ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt 4. Мојсеева 1:1-36:13
  • 4. Мојсеева

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 4. Мојсеева
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
4. Мојсеева

Четврта книга Мојсеева (Броеви)

1 На првиот ден од вториот месец по излегувањето од египетската земја,+ Јехова му зборуваше на Мојсеј во Синајската Пустина,*+ во шаторот на средбата,+ и му рече: 2 „Пребројте ја+ целата заедница од синови на Израел по нивните семејства, по домовите на нивните татковци, броејќи ги по име сите машки, глава по глава, 3 од дваесет години нагоре,+ сите способни за војска во Израел.+ Попишете ги, ти и Арон, по нивните чети.

4 И нека има и други луѓе со вас, по еден човек од секое племе, кој е поглавар на својот род.+ 5 Ова се имињата на луѓето што ќе ви помагаат: од Рувим+ — Елисур,+ син на Седиур; 6 од Симеон+ — Селумил,+ син на Сурисадај; 7 од Јуда+ — Насон,+ син на Аминадав; 8 од Исахар+ — Нетанел,+ син на Суар; 9 од Завулон+ — Елијав,+ син на Хелон; 10 од синовите на Јосиф:+ од Ефрем+ — Елисама, син на Амиуд; од Манасија+ — Гамалиил, син на Фадасур; 11 од Венијамин+ — Авидан,+ син на Гедеони; 12 од Дан+ — Ахиезер,+ син на Амисадај; 13 од Асер+ — Фагаил,+ син на Ехран; 14 од Гад+ — Елисаф,+ син на Деуел;+ 15 од Нефталим+ — Ахиреј,+ син на Енан. 16 Тоа се оние што беа повикани од заедницата, поглавари+ на племињата на своите татковци. Тие се поглавари на илјадниците на Израел“.+

17 Така Мојсеј и Арон ги зедоа тие луѓе што беа одредени по име. 18 И на првиот ден од вториот месец ја собраа целата заедница за да се запише нивното потекло+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре,+ глава по глава, 19 како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. Така тој ги попиша+ во Синајската Пустина.

20 Синовите на Рувим, првородениот на Израел,+ нивните потомци по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име сите машки, глава по глава, од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 21 попишани од племето на Рувим, беа четириесет и шест илјади и петстотини.+

22 Потомците на синовите на Симеон+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, попишани глава по глава, броејќи ги по име сите машки од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 23 попишани од племето на Симеон, беа педесет и девет илјади и триста.+

24 Потомците на синовите на Гад+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 25 попишани од племето на Гад,+ беа четириесет и пет илјади и шестотини и педесет.+

26 Потомците на синовите на Јуда+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 27 попишани од племето на Јуда, беа седумдесет и четири илјади и шестотини.+

28 Потомците на синовите на Исахар+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 29 попишани од племето на Исахар, беа педесет и четири илјади и четиристотини.+

30 Потомците на синовите на Завулон+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 31 попишани од племето на Завулон, беа педесет и седум илјади и четиристотини.+

32 Од синовите на Јосиф: потомците на синовите на Ефрем+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 33 попишани од племето на Ефрем,+ беа четириесет илјади и петстотини.+

34 Потомците на синовите на Манасија+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 35 попишани од племето на Манасија, беа триесет и две илјади и двесте.+

36 Потомците на синовите на Венијамин+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 37 попишани од племето на Венијамин, беа триесет и пет илјади и четиристотини.+

38 Потомците на синовите на Дан+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 39 попишани од племето на Дан, беа шеесет и две илјади и седумстотини.+

40 Потомците на синовите на Асер+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 41 попишани од племето на Асер, беа четириесет и една илјада и петстотини.+

42 Потомците на синовите на Нефталим+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 43 попишани од племето на Нефталим, беа педесет и три илјади и четиристотини.+

44 Тоа се попишаните што ги попиша Мојсеј со Арон и со дванаесетте поглавари на Израел. Секој од нив го претставуваше домот на своите татковци. 45 Сите синови на Израел што беа попишани по домовите на своите татковци, од дваесет години нагоре, сите способни за војска во Израел, 46 сите попишани беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет.+

47 Но меѓу нив не беа вброени синовите на Леви+ според племето на нивните татковци.+ 48 Имено, Јехова му рече на Мојсеј: 49 „Само племето на Леви немој да го попишеш и не вбројувај го во синовите на Израел.+ 50 Постави ги левитите над шаторот на Сведоштвото,+ над целиот негов прибор и над сѐ што му припаѓа.+ Тие нека го носат светиот шатор со целиот негов прибор,+ нека служат+ во него и нека логоруваат околу него.+ 51 Кога шаторот треба да се премести, левитите нека го расклопат.+ Кога шаторот треба да се распне, левитите нека го подигнат. Ако се доближи некој од обичниот народ, да биде погубен.+

52 Синовите на Израел нека се улогорат, секој во својот логор и секој во својата триплеменска група,+ по своите чети. 53 А левитите нека се улогорат околу шаторот на Сведоштвото, за да не се подигне гнев+ против заедницата од синови на Израел. Левитите нека ја вршат службата во шаторот на Сведоштвото“.+

54 И синовите на Израел направија сѐ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. Токму така направија.+

2 Јехова им рече на Мојсеј и Арон: 2 „Нека се улогорат синовите на Израел, секој во својата триплеменска група,+ под знаците на домовите на своите татковци. Нека се улогорат околу шаторот на средбата, свртени кон него.

3 На исток, кон изгрејсонце, нека биде улогорена триплеменската група од таборот на Јуда, по своите чети. Поглавар на синовите на Јуда е Насон,+ синот на Аминадав. 4 Неговата војска брои седумдесет и четири илјади и шестотини попишани.+ 5 До него нека биде улогорено племето на Исахар.+ Поглавар на синовите на Исахар е Нетанел,+ синот на Суар. 6 Неговата војска брои педесет и четири илјади и четиристотини попишани.+ 7 Потоа племето на Завулон; поглавар на синовите на Завулон е Елијав,+ синот на Хелон. 8 Неговата војска брои педесет и седум илјади и четиристотини попишани.+

9 Сите попишани во таборот на Јуда се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини, по нивните чети. Тие нека тргнат први.+

10 На југ нека биде триплеменската група на таборот на Рувим,+ по своите чети. Поглавар на синовите на Рувим е Елисур,+ синот на Седиур. 11 Неговата војска брои четириесет и шест илјади и петстотини попишани.+ 12 До него нека биде улогорено племето на Симеон. Поглавар на синовите на Симеон е Селумил,+ синот на Сурисадај. 13 Неговата војска брои педесет и девет илјади и триста попишани.+ 14 Потоа племето на Гад; поглавар на синовите на Гад е Елисаф,+ синот на Рагуил.* 15 Неговата војска брои четириесет и пет илјади и шестотини и педесет попишани.+

16 Сите попишани во таборот на Рувим се сто педесет и една илјада и четиристотини и педесет, по нивните чети. Тие нека тргнат втори.+

17 Кога треба да тргне шаторот на средбата,+ таборот на Леви+ нека биде среде другите табори.

Како што се улогорени, така нека тргнат,+ секој на своето место и по своите триплеменски групи.

18 На запад нека биде триплеменската група на таборот на Ефрем,+ по своите чети. Поглавар на синовите на Ефрем е Елисама,+ синот на Амиуд. 19 Неговата војска брои четириесет илјади и петстотини попишани.+ 20 До него нека биде племето на Манасија.+ Поглавар на синовите на Манасија е Гамалиил,+ синот на Фадасур. 21 Неговата војска брои триесет и две илјади и двесте попишани.+ 22 Потоа племето на Венијамин;+ поглавар на синовите на Венијамин е Авидан,+ синот на Гедеони. 23 Неговата војска брои триесет и пет илјади и четиристотини попишани.+

24 Сите попишани во таборот на Ефрем се сто и осум илјади и сто, по нивните чети. Тие нека тргнат трети.+

25 На север нека биде триплеменската група на таборот на Дан, по своите чети. Поглавар на синовите на Дан е Ахиезер,+ синот на Амисадај. 26 Неговата војска брои шеесет и две илјади и седумстотини попишани.+ 27 До него нека биде улогорено племето на Асер. Поглавар на синовите на Асер е Фагаил,+ синот на Ехран. 28 Неговата војска брои четирисет и една илјада и петстотини попишани.+ 29 Потоа племето на Нефталим;+ поглавар на синовите на Нефталим е Ахиреј,+ синот на Енан. 30 Неговата војска брои педесет и три илјади и четиристотини попишани.+

31 Сите попишани во таборот на Дан се сто педесет и седум илјади и шестотини. Тие нека тргнат последни+ — сите по своите триплеменски групи“.

32 Тоа се синовите на Израел попишани по домовите на нивните татковци. Сите попишани во таборите, по нивните чети, беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет.+ 33 Но племето на Леви не беше вброено+ во синовите на Израел, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 34 И синовите на Израел направија сѐ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+ Така логоруваа според триплеменските групи+ и така се движеа,+ секој во своето семејство според домовите на своите татковци.

3 Ова беше потомството на Арон и на Мојсеј во времето кога Јехова му зборуваше на Мојсеј на планината Синај.+ 2 И ова се имињата на синовите на Арон: првородениот Надав, потоа Авиуд,+ Елеазар+ и Итамар.+ 3 Тоа се имињата на синовите на Арон, помазани свештеници кои беа овластени* да служат како свештеници.+ 4 Но Надав и Авиуд загинаа пред Јехова кога во Синајската Пустина принесоа пред Јехова недозволен оган.+ Тие немаа синови. А Елеазар+ и Итамар+ продолжија да служат како свештеници со својот татко Арон.

5 И Јехова му рече на Мојсеј: 6 „Доведи го племето на Леви+ и постави го пред свештеникот Арон за да му служи.+ 7 Нека го прават она што се должни да го прават за него и она што се должни да го прават за целата заедница пред шаторот на средбата, вршејќи ја службата во светиот шатор. 8 И нека се грижат за сиот прибор+ што му припаѓа на шаторот на средбата и нека ги извршуваат должностите на синовите на Израел, вршејќи ја службата во светиот шатор.+ 9 Левитите дарувај им ги на Арон и на неговите синови. Тие се дарувани,* дарувани му се од синовите на Израел.+ 10 Постави ги Арон и неговите синови да ја вршат својата свештеничка служба.+ Ако некој од обичниот народ се приближи до светилиштето, да биде погубен“.+

11 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 12 „Еве, јас ги земам левитите меѓу синовите на Израел наместо сите првородени,+ сите што ја отвораат материцата меѓу синовите на Израел. Левитите нека ми припаднат мене. 13 Зашто, мене ми припаѓа секој првороден.+ Во оној ден кога го погубив секој првороден во египетската земја,+ го посветив за себе секој првороден во Израел — и од човек и од животно.+ Тие нека ми припаднат мене. Јас сум Јехова“.

14 Потоа Јехова му рече на Мојсеј во Синајската Пустина:+ 15 „Попиши ги синовите на Леви по домовите на нивните татковци, по нивните семејства. Попиши го секое машко од еден месец нагоре“.+ 16 И Мојсеј ги попиша по наредба на Јехова, како што му беше заповедано. 17 Ова беа синовите на Леви+ по име: Гирсон, Кат и Мерариј.+

18 А ова се имињата на синовите на Гирсон, по нивните семејства: Ливниј и Симеј.+

19 А синовите на Кат,+ по нивните семејства, се: Амрам, Исар,+ Хеврон и Узиел.

20 Синовите на Мерариј,+ по нивните семејства, се: Махли+ и Муси.+

Тоа се семејствата на Леви по домовите на нивните татковци.

21 Од Гирсон потекнуваат семејството на Ливниј+ и семејството на Симеј.+ Тоа се семејствата на Гирсон. 22 Бројот на сите нивни попишани машки на возраст од еден месец нагоре+ изнесуваше седум илјади и петстотини.+ 23 Семејствата на Гирсон се наоѓаа зад светиот шатор.+ Беа улогорени од западната страна. 24 Поглавар на родот во семејствата на Гирсон беше Елисаф, синот на Лаил. 25 Во шаторот на средбата синовите на Гирсон+ беа задолжени за шаторот и за неговите покрови,+ за завесата+ на влезот во шаторот на средбата, 26 потоа за дворните завеси+ и за завесата+ на влезот во дворот, која е околу шаторот и жртвеникот, и за шаторските јажиња+ — за сѐ што спаѓа во таа служба.

27 Од Кат потекнуваат семејството на Амрам, семејството на Исар, семејството на Хеврон и семејството на Узиел. Тоа беа семејствата на Кат.+ 28 Бројот на сите машки на возраст од еден месец нагоре изнесуваше осум илјади и шестотини.* Тие беа задолжени да се грижат за светото место.+ 29 Семејствата на Катовите синови беа улогорени од јужната страна на шаторот.+ 30 Поглавар на родот во семејствата на Кат беше Елисафан, синот на Узиел.+ 31 Тие беа задолжени+ за ковчегот,+ за масата,+ за светилникот,+ за жртвениците+ и за приборот+ што му припаѓа на светото место, кој го користеа во службата, како и за завесата+ — за сѐ што спаѓа во таа служба.

32 Поглавар на сите левитски поглавари беше Елеазар,+ синот на свештеникот Арон, кој ги надгледуваше оние што беа задолжени да се грижат за светото место.

33 Од Мерариј потекнуваат семејството Махлиевци+ и семејството Мусиевци.+ Тоа се семејствата на Мерариј.+ 34 Бројот на сите нивни попишани машки на возраст од еден месец нагоре изнесуваше шест илјади и двесте.+ 35 Поглавар на родот во семејствата на Мерариј беше Суриил, синот на Авихаил. Тие беа улогорени од северната страна на шаторот.+ 36 Синовите на Мерариј беа задолжени да се грижат за ѕидните рамки+ на шаторот, за неговите напречници,+ за неговите столбови,+ за подножјата и за сиот прибор+ — за сѐ што спаѓа во таа служба+ — 37 за столбовите+ околу дворот, за нивните подножја,+ за шаторските клинови и за јажињата.

38 А пред светиот шатор од источната страна, односно пред шаторот на средбата на страната што гледа кон изгрејсонце, беа улогорени Мојсеј, Арон и неговите синови, кои во името на Израеловите синови беа задолжени да се грижат за светилиштето.+ Ако се доближеше некој од обичниот народ, ќе беше погубен.+

39 Сите попишани од синовите на Леви, кои по Јеховина заповед Мојсеј и Арон ги попишаа по нивните семејства, сите машки на возраст од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади.

40 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Попиши ги сите првородени машки на синовите на Израел на возраст од еден месец нагоре+ и утврди го бројот на нивните имиња. 41 А левитите земи ги за мене — јас сум Јехова — наместо сите првородени од Израеловите синови,+ и стоката на левитите наместо сѐ што е првородено од стоката на Израеловите синови“.+ 42 И Мојсеј ги попиша сите првородени од синовите на Израел, како што му беше заповедал Јехова. 43 Сите машки првородени, преброени по име, на возраст од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади и двесте седумдесет и тројца.

44 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 45 „Земи ги левитите наместо сите првородени од Израеловите синови, и стоката на левитите наместо нивната стока; левитите нека ми припаднат мене.+ Јас сум Јехова. 46 А за откупнина+ на оние двесте седумдесет и тројца првородени од Израеловите синови што ги има повеќе отколку левитите,+ 47 земи пет сикли од човек.+ Земи ги според светиот сикел — еден сикел има дваесет гери.+ 48 Дај им ги тие пари на Арон и на неговите синови како откупнина за оние што ги има повеќе отколку левитите“. 49 Така Мојсеј ги прими парите за откупнина од првородените што го надминуваа бројот на оние што левитите ги откупија. 50 Парите ги прими од првородените на синовите на Израел — илјада триста шеесет и пет сикли, според светиот сикел. 51 Потоа Мојсеј, по Јеховина наредба, им ги даде парите од откупнината на Арон и на неговите синови, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

4 Јехова им рече на Мојсеј и Арон: 2 „Нека се пребројат синовите на Кат+ меѓу синовите на Леви, по нивните семејства во домовите на нивните татковци, 3 од триесет години+ нагоре до педесет години,+ сите што влегуваат во групата на оние што служат+ вршејќи ја работата во шаторот на средбата.

4 А ова е службата на синовите на Кат во шаторот на средбата,+ нешто најсвето: 5 Кога таборот ќе тргне на пат, Арон и неговите синови нека влезат во шаторот, нека ја симнат преградната завеса+ и со неа нека го покријат ковчегот+ на сведоштвото. 6 И преку него нека стават покров од фокини кожи+ и над него нека прострат сино платно и потоа нека ги наместат лостовите.+

7 На масата+ на која стои лебот ставен пред Бог нека постелат сино платно и на него нека ги стават чиниите,+ чашите, садовите+ и бокалите за жртвите налевници. На неа нека биде лебот што се принесува постојано.+ 8 Преку тоа нека прострат светлоцрвено платно.+ Потоа масата нека ја покријат со покров од фокини кожи,+ па нека ги наместат лостовите.+ 9 Нека земат сино платно и нека го покријат светилникот+ за осветлување и неговите светилки,+ неговата клешта за гаснење фитили,+ неговите пепелници+ и сите садови+ за масло со кои го опслужуваат светилникот. 10 И нека го стават со сиот негов прибор во покров од фокини кожи+ и нека го стават на носилка. 11 Преку златниот жртвеник+ нека прострат сино платно, нека го покријат со покров од фокини кожи+ и потоа нека ги наместат лостовите.+ 12 Нека го земат целиот прибор+ за служба што го користат во службата на светото место и нека го стават во сино платно, нека го покријат со покров од фокини кожи+ и нека го стават на носилка.

13 Нека ја отстранат мрсната пепел* од жртвеникот+ и преку жртвеникот нека прострат ткаенина од црвеникаво-виолетова волна. 14 И на него нека го стават целиот прибор што го користат за служба: пепелниците, виљушките, лопатите и бокалите — сиот прибор за жртвеникот.+ Нека го покријат со покров од фокини кожи и потоа нека ги наместат лостовите.+

15 Кога таборот ќе тргне на пат, Арон и неговите синови нека го довршат покривањето на светото место+ и на сиот прибор+ што му припаѓа на светото место. Потоа нека дојдат синовите на Кат да го понесат тоа,+ но не смеат да го допрат+ светото место за да не загинат. Тоа се работите во шаторот на средбата што ќе ги носат синовите на Кат.+

16 А Елеазар, синот на свештеникот Арон, нека се грижи+ за маслото+ што служи за осветлување, за мирисливиот темјан,+ за редовната житна жртва+ и за маслото за помазание.+ Нека се грижи за целиот шатор, за сѐ што е во него — за светото место и за неговиот прибор“.

17 Јехова понатаму им рече на Мојсеј и Арон: 18 „Немојте да допуштите племето на семејствата на синовите на Кат+ да биде истребено меѓу левитите. 19 Туку направете им вака за да останат живи и да не загинат кога пристапуваат кон најсветите работи:+ Арон и неговите синови нека влезат и нека му одредат на секого како ќе служи и што треба да носи. 20 А тие нека не влегуваат ниту за миг да ги гледаат светите работи за да не загинат“.+

21 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 22 „Синовите на Гирсон+ нека се пребројат по домовите на своите татковци, по своите семејства. 23 Преброј ги оние од триесет години нагоре до педесет години,+ сите што влегуваат во групата на оние што служат во шаторот на средбата. 24 А ова е службата на семејствата на Гирсон, службата што ќе ја вршат и работите што ќе ги носат:+ 25 нека ги носат шаторските платна+ на светиот шатор, односно шаторот на средбата+ со неговиот покров+ и покровот од фокини кожи+ што е врз него, завесата+ што е на влезот во шаторот на средбата, 26 дворните завеси,+ завесата на влезот+ во дворот што е околу шаторот и жртвеникот, шаторските јажиња, сиот прибор за нивната служба и сите работи што ги користат за работата. Тоа нека биде нивната служба. 27 Синовите на Гирсон+ нека ја вршат сета своја служба, сѐ што треба да носат и сета служба што треба да ја вршат, по наредба на Арон и на неговите синови.+ Одредете им сѐ што се должни да носат. 28 Тоа е службата на семејствата на синовите на Гирсон+ во шаторот на средбата. Службата за која се задолжени нека биде под водство на Итамар,+ синот на свештеникот Арон.

29 И синовите на Мерариј+ попиши ги по нивните семејства во домовите на нивните татковци. 30 Попиши ги сите на возраст од триесет години нагоре до педесет години, сите што влегуваат во групата на оние што служат вршејќи ја работата во шаторот на средбата.+ 31 А ова е нивната должност, она што ќе го носат,+ додека ја вршат сета своја служба во шаторот на средбата: ѕидните рамки+ на шаторот, неговите напречници,+ столбовите+ и подножјата,+ 32 потоа дворните столбови+ што се околу дворот, нивните подножја,+ клиновите+ и јажињата со сиот прибор за сета нивна служба. Поименично одредете ги предметите за кои се задолжени да ги носат.+ 33 Тоа е службата на семејствата на синовите на Мерариј,+ сета нивна служба во шаторот на средбата под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон“.+

34 Мојсеј, Арон и поглаварите+ на заедницата ги попишаа синовите на Кат+ по нивните семејства и по домовите на нивните татковци, 35 од триесет+ години нагоре до педесет години,+ сите што влегуваат во групата на оние што служат вршејќи ја работата во шаторот на средбата.+ 36 И попишаните по нивните семејства беа две илјади седумстотини и педесет.+ 37 Тоа се попишаните+ од семејствата на Кат, сите што служат во шаторот на средбата, кои Мојсеј и Арон ги попишаа по наредбата што ја даде Јехова преку Мојсеј.

