце+ таа земја во која не недостасува ништо од земните добра“.+
11 Тогаш шестотини луѓе од племето на Дан+ го опашаа оружјето за војна и тргнаа оттаму, односно од Сора и од Естаол.+ 12 И отидоа и се улогорија во Киријат-Јарим+ во Јуда. Затоа тоа место до денешен ден го викаат Махане-Дан.*+ А тоа е западно од Киријат-Јарим. 13 Потоа, оттаму тргнаа во ефремските планини и дојдоа до куќата на Миха.+
14 Тогаш оние петмина што претходно ја извидуваа+ земјата околу Лаиш+ им рекоа на своите браќа: „Знаете ли дека во оваа куќа има свештенички ефод, домашни идоли,+ режан лик+ и излеана статуа?+ Сега промислете што ќе правите“.+ 15 И така навратија таму и дојдоа во куќата на младиот левит,+ во куќата на Миха, и го прашаа како е.+ 16 За тоа време, шестотините луѓе од синовите на Дан,+ со оружје опашано за војна,+ стоеја пред портата. 17 Оние петмина што беа отишле да ја извидуваат земјата+ се качија горе и влегоа таму за да ги земат режаниот лик,+ свештеничкиот ефод,+ домашните идоли+ и излеаната статуа.+ А свештеникот+ стоеше пред портата со шестотини луѓе кои имаа оружје опашано за војна. 18 Овие влегоа во куќата на Миха, па ги зедоа режаниот лик, свештеничкиот ефод, домашните идоли и излеаната статуа.+ Тогаш свештеникот+ им рече: „Што правите?“ 19 А тие му одговорија: „Молчи! Стави ја раката на уста и тргни со нас, па биди ни татко+ и свештеник!+ Подобро ли ти е да бидеш свештеник во домот на еден човек+ или да бидеш свештеник на племе и семејство во Израел?“+ 20 Кога го чу тоа, свештеникот се израдува во своето срце,+ па ги зеде свештеничкиот ефод, домашните идоли и режаниот лик+ и му се придружи на народот.
21 Потоа се свртија и отидоа, а децата, стоката и скапоцените работи ги ставија напред.+ 22 Кога веќе беа оддалечени од куќата на Миха, луѓето што живееја во куќите близу до куќата на Миха+ се собраа и тргнаа да ги стигнат синовите на Дан. 23 И почнаа да викаат по синовите на Дан, а тие се свртија и му рекоа на Миха: „Што ти е?+ Зошто си собрал толку луѓе?“ 24 А тој одговори: „Ми ги зедовте боговите+ што си ги направив+ и свештеникот,+ и си заминавте. А што ми остана мене?+ Како можете уште да ме прашате: ‚Што ти е?‘ “ 25 Тогаш синовите на Дан му рекоа: „Да не ти чуеме глас! Зашто, ако ве нападнат гневни луѓе, ќе ги изгубиш својата душа и душите на својот дом“. 26 И синовите на Дан продолжија по патот, а Миха, откако виде дека се посилни од него,+ се заврте и се врати во својата куќа.