38 А попишаните од синовите на Гирсон+ по нивните семејства и по домовите на нивните татковци, 39 од триесет години нагоре до педесет години, сите што влегуваат во групата на оние што служат вршејќи ја работата во шаторот на средбата,+ 40 попишани по нивните семејства, по домовите на нивните татковци, беа две илјади шестотини и триесет.+ 41 Тоа се попишаните од семејствата на синовите на Гирсон, сите што служат во шаторот на средбата, кои Мојсеј и Арон ги попишаа по наредба на Јехова.+

42 А попишаните од семејствата на синовите на Мерариј по нивните семејства и по домовите на нивните татковци, 43 на возраст од триесет години нагоре до педесет години, сите што влегуваат во групата на оние што служат вршејќи ја работата во шаторот на средбата,+ 44 попишани по нивните семејства, беа три илјади и двесте.+ 45 Тоа се попишаните од семејствата на Мерариј, кои Мојсеј и Арон ги попишаа по наредбата што ја даде Јехова преку Мојсеј.+

46 Сите попишани што Мојсеј, Арон и поглаварите на Израел ги попишаа како левити по нивните семејства и по домовите на нивните татковци, 47 на возраст од триесет години нагоре до педесет години,+ сите што доаѓаат да ја вршат тешката служба и службата за носење товар во шаторот на средбата,+ 48 сите попишани беа осум илјади петстотини и осумдесет.+ 49 Беа попишани по наредбата што ја даде Јехова преку Мојсеј, секој според својата служба и според она што го носеше. Беа попишани така како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+

5 Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Заповедај им на синовите на Израел да го отстранат од логорот секој што е лепрозен,+ секој што има излив+ и секој што се извалкал со мртовец.*+ 3 Отстранете и машко и женско! Испратете ги надвор од логорот+ за да не ги извалкаат+ таборите на оние меѓу кои живеам јас“.+ 4 Синовите на Израел направија така и ги испратија надвор од логорот. Како што му беше рекол Јехова на Мојсеј, така направија синовите на Израел.

5 А Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 6 „Вака кажи им на синовите на Израел: ‚Ако некој маж или жена направи каков било човечки грев постапувајќи неверно кон Јехова, таквиот* си навлекол вина.+ 7 Нека го признае+ направениот грев и нека даде надоместок за својата вина во полна вредност и кон тоа нека додаде уште една петтина од вредноста,+ па нека му го даде тоа на оној кому му е нанесена неправдата. 8 А ако овој нема поблизок роднина кому може да му биде даден надоместокот за вина, надоместокот за вина што му се дава на Јехова нека му припадне на свештеникот, покрај овенот за очистување со кој свештеникот ќе изврши обред на очистување за него.+

9 Секој прилог+ од сите свети работи+ на Израеловите синови, кои тие му ги принесуваат на свештеникот, нека му припадне нему.+ 10 И светите работи, кои некој ќе ги принесе, му остануваат нему. На свештеникот нека му припадне сето она што некој ќе му го даде‘ “.

11 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 12 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако нечија жена застрани и направи неверство,+ 13 и некој друг легне со неа и му истече семе,+ а тоа биде скриено од очите на нејзиниот маж+ и остане неоткриено иако таа се извалкала, но против неа нема сведок и не била фатена, 14 а мажот го фати љубомора*+ и почне да се сомнева во верноста на својата жена која навистина се извалкала, или ако го фати љубомора и почне да се сомнева во верноста на својата жена иако таа, всушност, не се извалкала, 15 тогаш мажот нека ја доведе својата жена кај свештеникот+ и нека ја донесе и нејзината жртва: една десеттина ефа* јачменово брашно. Врз тоа нека не излева масло и нека не става темјан,+ зашто тоа е житна жртва за љубомора, житна жртва за спомен, за да потсети на престапот.

16 Свештеникот нека ја доведе и нека ја постави пред Јехова.+ 17 Потоа нека земе света вода во земјен сад, нека земе земја од подот во светиот шатор и нека ја стави во водата. 18 Свештеникот нека ја постави жената пред Јехова, нека ѝ ја распушти косата и нека ѝ ја стави в раце житната жртва за спомен, односно житната жртва за љубомора.+ А свештеникот нека ја држи в рака горчливата вода што носи проклетство.+

19 Потоа свештеникот нека ја заколне жената и нека ѝ рече: „Ако ниту еден човек не легнал со тебе и ако не си застранила и не си се извалкала додека си била под власта на својот маж,+ нека не ти биде ништо од оваа горчлива вода што носи проклетство. 20 Но ако си застранила додека си била под власта на својот маж+ и ако си се извалкала, па некој друг освен твојот маж го ставил во тебе своето семе...“+ 21 Свештеникот нека ја заколне жената со клетва+ и нека ѝ рече: „Јехова нека те постави како пример за проклетство и за клетва меѓу твојот народ, Јехова нека направи бедрата*+ да ти овенат и мевот да ти се подуе. 22 Оваа вода што носи проклетство нека влезе во твојата утроба за од неа да ти се подуе мевот и да ти овенат бедрата“. А жената нека рече: „Нека биде така, нека биде така!“

23 Свештеникот нека ги запише тие клетви во книгата,+ па нека ги измие+ во горчливата вода. 24 И нека ѝ даде на жената да пие од горчливата вода што носи проклетство,+ нека влезе во неа водата што носи проклетство и нека ѝ биде горчлива. 25 Потоа свештеникот нека ја земе житната жртва+ за љубомора од раката на жената, нека ја заниша житната жртва пред Јехова и нека ја приближи до жртвеникот. 26 И свештеникот нека земе грст од житната жртва како спомен+ и тоа нека го изгори на жртвеникот. Потоа нека ѝ даде на жената да ја испие водата. 27 Откако ѝ дал да ја испие водата, ако се извалкала и му била неверна на својот маж,+ водата што носи проклетство ќе влезе во неа и ќе биде горчлива, мевот ќе ѝ се подуе, а бедрата ќе ѝ овенат, па жената ќе стане проклетство меѓу својот народ.+ 28 А ако жената не се извалкала, туку е чиста, нема да биде казнета+ и ќе забремени.

29 Тоа е закон за љубомора+ кога жената ќе застрани+ додека е под власта на својот маж+ и кога ќе се извалка, 30 или кога некој човек ќе го фати љубомора, па се посомнева дека жена му е неверна. Тогаш нека ја постави жената пред Јехова, а свештеникот нека постапи со неа според целиот овој закон. 31 Тој човек нека биде слободен од вина, а жената нека одговара за својот престап‘ “.

6 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако човек или жена даде посебен завет дека ќе живее како назареец*+ пред Јехова, 3 нека се воздржува од вино и од опоен пијалак. Нека не пие вински оцет, ниту оцет од опоен пијалак,+ нека не пие никаков пијалак направен од грозје и нека не јаде грозје, ни свежо ни суво. 4 За сето време на своето назарејство не смее да јаде ништо што се прави од винова лоза, ниту незрело грозје ниту лушпи.

5 Сѐ додека трае неговиот назарејски завет, брич да не поминува по неговата глава.+ Додека не се наврши времето за кое се обврзал дека ќе биде одвоен за Јехова, нека биде свет и нека ја пушти косата+ на главата слободно да му расте. 6 За сето време додека е одвоен за Јехова да не се приближува до мртовец.*+ 7 Нека не се валка ниту заради татко, ниту заради мајка, ниту заради брат, ниту заради сестра ако умре,+ зашто на својата глава го носи знакот на назарејството пред својот Бог.

8 За сето време на своето назарејство тој е свет пред Јехова. 9 Но, ако некој умре ненадејно покрај него,+ па така си ја извалка главата на која е знакот на неговото назарејство, нека си ја избричи+ главата на денот кога ќе биде прогласен за чист. На седмиот ден нека ја избричи. 10 На осмиот ден нека му донесе на свештеникот на влезот во шаторот на средбата две грлици или два млади гулаба.+ 11 Свештеникот нека го принесе едниот како жртва за грев,+ а другиот како жртва паленица,+ и нека изврши за него обред на очистување бидејќи згрешил приближувајќи се до мртовец.* Во тој ден нека ја посвети својата глава. 12 Нека живее како назареец+ пред Јехова за сето време на своето назарејство и нека принесе едногодишно јагне како жртва за вина.+ А претходното време нема да се смета, бидејќи го извалкал своето назарејство.

13 А ова е законот за назареецот: кога ќе се навршат деновите на неговото назарејство,+ нека го доведат* на влезот во шаторот на средбата. 14 И тој како своја жртва нека му принесе на Јехова машко јагне без недостаток, старо до една година, како жртва паленица,+ едно женско јагне без недостаток старо до една година како жртва за грев,+ еден овен без недостаток како жртва на заедништвото,+ 15 кошница со бесквасни тркалезни лебови од фино брашно+ замесено со масло,+ како и со бесквасни кори намачкани со масло,+ и нивната житна жртва+ и жртвата налевница.+ 16 Свештеникот нека ги донесе пред Јехова и нека ги принесе неговата жртва за грев и жртвата паленица.+ 17 И нека му го принесе овенот на Јехова како жртва на заедништвото+ заедно со кошницата со бесквасни лебови; свештеникот нека ја принесе и неговата житна жртва,+ како и неговата жртва налевница.

18 На влезот во шаторот на средбата назареецот нека го избричи+ од својата глава знакот на назарејството и нека ја земе косата од својата глава, која му е знак на назарејството, и нека ја стави во огнот што гори под жртвата на заедништвото. 19 Потоа свештеникот нека земе варена+ плешка од овенот, еден бесквасен тркалезен леб од кошницата, една бесквасна кора+ и нека го стави сето тоа на рацете на назареецот откако овој дозволил да му го избричат знакот на неговото назарејство. 20 Свештеникот нека го заниша тоа како нишана жртва пред Јехова.+ Тоа е нешто свето што му припаѓа на свештеникот, заедно со градите+ од нишаната жртва и бутот од прилогот.+ Потоа назареецот може да пие вино.+

21 Тоа е законот за назареецот+ кој ќе се заветува, за неговата жртва за Јехова поради неговото назарејство, не сметајќи го она што може уште да го даде. Како што се заветувал, така нека постапи според законот за своето назарејство‘ “.

22 Јехова уште му рече на Мојсеј: 23 „Кажи им на Арон и на неговите синови и речи им: ‚Вака благословувајте+ ги синовите на Израел:

24 „Јехова нека те благослови+ и нека те чува.+

25 Јехова нека те осветли со своето лице+ и нека биде милостив кон тебе.+

26 Јехова нека го подигне своето лице кон тебе+ и нека ти даде мир“ ‘.+

27 И со моето име+ нека ги благословуваат синовите на Израел за да ги благословам“.+

7 Во оној ден кога Мојсеј го заврши подигањето на светиот шатор,+ го помаза+ и го посвети со целата негова опрема, а исто и жртвеникот со целиот негов прибор. Ги помаза и ги посвети.+ 2 Потоа го приложија својот дар+ поглаварите на Израел,+ главари на своите родови, односно племенските кнезови што го водеа попишувањето, 3 и го донесоа својот прилог пред Јехова: шест покриени коли и дванаесет грла говеда — по една кола за двајца поглавари и по еден бик за секого. Ги доведоа пред светиот шатор. 4 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 5 „Прими го тоа од нив за да се употреби за службата околу шаторот на средбата. Дај им го тоа на левитите, секому според неговата служба“.

6 Така Мојсеј ги прими колите и говедата и им ги даде на левитите. 7 Две коли и четири грла говеда им даде на синовите на Гирсон според нивната служба,+ 8 четири коли и осум грла говеда им даде на синовите на Мерариј според нивната служба,+ под водството на Итамар, синот на свештеникот Арон.+ 9 А на синовите на Кат не им даде ништо, бидејќи ним им беше доверена службата на светото место.+ Тие ги носеа работите на раменици.+

10 Поглаварите потоа го приложија својот дар на свеченоста+ по повод поставувањето на жртвеникот на денот кога беше помазан. И поглаварите го донесуваа својот прилог пред жртвеникот. 11 И Јехова му рече на Мојсеј: „Секој ден по еден поглавар нека го донесе својот прилог на свеченоста по повод поставувањето на жртвеникот“.+

12 Во првиот ден својот прилог го донесе Насон,+ синот на Аминадав, од племето на Јуда. 13 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел,+ полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 14 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 15 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 16 едно јаре за жртва за грев;+ 17 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Насон, синот на Аминадав.+

18 Во вториот ден, Нетанел,+ синот на Суар, поглавар на племето на Исахар, го приложи својот дар. 19 Како свој прилог донесе еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 20 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 21 еден јунец, еден овен, едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 22 едно јаре за жртва за грев,+ 23 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Нетанел, синот на Суар.

24 Во третиот ден на ред беше поглаварот на синовите на Завулон — Елијав,+ синот на Хелон. 25 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва; 26 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 27 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 28 едно јаре за жртва за грев,+ 29 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елијав, синот на Хелон.+

30 Во четвртиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Рувим — Елисур,+ синот на Седиур. 31 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 32 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 33 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 34 едно јаре за жртва за грев,+ 35 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елисур, синот на Седиур.+

36 Во петтиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Симеон — Селумил,+ синот на Сурисадај. 37 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 38 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 39 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 40 едно јаре за жртва за грев,+ 41 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Селумил, синот на Сурисадај.+

42 Во шестиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Гад — Елисаф,+ синот на Деуел. 43 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 44 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 45 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 46 едно јаре за жртва за грев,+ 47 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елисаф, синот на Деуел.+

48 Во седмиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Ефрем — Елисама,+ синот на Амиуд. 49 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 50 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 51 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 52 едно јаре како жртва за грев,+ 53 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елисама, синот на Амиуд.+

54 Во осмиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Манасија — Гамалиил,+ синот на Фадасур. 55 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 56 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 57 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 58 едно јаре за жртва за грев,+ 59 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Гамалиил, синот на Фадасур.+

60 Во деветтиот ден, на ред беше поглаварот+ на синовите на Венијамин — Авидан,+ синот на Гедеони. 61 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 62 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 63 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 64 едно јаре за жртва за грев,+ 65 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Авидан, синот на Гедеони.+

66 Во десеттиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Дан — Ахиезер,+ синот на Амисадај. 67 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 68 една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 69 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 70 едно јаре за жртва за грев,+ 71 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Ахиезер, синот на Амисадај.+

72 Во единаесеттиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Асер — Фагаил,+ синот на Ехран. 73 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 74 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 75 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 76 едно јаре за жртва за грев,+ 77 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Фагаил, синот на Ехран.+

78 Во дванаесеттиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Нефталим — Ахиреј,+ синот на Енан. 79 Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 80 една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 81 еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 82 едно јаре за жртва за грев,+ 83 а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Ахиреј, синот на Енан.+

84 Ова беше прилогот+ од поглаварите+ на Израел кои, по повод поставувањето на жртвеникот, на денот кога беше помазан, принесоа: дванаесет сребрени садови, дванаесет сребрени чинии+ и дванаесет златни чаши. 85 Секој сребрен сад тежеше сто и триесет сикли, а секоја чинија седумдесет. Во садовите имаше вкупно две илјади и четиристотини сикли сребро, според светиот сикел.+ 86 Златни чаши+ полни со темјан имаше дванаесет и секоја чаша тежеше десет сикли, според светиот сикел. Во чашите имаше вкупно сто и дваесет сикли злато. 87 А стока за жртва паленица+ имаше вкупно: дванаесет јунци, дванаесет овни, дванаесет едногодишни машки јагниња со нивните житни жртви+ и дванаесет јариња како жртва за грев.+ 88 А стока за жртви на заедништвото+ имаше вкупно: дваесет и четири јунци, шеесет овни, шеесет јарци и шеесет едногодишни машки јагниња. Тоа е прилогот за свеченоста по повод поставувањето на жртвеникот+ откако беше помазан.+

89 Кога влегуваше во шаторот на средбата да разговара со Бог,+ Мојсеј го слушаше гласот што му зборуваше одозгора, од над поклопецот+ на ковчегот на сведоштвото, меѓу двата херувима.*+ Така му зборуваше.

8 Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Кажи му на Арон и речи му: ‚Кога ќе ги палиш светилките на светилникот, седум светилки нека го осветлуваат просторот пред него‘ “.+ 3 И Арон направи така. Ги запали светилките да го осветлуваат просторот пред светилникот,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 4 А светилникот беше изработен вака: беше искован од злато, од стеблото до цветовите беше искован.+ Мојсеј го изработи светилникот според образецот+ што му го беше покажал Јехова.

5 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 6 „Земи ги левитите меѓу синовите на Израел и очисти ги.+ 7 Вака постапи со нив за да ги очистиш: попрскај ги со вода што очистува од грев,+ а тие нека си го избричат целото тело,+ нека си ја исперат облеката+ и нека се очистат.+ 8 Потоа нека земат еден јунец+ со неговата житна жртва+ од фино брашно замесено со масло, а ти земи друг јунец како жртва за грев.+ 9 И доведи ги левитите пред шаторот на средбата и собери ја целата заедница од синови на Израел.+ 10 Доведи ги левитите пред Јехова, па синовите на Израел нека ги положат+ рацете врз левитите.+ 11 И Арон нека каже левитите да се занишаат пред Јехова како нишана жртва+ што ја принесуваат синовите на Израел. Нивната работа нека биде да му вршат служба на Јехова.+

12 Потоа левитите нека ги положат рацете врз главите на јунците.+ Тогаш принеси го едниот како жртва за грев, а другиот како жртва паленица за Јехова, за да го извршиш за левитите обредот на очистување.+ 13 И постави ги левитите пред Арон и пред неговите синови и занишај ги како нишана жртва што му ја принесуваш на Јехова. 14 Одвој ги левитите од синовите на Израел; и левитите нека ми припаднат мене.+ 15 Потоа левитите нека дојдат да служат во шаторот на средбата.+ Значи, очисти ги и занишај ги како нишана жртва.+ 16 Зашто, тие се дарувани,* дарувани ми се мене меѓу синовите на Израел.+ Нив ги зедов за себе наместо сите што ја отвораат материцата, сите првородени од синовите на Израел.+ 17 Зашто мене ми припаѓа секој првороден меѓу синовите на Израел — и од луѓето и од животните.+ Во оној ден кога ги погубив сите првородени во египетската земја,+ ги посветив за себе.+ 18 И ќе ги земам левитите наместо сите првородени меѓу синовите на Израел.+ 19 И ќе им ги дадам левитите на Арон и на неговите синови како дарувани меѓу синовите на Израел,+ за да ја вршат службата на синовите на Израел во шаторот на средбата+ и да го вршат за синовите на Израел обредот на очистување, за да не ги снајде некаква неволја синовите на Израел,+ зашто се приближија до светото место“.

20 Мојсеј, Арон и целата заедница од синови на Израел направија така со левитите. Како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј за левитите, така направија синовите на Израел со нив. 21 Откако левитите се очистија+ и ги испраа своите облеки, Арон ги заниша како нишана жртва пред Јехова.+ И Арон изврши за нив обред на очистување за да бидат чисти.+ 22 Потоа левитите влегоа да ја вршат својата служба во шаторот на средбата пред Арон и пред неговите синови.+ Како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј за левитите, така направија со нив.

23 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 24 „И ова важи за левитите: левитот на возраст од дваесет и пет години нагоре стапува во редовите на оние што служат во шаторот на средбата. 25 А кога ќе наполни педесет години, нека истапи од редовите на оние што служат и повеќе нека не служи. 26 Нека им помага на своите браќа во шаторот на средбата при извршувањето на нивните должности, но самиот да не врши служба. Така да направиш со левитите и со нивните должности“.+

9 Во првиот месец,+ во втората година по излегувањето од египетската земја, Јехова му зборуваше на Мојсеј во Синајската Пустина и му рече: 2 „Синовите на Израел нека ја подготват пасхалната жртва+ во одреденото време.+ 3 Подгответе ја во одреденото време, во приквечерината* на четиринаесеттиот ден од овој месец.+ Подгответе ја според сите нејзини одредби и прописи“.+

4 Така Мојсеј им рече на синовите на Израел да ја подготват пасхалната жртва. 5 И ја подготвија пасхалната жртва во Синајската Пустина, во првиот месец, во приквечерината на четиринаесеттиот ден од месецот. Како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј, така направија синовите на Израел.+

6 А имаше луѓе кои се беа извалкале со мртовец,*+ така што во оној ден не можеа да ја подготват пасхалната жртва. Затоа во истиот ден дојдоа пред Мојсеј и Арон.+ 7 И тие луѓе му рекоа: „Се извалкавме со мртовец.* Зошто да ни биде одземена можноста да му принесеме жртва+ на Јехова во одреденото време заедно со останатите синови на Израел?“ 8 Тогаш Мојсеј им рече: „Стојте тука да чујам што ќе заповеда Јехова за вас“.+

9 А Јехова му рече на Мојсеј: 10 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако некој од вас или од вашите потомци се извалка со мртовец*+ или е на далечен пат, сепак нека му подготви пасхална жртва на Јехова. 11 Таквите нека ја подготват во вториот месец,+ во приквечерината на четиринаесеттиот ден. Нека ја јадат со бесквасен леб и со горчливо зелје.+ 12 Ништо да не остават од неа до утрото+ и да не ѝ скршат ниту една коска.+ Нека ја подготват според сите одредби за пасхалната жртва.*+ 13 Но, ако некој е чист и не е на пат, а сепак пропуштил да ја подготви пасхалната жртва, таквиот* да биде погубен и така да се отстрани од неговиот народ,+ зашто не му ја принел на Јехова жртвата во одреденото време. Таквиот човек нека одговара за својот грев.+

14 Ако со вас живее дојденец, и тој нека му подготвува пасхална жртва на Јехова.+ Нека ја подготви според одредбите и прописите за пасхалната жртва.+ Истите одредби нека важат за сите вас — и за дојденецот и за родениот Израелец‘ “.+

15 На денот кога беше подигнат светиот шатор,+ облак го покри шаторот, шаторот на Сведоштвото,+ а од вечерта до утрото над шаторот имаше нешто како оган.+ 16 Така беше секогаш: дење го покриваше облак, а ноќе нешто како оган.+ 17 Секогаш кога облакот ќе се кренеше од шаторот, синовите на Израел веднаш тргнуваа.+ А на местото каде што облакот ќе застанеше, тука синовите на Израел се улогоруваа.+ 18 По Јеховина заповед синовите на Израел тргнуваа и по Јеховина заповед се улогоруваа.+ За сето време додека облакот стоеше над шаторот, тие остануваа улогорени. 19 Ако облакот се задржеше над шаторот долго време, синовите на Израел го правеа она што го бараше Јехова од нив и не тргнуваа на пат.+ 20 Понекогаш облакот ќе останеше над шаторот по неколку дена. По Јеховина заповед+ остануваа улогорени и по Јеховина заповед тргнуваа. 21 Понекогаш облакот+ стоеше од вечер до утро, а изутрината облакот ќе се кренеше, и тие тргнуваа. Сеедно дали дење или ноќе, кога и да се кренеше облакот, тие тргнуваа на пат.+ 22 Ако облакот се задржеше над шаторот два дена, еден месец или подолго време, останувајќи над него, синовите на Израел остануваа улогорени и не тргнуваа, но штом ќе се кренеше, тие тргнуваа.+ 23 По Јеховина заповед се улогоруваа и по Јеховина заповед тргнуваа. Го правеа она што го бараше Јехова од нив,+ како што беше заповедал Јехова преку Мојсеј.+

10 Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Направи си две сребрени труби.+ Направи ги од ковано сребро. Нека ти служат за да ја свикуваш+ заедницата и за да објавуваш тргнување. 3 Кога ќе затрубите во двете, целата заедница нека се собере кај тебе на влезот во шаторот на средбата.+ 4 Ако затрубите само во една, поглаварите што се поставени над илјадниците на Израел нека се соберат кај тебе.+

5 Кога ќе затрубите така што трубата ќе се огласи со променлив звук, нека тргнат таборите што се сместени на источната страна.+ 6 Кога ќе затрубите по вторпат така што трубата ќе се огласи со променлив звук, нека тргнат таборите што се сместени на јужната страна.+ Така нека затрубат секојпат кога треба да тргне една група.

7 Трубете и кога ја свикувате заедницата,*+ но тоа нека не биде променлив звук. 8 Синовите на Арон, свештениците, нека трубат во трубите.+ Тоа нека ви биде трајна одредба од поколение до поколение.

9 Ако во својата земја тргнете во војна против угнетувачот што ве угнетува,+ вашите труби нека огласат воен повик,+ и Јехова, вашиот Бог, ќе се сети на вас и ќе ве избави од вашите непријатели.+

10 На денот на вашата веселба,+ на вашите празници+ и на почетокот од вашите месеци,+ трубете во трубите над своите жртви паленици+ и над жртвите на заедништвото.+ Тоа нека биде спомен за вас пред вашиот Бог. Јас сум Јехова, вашиот Бог“.+

11 Во втората година, на вториот месец, на дваесеттиот ден од тој месец,+ облакот се крена од шаторот+ на Сведоштвото. 12 Тогаш синовите на Израел тргнаа по својот ред+ од Синајската Пустина и патуваа сѐ додека облакот не застана во пустината Фаран.+ 13 Така тргнаа за првпат, според заповедта што ја даде Јехова преку Мојсеј.+

14 Прва тргна триплеменската група од синовите на Јуда по своите чети,+ а над нивната војска беше Насон,+ синот на Аминадав. 15 Над војската од племето на синовите на Исахар беше Нетанел,+ синот на Суар. 16 А над војската од племето на синовите на Завулон беше Елијав, синот на Хелон.+

17 Откако беше расклопен шаторот,+ синовите на Гирсон+ и синовите на Мерариј+ тргнаа носејќи го шаторот.

18 Потоа тргна триплеменската група од таборот на Рувим+ по своите чети, а над нивната војска беше Елисур,+ синот на Седиур. 19 Над војската од племето на синовите на Симеон+ беше Селумил,+ синот на Сурисадај. 20 А над војската од племето на синовите на Гад беше Елисаф,+ синот на Деуел.

21 Потоа тргнаа синовите на Кат носејќи ги посветените работи од светилиштето,+ а до нивното доаѓање шаторот веќе беше подигнат.

22 Потоа тргна триплеменската група од таборот на синовите на Ефрем+ по своите чети, а над нивната војска беше Елисама,+ синот на Амиуд. 23 Над војската од племето на синовите на Манасија+ беше Гамалиил,+ синот на Фадасур. 24 А над војската од племето на синовите на Венијамин+ беше Авидан,+ синот на Гедеони.

25 Триплеменската група од синовите на Дан+ тргна по своите чети како заштитна стража+ на сите табори, а над нивната војска беше Ахиезер,+ синот на Амисадај. 26 Над војската од племето на синовите на Асер+ беше Фагаил,+ синот на Ехран. 27 А над војската од племето на синовите на Нефталим+ беше Ахиреј,+ синот на Енан. 28 По тој ред заминуваа синовите на Израел по своите чети кога тргнуваа на пат.+

29 И Мојсеј му рече на Овав, синот на Мадијамецот Рагуил,+ тестот на Мојсеј: „Се упативме во крај за кој Јехова рече: ‚Вам ќе ви го дадам‘.+ Појди со нас и ќе ти направиме добро,+ зашто Јехова му вети добро на Израел“.+ 30 Но тој му одговори: „Нема да одам со вас, туку ќе се вратам во својата земја,+ кај својот род“. 31 Тогаш Мојсеј рече: „Те молам, не оставај нѐ, зашто ти знаеш каде во пустината можеме да се улогориме, па ќе ни бидеш како очи. 32 Ако појдеш со нас,+ како што Јехова ќе ни прави добро нам, знај оти така и ние ќе ти правиме добро тебе“.

33 Така заминаа од Јеховината гора+ на три дена одење, а ковчегот на Јеховиниот сојуз+ одеше пред нив на три дена одење за да им побара место каде што ќе се одморат.+ 34 И Јеховиниот облак+ беше над нив дење, кога поаѓаа од логорот.

35 Кога ќе тргнеше ковчегот, Мојсеј ќе речеше: „Стани, Јехова! Нека се расеат твоите непријатели+ и нека побегнат од пред тебе оние што многу те мразат!“+ 36 А кога ќе застанеше, ќе речеше: „Врати се, Јехова, кај неброените илјади Израелови!“+

11 И народот почна да се жали пред Јехова дека му е тешко.+ Кога Јехова го чу тоа, се разгоре неговиот гнев. Оган од Јехова пламна врз нив, па проголта некои на краевите од логорот.+ 2 А народот извика кон Мојсеј, па тој сесрдно го помоли Јехова+ и огнот згасна. 3 Тоа место го доби името Тавера,*+ бидејќи таму против нив пламна оган од Јехова.

4 Мноштвото други луѓе+ што беа меѓу нив почнаа себично да копнеат по јадење,+ па и синовите на Израел почнаа повторно да плачат и да велат: „Кој ќе ни даде да јадеме месо?+ 5 Добро се сеќаваме на рибите што ги јадевме без пари во Египет,+ и на краставиците, на лубениците, на празот, на кромидот и на лукот! 6 А сега душата ни се исуши. Пред нашите очи нема ништо друго освен мана“.+

7 А маната+ беше како коријандрово+ семе, а на изглед беше како смола од бделиум.+ 8 Народот одеше наоколу, ја собираше+ и ја мелеше во рачни мелници или ја толчеше во аван, ја вареше во котел+ или од неа правеше погачи. Имаше вкус на благ колач зготвен со масло.+ 9 Ноќе, кога паѓаше роса врз логорот, со неа паѓаше и маната.+

10 Мојсеј го чу народот како плаче во своите семејства, секој на влезот во својот шатор. И Јеховиниот гнев силно се разгоре,+ а и во очите на Мојсеј сето тоа беше зло.+ 11 Тогаш Мојсеј му рече на Јехова: „Зошто му нанесуваш зло на својот слуга? Зошто не најдов милост во твоите очи, туку го стави на мене товарот на сиот овој народ?+ 12 Јас ли го зачнав сиот овој народ? Јас ли го родив, па ми велиш: ‚Носи го во своите прегратки,+ како што хранителот го носи доенчето‘,+ во земјата која со заклетва им ја вети на нивните прататковци?+ 13 Од каде кај мене месо за да му дадам на сиот овој народ? Оти, плачат пред мене и велат: ‚Дај ни месо да јадеме!‘ 14 Не можам јас сам да го носам сиот овој народ, зашто е претежок за мене.+ 15 Ако постапуваш така со мене, те молам, подобро убиј ме,+ ако сум нашол милост во твоите очи, за да не ја гледам повеќе својата неволја“.

16 А Јехова му рече на Мојсеј: „Собери ми седумдесет мажи од старешините на Израел,+ за кои знаеш дека се старешини на народот и негови управители.+ Доведи ги кај шаторот на средбата, па нека застанат таму со тебе. 17 Јас ќе слезам+ и таму ќе зборувам со тебе.+ Ќе земам од духот+ што е на тебе и ќе го ставам на нив, па тие со тебе ќе го носат товарот на народот за да не го носиш сам.+ 18 А на народот кажи му: ‚Посветете се за утре+ зашто ќе јадете месо, поради тоа што плачевте пред Јехова+ и велевте: „Кој ќе ни даде да јадеме месо? Зашто, ни беше добро во Египет“.+ Затоа Јехова ќе ви даде месо и ќе го јадете.+ 19 Нема да го јадете еден ден, ниту два дена, ниту пет дена, ниту десет дена, ниту дваесет дена, 20 туку цел месец, додека не ви излезе низ нос и не ви се згади,+ зашто го отфрливте Јехова, кој е меѓу вас, и плачевте пред него, велејќи: „Зошто воопшто излеговме од Египет?“ ‘ “+

21 А Мојсеј возврати: „Во народот меѓу кој се наоѓам има шестотини илјади пешаци,+ а ти велиш: ‚Ќе им дадам месо и ќе јадат од него цел месец‘! 22 Дали ќе им се наколе ситна и крупна стока за да им биде доста?+ Или ќе им бидат фатени сите риби од морето за да им биде доста?“

23 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Зарем Јеховината рака станала прекратка?+ Сега ќе видиш дали ќе се случи тоа што го реков или не“.+

24 Потоа Мојсеј излезе и му ги кажа на народот Јеховините зборови. Собра седумдесет мажи меѓу народните старешини и ги постави околу шаторот.+ 25 И Јехова слезе во облакот+ и зборуваше со него,+ па зеде од духот+ што беше на него и го стави на секој од седумдесетте старешини. И штом слезе духот на нив, почнаа да се однесуваат необично — како пророци кога ќе паднат во пророчки занес. Но тоа никогаш повеќе не се повтори.+

26 А двајца останаа во логорот. Едниот се викаше Елдад, а другиот Медад. И духот слезе на нив, зашто и тие беа меѓу попишаните, но не дојдоа кај шаторот, туку почнаа да се однесуваат необично во логорот — како пророци кога ќе паднат во пророчки занес. 27 Еден младич отрча и му го јави тоа на Мојсеј: „Елдад и Медад се однесуваат како пророци во логорот!“ 28 Тогаш Исус, синот на Навин, кој му беше слуга+ на Мојсеј од својата младост, рече: „Мојсеј, господару мој, забрани им!“+ 29 А Мојсеј му возврати: „Зарем си љубоморен поради мене? Немој да бидеш! Би сакал сите во Јеховиниот народ да бидат пророци, зашто тогаш Јехова би го ставил својот дух на нив!“+ 30 Потоа Мојсеј се врати во логорот заедно со старешините на Израел.

31 И се крена ветар+ од Јехова кој донесе потполошки откај морето+ и ги расфрли над логорот, на еден ден одење од едната страна и на еден ден одење од другата страна, околу целиот логор, до два лакта* од земјата. 32 Народот стана и целиот тој ден, цела ноќ и целиот утрешен ден собираше потполошки. Оној што собра најмалку собра десет гомери.*+ И ги простреа околу целиот логор. 33 Месото уште им беше меѓу забите,+ не го имаа ни изџвакано, кога се разгоре Јеховиниот гнев+ против народот. Јехова го удри народот со многу голем помор.+

34 Тоа место го доби името Киврот-Атава,*+ зашто таму го закопаа народот што себично копнееше по јадење.+ 35 Од Киврот-Атава народот тргна кон Асирот. И останаа во Асирот.+

12 Маријам и Арон почнаа да зборуваат против Мојсеј поради жената Хусанка со која се беше оженил, зашто за жена беше зел Хусанка.+ 2 И велеа: „Зарем Јехова зборува само преку Мојсеј? Не зборува ли и преку нас?“+ И Јехова го слушаше тоа.+ 3 А Мојсеј беше многу кроток човек, најкроткиот+ од сите луѓе на земјата.

4 И Јехова веднаш им рече на Мојсеј, на Арон и на Маријам: „Вие тројцата одете кај шаторот на средбата“. Така тие тројцата отидоа. 5 Потоа Јехова слезе во столбот од облак+ и застана на влезот во шаторот, па ги повика Арон и Маријам. И двајцата истапија напред. 6 Тогаш им рече: „Ве молам, послушајте ги моите зборови. Да се јавеше меѓу вас Јеховин пророк, јас ќе му се објавев во видение.+ Ќе му зборував на сон.+ 7 Но не е така со мојот слуга Мојсеј!+ Нему му е доверен целиот мој дом.+ 8 Со него разговарам лице в лице,+ со јасни зборови, а не со загатки.+ И тој ја гледа Јеховината појава.+ Како тогаш не се плашевте да зборувате против мојот слуга, против Мојсеј?“+

9 Тогаш Јехова многу се разгневи против нив и си отиде. 10 И облакот се оддалечи од шаторот, и гледај, Маријам стана лепрозна, бела како снег.+ А Арон се сврте кон Маријам и виде дека е лепрозна.+ 11 Тогаш Арон му рече на Мојсеј: „Прости ми, господару! Те молам, не земај ни ја за грев глупоста што ја направивме!+ 12 Те молам, таа да не остане како некој мртовец,+ кому телото уште при излегувањето од мајчината утроба половина му е изедено!“ 13 И Мојсеј викна кон Јехова: „О Боже, те молам, излечи ја!“+

14 А Јехова му рече на Мојсеј: „Да ѝ плукнеше+ татко ѝ в лице, немаше ли да биде посрамена седум дена? Нека биде седум дена надвор од логорот,+ одвоена од заедницата,+ а потоа нека биде примена“.+ 15 Така Маријам беше седум дена надвор од логорот, одвоена од заедницата.+ Народот не тргна на пат додека Маријам не беше примена повторно. 16 Потоа народот тргна од Асирот+ и се улогори во пустината Фаран.+

13 Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Испрати луѓе да ја извидат ханаанската земја, која им ја давам на синовите на Израел.+ Испрати по еден човек од секое племе на нивните татковци; секој нека биде поглавар+ меѓу нив“.

3 И Мојсеј ги испрати од пустината Фаран+ на заповедта од Јехова. Сите тие луѓе беа поглавари на синовите на Израел. 4 А ова се нивните имиња: од племето на Рувим — Самуј, синот на Захур; 5 од племето на Симеон — Сафат, синот на Хори; 6 од племето на Јуда — Халев,+ синот на Јефониј; 7 од племето на Исахар — Игал, синот на Јосиф; 8 од племето на Ефрем — Осиј,+ синот на Навин; 9 од племето на Венијамин — Фалтиј, синот на Рафу; 10 од племето на Завулон — Гадиил, синот на Содиј; 11 од племето на Јосиф,+ за племето на Манасија+ — Гадиј, синот на Сусиј; 12 од племето на Дан — Амил, синот на Гемали; 13 од племето на Асер — Сетур, синот на Михаел; 14 од племето на Нефталим — Навиј, синот на Вопсиј; 15 од племето на Гад — Гуел, синот на Махи. 16 Тоа се имињата на луѓето што Мојсеј ги испрати да ја извидат земјата. А Осиј, синот на Навин, Мојсеј го нарече Исус.+

17 Кога ги испрати да ја извидат ханаанската земја, Мојсеј им рече: „Појдете во Негев,*+ па тогаш искачете се на ридовите.+ 18 Видете каква е земјата+ и каков е народот што живее во неа, дали е силен или е слаб, малоброен или многуброен; 19 каква е земјата во која живеат, дали е добра или лоша; во какви градови живеат, во логори или во утврдени градови; 20 и каква е почвата, дали е плодна или сиромашна,+ има ли на неа дрвја или нема. Бидете храбри+ и донесете од плодовите на таа земја“. А токму беше времето на првото грозје.+

21 Така заминаа да ја извидат земјата од пустината Зин+ до Рехов,+ на влезот во Емат.+ 22 Се искачија во Негев,+ а потоа дојдоа до Хеврон.+ Таму живееја Ахиман, Сесај и Талмај,+ потомци на Енак.+ А Хеврон+ беше изграден седум години пред Соан+ во Египет. 23 Кога дојдоа во долината* на Есхол,+ таму одрежаа ластар со грозд+ и двајца го понесоа на стап; понесоа и калинки+ и смокви. 24 На тоа место му го дадоа името долина на Есхол,*+ поради грозјето што го одрежаа таму синовите на Израел.

25 По четириесет дена+ се вратија од земјата што ја извидуваа. 26 Одејќи така, дојдоа кај Мојсеј и кај Арон и кај целата заедница од синови на Израел во Кадис,+ во пустината Фаран. Ним и на целата заедница им поднесоа извештај и им ги покажаа плодовите од онаа земја. 27 Го известија Мојсеј: „Отидовме во земјата во која нѐ испрати. Навистина во неа тече мед и млеко,+ а ова се нејзините плодови.+ 28 Но народот што живее во таа земја е силен, градовите се утврдени и многу големи.+ А ги видовме таму и потомците на Енак.+ 29 Амаличаните+ живеат на подрачјето на Негев,+ Хетејците, Евусејците+ и Аморејците+ живеат на ридовите, а Ханаанците+ живеат покрај морето и по должината на Јордан“.

30 Халев+ тогаш се обиде пред Мојсеј да го смири народот: „Да појдеме горе без колебање и да ја освоиме, зашто сигурно можеме да ја завладееме“.+ 31 Но луѓето што одеа со него рекоа: „Не можеме да одиме против оној народ зашто е посилен од нас“.+ 32 И почнаа да им зборуваат лошо+ на синовите на Израел за земјата што ја извидуваа: „Земјата низ која поминавме да ја извидиме е земја што ги проголтува своите жители. Сите луѓе што ги видовме во неа се луѓе со необично крупна става.+ 33 Таму видовме џинови, синови на Енак,+ од џиновски род.* Ни се чинеше дека спрема нив сме како скакулци, а такви им изгледавме и ние ним“.+

14 Тогаш целата заедница почна да вика, и народот викаше и плачеше+ целата таа ноќ. 2 И сите синови на Израел мрмореа против Мојсеј и Арон,+ а целата заедница им велеше: „Камо да изумревме во египетската земја или барем да изумревме во оваа пустина! 3 Зошто нѐ води Јехова во таа земја да паднеме од меч?+ Нашите жени и деца ќе станат плен.+ Зарем не е подобро да се вратиме во Египет?“+ 4 Па дури си велеа еден на друг: „Да си поставиме водач и да се вратиме во Египет!“+

5 Тогаш Мојсеј и Арон паднаа ничкум+ пред целата заедница од синови на Израел. 6 А Исус, синот на Навин,+ и Халев, синот на Јефониј,+ кои беа меѓу оние што ја извидуваа земјата, ги раскинаа облеките+ 7 и на целата заедница од синови на Израел им рекоа вака: „Земјата низ која поминавме за да ја извидиме навистина е многу добра земја.+ 8 Ако сме му по волја на Јехова,+ тој ќе нѐ одведе во таа земја — земја во која тече мед и млеко — и ќе ни ја даде.+ 9 Само немојте да се буните против Јехова!+ Не плашете се од народот од онаа земја,*+ зашто можеме да го изедеме како леб! Нивното засолниште отстапило од нив,+ а со нас е Јехова.+ Не плашете се од нив!“+

10 Но целата заедница велеше дека ќе ги затрупа со камења.+ А славата на Јехова се покажа над шаторот на средбата пред сите синови на Израел.+

11 И Јехова му рече на Мојсеј: „До кога+ ќе ме презира овој народ?+ До кога нема да ми веруваат и покрај сите чуда што ги направив меѓу нив?+ 12 Ќе го удрам со помор и ќе го протерам, а од тебе ќе направам народ поголем и помоќен од нив“.+

13 Тогаш Мојсеј му рече на Јехова: „Но за тоа ќе чујат Египќаните, од чија средина ти со својата сила го изведе овој народ.+ 14 И ќе им го кажат тоа на жителите на оваа земја. Тие чуле дека ти, Јехова, си меѓу овој народ+ и дека му се јавуваш лице в лице.+ Чуле дека ти си Јехова и дека твојот облак стои над нив, дека одиш пред нив во столбот од облак дење и во столбот од оган ноќе.+ 15 Ако го погубиш овој народ како еден човек,+ тогаш народите што чуле за твојата слава ќе речат: 16 ‚Јехова не можеше да го доведе овој народ во земјата која со заклетва му ја вети, па затоа го погуби во пустината‘.+ 17 Затоа сега те молам, Јехова, нека се покаже величината на твојата сила,+ како што рече: 18 ‚Јехова, бавен на гнев+ и полн со милост,*+ кој простува престапи и вина,+ но не ослободува од казна+ и за престапите на татковците ги казнува синовите до третото и до четвртото колено‘.+ 19 Те молам, прости му ги престапите на овој народ поради својата голема милост, како што му простуваше на овој народ од Египет до сега“.+

20 Тогаш Јехова рече: „Простувам според твојот збор.+ 21 Но, како што сум жив, целата земја ќе биде полна со Јеховината слава.+ 22 А сите оние што ги видоа мојата слава+ и чудата+ што ги правев во Египет и во пустината, а сепак веќе десетпати ме искушуваа+ и не го слушаа мојот глас,+ 23 тие нема да ја видат земјата која со заклетва им ја ветив на нивните татковци — никој од оние што ме презираат нема да ја види.+ 24 А мојот слуга Халев,+ поради тоа што во него имаше поинаков дух и ме слушаше во сѐ,+ него ќе го доведам во земјата во која одеше, и неговите потомци ќе ја заземат.+ 25 Бидејќи Амаличаните и Ханаанците+ живеат во долината, утре свртете се и појдете во пустината по Црвеноморскиот пат“.+