27 Така го зедоа она што Миха го имаше направено и неговиот свештеник+ и отидоа во Лаиш+ за да нападнат еден мирен и безгрижен народ.+ И ги убија со сечилото на мечот,+ а градот го изгореа во оган.+ 28 И немаше кој да ги избави граѓаните, зашто беа далеку од Сидон+ и немаа никаква врска со другите народи. Градот се наоѓаше во рамницата на Вет-Рехов.+ Потоа повторно го изградија градот и се населија во него.+ 29 И го нарекоа Дан според името на својот татко Дан,+ кој му се роди на Израел.+ А градот порано се викаше Лаиш.+ 30 Потоа синовите на Дан си го поставија режаниот лик.+ А Јонатан,+ синот на Гирсом,+ син на Мојсеј, и неговите синови беа свештеници на племето на Дан до денот кога народот од таа земја беше одведен во изгнанство.+ 31 И оној режан лик што го направи Миха стоеше меѓу нив за сето време додека домот+ на вистинскиот Бог беше во Сило.+
19 Во она време, кога уште немаше цар во Израел,+ еден левит живееше длабоко во ефремските планини.+ Тој зеде за наложница*+ жена од Витлеем+ во Јуда. 2 А неговата наложница му беше неверна.+ На крајот си замина откај него и отиде во домот на својот татко во Витлеем во Јуда и таму остана цели четири месеци. 3 Тогаш нејзиниот маж стана и отиде по неа за да разговара со неа љубезно и да ја врати. Со себе го поведе својот слуга+ и две магариња. И таа го внесе во куќата на својот татко. Кога го здогледа, таткото на младата жена се израдува што го виде. 4 И неговиот тест, таткото на младата жена, го задржа, така што остана кај него три дена. Јадеа и пиеја, и тој ноќеваше таму.+
5 А на четвртиот ден, кога по обичај станаа рано наутро, тој се готвеше да тргне. Но таткото на младата жена му рече на својот зет: „Поткрепи го своето срце со залак леб,+ па тогаш одете си“. 6 Така седнаа, па и двајцата јадеа и пиеја. Потоа таткото на младата жена му рече на човекот: „Ајде, те молам, ноќевај овде+ и нека ти се весели срцето!“+ 7 А кога човекот стана да си оди, неговиот тест почна да го наговара да остане, па тој преноќева таму уште една ноќ.+
8 Кога на петтиот ден тој подрани за да тргне, таткото на младата жена му рече: „Те молам, поткрепи го своето срце“.+ И така се задржаа јадејќи заедно сѐ додека денот не приврши. 9 Тогаш човекот+ стана да си оди заедно со својата наложница+ и со својот слуга.+ Но неговиот тест, таткото на младата жена, му рече: „Гледај, денот привршува и почна да се стемнува. Те молам, ноќевајте овде.+ Еве, денот е при крај, ноќевај овде и срцето нека ти биде весело.+ А утре подранете, па појдете на пат и вратете се во својот шатор“. 10 Но човекот не сакаше да ноќева, туку стана, тргна на пат и дојде до пред Евус,+ односно Ерусалим.+ Со себе ги водеше двете оседлани магариња, наложницата и слугата.
11 Кога беа близу до Евус, беше веќе скоро мрак,+ па слугата му рече на својот господар: „Ајде да навратиме во овој евусејски+ град и да ноќеваме во него“. 12 Но господарот му рече: „Нема да навратиме во град на туѓинци,+ кои не се синови на Израел, туку ќе одиме до Гаваја“.+ 13 И уште му рече на својот слуга: „Да побрзаме за да стигнеме во некое од тие места, па да ноќеваме во Гаваја или во Рама“.+ 14 Така тргнаа понатаму и го продолжија патот, а сонцето почна да заоѓа кога дојдоа во близина на Венијаминова Гаваја.
15 И навратија таму за да преноќеваат во Гаваја. Влегоа во градот, па седнаа на градскиот плоштад, но никој не ги прими во својата куќа за да преноќеваат.+ 16 И гледај, еден старец вечерта се враќаше од работа во полето,+ а беше од ефремските планини+ и живееше во Гаваја. А жителите на тоа место беа од племето на Венијамин.+ 17 Кога ги подигна очите, го виде човекот, патникот, на градскиот плоштад. И старецот го праша: „Каде одиш и од каде доаѓаш?“+ 18 А тој му одговори: „На пат сме од Витлеем во Јуда и одиме длабоко во ефремските планини.+ Јас сум од таму, но отидов во Витлеем во Јуда.+ Сега се враќам во својот дом, но нема кој да ме прими во својата куќа.+ 19 А имам и слама и храна+ за магарињата, а и леб+ и вино за себе и за твојата робинка+ и за момокот+ што е со мене, твој слуга. Ништо не недостасува“. 20 Тогаш старецот рече: „Мир да имаш.+ Што и да ти недостасува, моја грижа е.+ Само немој да останеш преку ноќ на плоштадот“. 21 И го доведе во својата куќа+ и им фрли храна на магарињата.+ Потоа си ги измија нозете,+ па јадеа и пиеја.