26 И Јехова понатаму им рече на Мојсеј и на Арон: 27 „До кога ќе мрмори против мене оваа зла заедница?+ Го чув мрморењето на синовите на Израел, дека мрморат против мене.+ 28 Кажи им: ‚„Како што сум жив јас,“ вели Јехова, „ќе ви направам онака како што чув со свои уши дека зборувате!+ 29 Во оваа пустина ќе испопаѓаат вашите мртви тела+ — сите вие што сте попишани од дваесет години нагоре, кои мрморевте против мене.+ 30 И нема да влезете во земјата за која со подигната рака се заколнав+ дека ќе живеам во неа со вас, освен Халев, синот на Јефониј, и Исус, синот на Навин.+

31 А вашите деца, за кои рековте дека ќе станат плен,+ нив ќе ги воведам и тие ќе ја запознаат земјата што вие ја презревте.+ 32 А вашите мртви тела ќе испопаѓаат во оваа пустина.+ 33 Вашите синови ќе бидат овчари во пустината*+ четириесет години и ќе одговараат за вашата неверност*+ додека вашите мртви тела не пропаднат во оваа пустина.+ 34 Според бројот на деновите во кои ја извидувавте земјата — четириесет дена,+ ден за година, за секој ден по една година+ — ќе одговарате за своите престапи четириесет години,+ за да знаете што значи да се отуѓам од вас.+

35 Јас, Јехова, велам: така ќе ѝ направам на целата оваа зла заедница,+ на оние што се собраа против мене — ќе изгинат во оваа пустина, овде ќе изумрат.+ 36 А тие луѓе што Мојсеј ги испрати да ја извидат земјата и кои по враќањето ја наведоа целата заедница да мрмори против него зборувајќи лошо за земјата,+ 37 значи, луѓето што зборуваа лошо за земјата, ќе изумрат од чума пред Јехова.+ 38 А од тие луѓе што отидоа да ја извидат земјата, живи ќе останат Исус, синот на Навин, и Халев, синот на Јефониј“ ‘ “.+

39 Кога им ги кажа Мојсеј тие зборови на сите синови на Израел, народот почна многу да тажи.+ 40 И изутрината станаа рано и сакаа да се искачат на врвот од планината, велејќи: „Еве, да се искачиме на местото за кое зборуваше Јехова, зашто згрешивме“.+ 41 Но Мојсеј рече: „Зошто ја престапувате Јеховината заповед?+ Нема да успеете! 42 Немојте да одите горе зашто Јехова не е меѓу вас, за да не ве поразат вашите непријатели!+ 43 Зашто, таму пред вас се Амаличаните и Ханаанците,+ па ќе паднете од меч, бидејќи се одвративте од Јехова, и Јехова повеќе нема да биде со вас“.+

44 А тие сепак се осмелија да тргнат кон врвот од планината,+ но ковчегот на Јеховиниот сојуз и Мојсеј не се помрднаа од логорот.+ 45 Тогаш се спуштија Амаличаните+ и Ханаанците што живееја на онаа планина, удрија на нив и ги гонеа сѐ до Хорма.+

15 Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Кога ќе дојдете во земјата каде што ќе живеете, која ви ја давам,+ 3 и кога ќе принесувате жртва палена за Јехова,+ жртва паленица+ или жртва што се принесува поради посебен завет или доброволно+ или на вашите годишни празници,+ правејќи така од крупната или од ситната стока успокојувачки мирис за Јехова,+ 4 оној што ја принесува својата жртва нека му принесе на Јехова и житна жртва, десеттина ефа* фино брашно+ замесено со четврт ин масло. 5 Со жртвата паленица или со некоја друга жртва принеси и четврт ин вино како жртва налевница+ на секое машко јагне. 6 А со овенот принеси житна жртва од две десеттини фино брашно замесено со третина ин масло. 7 Принеси третина ин вино како жртва налевница за успокојувачки мирис за Јехова.

8 Ако му принесуваш на Јехова јунец како жртва паленица+ или друга жртва заради некој посебен завет+ или како жртва на заедништвото,+ 9 тогаш со машкото од крупната стока принеси и житна жртва+ од три десеттини фино брашно замесено со половина ин масло. 10 Принеси и половина ин вино како жртва налевница;+ тоа е жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова. 11 Така да се подготви секој јунец и секој овен и секое машко јагне или јаре. 12 Сеедно колку ќе принесете, така подгответе го секое од нив, според нивниот број. 13 Секој роден Израелец нека го прави тоа кога ја принесува жртвата палена за успокојувачки мирис за Јехова.+

14 Ако сака да принесе жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова дојденецот што живее меѓу вас или оној што е меѓу вас веќе со поколенија, нека го прави истото што го правите и вие.+ 15 Истата одредба нека важи за вас кои припаѓате на заедницата и за дојденецот што живее меѓу вас.+ Тоа нека биде трајна одредба за вашите поколенија. Дојденецот нека биде пред Јехова како што сте вие.+ 16 Нека важи еден закон и еден пропис за вас и за дојденецот што живее меѓу вас‘ “.+

17 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 18 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Кога ќе дојдете во земјата во која ве водам+ 19 и кога ќе го јадете лебот од таа земја,+ дајте му прилог на Јехова. 20 Како прилог од првините+ на своето крупно брашно принесете прстенест леб. Принесете го како и прилогот од гумното. 21 Од првините на своето крупно брашно давајте прилог за Јехова од поколение до поколение.

22 Ако згрешите и не постапите според сите овие заповеди+ што му ги објави Јехова на Мојсеј, 23 според сѐ што ви заповеда Јехова преку Мојсеј од денот кога Јехова издаде заповед па натаму низ сите ваши поколенија, 24 ако заедницата го направила тоа несакајќи и не била свесна за тоа, нека принесе јунец како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова, заедно со житната жртва и со жртвата налевница според прописот,+ како и едно јаре како жртва за грев.+ 25 Свештеникот нека изврши обред на очистување+ за целата заедница од синови на Израел и ќе им биде простено, бидејќи било несакајќи,+ и тие како своја жртва принеле жртва палена за Јехова, како и својата жртва за грев пред Јехова поради она што го направиле несакајќи. 26 И ќе им биде простено+ на целата заедница од синови на Израел и на дојденецот што живее меѓу нив, зашто целиот народ згрешил несакајќи.

27 Ако некој* згреши несакајќи,+ нека принесе женско јаре старо до една година како жртва за грев.+ 28 И свештеникот нека изврши обред на очистување за човекот* што згрешил ненамерно, правејќи грев пред Јехова, нека изврши обред на очистување, и ќе му биде простено.+ 29 Кога некој ќе направи нешто ненамерно, еден закон нека важи за синовите на Израел и за дојденецот што живее меѓу нив.+

30 Но, ако некој,* било да е роден Израелец било да е дојденец, направи нешто намерно,+ таквиот* хули на Јехова.+ Таквиот да биде погубен и така да биде отстранет од својот народ.+ 31 Поради тоа што ја презрел Јеховината реч+ и ја прекршил неговата заповед,+ таквиот* да биде погубен.+ Нека одговара за својот престап‘ “.+

32 Кога беа во пустината, синовите на Израел еднаш затекоа еден човек како собира дрва на ден за одмор.*+ 33 Оние што го затекоа како собира дрва го доведоа кај Мојсеј и кај Арон и кај целата заедница. 34 Го ставија под стража,+ зашто уште не беше јасно одредено што да се прави со него.

35 А Јехова му рече на Мојсеј: „Тој човек треба да биде погубен!+ Целата заедница нека го затрупа со камења надвор од логорот“.+ 36 Така целата заедница го изведе надвор од логорот, па го затрупа со камења, и тој загина, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

37 И Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 38 „Кажи им на синовите на Израел и речи им нека си прават реси на скутовите од своите облеки од поколение до поколение, и над ресите на скутот нека ставаат сина врвца.+ 39 ‚Ќе имате реси за, кога ќе ги погледнете, да се сетите на сите Јеховини заповеди+ и да ги извршувате, и да не се поведувате по своето срце и по своите очи+ што ве наведуваат да му бидете неверни на својот Бог.*+ 40 Така ќе се сеќавате на сите мои заповеди и ќе ги извршувате, и ќе му бидете свети на својот Бог.+ 41 Јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја за да ви биде Бог.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог‘ “.+

16 Кореј,+ синот на Исар,+ син на Кат,+ син на Леви,+ се побуни со Датан+ и Авирон,+ синовите на Елијав,+ и со Он, синот на Фалет — потомци на Рувим.+ 2 И тие станаа против Мојсеј заедно со двесте и педесет луѓе меѓу синовите на Израел, поглавари на заедницата, кои беа повикувани на собирот и беа познати луѓе. 3 Се собраа против+ Мојсеј и Арон и им рекоа: „Доста беше! Зашто, целата заедница е света,+ сите во неа, и Јехова е меѓу нив.+ Тогаш зошто се возвишувате над Јеховината заедница?“+

4 Кога го чу тоа, Мојсеј падна ничкум. 5 Потоа им рече на Кореј и на целата негова дружина: „Утре изутрина Јехова ќе покаже кој е негов,+ кој е свет+ и кој смее да му се приближи.+ Оној што ќе го избере,+ тој ќе му се приближи. 6 Направете вака: земете си кадилници+ — ти, Кореј, и целата твоја дружина+ — 7 па ставете утре во нив оган и одозгора ставете темјан пред Јехова. Кого Јехова ќе го избере,+ тој ќе биде свет. Доста беше, синови на Леви!“+

8 Мојсеј уште му рече на Кореј: „Ве молам, слушнете, синови на Леви! 9 Зарем ви е малку тоа што Богот на Израел ве одвои+ од израелската заедница за да ве доведе кај себе да ја вршите службата во Јеховиниот шатор и да стоите пред заедницата и да ѝ служите,+ 10 и тоа што тебе и сите твои браќа, синови на Леви, ве доведе кај себе? Морате ли да барате уште и свештеничка служба?+ 11 Затоа ти и целата твоја дружина сте се собрале против Јехова.+ А што е Арон, па да мрморите против него?“+

12 Потоа Мојсеј испрати по Датан и Авирон,+ синовите на Елијав, но тие одговорија: „Нема да дојдеме!+ 13 Зарем е малку тоа што нѐ изведе од земјата во која тече мед и млеко за да нѐ погубиш во оваа пустина,+ па уште сакаш и кнез да се правиш над нас?+ 14 И еве, ти не нѐ доведе во земја во која тече мед и млеко,+ ниту ни даде во наследство ниви и лозја. Зарем мислиш да им ги ископаш очите на овие луѓе? Нема да дојдеме!“

15 Тогаш Мојсеј многу се разгневи, па му рече на Јехова: „Немој да се обѕрнуваш на нивната житна жртва!+ Не сум им зел ниту едно магаре, ниту сум оштетил некого од нив“.+

16 Потоа Мојсеј му рече на Кореј:+ „Ти и целата твоја дружина дојдете утре пред Јехова:+ ти, тие и Арон. 17 Секој нека ја земе својата кадилница и нека стави во неа темјан, па секој нека ја донесе својата кадилница пред Јехова, двесте и педесет кадилници. И ти и Арон донесете ја секој својата кадилница“. 18 И ја зедоа секој својата кадилница, ставија во неа оган и одозгора ставија темјан, па со Мојсеј и со Арон застанаа на влезот во шаторот на средбата. 19 Кога Кореј ја собра против нив целата заедница+ на влезот во шаторот на средбата, на целата заедница ѝ се покажа Јеховината слава.+

20 И Јехова им рече на Мојсеј и Арон: 21 „Одвојте се+ од таа заедница за да ги погубам!“+ 22 А тие паднаа ничкум и рекоа: „О Боже! Боже на животниот дух во секое тело!+ Зарем поради гревот на еден човек ќе се разгневиш против целата заедница?“+

23 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 24 „Кажи ѝ на заедницата и речи: ‚Оддалечете се од шаторите на Кореј, Датан и Авирон!‘ “+

25 Потоа Мојсеј стана и отиде кај Датан и Авирон, а со него тргнаа и старешините+ на Израел. 26 И ѝ рече на заедницата: „Отстапете од шаторите на овие зли луѓе и не допирајте се до ништо што е нивно+ за да не загинете поради сите нивни гревови!“ 27 И веднаш се оддалечија од шаторите на Кореј, Датан и Авирон. А Датан и Авирон излегоа и застанаа на влезот од своите шатори+ со своите жени, со своите синови и со малите деца.

28 Тогаш Мојсеј рече: „По ова ќе знаете дека Јехова ме испратил да ги правам сите овие дела+ и дека не го правам тоа според своето срце:+ 29 ако овие луѓе умрат како што умираат сите луѓе и ако бидат казнети како што се казнуваат сите луѓе,+ тогаш Јехова не ме испратил.+ 30 Но, ако Јехова направи нешто ново,+ па земјата ја отвори устата и ги проголта+ со сѐ што е нивно, та отидат живи во гробот,*+ тогаш знајте дека тие луѓе го презирале Јехова“.+

31 Само што ги изговори овие зборови, земјата под нив се распука.+ 32 И земјата ја отвори устата и ги проголта нив, нивните семејства, сите луѓе на Кореј и сиот нивни имот.+ 33 Живи отидоа в гроб,* тие и сите нивни, и земјата ги покри,+ па исчезнаа од заедницата.+ 34 Сите Израелци што стоеја околу нив се разбегаа од нивниот врисок, велејќи: „Да не нѐ проголта земјата и нас!“+ 35 И излезе оган од Јехова,+ па ги изгоре тие двесте и педесет луѓе што принесуваа темјан.+

36 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 37 „Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон, да ги собере кадилниците+ од пепелиштето и речи му: ‚Расфрли го огнот подалеку; зашто се свети 38 дури и кадилниците на тие луѓе кои ѝ згрешија на сопствената душа.+ Од нив нека направат танки метални плочи за да се обложи жртвеникот+ со нив, зашто ги донесоа пред Јехова и затоа станаа свети. Нека им служат како знак на синовите на Израел‘ “.+ 39 Така свештеникот Елеазар ги зеде бакарните кадилници+ што ги беа донеле оние што изгореа, па ги прековаа за да го обложат со нив жртвеникот, 40 за синовите на Израел да си спомнуваат дека ниту еден човек од обичниот народ+ — никој што не му припаѓа на Ароновото потомство — не смее да пристапува за да пали темјан пред Јехова,+ за да не стане како Кореј и неговата дружина,+ како што му беше рекол Јехова преку Мојсеј.

41 Но веќе утредента целата заедница од синови на Израел почна да мрмори против Мојсеј и Арон:+ „Вие го убивте Јеховиниот народ!“ 42 А кога заедницата се собра против Мојсеј и против Арон, се сврте кон шаторот на средбата и, гледај, облак го покри шаторот и се покажа Јеховината слава.+

43 А Мојсеј и Арон отидоа пред шаторот на средбата.+ 44 И Јехова му рече на Мојсеј: 45 „Оддалечете се од таа заедница за да ги погубам веднаш“.+ А тие паднаа ничкум.+ 46 И Мојсеј му рече на Арон: „Земи ја кадилницата и стави во неа оган од жртвеникот,+ одозгора стави темјан, па појди бргу кај заедницата и изврши за неа обред на очистување,+ бидејќи пламна Јеховиниот гнев+ и почна поморот!“ 47 Арон веднаш ја зеде кадилницата, како што рече Мојсеј, и отрча кај заедницата, и гледај, веќе беше започнал поморот меѓу народот. А тој го запали темјанот и почна да го врши обредот на очистување за народот. 48 Застана меѓу мртвите и живите,+ и поморот престана.+ 49 Од поморот изумреа четиринаесет илјади и седумстотини души, покрај оние што загинаа поради Кореј. 50 Кога Арон се врати кај Мојсеј на влезот во шаторот на средбата, поморот беше престанал.

17 И Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и земи од нив по еден стап+ за секое племе од сите нивни поглавари,+ според домовите на нивните татковци — дванаесет стапови. Името на секого напиши го на неговиот стап. 3 Името на Арон напиши го на Левиевиот стап, зашто има по еден стап за секој поглавар на племе. 4 И положи ги во шаторот на средбата пред Сведоштвото,+ каде што се среќавам со вас.+ 5 И стапот на оној што ќе го изберам+ ќе расцвета и така ќе го стивнам мрморењето+ на синовите на Израел против вас“.+

6 Кога Мојсеј им го рече тоа на синовите на Израел, сите нивни поглавари му дадоа по еден стап за секој поглавар, според нивните племиња, по еден стап за секој поглавар — дванаесет стапови.+ Меѓу нивните стапови беше и Ароновиот стап.+ 7 И Мојсеј ги положи стаповите пред Јехова во шаторот на Сведоштвото.+

8 Утредента Мојсеј влезе во шаторот на Сведоштвото, и гледај, Ароновиот стап за домот на Леви расцветал! Пуштил пупки, расцветале цветови и на него се родиле зрели бадеми. 9 Тогаш сите стапови што беа пред Јехова Мојсеј ги изнесе пред сите синови на Израел, а тие почнаа да ги гледаат и секој си го зеде својот стап.

10 И Јехова му рече на Мојсеј: „Врати го Ароновиот стап+ пред Сведоштвото да се чува како знак+ за бунтовните синови,+ да престане нивното мрморење против мене и да не загинат“. 11 Мојсеј веднаш направи така како што му заповеда Јехова. Токму така направи.

12 А синовите на Израел му рекоа на Мојсеј: „Ќе изумреме! Ќе изгинеме, сите ќе изгинеме!+ 13 Секој што ќе дојде и ќе се доближи+ до Јеховиниот шатор, ќе загине!+ Мораме ли сите така да завршиме и да изумреме?“+

18 Тогаш Јехова му рече на Арон: „Ти и твоите синови и домот на твојот татко со тебе ќе одговарате за престапите направени против светилиштето;+ ти и твоите синови со тебе ќе одговарате за престапите направени против вашата свештеничка служба.+ 2 Доведи ги со себе и своите браќа од племето на Леви, од домот на својот татко, да ти се придружат и да ти служат тебе+ и на твоите синови со тебе, пред шаторот на Сведоштвото.+ 3 И нека го прават она што се должни да го прават за тебе и нека водат грижа за целиот шатор.+ Само да не му приоѓаат на приборот на светото место, ниту на жртвеникот, за да не загинете+ и вие и тие. 4 Нека ти се придружат и нека водат грижа за шаторот на средбата и за сета служба во шаторот. Никој од обичниот народ да не ви приоѓа.+ 5 А вие водете грижа за светото место+ и за жртвеникот,+ за повеќе да не се излева гнев+ врз синовите на Израел. 6 Еве, јас ги зедов вашите браќа, левитите, од синовите на Израел+ како дар за вас,+ како оние што му се дарувани на Јехова за да ја извршуваат службата во шаторот на средбата.+ 7 Ти и твоите синови со тебе вршете ја својата свештеничка служба, сета работа околу жртвеникот и околу она што е зад завесата.+ Така извршувајте ја својата служба.+ Вашето свештенство е служба што ја давам како дар, и ако пристапи некој од обичниот народ, да биде погубен“.+

8 Јехова уште му рече на Арон: „Еве, ти ги доверувам прилозите што ми ги донесуваат мене.+ Сите свети работи од синовите на Израел ти ги давам тебе и на твоите синови како наследство, како твој дел за навек.+ 9 Од најсветите работи, од палените жртви, твое нека биде следново: секоја нивна жртва, секоја житна жртва,+ секоја жртва за грев+ и секоја жртва за вина+ што ќе ми ја донесат мене. Тоа нека биде нешто најсвето што ти припаѓа тебе и на твоите синови. 10 Јади ги на свето место.+ Секое машко треба да ги јаде.+ Нека ти бидат свети.+ 11 Твое нека биде следново: прилогот+ од нивниот дар заедно со сите нишани жртви+ што ги принесуваат синовите на Израел. Тоа ти го давам тебе и на твоите синови и на твоите ќерки со тебе+ како твој дел за навек. Секој што е чист во твојот дом може да го јаде тоа.+

12 Сѐ што е најдобро од маслото и од младото вино и од житото — првините+ што ќе му ги даваат на Јехова — ти го давам тебе.+ 13 Првините од сиот род на нивната земја, кои ќе му ги донесуваат на Јехова, нека бидат твои.+ Секој што е чист во твојот дом може да ги јаде.

14 Секој предмет во Израел одреден за света цел* нека биде твој.+

15 Сѐ што е првородено,+ од сите видови суштества што ќе му ги принесуваат на Јехова, и од луѓето и од животните, нека биде твое. Но првородениот од луѓето откупи го;+ откупи го и првороденото од нечистото животно.+ 16 Оние на возраст од еден месец нагоре откупи ги по откупната цена, според проценетата вредност: пет сикли сребро, според светиот сикел.+ Тоа се дваесет гери.+ 17 Само првородениот јунец, машкото јагне или јаре немој да го откупуваш.+ Тие се нешто свето. Со нивната крв+ попрскај го жртвеникот и изгори го нивниот лој како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+ 18 Нивното месо нека ти припадне тебе. Како и градите на нишаната жртва и десниот бут, тоа нека ти припадне тебе.+ 19 Сите свети прилози,+ кои синовите на Израел ќе му ги донесуваат на Јехова, ти ги давам тебе и на твоите синови и ќерки, како твој дел за навек.+ Тоа е сојуз посолен, траен пред Јехова за тебе и за твоето потомство со тебе“.+

20 Јехова понатаму му рече на Арон: „Во нивната земја ќе немаш наследство, и нема да добиеш свој дел меѓу нив.+ Јас сум твојот дел и твоето наследство меѓу синовите на Израел.+

21 А на синовите на Леви, еве, им ја давам во наследство секоја десеттина+ во Израел за службата што ја извршуваат, службата во шаторот на средбата. 22 Синовите на Израел повеќе да не му приоѓаат на шаторот на средбата за да не си навлечат грев и да не загинат.+ 23 Само левитите нека ја извршуваат службата во шаторот на средбата и нека одговараат за нивните престапи.+ Тоа ви е трајна одредба од поколение до поколение: нека немаат наследство меѓу синовите на Израел.+ 24 Десеттината, која синовите на Израел ќе ја донесуваат како прилог за Јехова, јас им ја давам во наследство на левитите. Затоа им реков: ‚Нека немаат наследство меѓу синовите на Израел‘ “.+

25 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 26 „Кажи им на левитите и речи им: ‚Од синовите на Израел ќе добивате десеттина која од нив ви ја давам вам во наследство,+ а вие потоа од тоа дајте му прилог на Јехова, десеттина од десеттината.+ 27 И тоа ќе се смета за ваш прилог, како житото од гумното+ или како приносот од обилен род од гмечалото за вино или за масло. 28 Така и вие ќе му давате на Јехова прилог од сите свои десеттини што ќе ги добивате од синовите на Израел, а потоа ќе му давате од тоа на свештеникот Арон прилог за Јехова. 29 Од сите дарови што ќе ги добивате, ќе му давате разновидни прилози на Јехова, од сето она што е најдобро,+ како свет дел од даровите‘.

30 Уште речи им: ‚Кога ќе го принесувате најдобриот дел,+ тоа на левитите ќе им се смета како род од гумното и како род од гмечалото за вино или масло. 31 Јадете го тоа на секое место вие и вашиот дом зашто тоа ви е плата за вашата служба во шаторот на средбата.+ 32 Принесувајќи го најдобриот дел, нема да си навлечете грев, ниту ќе ги оскверните светите работи на синовите на Израел и нема да загинете‘ “.+

19 Јехова им рече на Мојсеј и Арон: 2 „Ова е законска одредба што ја издаде Јехова: ‚Речи им на синовите на Израел да ти доведат здрава црвена јуница која нема недостаток+ и на која уште не бил ставен јарем.+ 3 И предајте му ја на свештеникот Елеазар, а тој нека ја одведе надвор од логорот, па нека ја заколат пред него. 4 Потоа свештеникот Елеазар нека земе со прстот од нејзината крв и со неа нека попрска седумпати накај предната страна од шаторот на средбата.+ 5 Потоа јуницата нека биде изгорена пред негови очи. Кожата, месото и крвта нека бидат изгорени заедно со лепешките.+ 6 А свештеникот нека земе кедрово дрво,+ исоп+ и светлоцрвен материјал,+ па нека го фрли тоа среде огнот каде што гори јуницата. 7 Свештеникот нека си ја испере облеката и нека си го измие телото со вода, па потоа може да влезе во логорот; но нека биде нечист до вечерта.

8 И оној што ја изгорел нека си ја испере облеката во вода и нека си го измие телото со вода,+ па нека биде нечист до вечерта.

9 А некој што е чист нека ја собере пепелта+ од јуницата и нека ја стави на чисто место надвор од логорот за да се чува за заедницата од синови на Израел за вода за очистување.+ Тоа е жртва за грев. 10 И оној што ќе ја собере пепелта од јуницата нека си ја испере облеката и нека биде нечист до вечерта.+

Тоа нека биде трајна одредба за синовите на Израел и за дојденецот што живее меѓу нив.+ 11 Секој што ќе се допре до мртво човечко тело,*+ нека биде нечист седум дена.+ 12 Таквиот нека се очисти со таа вода на третиот ден,+ а на седмиот ден ќе биде чист. Но, ако не се очисти на третиот ден, тогаш на седмиот ден нема да биде чист. 13 Кој ќе се допре до леш, до тело* на починат човек, а не се очисти, го извалкал Јеховиниот шатор.+ Таквиот* нека биде погубен, и така нека биде отстранет од Израел.+ Поради тоа што не бил попрскан со водата за очистување,+ останува нечист. Неговата нечистотија уште е на него.+

14 Ова е законот кога некој ќе умре во шатор: секој што ќе влезе во шаторот и секој што ќе биде во шаторот нека биде нечист седум дена. 15 Секој отворен сад+ на кој нема прицврстено поклопка, е нечист. 16 Секој што во поле ќе се допре до човек убиен со меч,+ или до леш, или до човечки коски,+ или до гроб, нека биде нечист седум дена. 17 За оној што е нечист, нека се земе пепел од изгорената жртва за грев и во некаков сад врз неа нека се излее поточна вода. 18 Потоа некој што е чист+ нека земе исоп,+ нека го натопи во вода и нека го попрска шаторот и сите садови и сите души што биле во него, а така и оној што ги допрел коските, или убиениот, или лешот, или гробот. 19 И чистиот нека го попрска нечистиот на третиот и на седмиот ден и така на седмиот ден нека го очисти од грев.+ Потоа овој нека си ја испере облеката и нека се искапе во вода, и вечерта ќе биде чист.

20 А ако некој е нечист, и не се очисти, таквиот* да биде погубен и така да биде отстранет+ од заедницата, зашто го осквернил Јеховиното светилиште. Не бил попрскан со водата за очистување. Нечист е.

21 Ова нека им биде трајна одредба: оној што прскал со водата за очистување нека ги испере своите облеки,+ а исто така и оној што ја допрел водата за очистување. Нека биде нечист до вечерта. 22 До што и да се допрел нечистиот, тоа нека биде нечисто;+ и душата што ќе се допре до нешто такво нека биде нечиста до вечерта‘ “.+

20 Во првиот месец, целата заедница од синови на Израел стигна во пустината Зин+ и народот се насели во Кадис.+ Таму умре Маријам+ и таму беше погребана.

2 А заедницата немаше вода,+ па се собра против Мојсеј и Арон.+ 3 И народот почна да се препира+ со Мојсеј: „Камо да изгиневме кога изгинаа нашите браќа пред Јехова!+ 4 Зошто ја доведовте Јеховината заедница во оваа пустина, да изумреме овде и ние и нашата стока?+ 5 Зошто нѐ изведовте од Египет, за да нѐ доведете на ова лошо место?+ Овде нема ни жито, ни смокви, ни лози, ни калинки,+ а нема ни вода за пиење“. 6 Тогаш Мојсеј и Арон отидоа откај заедницата кон влезот во шаторот на средбата и паднаа ничкум,+ и им се покажа Јеховината слава.+

7 И Јехова му рече на Мојсеј: 8 „Земи го стапот+ и свикај ја заедницата, ти и брат ти Арон, па пред нивни очи речете ѝ на карпата да им пушти од себе вода. Извади им вода од карпата, па напој ја заедницата и нејзината стока“.+

9 И Мојсеј го зеде стапот што беше пред Јехова,+ како што му заповеда тој. 10 Потоа Мојсеј и Арон ја свикаа заедницата пред карпата, и тој им рече: „Чујте сега, бунтовници!+ Треба ли од оваа карпа да ви извадиме вода?“+ 11 И Мојсеј ја подигна раката и ја удри карпата двапати со стапот; и потече многу вода, така што пиеше и заедницата и нејзината стока.+

12 Потоа Јехова им рече на Мојсеј и Арон: „Поради тоа што не ми верувавте и не ме посветивте+ пред очите на синовите на Израел, нема да ја доведете оваа заедница во земјата што ќе ѝ ја дадам“.+ 13 Тоа е водата на Мерива,*+ зашто синовите на Израел се препираа со Јехова, а тој се посвети меѓу нив.

14 Потоа Мојсеј испрати од Кадис гласници кај едомскиот цар:+ „Вака вели твојот брат Израел:+ ‚Ти добро знаеш какви неволји нѐ снајдоа.+ 15 Нашите татковци отидоа во Египет,+ па живеевме во Египет многу време.+ Но Египќаните лошо постапуваа со нас и со нашите татковци.+ 16 Затоа повикавме за помош кон Јехова+ и тој го чу нашиот глас, па испрати ангел+ и нѐ изведе од Египет. Еве нѐ сега во Кадис, град на границата на твоето подрачје. 17 Те молиме, пушти нѐ да поминеме преку твојата земја. Нема да минуваме преку нивите, ниту преку лозјата, ниту ќе пиеме вода од бунарите. Ќе одиме по царскиот пат,+ не свртувајќи ни надесно ни налево+ сѐ додека не го поминеме твоето подрачје‘ “.

18 Но Едом му одговори: „Не минувај низ мојата земја за да не излезам пред тебе со меч“. 19 Тогаш синовите на Израел му рекоа: „Ќе одиме по друмот, а ако јас или мојата стока пиеме твоја вода, ќе ти платам колку што вреди.+ Не барам ништо повеќе, само да поминам пеш“.+ 20 А тој возврати: „Не поминувај!“+ И Едом+ излезе пред него со многу луѓе и со голема сила. 21 Така Едом не му дозволи на Израел да помине низ неговото подрачје.+ Затоа Израел се сврте и си отиде откај него.+

22 Целата заедница од синови на Израел тргна од Кадис+ и стигна до планината Хор.+ 23 А на планината Хор, која е на границата од едомската земја, Јехова им рече вака на Мојсеј и Арон: 24 „Арон ќе им се придружи на своите прататковци,+ зашто нема да влезе во земјата што ќе им ја дадам на синовите на Израел, затоа што се побунивте против мојата заповед што ја дадов кај водите на Мерива.+ 25 Земи ги Арон и неговиот син Елеазар, па одведи ги на планината Хор. 26 И соблечи му ја на Арон одеждата,+ па облечи му ја на неговиот син Елеазар.+ А Арон ќе им се придружи на своите прататковци и таму ќе умре“.+

27 Мојсеј направи како што заповеда Јехова. Пред очите на целата заедница се искачија на планината Хор. 28 Мојсеј потоа му ја соблече одеждата на Арон и му ја облече на неговиот син Елеазар. Потоа Арон умре таму на врвот од планината.+ А Мојсеј и Елеазар слегоа од планината. 29 Кога целата заедница виде дека Арон умре, целиот Израелов дом го оплакуваше Арон триесет дена.+

21 А кога царот на Арад,+ Ханаанец што живееше во Негев,*+ чу дека Израел доаѓа по атаримскиот пат, ги нападна Израелците и зароби некои од нив. 2 Тогаш Израел вака му се заветува на Јехова:+ „Ако ми го дадеш овој народ во мои раце, ќе ги уништам неговите градови“.*+ 3 И Јехова го услиши гласот на Израел и му ги предаде Ханаанците. А Израел ги уништи* и нив и нивните градови. Затоа она место го доби името Хорма.*+

4 Додека одеа од планината Хор+ по Црвеноморскиот пат за да ја заобиколат едомската земја,+ душата на народот се измори од патот. 5 И народот почна да зборува против Бог+ и против Мојсеј:+ „Зошто нѐ изведовте од Египет, за да изумреме во оваа пустина?+ Зашто, нема ни леб ни вода,+ а овој никаков леб+ веќе ѝ се згади на нашата душа“. 6 Затоа Јехова испрати меѓу народот змии отровници+ кои ги касаа, така што изумре многу народ од Израел.+

7 На крајот дојде народот кај Мојсеј: „Згрешивме+ што зборувавме против Јехова и против тебе. Моли го Јехова да ги отстрани змиите од нас!“+ И Мојсеј се помоли за народот.+ 8 А Јехова му рече на Мојсеј: „Направи змија лутица и постави ја на еден столб, па кога некој ќе го касне змија, нека ја погледне, и ќе остане жив“.+ 9 Мојсеј веднаш направи бакарна змија+ и ја постави на столб,+ па кога некоја змија ќе каснеше некој човек, штом тој ќе погледнеше+ во бакарната змија, остануваше жив.+

10 Потоа синовите на Израел тргнаа и се улогорија во Овот.+ 11 Тогаш тргнаа од Овот и се улогорија во Ије-Аварим,*+ во пустината спроти Моав, кон исток. 12 Оттаму тргнаа и се улогорија во долината на Заред.+ 13 Оттаму тргнаа и се улогорија во подрачјето на Арнон,+ кое е во пустината која се простира од аморејската граница. Зашто, Арнон е граница на Моав помеѓу Моавците и Аморејците. 14 Затоа во Книгата на Јеховините војни се вели:

„Вајеф во Суфа и арнонските потоци* 15 и утоката на потоците, која се простира накај местото каде што е Ар+ и се допира до границата на Моав“.

16 Оттаму отидоа во Веер.*+ Тоа е бунарот за кој Јехова му рече на Мојсеј: „Собери го народот за да му дадам вода!“+

17 Тогаш Израел ја запеа оваа песна:+

„Бликни, кладенецу! А вие одговарајте му со песна!

18 Кладенецот го ископаа кнезови, го издлабија достоинствениците народни

со палка заповедничка,+ со своите стапови“.

Потоа од пустината заминаа во Матана, 19 од Матана во Налиел, од Налиел во Вамот,+ 20 а од Вамот во долината што се простира во моавската земја,+ кај врвот Фасга,+ кој се издига над Јесимон.*+

21 Тогаш Израел испрати гласници кај Сихон,+ аморејскиот цар, да му порачаат: 22 „Пушти ме да поминам преку твојата земја. Нема да скршнуваме ни во нивите ни во лозјата. Нема да пиеме вода од бунарите. Ќе одиме по царскиот пат додека не го поминеме твоето подрачје“.+ 23 Но Сихон не му дозволи на Израел да помине низ неговото подрачје,+ туку го собра целиот свој народ и тргна во пустината да излезе пред Израел. А кога дојде до Јаса,+ го нападна Израел. 24 Но Израел го победи со сечилото на мечот+ и ја зазеде неговата земја+ од Арнон+ до Јавок,+ до синовите на Амон; Јазер+ е границата на синовите на Амон.+

25 Така Израел ги зазеде сите оние градови и се насели во сите аморејски+ градови, во Есевон+ и во сите околни градови. 26 А Есевон беше град на аморејскиот цар Сихон,+ кој се бореше со претходниот моавски цар и ја освои целата негова земја дури до Арнон.+ 27 Затоа оние што кажуваат подбивни стихови велат:

„Дојдете во Есевон!

Нека се изгради и утврди градот на Сихон!

28 Зашто, оган пламна од Есевон,+ оган од градот на Сихон.

Го проголта Ар-Моав,+ сопствениците на арнонските височинки.

29 Тешко тебе, Моаве! Ќе пропаднеш, народе на Хемос!+

Од своите синови ќе направиш бегалци, од своите ќерки заробенички на Сихон, аморејскиот цар.

30 Да ги пуштиме стрелите врз нив!

Есевон ќе пропадне дури до Девон,+

жените до Нофа, мажите до Медева“.+

31 Така Израел се насели во земјата на Аморејците.+ 32 И Мојсеј испрати извидувачи да го извидат Јазер.+ Така ги освоија неговите околни места и ги истераа Аморејците што беа таму.+ 33 Потоа се свртија и отидоа по васанскиот пат.+ А васанскиот цар Ог+ излезе пред нив, тој и целиот негов народ за да започнат битка кај Едреј.+ 34 Јехова тогаш му рече на Мојсеј: „Не плаши се од него,+ зашто во твои раце ќе ги предадам него, целиот негов народ и неговата земја.+ Направи му го истото што му го направи на аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон“.+ 35 И ги погубија него и неговите синови и целиот негов народ, така што ниту еден повеќе не остана жив.+ Потоа ја зазедоа неговата земја.+

22 Тогаш синовите на Израел тргнаа понатаму и се улогорија во пустелијата, во моавските рамници,+ отаде Јордан, спроти Ерихон. 2 А Валак,+ синот на Сефор, виде сѐ што им направи Израел на Аморејците. 3 И Моав многу се уплаши од тој народ, зашто беше многуброен; и го обзеде голем страв од синовите на Израел.+ 4 Затоа Моав им рече на мадијамските старешини:+ „Сега оваа заедница ќе испасе сѐ околу нас, како што бикот ја пасе тревата по полето“.

А Валак,+ синот на Сефор, во тоа време беше цар на Моав. 5 И тој испрати гласници кај Валаам,+ синот на Веор во Петор,+ кој лежи на Реката*+ во земјата на синовите на неговиот народ, да го викнат и да му речат: „Гледај, еден народ излезе од Египет. Еве, ја прекри земјата до каде што ти гледаат очите+ и се насели тука пред мене. 6 Затоа сега, те молам, дојди и проколни+ ми го овој народ, зашто е посилен од мене. Можеби ќе можам да ги победам и да ги истерам од земјата. Зашто, добро знам дека е благословен оној кого ти ќе го благословиш, а проколнат оној кого ти ќе го проколнеш“.+

7 И така моавските старешини и мадијамските старешини тргнаа, носејќи дарови за гатањето.+ И дојдоа кај Валаам+ и му ги пренесоа зборовите на Валак. 8 А тој им рече: „Преноќевајте овде, а јас ќе ви одговорам како што ќе ми каже Јехова“.+ Така моавските кнезови останаа кај Валаам.

9 Тогаш Бог му дојде на Валаам и го праша:+ „Кои се овие луѓе кај тебе?“ 10 А Валаам му одговори на вистинскиот Бог: „Валак,+ синот на Сефор, царот на Моав, ги испратил кај мене и рекол: 11 ‚Еве, еден народ излезе од Египет и ја прекри земјата до каде што ти гледаат очите.+ Дојди сега и проколни ми го.+ Можеби ќе можам да се борам против него и да го истерам‘ “. 12 Но Бог му рече на Валаам: „Немој да одиш со нив! Немој да го проколнеш тој народ,+ бидејќи е благословен“.+

13 Изутрината Валаам стана и им рече на кнезовите на Валак: „Одете си во својата земја, зашто Јехова не ми дозволува да одам со вас“. 14 Тогаш моавските кнезови станаа, отидоа кај Валак и му рекоа: „Валаам не сакаше да дојде со нас“.+

15 Но Валак повторно испрати други кнезови, побројни и поугледни од првите. 16 Тие дојдоа кај Валаам и му рекоа: „Вака порача Валак, синот на Сефор: ‚Те молам, немој да се колебаш, туку дојди кај мене. 17 Зашто, ќе ти укажам голема чест+ и ќе направам сѐ што ќе ми кажеш.+ Затоа, те молам, дојди и проколни ми го овој народ‘ “. 18 Но Валаам им одговори на слугите на Валак: „Да ми ја даде Валак и својата куќа полна со сребро и злато, не би можел да ја престапам наредбата на Јехова, мојот Бог, та да направам нешто мало или големо.+ 19 Но, ве молам, останете и вие овде оваа ноќ за да дознаам што уште ќе ми рече Јехова“.+

20 И Бог дојде ноќе кај Валаам, па му рече: „Ако дошле тие луѓе да те повикаат, стани и појди со нив. Но ќе го зборуваш само она што ќе ти го кажам јас“.+ 21 И изутрината Валаам стана, ја оседла својата магарица и појде со моавските кнезови.+

22 Но Божјиот гнев се разгоре затоа што тој тргна. И Јеховиниот ангел застана на патот за да му се спротивстави.+ А тој јаваше на својата магарица и со него беа двајца негови слуги. 23 Кога го здогледа Јеховиниот ангел како стои на патот со извлечен меч во раката,+ магарицата се обиде да скршне од патот и да отиде во полето. Тогаш Валаам почна да ја тепа магарицата за да ја врати на патот. 24 А Јеховиниот ангел стоеше на тесниот пат помеѓу лозјата, каде што од двете страни имаше каменен ѕид. 25 Магарицата го виде Јеховиниот ангел и почна да се притиска до ѕидот, па му ја стисна до ѕидот ногата на Валаам. И тој пак почна да ја тепа.

26 Тогаш Јеховиниот ангел повторно тргна напред и застана на тесно место каде што немаше каде да се скршне ни надесно ни налево. 27 Кога го виде Јеховиниот ангел, магарицата легна под Валаам. А Валаам се разгневи+ и почна да ја тепа магарицата со стапот. 28 На крајот Јехова ѝ ја отвори устата на магарицата,+ и таа му рече на Валаам: „Што ти сторив, па ме тепаш веќе третпат?“+ 29 А Валаам ѝ одговори: „Затоа што ми се инаетиш. Да имав меч во раката, сега ќе те убиев!“+ 30 А магарицата му возврати на Валаам: „Зарем не сум јас твојата магарица што ја јаваш цел живот, до ден-денес? Зарем некогаш сум ти направила вакво нешто?“+ Тогаш тој одговори: „Не!“ 31 А Јехова му ги отвори очите+ на Валаам. И Валаам го виде Јеховиниот ангел како стои на патот со извлечен меч во раката. И веднаш се поклони и падна ничкум со лицето кон земјата.

32 А Јеховиниот ангел му рече: „Зошто ја тепаше трипати својата магарица? Еве, јас излегов да ти се спротивставам бидејќи си се залетал по својот пат, кој е против моја волја.+ 33 А магарицата ме виде и се обиде да скршне пред мене сите три пати.+ Замисли само да не се тргаше од мене! Тебе досега ќе те убиев,+ а неа ќе ја оставев жива“. 34 Тогаш Валаам му рече на Јеховиниот ангел: „Згрешив,+ зашто не знаев дека ти стоиш на патот пред мене. А сега, ако е тоа зло во твои очи, пушти ме да се вратам“. 35 Но Јеховиниот ангел му рече на Валаам: „Оди со овие луѓе,+ но ќе го зборуваш само она што јас ќе ти го кажам“.+ Така Валаам продолжи понатаму со кнезовите на Валак.

36 Кога чу дека доаѓа Валаам, Валак му излезе во пресрет во моавскиот град што лежи на работ на Арнон,+ на границата од неговото подрачје. 37 И Валак му рече на Валаам: „Зарем не испраќав по тебе и зарем не те повикував? Зошто не дојде? Зарем мислиш дека не можам да ти укажам чест?“+ 38 А Валаам му одговори на Валак: „Еве, сега дојдов при тебе. Дали ќе можам воопшто нешто да кажам?+ Она што Бог ќе ми го стави в уста, тоа ќе го зборувам“.+

39 И Валаам отиде со Валак, па дојдоа во Киријат-Узот. 40 Валак жртвуваше крупна и ситна стока+ и од тоа им испрати на Валаам и на кнезовите што беа со него. 41 А изутрината Валак го зеде Валаам и го одведе во Вамот-Ваал*+ за да го види оттаму целиот народ.+

23 И Валаам му рече на Валак: „Направи ми овде седум жртвеници+ и подготви ми овде седум јунци и седум овни“. 2 Валак веднаш направи како што рече Валаам. Потоа Валак и Валаам принесоа по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.+ 3 И Валаам му рече на Валак: „Застани покрај својата жртва паленица,+ а јас ќе одам. Можеби Јехова ќе ми се јави и ќе се сретне со мене.+ А потоа ќе ти кажам сѐ што тој ќе ми покаже“. И отиде на еден гол рид.