22 Додека тие се веселеа,+ гледај, жителите од градот, ништожни луѓе,+ ја опколија куќата,+ туркајќи се на вратата. И му викаа на старецот, сопственикот на таа куќа: „Изведи го човекот што влезе во твојата куќа, за да имаме односи со него!“+ 23 Тогаш сопственикот на куќата излезе кај нив и им рече:+ „Не, браќа мои,+ не правете зло, ве молам, зашто тој човек влезе во мојава куќа. Не правете такво срамно и безумно дело.+ 24 Еве ги мојава ќерка девица и неговата наложница. Дозволете ми да ви ги изведам нив, па силувајте ги+ и правете им што сакате. Но, на овој човек не правете му такво срамно и безумно дело“.
25 Но, луѓето не сакаа да го слушаат. Тогаш оној човек ја зеде својата наложница+ и им ја изведе. Тие ја силуваа+ и ја злоупотребуваа+ цела ноќ до утрото, а кога почна да осамнува, ја пуштија. 26 И, кога почна да се разденува, жената дојде, падна пред вратата од куќата на тој човек, каде што беше нејзиниот господар,+ и остана да лежи додека не се раздени. 27 Нејзиниот господар стана изутрината, ја отвори куќната врата и излезе за да тргне по својот пат, и гледај, жената, неговата наложница,+ лежеше на влезот од куќата со рацете на прагот. 28 А тој ѝ рече: „Стани, да одиме!“ Но немаше одговор.+ Тогаш човекот ја стави на магарето и тргна на пат кон своето место.+
29 Кога влезе во својата куќа, дофати нож, ја зеде својата наложница и ја расече на дванаесет парчиња,+ кои ги испрати по сите краишта на Израел.+ 30 И сите што го видоа тоа рекоа: „Такво нешто никогаш не се случило, ниту се видело од денот кога синовите на Израел излегоа од египетската земја до денес. Размислете за тоа, посоветувајте се+ и кажете што сте одлучиле“.
20 Тогаш излегоа сите синови на Израел,+ од Дан+ до Вирсавеја,+ заедно со галадската земја,+ и сите од заедницата се собраа како еден+ пред Јехова во Миспа.+ 2 И главатарите на целиот народ, на сите племиња на Израел, го зазедоа своето место на собирот* на народот на вистинскиот Бог,+ кој броеше четиристотини илјади пешаци вооружени со меч.+
3 А синовите на Венијамин слушнаа дека синовите на Израел отишле во Миспа.+
Тогаш синовите на Израел рекоа: „Кажете! Како се случи тоа зло?“+ 4 Тогаш тој човек, левит,+ мажот на убиената жена, вака одговори: „Во Венијаминова Гаваја+ дојдов да ноќевам со својата наложница.*+ 5 А жителите на Гаваја станаа против мене и ноќта ја опколија куќата во која бев. Сакаа да ме убијат мене, но, наместо тоа, ја силуваа мојата наложница+ и таа умре.+ 6 Затоа ја зедов својата наложница, ја исеков на парчиња и ги испратив по сите краишта на наследството на Израел,+ зашто во својата бесрамност+ направија срамно и безумно дело во Израел.+ 7 И сега, сите вие синови на Израел, посоветувајте се овде и кажете што одлучивте“.+
8 Тогаш сите од народот станаа како еден+ и рекоа: „Никој од нас нема да се врати во својот шатор и никој нема да си оди во својата куќа,+ 9 туку вака ќе ѝ направиме на Гаваја: со ждрепка ќе одлучиме+ како да тргнеме против неа. 10 Ќе земеме по десет луѓе од сто, од сите племиња на Израел, по сто од илјада и по илјада од десет илјади, кои ќе набавуваат храна за луѓето што ќе тргнат против Венијаминова Гаваја поради тоа срамно и безумно дело+ што го направи во Израел“. 11 Така сите Израелци се обединија и се собраа сложно како еден против тој град.
12 Тогаш племињата на Израел испратија луѓе по целото Венијаминово племе+ со пораката: „Какво е тоа зло што се случило меѓу вас?+ 13 Затоа сега предајте+ ги тие никаквеци+ што се во Гаваја+ за да ги погубиме+ и така да го отстраниме злото од Израел!“+ Но синовите на Венијамин не сакаа да го послушаат гласот на своите браќа, синовите на Израел.+
14 Тогаш синовите на Венијамин дојдоа од своите градови и се собраа во Гаваја за да излезат во бој против синовите на Израел. 15 Така во тој ден се собраа синовите на Венијамин од нивните градови, дваесет и шест илјади луѓе вооружени со меч,+ без жителите на Гаваја, од кои се собраа седумстотини избрани луѓе. 16 Од сиот тој народ имаше седумстотини избрани луѓе, кои беа левучари.+ Секој погодуваше многу точно со камен од праќа+ и не ја промашуваше целта.