4 Кога му се јави Бог, Валаам+ му рече: „Подигнав седум жртвеници во редица и принесов по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник“.+ 5 А Јехова му стави зборови во устата на Валаам,+ па му рече: „Врати се кај Валак и кажи му вака“.+ 6 И Валаам се врати кај него и го најде како стои покрај својата жртва паленица заедно со сите моавски кнезови. 7 Тогаш ја почна својата приказна,*+ и рече:

„Валак, моавскиот цар, сакаше да ме поведе од Арам,+

од источните планини:

‚Дојди, проколни ми го Јаков!

Дојди, осуди го Израел!‘+

 8 Како можам да ги проколнам оние што Бог не ги проколнува?+

Како можам да ги осудам оние што Јехова не ги осудува?+

 9 Зашто, ги гледам од врвот на карпите

и ги гледам од ридовите.

Еве, тоа е народ што живее одвоено,+

меѓу другите народи не се вбројува.+

10 Кој ја избројал правта на Јаков+

и кој ја избројал четвртината на Израел?

Нека ми умре душата како што умираат чесните,+

крајот нека ми биде како нивниот!“+

11 Тогаш Валак му рече на Валаам: „Што ми направи? Те доведов за да ги проколнеш моите непријатели, а ти, еве, ги опсипуваш со благослови!“+ 12 А тој му возврати: „Зарем нема да се трудам да го зборувам она што Јехова ми го става в уста?“+

13 А Валак му рече: „Те молам, појди со мене на друго место од каде што ќе можеш да ги видиш. Ќе видиш само дел од нив,+ нема да ги видиш сите. И проколни ми ги оттаму“.+ 14 И го одведе во полето Зофим, на врвот од Фасга.+ Таму направи седум жртвеници и принесе по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.+ 15 Потоа Валаам му рече на Валак: „Застани покрај својата жртва паленица, а јас ќе појдам онаму да се сретнам со него“. 16 И Јехова му се јави на Валаам, му стави зборови во устата и му рече:+ „Врати се кај Валак+ и кажи му вака“. 17 И се врати кај него и го најде како стои покрај својата жртва паленица заедно со моавските кнезови. И Валак го праша: „Што рече Јехова?“ 18 Тогаш Валаам ја почна својата приказна,+ и рече:

„Стани Валаку, и почуј!

Чуј ме, сине Сефоров!+

19 Бог не е човек да лаже,+

ниту син човечки, па да зажали за нешто.+

Зарем рекол нешто, и не го направил,

зарем кажал, и не го исполнил?+

20 Еве, одредено ми е да благословам,

зашто Бог благослови,+ и јас нема да го одречам тоа.+

21 Тој не виде никакво гатање+ против Јаков,

ниту некакви неволји против Израел.

Јехова, Богот негов, е со него,+

воскликнувањето за царот одѕвонува во него.

22 Бог го изведува од Египет.+

Брз е како див бик.+

23 Зашто, нема уроци против Јаков,+

ниту некакво гатање против Израел.+

Во тоа време ќе речат за Јаков и за Израел:

‚Што направи Бог!‘+

24 Гледај, еден народ ќе стане како лав,

како лав ќе се крене.+

Нема да легне додека не го голтне пленот,

и ќе ја пие крвта од убиените“.+

25 Тогаш Валак му рече на Валаам: „Ако веќе не можеш да го проколнеш, тогаш немој ни да го благословуваш“. 26 А Валаам му одговори на Валак: „Зарем не ти реков: ‚Сѐ што ќе каже Јехова, тоа ќе го направам‘?“+

27 Потоа Валак му рече на Валаам: „Те молам, дојди да те одведам на уште едно место. Можеби ќе биде добро во очите на вистинскиот Бог да ми го проколнеш оттаму“.+ 28 Тогаш Валак го одведе Валаам на врвот од Фегор, од каде што се гледа на Јесимон.+ 29 И Валаам+ му рече на Валак: „Направи ми овде седум жртвеници и подготви ми овде седум јунци и седум овни“.+ 30 И Валак направи како што рече Валаам и принесе по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.+

24 Кога виде дека е добро во Јеховини очи да го благослови Израел, Валаам повеќе не одеше како порано+ да бара предзнаци,+ туку го сврте лицето кон пустината. 2 Кога Валаам ги крена очите и го виде Израел улогорен по своите племиња,+ Божјиот дух слезе на него.+ 3 И ја почна својата приказна,+ па рече:

„Речта на Валаам, синот на Веор,

речта на човекот со отворени очи,+

 4 речта на оној што ги слуша Божјите зборови,+

кој виде видение од Семоќниот+

додека паѓаше со отворени очи:+

 5 Колку се убави твоите шатори, Јакове, твоите живеалишта, Израеле!+

 6 Како долини се простираат надалеку,+

како градини покрај река.+

Како алое што го посадил Јехова,

како кедри крај води.+

 7 Водата тече од неговите мешини,

семето негово е посеано покрај многу води.+

Царот+ негов ќе го надвиши Агаг,+

и царството негово ќе се воздигне.+

 8 Бог го изведува од Египет;

брз е како див бик.+

Ќе ги проголта народите, угнетувачите свои,+

коски ќе им здроби,+ ќе ги разбие со своите стрели.+

 9 Се спушти, легна како лав;

и како лав, кој ќе се осмели да го дразни?+

Благословени се оние што тебе те благословуваат,+

проклети оние што тебе те проколнуваат“.+

10 Тогаш се разгоре гневот на Валак против Валаам, па Валак разлутено плесна со рацете+ и му рече на Валаам: „Те повикав да ги проколнеш+ моите непријатели, а ти, еве, веќе по третпат ги опсипа со благослови! 11 Сега бегај таму откај што си дошол! Реков дека ќе ти укажам чест,+ а еве, Јехова те лиши од честа“.

12 Тогаш Валаам му рече на Валак: „Зарем не им реков и на твоите гласници што ги испрати кај мене: 13 ‚Да ми ја даде Валак и својата куќа полна со сребро и злато, не би можел да ја престапам Јеховината наредба за да направам нешто добро или лошо по своја волја. Што ќе каже Јехова, тоа ќе го зборувам‘?+ 14 А сега, еве, заминувам кај својот народ. Ајде да ти објавам+ што ќе му направи овој народ на твојот народ на крајот од деновите“.+ 15 И ја почна својата приказна,+ па рече:

„Речта на Валаам, синот на Веор,

речта на човекот со отворени очи,+

16 речта на оној што ги слуша Божјите зборови,+

кој го познава знаењето на Севишниот...

Го виде видението од Семоќниот+

додека паѓаше со отворени очи:+

17 Ќе го видам,+ но не сега,

ќе го гледам, но не одблизу.

Ѕвезда+ ќе излезе од Јаков,

жезол ќе се подигне од Израел.+

Тој ќе му ги разбие слепоочниците на Моав,+

и черепот на сите воинствени синови.

18 Едом ќе биде освоен,+

Сеир+ ќе го освојат неговите непријатели,+

а Израел ќе ја покажува својата храброст.

19 Од Јаков ќе излезе оној што покорува+

и ќе ги погуби сите преживеани во градот“.+

20 Кога го виде Амалик, продолжи со својата приказна:+

„Амалик беше првиот меѓу народите,+

но на крајот ќе пропадне“.+

21 Кога ги виде Кенејците,+ продолжи со својата приказна:

„Живеалиштето ти е постојано, на карпа ти е станот.

22 Но Кајн* ќе биде изгорен.+

Кога ќе те одведе Асирија во заробеништво?“+

23 И продолжи со својата приказна, па рече:

„Леле! Кој ќе преживее кога Бог ќе го направи тоа?+

24 Ќе допловат бродови од брегот на Китим+

и ќе ја угнетуваат Асирија,+

ќе го угнетуваат и Евер.

Но и него на крајот ќе го стигне пропаста“.

25 Потоа Валаам стана и си отиде оттаму.+ А и Валак си отиде по својот пат.

25 Додека Израел престојуваше во Ситим,+ народот се впушти во блуд со моавските ќерки.+ 2 Тие го повикуваа народот да им принесува жртви на нивните богови,+ а народот јадеше и им се клањаше на нивните богови.+ 3 Така Израел се приклони кон Ваал фегорски;+ и Јехова пламна од гнев против Израел.+ 4 А Јехова му рече на Мојсеј: „Земи ги сите народни поглавари и изложи ги јавно нивните тела пред Јехова,+ накај сонцето, за да се одврати од Израел распламтениот гнев на Јехова“. 5 Потоа Мојсеј им рече на судиите на Израел:+ „Секој нека ги убие+ своите луѓе што се приклониле кон Ваал фегорски“.

6 И гледај, дојде еден+ од синовите на Израел и доведе кај своите браќа една Мадијамка+ пред очите на Мојсеј и пред очите на целата заедница од синови на Израел, кои плачеа на влезот во шаторот на средбата. 7 Кога го виде тоа, Финес,+ синот на Елеазар, син на свештеникот Арон, веднаш стана среде заедницата и зеде копје во раката. 8 И влезе по оној Израелец во шаторот,* па ги прободе двајцата, Израелецот и таа жена, неа низ утробата.* Тогаш престана поморот меѓу синовите на Израел.+ 9 А оние што изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади.+

10 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 11 „Финес,+ синот на Елеазар, го одврати мојот гнев+ од синовите на Израел, зашто не дозволи никој да биде мој соперник;+ инаку ќе ги истребев синовите на Израел, зашто јас барам да ми се покажува оддаденост само мене.+ 12 Затоа кажи: ‚Еве, со него го склучувам мојот сојуз на мир. 13 Тоа нека биде траен сојуз на свештеничка служба за него и за неговите потомци по него,+ зашто не можеше да поднесе некој да му биде соперник на неговиот Бог+ и изврши очистување за синовите на Израел‘ “.+

14 А името на убиениот Израелец што беше убиен заедно со Мадијамката беше Зимриј, син на Салу; тој беше поглавар+ на родот на Симеон. 15 А убиената Мадијамка се викаше Хазва. Таа беше ќерка на Сур,+ поглавар на семејствата на едно од племињата во Мадијам.+

16 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 17 „Удрете на Мадијамците и поразете ги,+ 18 зашто и тие удираа на вас со своите подмолности+ кога итро ви направија зло со она што се случи кај Фегор+ и со Хазва,+ ќерката на мадијамскиот поглавар, нивната сестра што беше убиена+ кога имаше помор поради Фегор“.+

26 По тој помор,+ Јехова им рече вака на Мојсеј и Елеазар, синот на свештеникот Арон: 2 „Пребројте ја целата заедница од синови на Израел од дваесет години нагоре, по домовите на нивните татковци, сите способни за војска во Израел“.+ 3 И така Мојсеј и свештеникот Елеазар+ зборуваа во пустелијата, во моавските рамници+ покрај Јордан, спроти Ерихон,+ и рекоа: 4 „Пребројте ги оние од дваесет години нагоре, како што му заповеда Јехова на Мојсеј“.+

А синовите на Израел што излегоа од египетската земја беа: 5 Рувим, првородениот на Израел;+ синови на Рувим: од Анох+ семејството Аноховци; од Фалу+ семејството Фалуевци; 6 од Есром+ семејството Есромовци; од Харми+ семејството Хармиевци. 7 Тоа се семејствата од Рувим. Бројот на попишаните меѓу нив изнесуваше четириесет и три илјади и седумстотини и триесет.+

8 Синот на Фалу беше Елијав. 9 Синовите на Елијав: Немуил, Датан и Авирон. Овие Датан+ и Авирон+ беа од оние што беа повикувани на собрание, и тие учествуваа во бунтот против Мојсеј и Арон заедно со дружината на Кореј,+ кога се побунија против Јехова.

10 И земјата ја отвори устата и ги проголта.+ А Кореј загина со својата дружина кога огнот проголта двесте и педесет луѓе.+ Така станаа пример за опомена.+ 11 Но синовите на Кореј не загинаа.+

12 Синовите на Симеон,+ по нивните семејства: од Немуил*+ семејството Немуиловци; од Јамин+ семејството Јаминовци; од Јахин+ семејството Јахиновци; 13 од Зара* семејството Заревци; од Саул+ семејството Сауловци. 14 Тоа се семејствата од Симеон, дваесет и две илјади и двесте попишани.+

15 Синовите на Гад,+ по нивните семејства: од Сифон* семејството Сифоновци; од Агиј семејството Агиевци; од Суниј семејството Суниевци; 16 од Азен* семејството Азеновци; од Ириј семејството Ириевци; 17 од Арод семејството Ародовци; од Арилиј+ семејството Арилиевци. 18 Тоа се семејствата од синовите на Гад, четириесет илјади и петстотини попишани.+

19 Синови на Јуда+ беа Ир+ и Онан.+ Но Ир и Онан умреа во ханаанската земја.+ 20 Синовите на Јуда, по нивните семејства, беа: од Сала+ семејството Салевци; од Фарес+ семејството Фаресовци; од Зара+ семејството Заревци. 21 Синовите на Фарес беа: од Есром+ семејството Есромовци; од Амуил+ семејството Амуиловци. 22 Тоа се семејствата на Јуда,+ седумдесет и шест илјади и петстотини попишани.+

23 Синовите на Исахар,+ по нивните семејства, беа: од Тола+ семејството Толевци; од Фува семејството Фувевци; 24 од Јасув* семејството Јасувовци; од Симрон+ семејството Симроновци. 25 Тоа се семејствата на Исахар, шеесет и четири илјади и триста попишани.+

26 Синовите на Завулон,+ по нивните семејства, беа: од Серед семејството Середовци; од Елон семејството Елоновци; од Јалеил+ семејството Јалеиловци. 27 Тоа се семејствата од Завулон, шеесет илјади и петстотини попишани.+

28 Синовите на Јосиф,+ по нивните семејства, беа Манасија и Ефрем.+ 29 Синовите на Манасија+ беа: од Махир+ семејството Махировци. А на Махир му се роди Галад.+ Од Галад семејството Галадовци. 30 А ова беа синовите на Галад: од Иезер+ семејството Иезеровци; од Хелек семејството Хелековци; 31 од Азрил семејството Азриловци, од Сихем семејството Сихемовци; 32 од Семида+ семејството Семидовци; од Офер+ семејството Оферовци. 33 А Салпад, синот на Офер, немаше синови, туку само ќерки.+ Имињата на ќерките на Салпад беа: Мала, Нуа, Огла, Мелха и Терса.+ 34 Тоа се семејствата на Манасија, педесет и две илјади и седумстотини попишани.+

35 А ова беа синовите на Ефрем,+ по нивните семејства: од Сутал+ семејството Суталовци, од Вехер семејството Вехеровци; од Тахан+ семејството Тахановци. 36 А синовите на Сутал беа: од Еран семејството Ерановци. 37 Тоа се семејствата на синовите на Ефрем,+ триесет и две илјади и петстотини попишани. Тоа се синовите на Јосиф, по нивните семејства.+

38 Синовите на Венијамин,+ по нивните семејства, беа: од Вела+ семејството Велевци; од Асвил+ семејството Асвиловци, од Ахирам* семејството Ахирамовци; 39 од Сефуфам* семејството Сефуфамовци; од Уфам*+ семејството Уфамовци. 40 Синовите на Вела беа Аред и Нааман:+ од Аред семејството Аредовци; од Нааман семејството Наамановци. 41 Тоа се синовите на Венијамин,+ по нивните семејства, четириесет и пет илјади и шестотини попишани.+

42 А ова беа синовите на Дан,+ по нивните семејства: од Сухам* семејството Сухамовци. Тоа се семејствата на Дан,+ по нивните семејства. 43 Во сите семејства од Сухамовци имаше шеесет и четири илјади и четиристотини попишани.+

44 Синовите на Асер,+ по нивните семејства, беа: од Имна+ семејството Имновци; од Исви+ семејството Исвиевци; од Верија семејството Вериевци; 45 од синовите на Верија: од Хевер семејството Хеверовци; од Малхил+ семејството Малхиловци. 46 А ќерката на Асер се викаше Сера.+ 47 Тоа се семејствата на синовите на Асер,+ педесет и три илјади и четиристотини попишани.+

48 Синовите на Нефталим,+ по нивните семејства, беа: од Јасиил+ семејството Јасииловци; од Гуниј+ семејството Гуниевци; 49 од Јесер+ семејството Јесеровци; од Силим+ семејството Силимовци. 50 Тоа се семејствата на Нефталим,+ по нивните семејства, четириесет и пет илјади и четиристотини попишани.+

51 Бројот на попишаните синови на Израел изнесуваше шестотини и една илјада и седумстотини и триесет.+

52 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 53 „Ним да им се подели земјата во наследство според бројот на имињата.+ 54 На оние што се многубројни, зголеми им го наследството, а на оние што се малобројни, намали им го наследството.+ Секому да му се даде наследство според бројот на попишаните. 55 Но земјата да се подели со ждрепка.+ Нека добијат наследство според имињата на племињата на своите татковци. 56 Како што ќе одлучи ждрепката, така да се подели наследството меѓу оние што се многу и оние што се малку“.

57 А ова се попишаните од племето на Леви+ по нивните семејства: од Гирсон+ семејството Гирсоновци; од Кат+ семејството Катовци; од Мерариј+ семејството Мерариевци. 58 Ова беа семејствата на синовите на Леви: семејството Ливниевци,+ семејството Хевроновци,+ семејството Махлиевци,+ семејството Мусиевци,+ семејството Кореовци.+

А на Кат+ му се роди Амрам.+ 59 Амрамовата жена се викаше Јохаведа,+ ќерка на Леви, која му се роди на Леви во Египет. Таа на Амрам му ги роди Арон, Мојсеј и Маријам, нивната сестра.+ 60 А на Арон му се родија Надав и Авиуд,+ Елеазар и Итамар.+ 61 Но Надав и Авиуд загинаа бидејќи принесуваа недозволен оган пред Јехова.+

62 Бројот на сите попишани меѓу нив изнесуваше дваесет и три илјади машки на возраст од еден месец нагоре.+ Имено, тие не беа попишани со синовите на Израел+ бидејќи не добија наследство меѓу синовите на Израел.+

63 Тоа се оние што Мојсеј и свештеникот Елеазар ги попишаа кога ги попишуваа синовите на Израел во пустелијата, во моавските рамници, покрај Јордан спроти Ерихон.+ 64 Но меѓу нив немаше ниту еден од оние што ги беа попишале Мојсеј и свештеникот Арон кога ги попишуваа синовите на Израел во Синајската Пустина.+ 65 Зашто, Јехова за нив рече: „Ќе изумрат во пустината“.+ Така, не остана ниту еден од нив освен Халев, синот на Јефониј, и Исус, синот на Навин.+

27 Тогаш пристапија ќерките на Салпад,+ синот на Офер, син на Галад, син на Махир, син на Манасија,+ од семејството на Јосифовиот син Манасија. А имињата на неговите ќерки беа: Мала, Нуа, Огла, Мелха и Терса.+ 2 Тие застанаа пред Мојсеј и пред свештеникот Елеазар,+ пред поглаварите и пред целата заедница на влезот во шаторот на средбата, па рекоа: 3 „Нашиот татко умре во пустината,+ но не беше од онаа дружина што се постави против Јехова, дружината на Кореј,+ туку умре поради својот сопствен грев,+ а немаше синови. 4 Зошто името на нашиот татко да биде избришано од неговото семејство поради тоа што немаше син?+ Дај ни наследство меѓу браќата на нашиот татко!“+ 5 И Мојсеј го изнесе нивниот случај пред Јехова.+

6 А Јехова му рече на Мојсеј: 7 „Право велат ќерките на Салпад. Секако, дај им имот што ќе биде нивно наследство меѓу браќата на нивниот татко и пренеси го на нив наследството од нивниот татко.+ 8 А на синовите на Израел речи им: ‚Кога некој ќе умре, а нема син, пренесете го неговото наследство на неговата ќерка. 9 Ако нема ќерки, дајте им го неговото наследство на неговите браќа. 10 Ако нема браќа, дајте им го неговото наследство на браќата на неговиот татко. 11 А ако неговиот татко нема браќа, дајте му го неговото наследство на некој негов крвен роднина,+ кој му е најблиска рода; тој нека го добие наследството. Тоа нека биде законска одредба за синовите на Израел, како што Јехова му заповеда на Мојсеј‘ “.

12 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Искачи се на оваа аваримска планина+ и погледни ја земјата што им ја давам на синовите на Израел.+ 13 Откако ќе ја видиш, и ти ќе им се придружиш на своите прататковци,+ како што им се придружи твојот брат Арон,+ 14 зашто се побунивте против мојата наредба во пустината Зин кога заедницата се препираше со мене,+ наместо да ме посветите+ пред нивни очи кај водата, меривската вода+ кај Кадис,+ во пустината Зин“.+

15 А Мојсеј му рече на Јехова: 16 „Јехова, Богот на животниот дух+ во секое тело,+ нека постави над оваа заедница човек+ 17 кој ќе ги води во сѐ и кого ќе го следат во сѐ,+ за да не биде заедницата на Јеховиниот народ како стадо овци што немаат овчар“.+ 18 А Јехова му рече на Мојсеј: „Земи го Исус, синот на Навин, човек кој има дух,+ и положи ја раката врз него.+ 19 И доведи го пред свештеникот Елеазар и пред целата заедница, па постави го за водач пред нивни очи.+ 20 Предај му дел од својата чест,+ за да го слуша целата заедница од синови на Израел.+ 21 Нека доаѓа пред свештеникот Елеазар за тој да ја бара+ за него пред Јехова одлуката со посредство на Урим.*+ Неговата заповед ќе ја слушаат во сѐ, тој и сите синови на Израел со него, целата заедница“.

22 И Мојсеј направи така како што му заповеда Јехова. Го зеде Исус, го доведе пред свештеникот Елеазар+ и пред целата заедница, 23 ги положи рацете врз него и го постави за водач,+ како што рече Јехова преку Мојсеј.+

28 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Заповедај им на синовите на Израел и речи им: ‚Погрижете се во пропишаното време+ да ми ги принесувате моите приноси, мојата храна,+ жртвите што ми се палат мене за успокојувачки мирис‘.+

3 Кажи им вака: ‚Ова е палената жртва што ќе му ја принесувате на Јехова: секој ден по две едногодишни машки јагниња без недостаток како редовна жртва паленица.+ 4 Едното јагне принеси го наутро, а другото јагне принеси го приквечер;*+ 5 а со нив и десеттина ефа+ фино брашно како житна жртва+ замесена со четврт ин масло од толчени маслинки.+ 6 Тоа е редовната жртва паленица+ што беше принесена уште на планината Синај за успокојувачки мирис, жртва палена за Јехова;+ 7 принеси ја заедно со нејзината жртва налевница+ од четврт ин за секое јагне.+ Излеј му го на Јехова на светото место опојниот пијалак+ како жртва налевница. 8 Другото јагне принеси го приквечер. Принеси го како и тоа наутро, со истата житна жртва и со истата жртва налевница, како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+

9 А на денот за одмор*+ принеси две едногодишни машки јагниња без недостаток и две десеттини ефа фино брашно како житна жртва замесена со масло, а со тоа и жртва налевница. 10 Тоа е жртва паленица, која треба да се принесува на денот за одмор, покрај редовната жртва паленица+ и нејзината жртва налевница.+

11 Во почетокот на вашите месеци принесувајте му на Јехова како жртва паленица по два јунца, по еден овен и по седум едногодишни машки јагниња без недостаток;+ 12 по три десеттини ефа фино брашно како житна жртва+ замесена со масло за секој јунец, по две десеттини ефа фино брашно како житна жртва замесена со масло за овенот+ 13 и по една десеттина фино брашно како житна жртва замесена со масло за секое јагне. Тоа е жртвата паленица за успокојувачки мирис,+ жртва палена за Јехова. 14 Нивните жртви налевници нека бидат: половина+ ин вино за јунец, третина+ ин за овен и четврт+ ин за јагне. Тоа е месечната жртва паленица што се принесува секој месец за секој месец од годината.+ 15 Нека му принесуваат на Јехова и по едно јаре+ како жртва за грев, покрај постојаната жртва паленица и нејзината жртва налевница.+

16 Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од тој месец, е Јеховината Пасха,+ 17 а на петнаесеттиот ден од тој месец е празник. Седум дена нека се јаде бесквасен леб.+ 18 На првиот ден нека има свет собир.+ Да не работите никаква тешка работа.+ 19 Како жртва паленица, жртва палена+ за Јехова, принесете два јунца, еден овен и седум едногодишни машки јагниња.+ Нека ви бидат без недостаток.+ 20 Како нивни житни жртви+ од фино брашно замесено со масло принесете три десеттини ефа за јунецот и две десеттини ефа+ за овенот. 21 Принесете и по една десеттина ефа+ за секое од седумте јагниња 22 и по еден јарец како жртва за грев, за да се изврши за вас обредот на очистување.+ 23 Ова принесувајте го покрај утринската жртва паленица што се принесува како редовна+ жртва паленица.+ 24 Принесувајте го тоа како храна+ седум дена секој ден, како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+ Тоа нека се принесува покрај редовната жртва паленица и нејзината жртва налевница. 25 А на седмиот ден одржете свет собир.+ Да не работите никаква тешка работа.+

26 На денот на првините,+ кога ќе му принесувате на Јехова нова житна жртва, на Празникот на седмиците,+ одржете свет собир. Не работете никаква тешка работа.+ 27 Како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова принесете два јунца, еден овен и седум едногодишни машки јагниња;+ 28 нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде по три десеттини ефа за секој јунец, две десеттини ефа+ за овенот 29 и по една десеттина ефа+ за секое од седумте јагниња; 30 покрај тоа, и едно јаре за да се изврши за вас обредот на очистување.+ 31 Принесете ги покрај редовната жртва паленица и нејзината житна жртва+ — нека ви бидат без недостаток+ — заедно со нивните жртви налевници.+

29 Во седмиот месец, на првиот ден од тој месец, одржете свет собир.+ Не работете никаква тешка работа.+ Тоа нека ви биде ден кога се огласуваат трубите.+ 2 Принесете како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова еден јунец, еден овен и седум едногодишни машки јагниња, сите без недостаток.+ 3 Нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде три десеттини ефа за јунецот, две десеттини ефа за овенот+ 4 и по една десеттина ефа за секое од седумте јагниња;+ 5 покрај тоа принесете и едно машко јаре како жртва за грев, за да се изврши за вас обредот на очистување.+ 6 Тоа нека биде жртва палена за Јехова, за успокојувачки мирис за Јехова,+ покрај месечната жртва паленица+ и нејзината житна жртва+ и покрај редовната жртва паленица+ и нејзината житна жртва,+ заедно со нивните жртви налевници,+ како што е пропишано за нив.

7 А на десеттиот ден од тој седми месец одржете свет собир+ и жалостете ги своите души.+ Не работете никаква работа.+ 8 Како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова принесете еден јунец, еден овен и седум едногодишни машки јагниња.+ Нека ви бидат без недостаток.+ 9 Нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде три десеттини ефа за јунецот, две десеттини ефа за овенот+ 10 и по една десеттина ефа за секое од седумте јагниња;+ 11 покрај тоа принесете и едно јаре како жртва за грев, покрај жртвата за грев заради очистување+ и покрај редовната жртва паленица и нејзината житна жртва, заедно со нивните жртви налевници.+

12 А на петнаесеттиот ден од седмиот месец+ одржете свет собир.+ Не работете никаква тешка работа,+ туку седум дена славете празник во чест на Јехова.+ 13 Како жртва паленица,+ жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова, принесете: тринаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња. Нека бидат без недостаток.+ 14 Нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде по три десеттини ефа за секој од тринаесетте јунци, по две десеттини ефа за секој од двата овна+ 15 и по една десеттина ефа за секое од четиринаесетте јагниња;+ 16 а покрај тоа принесете и едно јаре како жртва за грев, покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+

17 На вториот ден: дванаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 18 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 19 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица и нејзината житна жртва, заедно со нивните жртви налевници.+

20 На третиот ден: единаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 21 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано; 22 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.

23 На четвртиот ден: десет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 24 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 25 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица+ со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+

26 На петтиот ден: девет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 27 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 28 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+

29 На шестиот ден: осум јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 30 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 31 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзините жртви налевници.+

32 На седмиот ден: седум јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 33 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 34 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+

35 А на осмиот ден одржете свечен собир.+ Не работете никаква тешка работа.+ 36 Како жртва паленица, жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова, принесете: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 37 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунецот, за овенот и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 38 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+

39 Тоа принесувајте му го на Јехова на своите годишни празници,+ покрај своите заветни жртви+ и доброволни жртви+ што ги принесувате како жртви паленици,+ житни жртви,+ жртви налевници+ и жртви на заедништвото‘ “.+ 40 И Мојсеј им пренесе на синовите на Израел сѐ што му заповеда Јехова.+

30 Потоа Мојсеј им рече на племенските поглавари+ на синовите на Израел: „Вака заповеда Јехова: 2 Ако некој човек му се заветува+ на Јехова или со заклетва+ ја обврзе својата душа со завет за воздржување,+ не смее да го прекрши својот збор.+ Нека направи сѐ што ќе излезе од неговата уста.+

3 Ако некоја жена во својата младост, додека е уште во куќата на татка си, му се заветува на Јехова+ или се обврзе со завет за воздржување, 4 а татко ѝ чуе за нејзиниот завет или за заветот за воздржување со кој ја обврзала својата душа, па не ѝ рече ништо, тогаш важат сите нејзини завети и секој завет за воздржување+ со кој ја обврзала својата душа. 5 Но, ако на тој ден кога ќе чуе за нив, татко ѝ ѝ ги забрани сите нејзини завети или заветите за воздржување со кои ја обврзала својата душа, тогаш тие не важат, но Јехова ќе ѝ прости, бидејќи татко ѝ ѝ забранил.+

6 Ако се омажи додека е под својот завет+ или под непромисленото ветување што го дала со својата уста, а со кое ја обврзала својата душа, 7 па нејзиниот маж чуе за тоа и не ѝ рече ништо на тој ден кога ќе чуе за нив, тогаш важат нејзините завети и заветите за воздржување со кои ја обврзала својата душа.+ 8 Но, ако нејзиниот маж ѝ ги забрани+ во оној ден кога ќе чуе за нив, тогаш го поништил заветот под којшто била или непромисленото ветување што излегло од нејзината уста со кое ја обврзала својата душа, и Јехова ќе ѝ прости.+

9 Заветот на една вдовица или на една разведена жена — сето она со кое таа ја обврзала својата душа — важи за неа.

10 Но, ако се заветува или со заклетва ја обврзе својата душа со некаков завет за воздржување+ во куќата на својот маж, 11 па нејзиниот маж чуе за тоа и не ѝ рече ништо, тогаш не ѝ го забранил тоа; важат сите нејзини завети и секој завет за воздржување со кој ја обврзала својата душа. 12 Но, ако нејзиниот маж ги поништи во оној ден кога ќе чуе за нив, тогаш не важи ништо од она што излегло од нејзината уста, сеедно дали се тоа нејзини завети или завет за воздржување на нејзината душа.+ Нејзиниот маж ги поништил и Јехова ќе ѝ прости.+ 13 Секој завет или секоја заклетва со која се обврзува на завет за воздржување за да ја жалости својата душа,+ нејзиниот маж треба да го потврди или да го поништи. 14 А ако нејзиниот маж од ден на ден не ѝ вели воопшто ништо, тој ги потврдил сите нејзини завети или сите завети за воздржување што ги положила.+ Ги потврдил бидејќи не ѝ рекол ништо на тој ден кога чул за нив. 15 Но, ако ги поништи откако веќе некое време знае за нив, тој ќе ја носи нејзината вина.+

16 Ова се уредбите што му ги даде Јехова на Мојсеј за мажот и за неговата жена,+ како и за таткото и за неговата ќерка во нејзината младост, додека таа сѐ уште е во куќата на својот татко“.+

31 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Одмазди+ им се на Мадијамците+ за синовите на Израел, а потоа ќе им се придружиш на своите прататковци“.+

3 Тогаш Мојсеј му рече на народот: „Опремете ги луѓето меѓу вас за војска, за да ги нападнат Мадијамците и да ја извршат Јеховината одмазда над Мадијам.+ 4 Испратете во војска по илјада луѓе од секое племе, од сите племиња на Израел“. 5 И така од илјадниците+ на Израел беа одредени по илјада од секое племе, вкупно дванаесет илјади опремени за бој.+

6 И Мојсеј ги испрати во војна, по илјада од секое племе, а со војската го испрати и Финес,+ синот на свештеникот Елеазар. Тој ги носеше светиот прибор и трубите+ за трубен повик. 7 И завојуваа со Мадијам, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј, па го убија секое машко.+ 8 Меѓу оние што ги убија беа и мадијамските цареви Евиј, Рекем, Сур, Ор и Рева, пет мадијамски цареви,+ а Валаам,+ синот на Веор, го погубија со меч. 9 Синовите на Израел ги заробија Мадијамките и нивните деца+ и ги запленија сите нивни животни, сета нивна стока и сѐ што имаа. 10 И сите нивни градови во кои живееја и сите нивни населби ги изгореа со оган.+ 11 Го собраа сиот плен+ и сѐ што опљачкаа, и луѓето и животните. 12 А заробениците, со сѐ што опљачкаа и запленија, ги донесоа кај Мојсеј, кај свештеникот Елеазар и кај заедницата од синови на Израел во логорот во пустелијата, во моавските рамници,+ покрај Јордан, спроти Ерихон.

13 А Мојсеј, свештеникот Елеазар и сите поглавари на заедницата им излегоа во пресрет надвор од логорот. 14 И Мојсеј се разлути на воените заповедници,+ на илјаданачалниците и на стотниците што се враќаа од воениот поход, 15 па им рече: „Зарем ги оставивте живи сите жени?+ 16 А ете, токму тие, според зборот на Валаам, ги наведоа синовите на Израел да му бидат неверни+ на Јехова кај Фегор,+ па дојде помор врз заедницата на Јеховиниот народ.+ 17 Затоа сега убијте ги сите машки деца и сите жени што легнале со маж.+ 18 Сите девојки кои не легнале со машко оставете ги живи за себе.+ 19 А вие останете надвор од логорот седум дена. Сите вие што сте убиле некого*+ и сте се допреле до убиен,+ очистете се+ на третиот и на седмиот ден, и вие и вашите заробеници. 20 Очистете ја од грев сета облека, сите предмети од кожа, сѐ што е направено од козји влакна и сите дрвени предмети“.+

21 Тогаш свештеникот Елеазар им рече на војниците што беа во битката: „Ова е законската одредба што му ја даде Јехова на Мојсеј: 22 ‚Само златото, среброто, бакарот, железото, калајот и оловото — 23 сѐ што поднесува оган+ — нека помине низ оган, и ќе биде чисто. Но сепак да се очисти и со водата на очистувањето.+ А сѐ што не поднесува оган нека помине низ вода.+ 24 На седмиот ден исперете ја облеката и ќе бидете чисти. Потоа можете да влезете во логорот‘ “.+

25 И Јехова вака му рече на Мојсеј: 26 „Пребројте го пленот, заробените луѓе и животни, ти и свештеникот Елеазар и родовските поглавари во заедницата. 27 Раздели го пленот на два дела — на оние што учествувале во битката и оделе во походот и на сета останата заедница.+ 28 Од борците што отидоа во походот земи како дел+ за Јехова по една душа од петстотини — од луѓето, од крупната стока, од магарињата и од ситната стока. 29 Земете го тоа од нивната половина и дајте му го на свештеникот Елеазар како прилог за Јехова.+ 30 А од половината што ќе им припадне на синовите на Израел земи по една душа од педесет — од луѓето, од крупната стока, од магарињата и од ситната стока, од секој вид животни — па дај им ги на левитите+ што се задолжени да се грижат за Јеховиниот шатор“.+

31 Мојсеј и свештеникот Елеазар направија како што му заповеда Јехова на Мојсеј. 32 А пленот што остана од она што го заплени војската беше: шестотини седумдесет и пет илјади грла ситна стока, 33 седумдесет и две илјади грла крупна стока 34 и шеесет и една илјада магариња. 35 А човечките души+ — жените кои уште не легнале со маж+ — беа вкупно триесет и две илјади. 36 Половината што им припаѓаше на оние што отидоа во походот изнесуваше триста триесет и седум илјади и петстотини грла ситна стока. 37 Делот+ за Јехова од ситната стока изнесуваше шестотини седумдесет и пет грла. 38 Крупна стока имаше триесет и шест илјади грла, а делот за Јехова изнесуваше седумдесет и две грла. 39 Имаше триесет илјади и петстотини магариња, а делот за Јехова изнесуваше шеесет и едно грло. 40 Имаше шеснаесет илјади човечки души, а делот за Јехова изнесуваше триесет и две души. 41 И Мојсеј му го предаде на свештеникот Елеазар делот одреден за прилог за Јехова,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+

42 А половината што им припадна на синовите на Израел, која Мојсеј ја одвои од онаа што им припадна на луѓето коишто војуваа, 43 значи, половината што ѝ припадна на заедницата изнесуваше триста триесет и седум илјади и петстотини грла ситна стока, 44 триесет и шест илјади грла крупна стока, 45 триесет илјади и петстотини магариња 46 и шеснаесет илјади човечки души. 47 Од таа половина што им припадна на синовите на Израел, Мојсеј зеде по една душа од педесет, и од луѓето и од животните, и им ги даде на левитите,+ кои беа задолжени да се грижат+ за Јеховиниот шатор, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

48 Потоа на Мојсеј му пристапија заповедниците на чети+ — илјаданачалниците и стотниците+ — 49 па му рекоа: „Твоите слуги ги преброија борците што се под наше заповедништво и ниту еден од нашите луѓе не недостига.+ 50 Да му го принесеме сега како дар на Јехова тоа што секој го запленил:+ предмети од злато, синџирчиња што се носат околу глужд, гривни, печатни прстени,+ обетки и друг женски накит,+ за да се изврши пред Јехова обредот на очистување за нашите души“.

51 Така Мојсеј и свештеникот Елеазар го примија од нив златото,+ сиот тој накит. 52 Сето злато што го дадоа илјаданачалниците и стотниците како прилог за Јехова изнесуваше шеснаесет илјади седумстотини и педесет сикли. 53 Војниците го задржаа секој својот плен.+ 54 Така Мојсеј и свештеникот Елеазар примија злато од илјаданачалниците и од стотниците, па го донесоа во шаторот на средбата за да им биде спомен+ на Израеловите синови пред Јехова.

32 А синовите на Рувим+ и синовите на Гад+ имаа многу, многу стока. Кога видоа дека земјата Јазер+ и земјата Галад се погодно место за стоката, 2 синовите на Гад и синовите на Рувим отидоа кај Мојсеј, кај свештеникот Елеазар и кај поглаварите на заедницата, па им рекоа вака: 3 „Атарот,+ Девон,+ Јазер, Нимра,+ Есевон,+ Елеали,+ Севам, Нево+ и Веон,+ 4 земјата што ја покори Јехова+ пред израелската заедница е добра за стоката, а твоите слуги имаат стока“.+ 5 Потоа продолжија: „Ако сме нашле милост во твои очи, оваа земја нека им биде дадена во сопственост на твоите слуги. Немој да нѐ испраќаш преку Јордан“.+

6 А Мојсеј им одговори на синовите на Гад и на синовите на Рувим: „Зарем вашите браќа да одат во војна, а вие да останете овде?+ 7 Зошто ги одвраќате срцата на синовите на Израел да не преминат во земјата што им ја дава Јехова? 8 Така направија вашите татковци+ кога ги испратив од Кадис-Варни+ да ја извидат земјата. 9 Кога отидоа до долината на Есхол+ и ја извидоа земјата, ги одвратија срцата на синовите на Израел да не одат во земјата што им ја даде Јехова.+ 10 Затоа, на тој ден се разгоре гневот на Јехова и тој се заколна:+ 11 ‚Луѓето што излегоа од Египет, од дваесет години нагоре,+ нема да ја видат земјата која со заклетва им ја ветив на Авраам, Исак и Јаков,+ бидејќи не ме следеа во потполност, 12 освен Халев,+ синот на Јефониј од Кенезовци, и Исус,+ синот на Навин, бидејќи тие во потполност го следеа Јехова‘. 13 И Јехова пламна од гнев против Израел и направи да талкаат по пустината четириесет години+ додека не изумре целото поколение кое го правеше она што е зло во очите на Јехова.+ 14 А сега, еве, вие станувате наместо вашите татковци како род грешнички за уште повеќе да го разгорувате Јеховиниот гнев+ против Израел. 15 Ако се одвратите од него,+ тогаш тој ќе ги остави уште подолго во пустината,+ а вие ќе го упропастите сиот овој народ“.+

16 Потоа пак му пристапија и рекоа: „Ќе подигнеме овде камени трла за својата ситна стока и градови за своите деца. 17 А ние вооружени ќе тргнеме во бојните редови+ пред синовите на Израел додека не ги доведеме на нивното место. Дотогаш нашите деца ќе бидат во утврдени градови, далеку од жителите на оваа земја. 18 Нема да се вратиме во своите куќи додека синовите на Израел не ја заземат својата земја, секој своето наследство.+ 19 А ние нема да го делиме со нив наследството од онаа страна на Јордан, ниту понатаму, бидејќи нашето наследство е од оваа страна на Јордан, кон исток“.+

20 Тогаш Мојсеј им рече: „Ако направите така, ако се вооружите пред Јехова за војна+ 21 и ако сите вие вооружени го поминете Јордан пред Јехова, додека тој не ги протера своите непријатели од пред себе+ 22 и додека земјата не биде покорена пред Јехова,+ па потоа се вратите,+ тогаш ќе бидете без вина пред Јехова и пред Израел, а оваа земја ќе стане ваша сопственост пред Јехова.+ 23 Но, ако не направите така, ќе му згрешите на Јехова,+ и знајте дека вашиот грев ќе ве стигне.+ 24 Изградете си градови за своите деца и камени трла за своите стада и извршете го сето она што го кажавте со своја уста“.+

25 Тогаш синовите на Гад и на Рувим вака му рекоа на Мојсеј: „Твоите слуги ќе направат како што ќе заповеда нашиот господар.+ 26 Нашите деца, жени, стока и сите наши животни ќе останат овде во градовите на Галад,+ 27 а твоите слуги, сите што се опремени за бој,+ ќе појдат пред Јехова во војна, како што вели нашиот господар“.

28 Тогаш Мојсеј им издаде заповед за нив на свештеникот Елеазар и на Исус, синот на Навин, и на родовските поглавари на израелските племиња. 29 И Мојсеј им рече: „Ако синовите на Гад и синовите на Рувим, сите што се вооружени за војна,+ поминат со вас преку Јордан пред Јехова и вие ја покорите земјата, тогаш дајте им ја во сопственост земјата Галад.+ 30 Но, ако не поминат вооружени со вас, тогаш нека се населат меѓу вас во ханаанската земја“.+

31 Тогаш синовите на Гад и синовите на Рувим рекоа: „Како што им рече Јехова на твоите слуги, така ќе направиме.+ 32 Ќе поминеме вооружени пред Јехова во ханаанската земја,+ но нашиот посед што го добиваме во наследство нека ни биде од оваа страна на Јордан“.+ 33 Тогаш Мојсеј им го даде ним — на синовите на Гад,+ на синовите на Рувим+ и на половината од племето на Манасија,+ синот на Јосиф — царството на Сихон,+ аморејскиот цар, и царството на Ог,+ васанскиот цар, земјата што им припаѓа на градовите на тие подрачја и градовите по земјата наоколу.