17 А од Израелците, без синовите на Венијамин, се собраа четиристотини илјади луѓе вооружени со меч,+ сѐ само воини. 18 Синовите на Израел станаа и појдоа во Ветил за да бараат совет од Бог.+ И прашаа: „Кој од нас ќе тргне прв во бој против синовите на Венијамин?“+ А Јехова одговори: „Јуда нека тргне прв!“+
19 Така изутрината синовите на Израел станаа и се улогорија пред Гаваја.
20 И Израелците излегоа во бој против Венијамин. Пред Гаваја Израелците се наредија во борбени редови и тргнаа против нив. 21 А синовите на Венијамин излегоа од Гаваја+ и во тој ден погубија дваесет и две илјади Израелци.+ 22 Но синовите на Израел беа храбри и пак се наредија во борбени редови на местото на кое се беа наредиле првиот ден. 23 Тогаш синовите на Израел отидоа и плачеа+ пред Јехова сѐ до вечерта. И бараа совет од Јехова, велејќи: „Да излеземе ли пак во бој против синовите на Венијамин, својот брат?“+ А Јехова одговори: „Излезете против него!“
24 На вториот ден синовите на Израел им се приближија на синовите на Венијамин.+ 25 А Венијамин и на вториот ден излезе од Гаваја пред нив и погуби уште осумнаесет илјади луѓе од синовите на Израел,+ сѐ само воини вооружени со меч.+ 26 Тогаш сиот народ, сите синови на Израел+ отидоа во Ветил и, откако дојдоа таму, плачеа+ и седеа пред Јехова. Тој ден постеа+ до вечерта и принесуваа пред Јехова жртви паленици+ и жртви на заедништвото.+ 27 Потоа синовите на Израел побараа совет од Јехова,+ вистинскиот Бог, зашто во тоа време ковчегот на неговиот сојуз+ се наоѓаше таму. 28 А Финес,+ синот на Елеазар, син на Арон, тогаш служеше пред ковчегот.+ И тој праша: „Ќе излеземе ли пак во бој против синовите на Венијамин, својот брат, или да се откажеме?“+ А Јехова одговори: „Одете, бидејќи утре ќе го предадам во ваши раце!“+ 29 Тогаш Израел постави заседа+ околу Гаваја.
30 И на третиот ден излегоа синовите на Израел против синовите на Венијамин и се наредија во борбени редови пред Гаваја, како и порано.+ 31 Кога синовите на Венијамин излегоа против нив, тие ги намамија од градот.+ Тогаш синовите на Венијамин, како и порано, почнаа да убиваат некои од нив по полските патишта, од кои едниот оди во Ветил,+ а другиот во Гаваја,+ и така убија околу триесет Израелци.+ 32 И синовите на Венијамин рекоа: „Паѓаат пред нас како и порано“.+ А синовите на Израел рекоа: „Да бегаме+ за да ги намамиме од градот на патиштата!“ 33 И сите Израелци се кренаа од своите места и се наредија во борбени редови кај Ваал-Тамара, а оние Израелци што беа во заседа+ тргнаа на јуриш од своите места близу до Гаваја.+ 34 Така пред Гаваја дојдоа десет илјади луѓе избрани од целиот Израел, и битката беше жестока. А синовите на Венијамин не знаеја дека ќе ги снајде зло.+
35 И Јехова го порази Венијамин+ пред Израел, така што синовите на Израел во тој ден му погубија на Венијамин дваесет и пет илјади и сто луѓе, сѐ само воини вооружени со меч.+
36 Синовите на Венијамин мислеа дека ги поразија Израелците кога овие почнаа да се повлекуваат пред нив, имајќи доверба во заседата што ја поставија пред Гаваја.+ 37 А луѓето во заседата+ брзо се кренаа и удрија на Гаваја.+ Се раширија по градот и убија сѐ во него со сечилото на мечот.+
38 Израелците се беа договориле со оние во заседата да им дадат димен знак од градот.+
39 Кога синовите на Израел почнаа да се повлекуваат од битката, синовите на Венијамин почнаа да ги убиваат и погубија околу триесет Израелци,+ велејќи: „Паѓаат пред нас како и во првата битка“.+ 40 Тогаш од градот почна да се крева столб од чад+ како знак.+ Кога синовите на Венијамин се обѕрнаа, гледај, целиот град беше во пламен и пламенот се креваше кон небото.+ 41 Тогаш Израелците се свртија,+ а синовите на Венијамин ги обзеде страв+ зашто видоа дека ги снајде зло.+ 42 И бегаа пред Израелците кон пустината, но воините им беа зад петици, а и оние Израелци што доаѓаа од градот ги убиваа оние што се најдоа меѓу нив. 43 Така ги опколија синовите на Венијамин.+ Ги гонеа без починка+ и ги погубија точно пред Гаваја,+ кон исток. 44 И паднаа осумнаесет илјади луѓе од племето на Венијамин, сѐ само смели мажи.+
45 Тогаш се завртија и побегнаа во пустината до карпата Римон.+ Израелците убија по патиштата+ уште пет илјади нивни луѓе, а потоа ги гонеа сѐ до Гидом и убија уште две илјади луѓе. 46 Во тој ден паднаа вкупно дваесет и пет илјади синови на Венијамин вооружени со меч,+ сѐ само смели мажи. 47 А шестотини луѓе се свртија и побегнаа во пустината до карпата Римон, и живееја на карпата Римон+ четири месеци.
48 А Израелците се вратија и пак ги нападнаа синовите на Венијамин и убија со сечилото на мечот сѐ што беше во градовите, од човек до стока, сѐ што најдоа.+ А и сите градови на кои наидоа ги запалија со оган.+
21 Израелците се заколнаа во Миспа:+ „Никој од нас нема да даде своја ќерка за жена на Венијаминов син“.+ 2 Потоа народот дојде во Ветил+ и таму седеше пред вистинскиот Бог+ до вечерта, тажејќи и горко плачејќи.+ 3 И рекоа: „Јехова, Боже Израелов, зошто се случи ова во Израел? Зошто исчезна денес едно племе од Израел?“+ 4 Утредента народот подрани и таму изгради жртвеник, па принесе жртви паленици+ и жртви на заедништвото.+
5 Тогаш синовите на Израел рекоа: „Има ли некој меѓу сите племиња на Израел што не дојде на собир пред Јехова? Зашто, свечено се заколнавме+ дека ќе биде погубен секој што нема да дојде пред Јехова во Миспа“.+ 6 А синовите на Израел се сожалија на Венијамин, својот брат и рекоа: „Денес е отсечено едно племе од Израел. 7 Што ќе направиме за да добијат жени оние што преостанаа, сега, откако се заколнавме+ во Јехова дека нема да им ги даваме своите ќерки за жени?“+
8 Затоа прашаа: „Има ли некој меѓу племињата на Израел што не дојде пред Јехова во Миспа?“+ И гледај, никој од Јавис-Галад+ не беше дошол во логорот на собирот. 9 Зашто, кога се преброи народот, се виде дека таму нема никој од жителите на Јавис-Галад. 10 Затоа заедницата испрати таму дванаесет илјади најхрабри луѓе и им заповеда: „Одете и погубете ги жителите на Јавис-Галад со сечилото на мечот, и жените и децата!+ 11 И вака направете: погубете ги* сите мажи и сите жени кои легнале со маж!“+ 12 И меѓу жителите на Јавис-Галад+ најдоа четиристотини девојки, девици+ кои не легнале со маж. И ги доведоа во логорот во Сило,+ во ханаанската земја.
13 Тогаш целата заедница испрати гласници за да зборуваат со синовите на Венијамин што беа на карпата Римон+ и за да им понудат мир. 14 Тогаш се вратија синовите на Венијамин, па им ги дадоа жените од Јавис-Галад+ кои ги оставија живи. Но немаше доволно за сите нив.+ 15 И народот се сожали на Венијамин,+ зашто Јехова направи раздор меѓу племињата на Израел. 16 И старешините на заедницата рекоа: „Што да направиме за да добијат жени овие што преостанаа, сега, откако жените од Венијамин се истребени?“ 17 А потоа рекоа: „Остатокот од синовите на Венијамин+ нека добијат своја земја за да не се избрише едно племе од Израел. 18 Но ние не смееме да им ги даваме своите ќерки за жени, зашто синовите на Израел се заколнаа: ‚Проклет да биде оној што ќе им даде жена на синовите на Венијамин!‘ “+
19 Потоа рекоа: „Еве, секоја година се слави празник во чест на Јехова во Сило,+ северно од Ветил, источно од патот што води од Ветил во Сихем+ и јужно од Левона“. 20 Затоа им заповедаа на синовите на Венијамин: „Одете и чекајте во заседа во лозјата. 21 И штом ќе видите дека девојките од Сило излегуваат да играат+ оро, скокнете од лозјата и секој нека си грабне жена за себе од девојките од Сило, па потоа одете во земјата на Венијамин. 22 А кога нивните татковци или нивните браќа ќе дојдат за да се судат со нас, ние ќе им речеме: ‚Смилувајте им се поради нас, зашто не успеавме за секој од нив да земеме жена во војна.+ А бидејќи вие не им дадовте, не сте виновни‘ “.+
23 И синовите на Венијамин направија така, и од грабнатите девојки што играа+ си зедоа за себе онолку жени колку што беа тие.+ Потоа отидоа и се вратија на своето наследство, пак изградија градови+ и се населија во нив.
24 А синовите на Израел тогаш се разотидоа оттаму, секој во своето племе и во своето семејство. Си отидоа оттаму, секој на своето наследство.+
25 Во тоа време немаше цар во Израел.+ Секој го правеше она што сметаше дека е исправно.+
Или: „го уништија како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
„Хорма“ значи „уништување“.
Или: „па ќе покажеме лојална љубов кон тебе“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Акон подоцна е наречен Птолемаида. Види Де 21:7.
„Вохим“ значи „оние што плачат“.
Во ИсН 19:50; 24:30 „Тамнат-Сарах“.
Буквално: „продаде“.
Буквално: „блудствуваа со други богови“. Види го додатокот 6.
Или: „ашерите“.
Буквално: „продаде“.
Хебрејски: гомед. Не се знае точно колку изнесувала таа еврејска мерка. Некои сметаат дека станувало збор за краток лакот, долг околу 38 сантиметри, мерено од лакотот до коренот на прстите на рака стисната во тупаница.
Буквално: „продаде“.
Види го додатокот 12.
Буквално: „продаде“.
Буквално: „мојата илјада“.
Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.
„Јехова-Шалом“ значи „Јехова е мир“.
Буквално: „друг јунец“.
Или: „ашерот“.
Буквално: „другиот јунец“.
„Јероваал“ значи „Ваал нека се брани“.
Или: „му покажа почит на Бог; изврши чин на обожавање пред Бог“.
Средната ноќна стража почнувала околу 22 часот, а завршувала во 2 часот.
Зерерат и Сартан од 1Ца 4:12 веројатно се однесуваат на истото место.
Буквално: „дух“.
Види го додатокот 13.
Буквално: „Таму целиот Израел блудствуваше со ефодот“. Види го додатокот 6.
Буквално: „синови кои излегоа од неговото бедро“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Буквално: „блудствуваа со Вааловците“. Види го додатокот 6.
Или: „со лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „лош дух“.
Буквално: „продаде“.
Буквално: „да ја ставам својата душа на својата дланка“.
Буквално: „[редејќи] нозе врз бедра“.
„Рамат-Лехи“ значи „височинка на челуста“.
Буквално: „духот“.
„Ен-Акоре“ значи „извор на оној што повикува“.
Или: „тетиви“.
Буквално: „богови“. Оваа именка се однесува на Дагон. Со множината се нагласува величието, а глаголот што стои до неа е во еднина. Види 1Са 5:7; 2Ца 19:37.
Буквално: „[му] ја наполни раката“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.
„Махане-Дан“ значи „логорот на Дан“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Или: „погубете ги како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.