34 Синовите на Гад ги изградија Девон,+ Атарот,+ Ароир,+ 35 Атрот-Софан, Јазер,+ Јогвеја,+ 36 Вет-Нимра+ и Вет-Аран,+ утврдени градови,+ и камени трла за стадата.+ 37 А синовите на Рувим ги изградија Есевон,+ Елеали,+ Киријатаим,+ 38 Нево+ и Ваал-Меон+ — им ги сменија имињата — и Сивма. Им дадоа свои имиња на градовите што ги изградија.

39 Синовите на Махир,+ синот на Манасија, тргнаа кон Галад, го освоија и ги истераа Аморејците што беа таму. 40 И Мојсеј му го даде Галад на Махир, синот на Манасија, и тој се насели во него.+ 41 Јаир, синот на Манасија, отиде и ги освои нивните села во кои живееја под шатори и им го даде името Авот-Јаир.+ 42 А Новах отиде и го освои Кенат+ со околните градови, па му го даде своето име, Новах.

33 Ова се патувањата на синовите на Израел, кои излегоа од египетската земја+ по своите чети+ под водството на Мојсеј и Арон.+ 2 По наредба на Јехова, Мојсеј ги бележеше појдовните точки на нивното патување. Ова се нивните патувања од една појдовна точка до друга:+ 3 тргнаа од Рамзес+ во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец.+ Утредента, веднаш по Пасхата,+ синовите на Израел излегоа со подигнати тупаници пред очите на сите Египќани,+ 4 додека Египќаните ги закопуваа оние што Јехова ги погуби меѓу нив, сите првородени.+ И така Јехова изврши суд над нивните богови.+

5 Значи, синовите на Израел тргнаа од Рамзес+ и се улогорија во Сокот.+ 6 Потоа заминаа од Сокот и се улогорија во Етам,+ кој е на работ од пустината. 7 Откако заминаа од Етам, свртија кон Пи-Аирот,+ кој се наоѓа спроти Ваал-Сефон,+ и се улогорија пред Мигдол.+ 8 Потоа заминаа од Пи-Аирот и поминаа среде морето+ кон пустината.+ Патуваа три дена по пустината Етам,+ а потоа се улогорија во Мара.+

9 Откако заминаа од Мара, дојдоа во Елим.+ А во Елим имаше дванаесет извори на вода и седумдесет палми. И тука се улогорија. 10 Потоа си отидоа од Елим и се улогорија покрај Црвеното Море. 11 Откако заминаа од Црвеното Море, се улогорија во пустината Син.+ 12 Потоа си отидоа од пустината Син и се улогорија во Дофка. 13 Откако заминаа од Дофка, се улогорија во Елус. 14 Потоа заминаа од Елус и се улогорија во Рафидин.+ Таму народот немаше вода за пиење. 15 Откако заминаа од Рафидин, се улогорија во Синајската Пустина.+

16 Потоа тргнаа од Синајската Пустина и се улогорија во Киврот-Атава.+ 17 Откако заминаа од Киврот-Атава, се улогорија во Асирот.+ 18 Потоа си отидоа од Асирот и се улогорија во Ритма. 19 Откако заминаа од Ритма, се улогорија во Римон-Фарес. 20 Потоа си отидоа од Римон-Фарес и се улогорија во Ливна. 21 Откако заминаа од Ливна, се улогорија во Риса. 22 Потоа си отидоа од Риса и се улогорија во Келата. 23 А откако заминаа од Келата, се улогорија на планината Сафер.

24 Потоа си отидоа од планината Сафер и се улогорија+ во Харад. 25 Откако заминаа од Харад, се улогорија во Макелот. 26 А откако заминаа+ од Макелот, се улогорија во Тахат. 27 Потоа си отидоа од Тахат и се улогорија во Тара. 28 Откако заминаа од Тара, се улогорија во Митка. 29 Потоа си отидоа од Митка и се улогорија во Асемон. 30 Потоа си отидоа од Асемон и се улогорија во Мосера. 31 Откако заминаа од Мосера, се улогорија во Вене-Јакан.+ 32 Потоа си отидоа од Вене-Јакан и се улогорија во Хор-Агидгад. 33 Откако заминаа од Хор-Агидгад, се улогорија во Јотват.+ 34 Потоа си отидоа од Јотват и се улогорија во Аврона. 35 Откако заминаа од Аврона, се улогорија во Есион-Гавер.+ 36 Потоа си отидоа од Есион-Гавер и се улогорија во пустината Зин,+ односно во Кадис.

37 Потоа тргнаа од Кадис и се улогорија на планината Хор,+ на границата од едомската земја. 38 А свештеникот Арон се искачи на планината Хор по наредба на Јехова и таму умре во четириесеттата година од излегувањето на Израеловите синови од египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од тој месец.+ 39 Арон имаше сто дваесет и три години кога умре на планината Хор.

40 А царот на Арад,+ Ханаанец кој живееше во Негев,+ во ханаанската земја, чу дека доаѓаат синовите на Израел.

41 Потоа си отидоа од планината Хор+ и се улогорија во Селмон. 42 Откако заминаа од Селмон, се улогорија во Фунон. 43 Потоа си отидоа од Фунон и се улогорија во Овот.+ 44 Откако заминаа од Овот, се улогорија во Ије-Аварим,* на границата со Моав.+ 45 Потоа си отидоа од Ијим и се улогорија во Девон-Гад.+ 46 Откако заминаа од Девон-Гад, се улогорија во Алмон-Дивлатаим. 47 Потоа си отидоа од Алмон-Дивлатаим+ и се улогорија на аваримските планини,+ пред Нево.+ 48 На крајот си отидоа од аваримските планини и се улогорија во пустелијата, во моавските рамници,+ покрај Јордан, спроти Ерихон. 49 И логоруваа покрај Јордан од Вет-Есимот+ до Авел-Ситим,+ во пустелијата, во моавските рамници.

50 И во пустелијата, во моавските рамници, покрај Јордан, спроти Ерихон,+ Јехова му рече на Мојсеј: 51 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Поминете преку Јордан во ханаанската земја+ 52 и истерајте ги од пред себе сите жители на таа земја, уништете ги сите нивни камени статуи,+ уништете ги сите нивни леани ликови+ и опустете ги сите нивни свети височинки.+ 53 И заземете ја таа земја и живејте во неа, бидејќи вам ви ја давам да ја заземете.+ 54 Со ждрепка+ разделете ја земјата во наследство по своите семејства.+ На побројното семејство зголемете му го наследството, а на помалото намалете му го наследството.+ Каде кому ќе му се падне ждрепката, тоа нека биде негово.+ По племињата на своите татковци разделете си ја земјата.+

55 Ако не ги истерате од пред себе жителите на таа земја,+ тогаш оние што ќе ги оставите ќе ви бидат како боцки во очите и како трње во слабините, и ќе ве угнетуваат во земјата во која ќе живеете.+ 56 И она што мислев да им го направам ним, ќе ви го направам вам‘ “.+

34 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Заповедај им на синовите на Израел и речи им: ‚Ќе влезете во ханаанската земја.+ Тоа е земјата што ќе ви се падне во наследство,+ ханаанската земја со нејзините граници.+

3 Вашата јужна страна ќе се протега од пустината Зин покрај Едом,+ и јужната граница ќе ви почне на исток, од крајот на Соленото Море.+ 4 Границата ќе сврти јужно од угорништето Акравим+ и ќе се протега до Зин, а нејзината крајна точка ќе биде јужно од Кадис-Варни;+ потоа ќе оди понатаму кон Хасар-Адар+ и ќе продолжи до Асмон. 5 Од Асмон границата ќе сврти кон долината на реката Египет,+ и на крајот ќе излезе на Морето.*+

6 Вашата западна граница+ ќе биде брегот на Големото Море. Тоа нека ви е западната граница.

7 А ова ќе биде вашата северна граница: од Големото Море повлечете си граница до планината Хор.*+ 8 Од планината Хор повлечете си граница до влезот во Емат,+ а крајната точка на границата нека биде кај Седад.+ 9 Границата потоа ќе оди накај Зифрон и ќе заврши во Хасар-Енан.+ Тоа нека ви биде северната граница.

10 На исток повлечете си граница од Хасар-Енан до Сефам. 11 Границата ќе се спушта од Сефам до Ривла,* источно од Аин. Одонде границата ќе се спушти и ќе допре до падината на источната страна од Кинеретското Море.*+ 12 Потоа границата ќе се спушти кон Јордан, а крајот ќе ѝ биде Соленото Море.+ Тоа ќе биде вашата земја+ со нејзините граници наоколу‘ “.

13 И Мојсеј им заповеда на синовите на Израел: „Ова е земјата што ќе ја разделите во наследство со ждрепка,+ за која Јехова заповеда да ја добијат девет и пол племиња.+ 14 Зашто, племето на синовите на Рувим по домовите на своите татковци и племето на синовите на Гад по домовите на своите татковци веќе го добија своето наследство, како што го доби и половината од племето на Манасија.+ 15 Тие две и пол племиња веќе го добија своето наследство во јорданскиот крај, спроти Ерихон, од источната страна, кон изгрејсонцето“.+

16 И Јехова му рече на Мојсеј: 17 „Ова се имињата на луѓето што ќе ви ја разделат земјата во наследство: свештеникот Елеазар+ и Исус, синот на Навин.+ 18 Земете по еден поглавар од секое племе за да ја раздели земјата во наследство.+ 19 А ова се имињата на тие луѓе: од племето на Јуда+ — Халев, синот на Јефониј;+ 20 од племето на синовите на Симеон+ — Семуел, синот на Амиуд; 21 од племето на Венијамин+ — Елидад, синот на Хислон; 22 од племето на синовите на Дан+ — поглаварот Вукиј, синот на Јогли; 23 од синовите на Јосиф:+ од племето на синовите на Манасија+ — поглаварот Аниел, синот на Ефод; 24 од племето на синовите на Ефрем+ — поглаварот Кемуил, синот на Сафтан; 25 од племето на синовите на Завулон+ — поглаварот Елисафан, синот на Фарнах; 26 од племето на синовите на Исахар+ — поглаварот Фалтиил, синот на Азан; 27 од племето на синовите на Асер+ — поглаварот Ахиуд, синот на Селоми; 28 од племето на синовите на Нефталим+ — поглаварот Федаил, синот на Амиуд“. 29 Тоа се оние на кои Јехова им заповеда да им го разделат наследството на Израеловите синови во ханаанската земја.+

35 И Јехова понатаму му рече на Мојсеј во пустелијата, во моавските рамници, покрај Јордан,+ спроти Ерихон: 2 „Заповедај им на Израеловите синови да им дадат од своето наследство на синовите на Леви градови+ за живеење. Нека им ги дадат на синовите на Леви и пасиштата околу градовите.+ 3 Градовите нека им бидат за живеење, а пасиштата нека им бидат за стоката и за сите други животни и за нивниот имот. 4 Пасиштата покрај градовите, кои ќе им ги дадете на синовите на Леви, нека се протегаат од градскиот ѕид по илјада лакти наоколу. 5 Измерете надвор од градот две илјади лакти на источната, две илјади лакти на јужната, две илјади лакти на западната и две илјади лакти на северната страна, така што градот да биде во средина. Тоа нека им бидат пасиштата околу градовите.

6 Ова се градовите што ќе им ги дадете на синовите на Леви: шест градови-прибежишта,+ кои ќе ги дадете за да може убиецот да избега таму,+ а покрај тоа ќе им дадете уште четириесет и два града. 7 Сите градови што ќе им ги дадете на синовите на Леви нека бидат четириесет и осум градови со пасиштата.+ 8 Тие градови ќе ги издвоите од поседот на синовите на Израел.+ Од оние што имаат многу земете повеќе, а од оние што имаат малку земете помалку.+ Секој нека им даде од своите градови на синовите на Леви, според наследството што ќе го прими“.

9 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 10 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Поминете преку Јордан во ханаанската земја+ 11 и изберете си погодни градови. Нека ви служат како градови-прибежишта за да може во нив да избега убиецот кој ненамерно ќе убие некого.*+ 12 Тие градови нека ви служат како прибежиште од одмаздникот за крв,+ за да не загине убиецот пред да излезе на суд пред заедницата.+ 13 За тоа нека ви служат градовите што ќе ги дадете, шестте градови-прибежишта. 14 Одвојте три града од оваа страна на Јордан,+ а три града во ханаанската земја.+ Тоа нека бидат градови-прибежишта. 15 Тие шест града нека им бидат прибежишта на синовите на Израел, на дојденците+ и на доселениците што живеат меѓу нив, за да избега во нив секој што ненамерно ќе убие некого.*+

16 Но, ако некој удри некого со железен предмет, па овој умре, тогаш е убиец.+ Убиецот да биде погубен.+ 17 Ако го удри со некој помал камен, од кој човек може да загине, и овој навистина загине, тогаш е убиец. Убиецот да биде погубен. 18 Ако го удри со некаков помал дрвен предмет од којшто човек може да загине, и овој навистина загине, тогаш е убиец. Убиецот да биде погубен.

19 Одмаздникот+ за крв нека го погуби убиецот. Кога ќе го сретне, нека го погуби. 20 Ако некој турне некого од омраза+ или фрли врз него нешто од заседа,+ па тој умре, 21 или ако го удри со својата рака од непријателство, па овој умре, тогаш оној што го удрил да биде погубен, убиец е. Одмаздникот за крв да го погуби убиецот кога ќе го сретне.+

22 Но, ако го турне случајно, не од непријателство, или фрли нешто врз него, но не од заседа,+ 23 или ако, без да го види, фрли или испушти врз него некаков камен од кој човек може да загине, и овој навистина загине, а не му бил непријател, ниту сакал да му нанесе зло, 24 тогаш заедницата нека суди меѓу убиецот и одмаздникот за крв според овој закон.+ 25 Заедницата+ нека го избави убиецот од рацете на одмаздникот за крв и нека го врати во градот-прибежиште во кој избегал. Таму нека остане до смртта на првосвештеникот, кој е помазан со свето масло.+

26 Но, ако убиецот излезе надвор од границата на градот-прибежиште во којшто избегал, 27 па одмаздникот+ за крв го најде надвор од границата на неговиот град-прибежиште, и одмаздникот за крв го погуби убиецот, тогаш не е виновен за крв. 28 Зашто, убиецот мора да остане во својот град-прибежиште до смртта на првосвештеникот,+ а кога ќе умре првосвештеникот, може да се врати на земјата што ја поседува. 29 Тоа нека ви биде судска одредба од поколение до поколение во сите места каде што ќе живеете.

30 Секој што ќе убие човек* нека биде погубен како убиец+ на темел на изјави од сведоци,+ но никој* не може да биде погубен на темел на изјава од еден сведок. 31 Не земајте откупнина за животот на убиецот што заслужил смрт,+ зашто тој мора да биде погубен.+ 32 Не земајте откупнина за оној што избегал во својот град-прибежиште и сака да се врати за да живее во земјата пред смртта на првосвештеникот.

33 Немојте да ја извалкате земјата во која живеете, бидејќи крвта ја валка земјата+ и земјата не може да се исчисти од крвта што е пролеана на неа, освен со крвта на оној што ја пролеал.+ 34 Немојте да ја извалкате земјата во која живеете и среде која живеам јас. Зашто јас, Јехова, живеам меѓу синовите на Израел‘ “.+

36 Тогаш пристапија поглаварите на родови од семејството на синовите на Галад, синот на Махир,+ син на Манасија, од семејството на Јосифовите синови, па рекоа пред Мојсеј и пред кнезовите, племенските поглавари на Израеловите синови: 2 „Јехова му заповеда на нашиот господар да им ја подели земјата во наследство на Израеловите синови со ждрепка.+ Јехова, исто така, му заповеда на нашиот господар наследството на нашиот брат Салпад да им го даде на неговите ќерки.+ 3 Ако некои од другите племиња на Израеловите синови ги земат за жени, тогаш нивното наследство ќе се одземе од наследството на нашите татковци и ќе се додаде кон наследството на племето во кое се омажиле, и така ќе се одземе од наследството што ни се падна со ждрепка.+ 4 И кога ќе биде прошталната година*+ на Израеловите синови, наследството на тие жени ќе се додаде кон наследството на племето на кое ќе му припаднат. Така нивното наследство ќе биде одземено од наследството што му припаѓа на племето на нашите татковци“.

5 Тогаш Мојсеј, по наредба на Јехова, им заповеда на синовите на Израел: „Право вели племето на синовите на Јосиф. 6 Вака им заповеда Јехова на ќерките на Салпад:+ ‚Нека се мажат за кого сакаат, но нека се мажат само во семејство од племето на својот татко.+ 7 Наследството на Израеловите синови да не минува од едно племе на друго, бидејќи синовите на Израел мора да го задржат секој своето наследство што му припаѓа на племето на нивните татковци. 8 Секоја ќерка што ќе добие наследство во некое од племињата на Израеловите синови, нека се омажи во некое од семејствата од племето на својот татко,+ за секој од синовите на Израел да го задржи во сопственост наследството на своите татковци. 9 Наследството да не поминува од едно племе на друго, бидејќи племињата на Израеловите синови мораат да го задржат секој своето наследство‘ “.

10 Како што му заповеда Јехова на Мојсеј, така направија ќерките на Салпад.+ 11 Мала, Терса, Огла, Мелха и Нуа, ќерките на Салпад,+ се омажија за синови на своите стриковци. 12 Се омажија во семејствата на синовите на Манасија, синот на Јосиф, и така нивното наследство остана во племето на кое му припаѓаше семејството на нивниот татко.

13 Тоа се заповедите+ и законите што Јехова преку Мојсеј им ги даде на Израеловите синови во пустелијата, во моавските рамници, покрај Јордан, спроти Ерихон.+

„Во пустината“ — хебрејски: Бемидбар. Четвртата Мојсеева книга на хебрејски го добила името според овој збор. Името „Броеви“ потекнува од Септуагинтата и Вулгатата.

Во 4Мо 1:14; 7:42, 47; 10:20 „Деуел“.

Буквално: „чии раце беа наполнети“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.

„Дарувани“ — хебрејски: нетуним, збор кој е сроден со називот „нетини“. Види Езр 2:43.

Или: „триста“, според некои ракописи од Септуагинтата. Ако овој број се собере со броевите од 22. и 34. стих, се добива вкупниот број од 22.000, како што стои и во 39. стих.

Види ја фуснотата за 2Мо 27:3.

Буквално: „со душа“, односно со мртва душа. Види го додатокот 2.

Буквално: „таа душа“.

Буквално: „дух на љубомора“.

Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.

Изразот „бедра“ веројатно ги означува половите органи.

„Назареец“ значи „издвоен; посветен; предаден“.

Буквално: „душа на мртовец“. Види го додатокот 2.

Буквално: „до душа“.

Буквално: „нека го донесе тоа“, односно нека ја покаже својата неизбричена глава како знак на своето назарејство.

Херувими се ангели на висока положба.

„Дарувани“ — хебрејски: нетуним, збор сроден со називот „нетини“. Види 1Ле 9:2.

„Во приквечерината“ — буквално: „помеѓу две вечери“. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Буквално: „со човечка душа“.

Буквално: „со човечка душа“.

Буквално: „со душа“.

Буквално: „Пасхата“.

Буквално: „таквата душа“.

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

„Тавера“ значи „горење; пожар; пламен“.

Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.

Еден гомер е 220 литри. Види го додатокот 13.

„Киврот-Атава“ значи „гробови на алчноста“.

Или: „на југ“, односно кон јужниот дел на Ветената земја.

Види го додатокот 12.

„Есхол“ значи „грозд“.

Буквално: „нефили, синови на Енак, кои се од нефилите“.

„Народот од онаа земја“. Хебрејски: ам хаарец.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Види го додатокот 12.

Буквално: „за вашиот блуд“.

Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „душата“.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „таквата душа“.

Буквално: „таквата душа“.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „да вршите блуд“. Види го додатокот 6.

Буквално: „шеолот“.

Буквално: „шеол“.

Или: „што ќе биде херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Буквално: „човечка душа“.

Буквално: „душа“.

Буквално: „Таквата душа“.

Буквално: „таквата душа“.

„Мерива“ значи „караница; судир“.

Или: „на југ“, односно на јужниот дел од Ветената земја.

Или: „неговите градови ќе бидат херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Или: „ги уништи како херем“.

„Хорма“ значи „предадени на уништување; уништување“.

„Ије-Аварим“ значи „урнатини во плитките места (премините); урнатини во граничното подрачје (подрачјето од другата страна)“. Се наоѓал во близина на долината на Заред, но неговата точна местоположба не е позната.

Види го додатокот 12.

„Веер“ значи „извор; бунар; јама“.

Или: „пустината“.

Односно Еуфрат.

„Вамот-Ваал“ значи „височинките на Ваал“.

Или: „пословични (мудри) зборови“.

Изразот „Кајн“ се однесува на племето на Кенејците.

Или: „во женскиот дел (од шаторот)“.

Или: „низ половите органи“.

Во 1Мо 46:10 и 2Мо 6:15 „Јемуил“.

Во 1Мо 46:10 и 2Мо 6:15 „Сохар“.

Во 1Мо 46:16 „Сифион“.

Во 1Мо 46:16 „Есвон“.

Во 1Мо 46:13 „Јов“.

Во 1Мо 46:21 „Ихиј“.

Во 1Мо 46:21 „Мупим“, а во 1Ле 7:12 „Суфим“.

Во 1Мо 46:21 и во 1Ле 7:12 „Упим“.

Во 1Мо 46:23 „Усим“.

Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.

„Приквечер“ — буквално: „помеѓу две вечери“. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „душа“.

Буквално: „Ијим (Урнатини) на Аварим“. Во 45. стих се нарекува скратено „Ијим“. Види ја фуснотата за 4Мо 21:11.

Односно, Големото Море, то ест Средоземното Море.

Не станува збор за планината Хор од 4Мо 33:37 и 5Мо 32:50. Точната положба на ова место не е позната; веројатно станува збор за еден од поголемите врвови на Ливанските Планини.

Станува збор за Ривла која се наоѓала на источната граница на Ханаан, а не за Ривла во хаматската земја.

Всушност станува збор за езеро, кое Библијата го нарекува и Генисаретско Езеро, Галилејско Море и Тиверијадско Море.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „ниту една душа“.

Или: „јубилејот; јубилејната година“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели